„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Љутков

IMG_6835

Љутков се сретна со министерката за култура на Црна Гора, Вујовиќ

,,На маргините на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Тамара Вујовиќ.На средбата, министрите се согласија дека соработката во областа на културата меѓу двете држави е на одлично ниво, со можности за нејзино унапредување. Во тој контекст беше истакнато и значењето на потпишаната Програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за периодот 2023 – 2026 година, која ќе овозможи интензивна соработка, особено на полето на музичко-сценската дејност и во филмската дејност.Министрите се согласија дека репродуктивни уметници и ансамбли редовно гостуваат на позначајните фестивали и манифестации во двете земји. Со оглед на тоа што во Црна Гора сè уште не се воспоставени одредени институции, министерот Љутков предложи гостувања на сродни институции од земјава, со што ќе се овозможи претставување на македонската култура и традиција во Црна Гора.Љутков и Вујовиќ споделија и свои мислења околу начинот на функционирање на министерствата, при што министерот Љутков ја информираше министерката Вујовиќ за проширувањето на надлежностите на Министерството во областа на туризмот.Црногорската министерка побара помош од македонска страна за соработка на полето на заштитата во смисла на размена на искуства, студентски престои од оваа област.Министрите се осврнаа и на соработката на мултилатерален план, при што министерката Вујовиќ го покани министерот Љутков да присуствува на министерскиот состанок на иницијативата КОМОКОСЕЕ на крајот на ноември.”, информираат од Министерството за култура.

Македонија | пред 1 година

IMG_6813

Љутков од Охрид: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културните врски

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид оствари билатерална средба со својот унгарски колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан, која е во дводневна посета на нашата земја.Министрите Љутков и Ханко потврдија дека оваа посета и денешната средба се уште еден значаен момент во развојот на билатералните односи меѓу двете земји, особено за македонско-унгарска соработка во областа на културата и туризмот преку конкретни активности.„Република Северна Македонија и Унгарија во наредниот период ќе отворат ново поглавје во развојот на културните врски меѓу двете држави и ќе настојуваме тоа да резултира со низа проекти и иницијативи. Ќе работиме на обновување и унапредување на соработката во областа на културата, на програмата меѓу надлежните државни органи, но и на документ за регулирање на соработката во областа на туризмот меѓу институциите од оваа сфера од двете држави“, рече Љутков по средбата.Љутков информираше дека е заедничка заложбата културното наследство и актуелното творештво на двете држави да бидат повидливи пред јавноста, за што во наредниот период ќе се организираат денови на македонската и на унгарската култура. За таа цел ќе бидат потпишани и меморандуми за соработка, со што ќе се овозможи континуирана промоција и преставување на културните институции во двете држави.Тој ја поздрави и подготвеноста на министерот Ханко за споделување на унгарските искуства од реализацијата на манифестацијата „Веспрем - европска престолнина на културата за 2023 година“, како и за интензивирање на соработката меѓу двете канцеларии на програмата „Креативна Европа“.Заклучоците од билатерална средба на министрите Љутков и Ханко беа презентирани и на заедничката седница на владите на Северна Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. Орбан и Мицковски ја поздравија соработката и дадоа силна поддршка за инвестирање во културата која, како што рекоа, е симбол на идентитетот и душата на секоја држава.

Македонија | пред 1 година

IMG_6764

Љутков оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска на гробиштата „Мирогој“ во Загреб му оддаде почит на народниот трибун и борец за независна македонска држава, Панко Брашнаров.Во сеќавање на народниот учител и учесник на двата Илиндена, министерот Љутков денеска се поклони и положи цвеќе гробот на еден од најистакнатите македонски национални дејци, посветен на политичкото и националното ослободување на Македонија и македонскиот народ.Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Тој е учесник во најзначајните историски моменти во борбата на македонскиот народ за независност и слобода. Од Илинден, Балканските војни, Првата светска војна, па сè до историскиот АСНОМ. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ. Брашнаров е историска личност со особени заслуги во борбата за независна Македонија, што е од посебна важност за неговиот роден Велес. По неколку години работа во штотуку организираната држава, како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото, Брашнаров е приведен, прогласен за непријател на власта и испратен на островот Голи Оток, Република Хрватска, каде што почина на 13 јули 1951 година.

Македонија | пред 1 година

IMG_6603

Љутков: Македонското културно наследство е скапоцен дел од европското богатство

На денешната конференција на Европските денови на културното наследство, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави учесниците истакнувајќи го значењето на конференцијата, која е еден од најшироко прифатните културни настани кој ги обединува луѓето од целиот европски континент.„Македонската култура е симбол на континуитет и еволуција, која го збогатува заедничкиот европски идентитет со својата автентичност, прикажувајќи го нашиот народ како чувар на своите традиции, но и како учесник во создавањето една нова, модерна и креативна Европа“, рече министерот Љутков, говорејќи на темата на конференцијата, „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“.Министерот Љутков порача дека со зачувувањето на европското културно наследство, ние го чуваме и нашиот идентитет, учиме од минатото и ја цениме различноста што нè обединува. Во тој контекст, министерот додаде: „Македонското културно наследство е скапоцен дел од големиот мозаик на европските вредности, со вековна традиција која ги отсликува нашата историја, уметност и духовност. Нашите археолошки наоѓалишта, црковни споменици, традиционални обичаи и уметнички дела сведочат за длабоките културни врски со вековите и го претставуваат нашиот уникатен придонес во европската културна ризница“.По усвојувањето на Европската културна конвенција на 19 декември 1954 година од страна на Советот на Европа, како документ кој има цел да ја промовира културната соработка меѓу европските земји и да го зачува и да го заштити заедничкото културно наследство на европските народи, Деновите на европското наследство се широко прифатен настан кој се одбележува со илјадници активности низ цела Европа.На темата „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“, во нашата земја оваа година ќе бидат организирани настани во 14 градови и села, со учество на 20 музеи, невладини организации и други институции кои се ангажирани на полето на културното наследство.Министерот Љутков ја изрази посветеноста на Владата и на Министерството за култура и туризам за унапредување на состојбите во заштитата на културното наследство како врвен приоритет кој овозможува афирмација и промоција на нашата држава во Европа.На отворањето на конференцијата, учесниците и присутните гости во Порта „Македонија“ ги поздравија и Викторија Трајков, заменик-министер за европски прашања; Штефен Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на Европската Унија; Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство.На конференцијата, на повеќе панел-дискусии свои излагања ќе имаат дваесетина експерти од земјава и од странство.

Македонија | пред 1 година

IMG_6603

Љутков на научна конференција: Ќе ги поддржиме иновациите во културниот сектор

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Музејот на македонската борба се обрати на седмото издание на конференцијата „Културните и креативните индустрии: предизвик за туризмот, културното наследство и економијата“, во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.Поздравувајќи ја организацијата на конференцијата, Љутков рече дека се дебатира за исклучително важна и актуелна тема, која на едно место ги обединува нашите напори и стремежи за развој и унапредување на културната, туристичката и економската сфера.Осврнувајќи се на културните и креативните индустрии, министерот Љутков нагласи дека со својата посебност и потенцијал, тие можат да бидат моќен двигател на економијата.„Инвестирањето во оваа област ќе придонесе за поттикнување на економскиот развој, нови можности за вработување и за зголемување на глобалниот углед на нашата културна сцена. Креативниот сектор не само што произведува уникатни производи и услуги туку и го поттикнува растот на туризмот, угостителството и малопродажбата“, истакна пред присутните министерот за култура и туризам.Препознавајќи го потенцијалот на културните и креативните индустрии, Љутков информираше дека Владата и Министерството за култура и туризам во наредниот период ќе се фокусираат, пред сѐ, на изработка на нова Национална стратегија за културни и креативни индустрии (ККИ), ќе се изврши мапирање на ККИ, а ќе се возобнови и Советот за ККИ.„Воедно, преку поддршка на стартап-компании кај правните лица и на фриленсерите ќе се креираат нови иновативни програми за поддршка за создавање и развој на бизнисите во креативните и културните индустрии и во видеоигрите“, додаде министерот Љутков, нагласувајќи дека ќе се даде поддршка за создавање препознатливи македонски брендови, за обнова и развој на традиционалните занаети, за воведување специјализирани географски ознаки со кои ќе се препознаваат македонските производи, а ќе се поддржуваат и еколошки одржливи проекти од областа на културата со користење традиционални знаења и вештини поврзани со природата и заштитата на животната средина.Исто така, ќе се реализираат и низа работилници, саеми и кампањи за подигнување на свеста за придонесот на ККИ во економијата и општеството.Повикувајќи на соработка меѓу сите засегнати, Љутков нагласи дека само така ќе можеме да создадеме синергија која ќе резултира со одржлив развој на нашата култура, туризам и економија.„Во тој контекст, улогата на Министерството за култура и туризам е клучна во создавањето рамка која ќе овозможи ефикасно справување со предизвиците и ќе ги поддржи иновациите во културниот сектор“, рече Љутков, додавајќи дека со поддршка на креативците, како и со овозможување поволни услови за развој на креативните индустрии, сите заедно ќе ја оствариме визијата за создавање богат и разновиден културен сектор и ќе изградиме културна средина која ќе биде конкурентна на глобалниот пазар.На конференцијата се обратија и деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков; проф. д-р Владимир Јаневски од Музичката академија на УГД; проф. д-р Наташа Митева, продеканка на ФТБЛ; м-р Александар Јорданоски, експерт за културно наследство и Анче Илиевска, в. д. директорка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Македонија | пред 1 година

IMG_4877

Министерот Љутков на билатерална средба со бугарскиот министер за култура Тодоров и на операта „Набуко“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска престојува во посета на Република Бугарија, како дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.Во рамките на посетата, министерот Љутков претпладне ќе ја оствари првата билатерална средба со министерот за култура на Бугарија, Најден Тодоров, со кого ќе разговара за досегашната соработка и за можностите за унапредување на културните врски меѓу двете држави.Во вечерните часови, министерот Љутков ќе присуствува на настапот на Националната опера и балет, која во Софиската опера и балет ќе го изведе моќното ремек-дело, операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

Македонија | пред 1 година

IMG_6538

Љутков во Националниот конзерваторски центар: Состојбата бара итно обезбедување повисоки средства за работа и нови вработувања

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на Националниот конзерваторски центар, најстарата матична стручна институција од областа на заштитата на културното наследство, констатираше дека низ годините е доведена до многу лоша состојба, и од кадровски и од технички аспект.„НКЦ има надлежност во областа на заштитата на недвижното културно наследство на територијата на 32 општини во државава и, како што нагласи, неопходна е сериозна поддршка и внимание, што во изминатиот период евидентно отсуствувало, како и во сите други установи“, нагласи министерот Љутков потенцирајќи дека состојбата бара итно обезбедување повисоки средства за работа и нови вработувања.На средбата со в. д. директорката, д-р Ангелина Поповска, и со вработените стана збор за тековните проекти, чија реализација не е почната делумно поради малкуте средства што се издвоени за почнување на проектот, а во голем дел поради неажурноста на претходното раководство.„Од 2025 е подобро да се фокусираме на одредени проекти што ќе бидат затворени од прва до последна фаза. На тој начин се надевам дека ќе реализираме голем број проекти“, рече Љутков.Во изјавата за медиумите, тој информираше за дефицитот на стручен кадар, административни и помошно-технички лица во Установата, и нагласи дека Владата и Министерството за култура и туризам многу сериозно гледаат на овој проблем.На средбата стана збор за повеќе теми, меѓу кои и дека следната година ќе се доделат средства што ќе бидат доволно за да се финализира проектот за конзервација и реставрација – препокривање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче. Стана збор и за другите проекти, меѓу кои и проектот за реставрација, санација и ревитализација на конакот во Лешочкиот манастир „Св. Атанасие“ (шеста фаза), за кој овој месец се очекува финално завршување на предвидените позиции во согласност со договорените обврски. Стручните екипи на НКЦ го изработија и конзерваторскиот проект за конзервација и реставрација на 20-те икони илегално изнесени во Албанија и вратени кај нас дома, кој е испратен во УЗКН со цел формирање комисија.Министерот Љутков ја посети и Конзерваторската лабораторија при НКЦ, каде што се реализира проектот за конзервација и реставрација на 122 ликовни дела (слики, цртежи и акварели) од Спомен-куќата на Лазар Личеноски. Досега се реализирани првите две фази со вкупно 27 реставрирани дела, а при посетата беше најавено дека во наредниот период ќе бидат опремени и осовременети конзерваторските лаборатории со воведување современи стандарди. При посетата на НКЦ, министерот Љутков се запозна и со релативно лошата состојба во која се наоѓа зградата на НУ НКЦ – Скопје, за што најави дека следната година ќе бидат издвоени средства за надминување на ваквите затекнати состојби со објектот на НКЦ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6216

Љутков: Струшките вечери на поезијата се најголем промотор на македонската и на современата светска поезија

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, синоќа на свеченото отворање на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“ истакна дека оваа престижна манифестација, благодарение на ентузијазмот и креативноста на генерациите македонски поети, но и на присуството на најголемите светски автори, се етаблираше како најголем промотор на македонската и на современата светска поезија.„Струшките поетски вечери сведочат за културните вредности што се создаваат на македонските простори и на светските меридијани, тие се динамична и жива антологија на светската поезија“, рече министерот Љутков, нагласувајќи дека оваа манифестација има глобално значење, почитувана е и верификувана од светската културна јавност.„Континуирано, веќе шеесет и три години, поети од целиот свет, овде, во Струга, ја пренесуваат убавината на пишаниот збор и во единствен, хармоничен глас, испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури. Над реката Дрим, Струшките вечери на поезијата ги сплотуваат стиховите на јазикот на цивилизациското разбирање, јазикот кој сите ние мораме да го зборуваме и да го почитуваме“, истакна министерот за култура и туризам во своето обраќање пред присутните.Изразувајќи задоволство што оваа година на плејадата поети добитници на престижното признание лауреат на „Струшките вечери на поезијата“ ѝ се придружува и добитникот на Златниот венец на поезијата за 2024 година, големиот Жан-Пјер Симеон, министерот Љутков потенцира дека за нас е голема чест што тој е вечерва со нас и што Струга и Македонија ќе бидат негов поттик и инспирација за многу нови стихови, како слики и пејзажи од ова големо срце на Балканот.„Над шест децении познатата песна ’Т'га за југ‘ од корифејот на македонската уметничка поезија, Константин Миладинов, е светска химна за топлината внатре, во духот на човекот и различните цивилизации“, рече Љутков, кој посака многу успешни изданија на меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ и најави дека Министерството за култура и туризам, со поддршка од македонската Влада, ќе продолжи да ги промовира универзалните цивилизациски и културни вредности.„Ќе останеме доследни на заложбите заеднички да ги прославуваме неодминливите успеси на овој фестивал со космополитски и универзален концепт, да градиме нераскинливи културни врски меѓу народите и да ја негуваме традицијата на обединување на светот низ поетскиот збор“, нагласи министерот Љутков.Во рамките на церемонијата на свеченото отворање, во големата сала на Центарот за култура во Струга настапи нашиот познат пијанист Дино Имери, а истакнатиот поет Веле Смилевски прочита поетска порака. На традиционалното поетско читање „Меридијани“ свои стихови прочитаа: добитникот на Златниот венец, истакнатиот француски поет и драматург Жан-Пјер Симеон; добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевна теоретичарка Катица Ќулавкова; добитничката на наградата „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, и други странски и домашни поети.Мотото на годинашниот фестивал е „Допир на убавината“, со кое, меѓу другото, се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите, преку тактилноста и релјефноста на Брајовото писмо, преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата.

Магазин | пред 1 година

IMG_5030

Средба на министерот Љутков со евроамбасадорот Гир

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници од делегацијата на ЕУ во Скопје.На средбата, министерот Љутков изрази благодарност за соработката со делегацијата на ЕУ во областа на културата, како и за поддршката во евроинтеграциските процеси како еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам.Двајцата соговорници потенцираа дека соработката со делегацијата на ЕУ, како најзначен партнер на Министерството за култура и туризам, продолжува и во иднина во делот на поддршката на заштитата на културното наследство, размената на идеи, вредности и традиции што се од суштинска улога во градењето на заедничкиот европски простор.Во тој контекст, министерот Љутков и евроамбасадорот Гир се согласија дека од особено значење е интеграцијата на Министерството за култура и секторот за туризам. Ова ќе придонесе за развој на креативните и културните индустрии што, секако, е и еден од приоритетите на Министерството.Евроамбасадорот Гир даде поддршка на новите политики на Министерството за култура и туризам и програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“.Исто така, беше поздравена и соработката во однос на организацијата на Министерскиот состанок на министрите за култура и туризам и за образование и наука кој, во партнерство со ЕУ, треба да се реализира во септември годинава.

Македонија | пред 1 година

IMG_4931

Љутков: Со регионална соработка против недозволената трговија со културни добра

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на настанот посветен на борбата против недозволената трговија со културното наследство во Западен Балкан, во организација на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција и на неговата канцеларија „Антена“ во Сараево.– Недозволената трговија со културни добра е глобален проблем кој бара глобален одговор, но, исто така, бара и силна регионална соработка, особено во Западен Балкан, каде што културното наследство е богато и разновидно. Затоа, неопходно е сите земји од регионот заеднички, со сите расположливи капацитети да се обединиме и да соработуваме во активностите за спротивставување и враќање на украдените и нелегално изнесени предмети – рече министерот Љутков на работилницата која започна во Музејот на македонската борба.Во своето обраќање пред присутните претставници од УНЕСКО, професори, експерти и предавачи од меѓународни и од домашни организации и институции, министерот Љутков потенцираше дека за Владата и за него како министер за култура и туризам заштитата и зачувувањето на културните добра на нашата земја се врвен приоритет.Во тој контекст, тој потсети на соработката со Р Албанија кога благодарение на професионалниот и координиран пристап на двете држави успешно беше реализирано враќањето на 20 незаконски изнесени икони од македонските цркви и манастири, кои по децениското патешествие се вратени таму каде што припаѓаат.– Ова е одлична можност да се разговара за различните аспекти на борбата против недозволената трговија со културното наследство, да се разгледаат правните рамки и регулативи што ги имаат нашите земји, да се разменат искуства и најдобри практики, со акцент на важноста на меѓународната соработка, на улогата на технологијата, како и на подигнувањето на јавната свест за вредноста на културното наследство и за штетата што ја предизвикува недозволената трговија – рече Љутков.Свесни сме, додаде тој, дека треба уште многу да се работи на зајакнувањето на законодавната рамка и на поефективна координација меѓу државните институции, локалните заедници и меѓународните партнери, како и на подобри алатки за идентификација, следење и враќање на културните добра.Министерот Љутков изрази убедување дека само на тој начин може да се заштити и да се зачува културното наследство за идните генерации.Присутните ги поздравија и Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа.Шешум порача дека само со структурна и трајна соработка во борбата против нелегалната трговија со културни добра се спречуваат криминалните активности не само врз културното наследство туку и врз идентитетите на заедниците и државите во целина.Според Росети, пак, настанот може да послужи и како платформа за зацврстување на дијалогот и на соработката во Европа и е одлична можност заедно да учиме и да работиме за да станеме подобри чувари на нашето културно наследство.На петдневниот настан, своите знаења и искуства со учесниците ќе ги споделат предавачи и обучувачи од: УНЕСКО, Европската комисија, УНИДРОИТ (UNIDROIT), Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC), Светската организација за царина (WCO), Меѓународниот совет на музеите (ICOM), INTERPOL, EUROPOL, EUROJUST и Советот на Европа, како и од специјализираните полициски сили и други агенции, вклучувајќи ја и Kомандата на карабинерите за заштита на културните добра (Италија), Главната канцеларија за борба против нелегалната трговија со културните добра – OCBC (Франција), Турската национална полиција, Guardia Civil и Шпанското обвинителство.

Македонија | пред 1 година

IMG_4892

Љутков: „Тумба Маџари“ ја потврдува потребата од континуитет во заштитата

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска од неолитскиот локалитет „Тумба Маџари“ ја информираше јавноста за новото откритие од актуелните археолошки истражувања, фигурина од типот на „Голема Мајка“.„Новооткриената фигурина, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура“, рече министерот Љутков.Тој додаде дека за Министерството за култура и туризам, новите откритија се важни и во насока на тоа што укажуваат дека границите на локалитетот се прошируваат.„Жалам што во годините наназад археолошки истражувања биле во застој, се определувале средства само за одржување, но како што сум информиран веќе е изготвен Елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка во заштитата на културното наследство како наш врвен приоритет.Овој локалитет ќе се прогласи за културно наследство од особено значење и ‘Тумба Маџари’, како дел од урбано Скопје, повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам“, истакна Љутков, кој додаде дека вгодина, ќе бидат зголемени минималните средства кои годинава се определни за поддршка на археолошките истражувања на локалитетот.Министерот Љутков го истакна партнерскиот однос на Археолошкиот музеј и Општина Газа Баба во одржувањето на вредниот локалитет, и посочи дека грижата за „Тумба Маџари“ е успешен пример на соработка помеѓу централните установи и локалната самоуправа.Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски изрази задоволство од продолжување на истражувањата на локалитетот и новите откритија, додавајќи дека тие продолжуваат со негова афирмација и промоција надвор од границите на државата.Тој ја поддржа иницијативана на Министерството за прогласување на локалитетот за културно наследство од особено значење што, како што рече ќе обезбеди трајна заштита на ова непроценливо културно наследство.Директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, во годината во која Музејот одбележува 100 години од своето формирање, му врачи награда на градоначалникот Стефковски, за децениската поддршка што ја добиваат во заштитата на првиот музеј под отворено небо.Со оглед на тоа што археолошките истражувања на локалитетот годинава продолжуваат по 10 годишен застој, раководителката на проектот, археологот Елена Стојанова-Канзурова, посочи на уникатноста на наодите од Скопскиот и од Пелагонискиот регион од неолитскиот период во светски рамки, и токму поради тоа најави апликација за нивно впишување на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Македонија | пред 1 година

IMG_4877

Љутков: Фолклорот нè идентификува и нè поврзува со светот

Во Младинскиот парк во Велес, вчеравечер свечено беше отворено 19. издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2024“.Во присуство на многубројни гости, Фестивалот за отворен го прогласи министерот Зоран Љутков, кој изрази задоволство што низ годините овој фестивал прерасна во вистински репрезент на фолклорната традиција на народите од повеќе држави во светот, потенцирајќи дека Министерството за култура и туризам останува отворено за поддршка на сите проекти што ја афирмираат културната традиција и посебноста на сите чинители.– Нема ништо поубаво од тоа од генерација на генерација да се пренесува сето она културно наследство што нè идентификува, што нè прави посебни и препознатливи во европскиот, но и во светскиот културен мозаик. Секоја држава, секоја култура е посебна токму поради шаренилото на културните вредности што имаме обврска да ги чуваме, да ги негуваме и да ги пренесеме на идните генерации – рече Љутков.Преку настапите на младите уметници, како што рече министерот за култура и туризам, ќе се запознаеме со убавината на фолклорната традиција, музиката, песната и сето она што е обележје на земјите од кои доаѓаат, збогатувајќи го на тој начин културното живеење во Велес.Честитајќи им на организаторите за посветеноста во реализацијата на Фестивалот, Љутков им пожела убав престој во Македонија и во Велес на учесниците, а на посетителите незаборавни мигови со музиката и ората од земјите учеснички.Љутков изрази уверување дека Меѓународниот фолклорен фестивал „Велес 2024“ и во иднина ќе биде настан на радост и среќа каде што ќе се создаваат спомени кои ќе останат траен запис во историјата на манифестацијата.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања