Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Средба на министерот Љутков со евроамбасадорот Гир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_5030

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници од делегацијата на ЕУ во Скопје.

— реклама —

На средбата, министерот Љутков изрази благодарност за соработката со делегацијата на ЕУ во областа на културата, како и за поддршката во евроинтеграциските процеси како еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам.

— реклама —

Двајцата соговорници потенцираа дека соработката со делегацијата на ЕУ, како најзначен партнер на Министерството за култура и туризам, продолжува и во иднина во делот на поддршката на заштитата на културното наследство, размената на идеи, вредности и традиции што се од суштинска улога во градењето на заедничкиот европски простор.

Во тој контекст, министерот Љутков и евроамбасадорот Гир се согласија дека од особено значење е интеграцијата на Министерството за култура и секторот за туризам. Ова ќе придонесе за развој на креативните и културните индустрии што, секако, е и еден од приоритетите на Министерството.

— реклама —

Евроамбасадорот Гир даде поддршка на новите политики на Министерството за култура и туризам и програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“.

Исто така, беше поздравена и соработката во однос на организацијата на Министерскиот состанок на министрите за култура и туризам и за образование и наука кој, во партнерство со ЕУ, треба да се реализира во септември годинава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

Од министерска функција на нова државна позиција: Љутков станува национален координатор за култура

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

„Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност“, вели Љутков

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylss1vn2hl1u742GwoMt

Љутков: Две години системски реформи – културата и туризмот повторно станаа државен приоритет

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqbcqcnim3aqb3HDGtjn

Љутков и Перински од Струмица: Нов проект ќе ги поврзе Банско, Дојран и Килкис во туристичка рута

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања