Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МАКЕДОНИЈА

bojko1

Бојко Борисов подава рака на Македонија, Бугарија задоволна од усвоениот Извештај

Откако денеска беше усвоен Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија без да се спомене во него македонскиот јазик и идентитет, официјална Софија веднаш изрази задоволство од документот.,,Со својата резолуција за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, Европскиот парламент не дозволи тој да биде инструментализиран за потребите на внатрешната политичка дебата на земја-кандидат“, коментираше министерот за надворешни работи Георг Георгиев.Реагираше и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.,Драго ми е што гласот на Бугарија беше слушнат.Повторно им подавам рака на нашите пријатели во Северна Македонија да продолжиме напред заедно, врз основа на почитување и спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мене и во лицето на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер”, изјави Борисов.

Македонија | пред 7 месеци

afroditi

„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“ - изјава на грчка европратеничка пред гласањето на извештајот

На вчерашната пленарна дебата во Европскиот парламент, што ѝ претходеше на денешното гласање за Извештајот за напредокот на Македонија, грчката европратеничка Афродити Латинопули изнесе навредлива и провокативна реторика, негирајќи го македонскиот јазик и идентитет.„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“, изјави Латинопули од европската група на крајната десница (ECR), додека ги поддржуваше бугарските ставови за историјата, јазикот и националноста на македонскиот народ.Во нејзиниот говор, таа рече:„Дојдовме до точка каде што честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е исправна бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и нивната националност е бугарска. Ако сакате мир и добри односи на Балканот, историјата мора да се обнови, инаку пристапот кон ЕУ нема да се случи ниту во нивните соништа. Македонија е една и таа е грчка.“Изјавата предизвика реакции и на социјалните мрежи, особено поради фактот што дојде во момент – токму во пресрет на денешното гласање за Извештајот за Македонија, кој беше усвоен со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, но во финалната верзија од текстот беа отстранети референците на „македонскиот јазик и идентитет“.Овој развој на настаните дополнително ги отвори прашањата за рамнотежата меѓу политичкиот дијалог во Европскиот парламент и заштитата на националниот и културниот интегритет на земјите-кандидати, како што е Македонија.

Македонија | пред 7 месеци

slika-nesreka-grcija

(Видео) Страшна трагедија во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Две лица – татко и неговиот 13-годишен син – го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне на стариот магистрален пат Солун – Верија, во близина на делницата меѓу Халкидони и Лудија. Според информациите на грчките медиуми, патнички автомобил со четиричлено семејство под сè уште неразјаснети околности се судрил со камион со македонски регистарски таблички.Несреќата се случила околу 16 часот. 44-годишниот возач на автомобилот починал на самото место, додека неговиот 13-годишен син им подлегнал на повредите кратко по судирот. Во возилото се наоѓале и 43-годишната мајка и нивниот 9-годишен син, кои со тешки повреди биле пренесени во болницата „Гениматас“ во Солун.Возачот на камионот, 34-годишен државјанин на Македонија, не е повреден во несреќата, но е уапсен веднаш по настанот. Против него е поведена истрага, а надлежните органи утврдуваат под кои околности дошло до фаталниот судир.Според роднини на настраданото семејство, тие се враќале од Солун кон своето село Пела кога се случила трагедијата. Веста ја потресе целата локална заедница, а семејството и пријателите се во шок од загубата.

Свет | пред 7 месеци

screenshot_20250628_143234_facebook-696x411-1

(Видео) По 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да се вратат во Стар Караорман - иднината ја планираат во Македонија

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова адреса е штипското село Стар Караорман, каде, велат, конечно го пронајдоа тоа што им недостасувало – време за себе и за своите деца.„Таму беше трка со обврски, работа, смени, метеж… Немавме време ниту еден за друг, ниту за децата. Тука, конечно, живееме – не само што опстануваме“, велат Стојменови.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-at-15.41.19

Битка за идентитетот: Радев и Мицкоски во жесток судир по извештајот на ЕП за Македонија

Полемиката меѓу Скопје и Софија околу идентитетските прашања повторно се разгори, откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го усвои извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц. Извештајот, кој беше поддржан со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“, веднаш предизвика реакции и на домашната и на бугарската политичка сцена.Бугарскиот претседател Румен Радев испрати остро писмо до европските институции, во кое го критикува Европскиот парламент поради, како што вели, неприфатливо вклучување во теми од „морална и научна природа“ како што се „јазик“ и „идентитет“, без правна надлежност. Тој предупреди дека Бугарија нема да прифати никакво отстапување од европскиот компромис од 2022 година, и истакна дека правата на Бугарите во Македонија не се предмет за политичко пазарење.– Претставува ризик тоа што се остава простор за слободни толкувања на поимите „македонски јазик“ и „идентитет“, што веќе го гледаме од нашите југозападни соседи – напиша Радев. Тој посочи и на, според него, нерегуларности во процесот на подготовка на извештајот, вклучително и неформални средби меѓу известувачот Вајц и македонски политичари.Паралелно, македонскиот премиер Христијан Мицкоски остро реагираше на обидите во Европскиот парламент да се наметне терминологијата „современ македонски јазик“ и „современ македонски идентитет“, појаснувајќи дека тоа не е само предлог на Европската народна партија, туку заеднички предлог на четири европски политички групи.– Во Брисел вчера видовме обид да се создаде нова нација и нов јазик – модерна македонска нација со модерен македонски јазик. Она што го обвинуваат дека Русија го прави во Украина, вчера се обидоа да го направат на македонскиот народ – изјави Мицкоски, истакнувајќи дека за него тоа не е мала победа, туку „големо разочарување“.Мицкоски порача дека Македонија нема да прифати никакви промени на својот идентитет и јазик и ја повика Бугарија да ги почитува човековите права на македонската заедница на нејзина територија, вклучително и спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права во корист на организацијата ОМО Илинден Пирин.Тој најави продолжување на борбата и во пленарната седница на Европскиот парламент што ќе се одржи меѓу 7 и 11 јули, но предупреди дека „лицемерието“ на дел од европските политичари може да доведе до опасни паралели со руската политика на негирање на национален идентитет.– Македонија е подготвена за преговори, но само како Македонци, со македонски јазик и идентитет, не како некаква измислена нова нација – истакна Мицкоски.Во меѓувреме, Бугарија најави дека ќе достави „мислење на малцинството“ како дополнение на извештајот, а амандманот за вметнување на зборот „современ“ не беше ставен на гласање поради процедурални причини.Политичката и дипломатската борба околу идентитетските прашања продолжува, а исходот на пленарната седница во Европарламентот ќе биде следната клучна точка во овој сензитивен процес.

Македонија | пред 7 месеци

grcija-dok

(Видео) Драма на грчка плажа, медицинско лице од Србија спаси петгодишно дете од Македонија

Вистинска драма се одвивала на плажа во Грција во петокот. Четиригодишно девојче од Македонија имало срцев проблем.За среќа на плажата во Неа Врасна бил и медицинскиот техничар од Србија, Саша Костиќ кој со брза интервенција го спасил детето.За „Утро на Прва”, раскажува што се случило.Во моментите кога можела да се случи трагедијата бил на плажата со синот и видел како родителите го изнесуваат девојчето без свест. Му помогнала и колешка, докторка.„Видовме дека детето е во критична ситуација, дека моменти се во прашање.Веднаш почнавме со реанимација”, вели Костиќ.Кога стигнала брза помош, девојчето веќе било во свесна состојба.Тој вели не се размислувава тогаш, го оставил и своето тригодишно дете за да помогне.Родителите на малата Ирина се бескрајно благодарни за помошта која го спасила животот на нивното дете кое сега е во стабилна состојба и за неколку дена ќе излезе од болница.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-23-at-13.19.09

Има пречки на патот, има простор каде може да направиме нешто, вели Калас за патот на Македонија кон ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас рече дека има механизми за да се надминат пречките за Македонија на патот кон Унијата.„Јасно е дека сакаме Северна Македонија да се привдижи кон овој пат и знаеме дека има пречки на него, го дискутиравме тоа, за да најдеме механизми за да се надминат тие пречки. Сметам дека има простор каде може да направиме нешто, не би навлегувала во детали. Ако се придвижиме, ќе објавиме“, рече Калас.Одговарајќи на прашањето, колку неинтеграцијата на Западниот Балкан е безбедносна закана, таа вели: „Ако ја видиме поголемата светска слика, јасно гледаме дека има разлика во големите сили, тектонски промени. Западен Балкан секако се дел од Европа и за нас е важно да бидеме целосно интегрирани. Тоа овозможува да се намалат тензиите во реонот на Западен Балкан, тоа е и безбедносно прашање“.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-23-at-13.25.39

Се навестува средба Македонија-Бугарија, Мицкоски: Можеби ќе чуеме каде исчезнаа 200.000 Македонци од Западна Буагарија од 1956 до 1965 година

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Македонија прифатила да седне на маса со Бугарија за време на НАТО самитот. Нас ќе нѐ претставува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а на маса треба да бидат четири високи претставници на Европската Унија, но и членки на НАТО. Мицкоски вели „Ние сме фактор на стабилност и така треба да зрачиме, во регионот има земји кои сакаат да рефлектираат нестабилност. А добро би било да се слушне, да се седне на маса. Можеби од таа страна ќе чуеме аргументи што не сме ги знаеле, каде исчезнаа 200.000 Македонци во Западна Бугарија од 1956 до 1965 година“.„За време на Хашкиот самит на НАТО, да има билатерална средба на претставници од Македонија и Бугарија. Бидејќи таму ќе биде претседателката, тоа ќе биде одлична можност да има билатерална средба. На неа би присуствувала претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, генералниот секретар на НАТО, дел од земјите членки на НАТО, за да можеме да ги кажеме на билатерална средба аргументите. Од една страна едни аргументи, од друга страна други аргументи, ама кога ќе бидеме сите на иста маса, колку и да трае тоа, добро е да се разговара. Ние тоа веднаш го прифативме. И денеска повторно тоа, заедно со Калас расговаравме за тоа, и прифативме. Ќе се подготвиме најдобро што знаеме и мислам дека е добро да има таква средба каде ќе можат да се чујат аргументите на двете страни, особено на НАТО самитот“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

adgf

(Фото) Како да изгледа грбот на Македонија, а што со химната?

Државниот грб на Македонија, обележје кое опстојува 79 години, на пат да биде сменет. Но неговата промена, носи и нови барања. Па така, претседателот на Движењето Беса кое е дел од коалицијата „Вреди“, Билал Касами, денеска изјави дека поддржува секакви промени на Уставот, кои, како што вели, предвидуваат менување на државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем. Тој порача да се смени химната, став кој го дели и Зијадин Села од Алијанса на Албанците. Од Вреди сметаат дека химната не ја одразува реалноста.Не е познато дали на маса е графичкото решение за нов грб, предложено во 2014 година, или ќе се оди на нов изглед на грбот. Не е познато ниту дали промената ќе ја зафати и државната химна или, пак, некои други одредби во Уставот.Потегот за промена на државниот грб, донесе револт, кој беше искажан и низ сатира. [caption id="attachment_321753" align="alignnone" width="677"] Screenshot[/caption]Дали лав на златна позадина ќе биде новиот грб на Македонија?Премиерот Христијан Мицкоски вчера потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ го отвориле прашање за промена на државниот грб.„Ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации“, рече тој.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-09-08-at-08.04.22

33 години независна Македонија: Низа тешкотии, но и убави денови

На 8 септември 1991 година, 95 отсто од граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава.Меѓу поважните датуми од патот кон независноста кои му претходеа на референдумот се 25 јануари 1991 кога првиот состав на повеќепартиско Собрание усвои Декларација за независност, а два дена подоцна го избра Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија.По референдумот, пак, на 17 ноември 1991 беше усвоен Уставот, а следуваше и монетарно осамостојување и воведување на денарот на 26 април 1992.„Граѓани и граѓанки на Македонија, дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“, изјави тогаш првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров, соопштувајќи ги резултатите од референдумот.Владеењето на правото, судството и правната држава и понатаму се најголемите проблеми, а тоа се основите на една држава. Најголемото разочарување за граѓаните е судството. Специјалното јавно обвинителство, беше формирано да ги решава проблемите со криминалот и корупцијата, а самото тоа стана извор на нови проблеми. Истовремено, куп роднини на политичари станаа судии и обвинители. Дел од актуелните правораздавачи - се актери во корумпираната претстава.На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите сами по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија.Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.На референдумот му претходела Декларација за независност која првиот повеќепартиски Македонски парламент ја усвоил на 25 јануари 1991 година.

Македонија | пред 1 година

14112019_PVRSM_Zaev_sredba_Micotakis_1

Мицотакис до Македонија: Ќе создадете проблеми, името ви е и за внатрешна употреба

„Ќе ги чекаме официјалните ставови на владата на Северна Македонија, но првите впечатоци се крајно негативни. Во основата на договорот од Преспа беше концептот на едно име, она што ние го нарекуваме ерга омнес, името Северна Македонија да важи за сите, односно да се користи и во странство и во земјата“, изјави премиерот Киријакос Мицотакис во денешно интервју во емисијата „Викенд од 6“ на ЕРТ, одговарајќи на прашање за прашањето поврзано со Договорот со Македонија.„Да потсетам дека не гласавме за договорот од Преспа затоа што изразивме силна резерва за тоа дека со овој договор се гарантира македонскиот етникум и македонскиот јазик. Тоа беше главната причина. Но, за прашањето за името има многу јасно назадување и сакам уште еднаш да испратам порака за предупредување до новата влада да ја смени својата линија отсега па натаму, да ја почитува оваа централна одредба од договорот од Преспа, само да го користи името Северна Македонија во и надвор од земјата, кога се споменува нашиот северен сосед. Во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми не само во односите на Грција со Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија“, нагласи тој.На прашањето дали има намера да го раскине договорот, тој истакна:„Она што сигурно ќе го направиме е дека нема да ги донесеме на ратификација трите меморандуми произлезени од договорот и сега нашиот став да ја одложиме оваа ратификација е целосно оправдан бидејќи долго време видовме што се случуваше во Северна Македонија. Го слушавме ова вмровски националистичко лудило, знаевме дека ВМРО ќе победи на изборите и сакавме да задржиме некое вистинско преговарачко оружје во случај работите да не одат како што некои очекуваат. Втората работа што ќе ја направиме е - апсолутно ќе ставиме до знаење дека никаков напредок во овој долг марш на Скопје кон Европа не може да се постигне без целосно почитување на договорот од Преспа за прашањето за името.“

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Загина скопјанец во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје.Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.

Македонија | пред 1 година

327159178_606340884641474_8850804424106480478_n

Приведени четири лица за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград

Има приведени за нападот со камен врз македонскиот културен клуб во Благоевград, пренесе бугарскиот медиум НОВА од свои извори.Во притвор се двајца мажи и две жени, сите на возраст од околу 40 години. Тие се од Благоевград и засега не е јасно кои се мотивите за делото.Според неофицијални информации, по полициската акција во Благоевград, министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев разговарал со својот колега од Македонија и ги повикал локалните органи на прогонот да ја завршат работата за дефинитивно идентификување на напаѓачите на Христијан Пендиков.

Македонија | пред 3 години

327159178_606340884641474_8850804424106480478_n

ОМО Илинден Пирин: 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија, дали полицијата конечно ќе истражи овој пат?

Македонците во Бугарија бараат истрага за демолирањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград.Синоќа околу 21 часот клубот е каменуван. Организацијата ОМО Илинден Пирин бара од бугарската полиција да го истражи случајот. Велат дека со години има слични инциденти.„Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне - нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда аверис“, пишува во текстот објавен на официјалната фејсбук страница на ОМО Илинден Пирин.Клубот е отворен во октомври минатата година кога имаше тензична атмосфера. Тогаш, бугарските медиуми тврдеа дека Вапцаров е бугарски поет, а сега неговиот клуб го демолираа. Имаше најави дека близу Пловдив ќе се отвори македонски клуб.

Македонија | пред 3 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски: Не случајно владата што ја предводев не постигна договор со Бугарија, ниту прифати „заедничка историја“ и заеднички чествувања

Од секогаш сум тврдел дека македонското прашање може да се затвори само тогаш кога ќе е во корист на Македонија и на македонскиот народ и само тоа ќе донесе траен мир и стабилност на Балканот, наспроти аспирациите на некои соседи. И се додека тоа не се случи, не само што ќе стои отворено, туку ќе предизвикува многу меѓудржавни проблеми, инциденти меѓу сензибилизираното население и многу други непосакувани ситуации, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Неслучајно, колку и да го посакувавме тоа за да немаме пречки на патот кон ЕУ, долго време владата која ја предводев не постигна договор со Република Бугарија за текстот на договорот за пријателство ниту пак прифати заеднички чествувања кои и тогаш ни ги бараа.Намерите и стапиците беа така очигледни што секој што барем малку разбира политика и историја можеше да ги види. Уште повеќе кога како и секоја сериозна влада ќе извршеше консултации со научните работници од сверата на историјата.Актуелната власт лекоумно и брзоплето влезе во авантира на потпишување на договорот со Бугарија за само два месеци по нивното доаѓање на власт. Последиците ги гледаме денес и допрва ќе ги гледаме. Тогаш важно беше да се покаже некаков наводен брз успех и да се каже дека ние сме биле виновни за се, а не бил проблемот кај Бугарија и нивните несоодветни барања и условувања.Владата која ја предводев се спротистави на вметнување на фразата “заедничка историја”. Беше јасно дека имајќи ја силата на членка на ЕУ, Бугарија тоа ќе го користи македонската историја да се прикаже за бугарска а македонските револуционери за бугарски и тоа ние да го прифатиме. Од тој договор произлегуваат денешните проблеми и новите барања и условувања на соседна Бугарија со промена на уставот, чествувањата итн, од кој пак произлегуваат непосакувани инциденти, негативна енергија и дополнителни влошувања на меѓудржавните односи.Кога прашањето за овој дговор и неговиот текст кој веќе беше испратен на гласање во парламентот го дискутиравме на седница на извршниот комитет во партијата, се сеќавам дека таму кажав дека најголем (иако не и единствен) проблем во договорот е заедничката историска комисија, бидејќи нашите сили се асиметрични имајќи во предвид дека тие се, а ние не сме членка на ЕУ а сакаме да бидеме, и дека таа комисија ќе се претвори во клучен инквизаторски инструмент за уцена со наводен научен параван кој нема да има никаква врска со историската наука туку ќе биде политички инструмент на нашиот источен сосед за остварување на своите вековни цели, македнската историја, јазик, идентитет и нација да добијат бугарски карактер.Професорот по историја д-р Никола Жежов дава многу јасен, концизен, конкретен и прецизен приказ на ова прашање, и ова кратко интервју од околу 25 минути вреди да се погледне. Патем, по информацијата добиена по неофицијални канали, тој е прв на листата од тројца Македонски професори – историчари на неформалниот список добиен во македонската влада по смената на власта и потпишувањето на договорот во 2017 година од страна на Бугарија со барање: “ставете кого сакате во македонскиот дел од историската комисија, само не овие тројца историчари”.Најинтересно е што СДСМ дури и во овој состав потпишувањето на тој договор со Бугарија, како и со подеднакво катастрофалниот договор кој всушност исто така беше класична капитулација со Република Грција ги смета за огромен и неверојатен нивен успех, а нас од тоа време сеуште не портретираат како некакви кочничари на добрососедските односи и кон членството во НАТО и ЕУ.За крај два цитати од ова интервју на професорот Никола Жежов:“Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.“…историската комисија и нејзината работа веќе е ирелевантна и непотребна. Всушност, генезата и изворот на сите овие проблеми, што денеска ги имаме, е тој фамозен Договор потпишан на 1 август 2017 година. Таа несреќена придавка за нас Македонците за „задничка историја“ е генератор на сите проблеми, што ги имаме сега. Македонските и бугарските историчари не можат да најдат никаква заедничка точка за задничко чествување на Гоце Делчев”“, вели Груевски.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања