Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МАКЕДОНИЈА

media-libraryic9ibit1iueddQlGya6

Детали како марихуаната спакувана во над 200 кутии стигнала од Македонија до Србија

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на документација доставена од Министерството за внатрешни работи, како и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија добиена преку меѓународна правна помош.Според наводите во наредбата, осомничените, заедно со други засега неидентификувани лица, во неутврден период од 2025 година до крајот на јануари 2026 година, се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога – кокаин и марихуана. Секој од членовите на групата имал јасно определена улога при преземање, држење и пренесување на наркотичната дрога марихуана, заради нејзина понатамошна неовластена продажба. Двајца од осомничените, за кои српското обвинителство за организиран криминал води постапка, заеднички и по претходен договор со првоосомничениот во овој предмет кој е сопственик на правно лице од Скопје, како и со други неидентификувани лица, организирале набавка на наркотична дрога марихуана и нејзино повеќекратно транспортирање од Република Северна Македонија до Република Србија со товарни возила, заради натамошна продажба.Во декември 2025 година, првоосомничениот им дал насоки на своите вработени за пакување на сув цвет од канабис во вкупна количина од 8.832 килограми, претходно набавен од правно лице од Струмица. Во период од околу две недели, вработените спакувале над 200 кутии, по што првоосомничениот им одобрил колективен одмор. На 13.01.2026 година, во пладневните часови, двајцата ортаци (едниот осомничен во РСМ, а другиот во РС), организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе. Првоосомничениот, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврати пренесени до наведената локација.Во исто време, во атарот на селото Сарамзалино, останатите петмина осомничени на паркинг простор кај локалната црква во селото извршиле претовар на царинета стока од товарно моторно возило со приклучно возило, во друго товарно моторно возило. Потоа, осомничените заминале за Свети Николе каде во испразнетото товарно возило биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. По извршениот утовар, осомничените на кои претходно им беше определен краткотраен притвор со товарното моторно возило и приклучното возило, заедно со уште тројца осомничени со ПМВ, се упатиле кон граничниот премин Табановце и ја напуштиле државата.На 14.01.2026 година, во 03:41 часот, товарното моторно возило се исклучило од автопат и се упатило кон селото Коњух, каде заедно со други неидентификувани лица било извршено растоварање на кутиите со наркотична дрога марихуана во објект на правно лице од Крушевац, претходно обезбеден од осомничени лица за кои Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија води истражна постапка.Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што упатуваат на тоа дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство, па на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи да донесе решение со кое спрема двајцата осомничени на кои им беше определен краткотраен притвор да биде определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryk7figlkgcm3jfKa8txv

Муцунски телефонски и честиташе на новата бугарска министерка за надворешни работи, иницирана билатерална средба

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата. Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.Воедно, беше иницирана билатерална средба меѓу двајцата министри, која би се реализирала во наредниот период.

Македонија | пред 4 дена

makedonija-sad

Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека САД излезе со нова политика за царини кон Македонија и што значи ова за економијата, изјави: „Во рамките на мандатот на оваа Влада, во овие 20 месеци, не цели, постигнавме Договор за стратешко пријателство со Велика Британија. Повторно од опозицијата настапуваа со лажни тези, дека ќе сме примале мигранти за пари и тоа траеше со месеци. Еве излезе амбасадорот на Обединетото Кралство, даде интервју, ги демантираше. Нема поголем демант од тоа. Но, Договор за стратешко пријателство не е само договор, туку и порака. А таа порака, ние можеме и ефектите на таа порака да ги видиме и во нашата економија, па дури ако сакате и во условите со кои се издаде Еврообврзницата, затоа што тоа е силна порака. Тоа е еден стратешки документ. Вториот документ е документот со којшто ние имаме, за први во регионот, а тоа е заедничка усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија. Третата важна дипломатска работа којашто нас нѐ стави во друштвото на функционални демократии, зрели демократии каде што владее правото, каде што се почитуваат човековите права е стопирањето на пост мониторинг мисијата на Советот на Европа. И ние сме единствената земја во регионот. Сите коишто се дел од Западен Балкан 6 групата или се во мониторинг или се во пост мониторинг. И овој договор којшто потенцијално ќе го потпишеме со Соединетите Американски Држави, во рамките на параметрите коишто се содржани во заедничката изјава, ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија, помеѓу 62 и 64, отприлика царински броеви, да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5%.Инаку, вреди да се напомене дека во 2025 година, билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари. Мислам дека ближиме докај 600 милиони долари во којшто имаме благ суфицит како држава. Македонија има повеќе извоз, отколку увоз во Соединетите Американски Држави. И очекувам преку овој договор, билатералната соработка и трговија да се зголеми. Но повторни ќе кажам, самиот договор по себе  е единствен надвор од Европската Унија со тарифи исти какви што има Европската Унија и Обединетото Кралство. Но пораката е силна. Пораката е силна, односно порака на Високиот трговски претставник на Соединетите Американски Држави, кој што е на ниво на Секретар, господинот Грир, дека испраќаат порака кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија. Значи многу и за инвеститорите и за економската состојба во државата“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 6 дена

297461826_1097766367541673_4761979263309644676_n

Николоски најави можни нови авиолинии меѓу Македонија и Црна Гора

Ве информираме, заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ.На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави за можноста за воспоставување на нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји.Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти како и со реформските процеси што се спроведуваат во насока на исполнување на европската агенда, притоа беше истакната силната инвестициска активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои имаат силно влијание врз регионалниот развој и соработка.На средбата се разговараше и за зголемување на економската соработка, трговската размена како и соработката во туризмот.@Со амбасадорот разговаравме за подобрување на билатералните односи особено за можноста за воспоставување на авио поврзување меѓу двете земји.  Исто така отворивме теми и за унапредување на трговската соработка, туризмот и се што е во интерес на  двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и очекуваме дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период”, истакна вицепремиерот Николоски.Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на  понатамошната соработка, посебно во делот на зголемување на економските односи меѓу Македонија и Црна Гора.

Македонија | пред 2 седмици

ohridsko-ezero

Македонија на второто место на најмалку посетени европски дестинации

Европа веќе долго време е најпосетуваниот континент во светот, но сепак постојат земји на овој дел од планетата кои се прилично „под радарот“ за меѓународните туристи и кои не сакаат да ги посетат, бидејќи не ги доживуваат како особено атрактивни или безбедни.Компанијата Riviera Travel ги анализирала податоците на Евростат за најмалку посетуваните европски земји, користејќи статистика за бројот на ноќевања остварени во туристички сместувања во секоја држава.На врвот на листата се наоѓа Лихтенштајн, каде што во текот на 2024 година биле забележани само 228.579 ноќевања, според најновите достапни податоци.Главниот град Вадуц е познат по замокот од кој се пружа поглед на долината на Рајна. Сепак, Лихтенштајн најчесто се посетува во рамките на еднодневни излети од соседните земји, што објаснува толку мал број на ноќевања.На второ место е Македонија, со нешто повеќе од два милиони ноќевања во 2024 година, додека третото место го зазема Луксембург, кој забележал околу 3,6 милиони ноќевања. Следуваат Летонија и Црна Гора на четвртото и петтото место.Во продолжение, целосната листа на десет европски земји со најмалку туристи, според бројот на ноќевања:ЛихтенштајнМакедонијаЛуксембургЛетонијаЦрна ГораЕстонијаАлбанијаЛитванијаМалтаСрбија

Магазин | пред 2 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Србија не е вмешана во заплената на пет тони марихуана со потекло од Македонија, тврди Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека Србија не е вмешана во поседувањето на петтe тони марихуана со потекло од Македонија.Тој изјави дека неговите противници „сè превртеле наопаку“, па сега тврдат дека во скандалот околу откриените пет тони марихуана – стои државата.„Пред неколку дена, луѓе од Управата за криминалистичка полиција пронајдоа пет тони некаква дрога. А сега дали само синот или и синот и таткото знаеле за тоа, тоа е друго прашање, нека утврдат надлежните органи, нема да претпоставам ништо. Ние ја спроведовме таа акција“, рече Вучиќ, за ТВ Пинк, зборувајќи за запленувањето на пет тони марихуана на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ.Тој изјави дека неговите противници сега велат: „бидејќи не е на насловната страница на ниту еден од таблоидите, државата сигурно е вмешана во тоа“.Пет лица се осомничени во случајот со рекордната заплена на повеќе од пет тони марихуана пронајдени во четвртокот во селото Коњух, во близина на Крушевац, и  се бранеа со молчење пред Обвинителството за организиран криминал на Србија.

Свет | пред 3 седмици

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

(Видео) Србија ја тресе најголемата нарко-афера која води до Македонија: рекордна заплена на марихуана

Набавката на повеќе од пет тони марихуана oд територијата на Република Македонија е клучниот елемент во истрагата за најголемата заплена на дрога во историјата на Србија. Според српското Обвинителство за организиран криминал, организирана криминална група од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година во Македонија се стекнала со точно 5.002.079,18 грама марихуана, која потоа била транспортирана преку граница и пласирана на српскиот пазар.Како што наведуваат истражните органи, дрогата, по план на организаторот, преку државната граница ја пренесувал осомничениот Иван Драгниќ, по што била складирана во магацин поврзан со семејството Спасојевиќ. Од таму, осомничениот Урош Младеновски ја преземал марихуаната за понатамошна продажба.Особено внимание предизвикува фактот што Иван Драгниќ е косопственик на скопската компанија ALPHAPHARM, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис, пишува Блиц. Овој податок, според српските медиуми, дополнително ја зајакнува тезата за меѓународен карактер на криминалната операција и ја отвора линијата на истрага поврзана со потеклото на дрогата.Во рамки на предметот, јавниот обвинител за организиран криминал во Србија донесе наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски, поради сомнение за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги.По сослушувањето, сите осомничени го искористиле законското право да се бранат со молчење, по што обвинителството побарало притвор за сите лица од судијата за претходна постапка при Посебното одделение за организиран криминал на Вишиот суд во Белград. Предлогот е образложен со сериозноста на делото и со фактот дека станува збор за рекордна количина наркотична дрога.За Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на криминалната група и се наоѓа во бегство, поднесен е и предлог за распишување потерница, вклучително и меѓународна.Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека станува збор за најголемата заплена на дрога досега во земјата, нагласувајќи дека акцијата претставува рекорд во историјата на српската полиција. Според официјалните податоци, претходниот рекорд изнесувал 1.960 килограми, додека во текот на целата мината година биле запленети вкупно 6,1 тон различни наркотични супстанци.

Свет | пред 3 седмици

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Мицкоски: Македонците во Бугарија бараат ОМО „Илинден-Пирин“ да ги застапува нивните права – многу ли е тоа?

Премиерот Христијан Мицкоски во Собранието истакна дека на Македонците во Бугарија им се одземени сите права, а сега бараат само здружение кое би се борело за правата на македонската заедница во Бугарија.„Ќе повторам, се додека македонската заедница во Бугарија, мислам дека треба да го поддржите тој став, треба да го поддржите ставот за Македонците од Разлог, од Горна Џумаја, од Сандански, од Пирин треба да го поддржите затоа што во пописот во 56-тата година тие биле 200 илјади и биле мнозинство во Пиринскиот крај на Македонија. Биле две третини од вкупното население, а магично на пописот во 65-тата година бројката станува 9 илјади. Од двесте илјади на 9 илјади и тоа еден поранешен бугарски претседател го кажува како инженеринг на којшто е посебно горд.Им се одземаат правата на своја културна автономија, да општат на својот мајчин македонски јазик, да говорат на својот мајчин македонски јазик, да танцуваат на своите македонски песни, да ги почитуваат своите македонски обичаи. Е тие бараат сега само да имаат можност ОМО Илинден Пирин да биде организација која што ќе ги застапува правата на македонската заедница во Бугарија. Многу ли е тоа?“, запраша Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

mucunski-3

Македонија со порака до Бугарија: Немаме намера да учествуваме во внатрешните политички процеси, често се ставате во улога на рецензенти наместо партнери

Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека државата нема ниту намера, ниту потреба да биде дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија, реагирајќи на ставовите објавени од Министерство за надворешни работи на Република Бугарија.Во реакцијата од Министерство за надворешни работи на Република Македонија се изразува жалење што бугарската дипломатија, како што се наведува, сè почесто се поставува во улога на рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо да настапува како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Од МНР порачуваат дека нема да се вклучуваат ниту преку коментари, ниту преку интерпретации, ниту преку учество во дневнополитички наративи во Бугарија.Во соопштението се упатува повик до бугарските институции да се водат од принципите на добрососедство, заемно почитување, предвидливост и институционална комуникација, кои, како што се наведува, се темел на европските вредности и стандарди. Се потенцира дека Европа се гради врз основа на доверба и конкретни резултати, а не преку етикетирање и политички квалификации.Министерството нагласува дека Република Македонија останува отворена и подготвена за дијалог, доколку тој се води во духот на европските вредности, со почитување и конструктивен пристап меѓу двете држави.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd0ln9raokfvaa3ZaFJn

Бугарски професор со совет до македонските камионџии: Станете бугарски државјани, ништо нема да изгубите

Бугарскиот професор и академик Спас Ташев предизвика реакции со својот совет до македонските камионџии, предлагајќи им да се стекнат со бугарско државјанство за да ги избегнат проблемите со новите правила за влез и престој во ЕУ. Во објавата на социјалните мрежи, тој детално ја образложува својата позиција и дава препораки за возачите од Северна Македонија.„Ја гледам оваа вест во скопските медиуми и размислувам неколку работи:Тврдењето на медиумите дека станува збор за Македонија не е точно. Станува збор за Северна Македонија, која е само 36% од територијата на географскиот регион на Македонија. Само името Македонија создава збунетост и неосновани тврдења. Мора да се држиме до објективните факти.Граѓаните на Северна Македонија си избраа влада која не им служи на северномакедонските туку на српските интереси. Оваа влада сосема свесно ги блокира евроинтеграциите на Скопје за Белград да не оди пред неа. Во ваква ситуација, не гледам поента на протести, бидејќи сегашната ситуација е предвидена. Одлуката е таму да не се гласа за зависни политичари кои се инфилтрирале во ситеПознавам многу возачи од Северна Македонија (и онака живеев таму 4 години, а никогаш не сум прекинал контакт) кои имаат бугарско државјанство и без проблем ги возат камионите во ЕУ. Затоа би им препорачал на повеќе возачи од Северна Македонија да станат бугарски државјани. Ништо нема да изгубат, само ќе добијат, затоа што Скопје и неговите владетели нема наскоро да започнат европски преговори.Напишано од мене во т. 3 е еден спас. Но имам и идеја за групен спас на нашите браќа од северноМакедонци. Чекам ситуацијата да созрее и да почнам со реализација на оваа идеја.“, стои во објавата.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Бугарските превозници реагираат на блокадите: економските загуби се огромни

Бугарските превозници се жалат дека претрпуваат големи финансиски загуби поради блокадите што ги вршат превозниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, кои протестираа поради проблемите со новиот систем за влез и излез од ЕУ.„Транспортерите од Бугарија поради блокадите мораат да користат алтернативни патишта до европските дестинации, кои минуваат низ Романија, што го продолжува нивното растојание за 500-600 км. Вчера, премините со Србија беа блокирани за тешки товарни возила во двата правци. Денес, по полноќ, сообраќајот беше ограничен за возила над 3,5 тони на нашите гранични премини со Македонија „Врашка Чука“, „Брегово“, „Стрезимировци“, „Ѓуешево“, „Делчево“ и „Златарево“, пишуваат бугарските медиуми.“Протестот е планиран за седум дена, но може да заврши порано доколку се одржи состанок со претставници на здруженијата и Европската комисија.Во бугарските медиуми се пренесуваат ставови на транспортни здруженија дека ситуацијата е „економски неодржлива“ за компаниите, а се најавуваат и разговори меѓу претставници на транспортниот сектор и бугарските институции за координација на мерките и евентуален заеднички настап кон Европската комисија, со цел да се ублажат последиците од новиот систем за влез и излез во ЕУ.Дополнително, бугарското Министерство за надворешни работи преку медиумите соопшти дека внимателно ја следи состојбата и дека „доколку ситуацијата ескалира, Бугарија ќе ги искористи дипломатските канали и контактите со Европската комисија за да се олесни режимот и да се најде решение за проблемите со новиот систем за влез и излез во ЕУ и примената на правилото 90/180 дена.

Македонија | пред 4 седмици

278630190_541392414018340_5258819745201078676_n

Македонија го отвора Европското првенство против светскиот и олимписки шампион Данска

Седумнаесеттото Европско првенство во ракомет за мажи, кое се одржува во Данска, Норвешка и Шведска, официјално започна вчера, а денеска на терен ќе излезе и македонската репрезентација. За Македонија ова е деветто учество на континенталните шампионати, осмо по ред, а најдобриот пласман останува петтото место освоено на ЕП 2012 година.Титулата на шампион ја брани Франција, која со евентуално ново злато би се израмнила со рекордерот Шведска, со по пет европски титули. Македонија е сместена во групата Б и шампионатот го започнува вечерва од 20:30 часот во данскиот град Хернинг, каде ќе се соочи со актуелниот олимписки и светски првак Данска. Вториот натпревар македонските ракометари ќе го одиграат в недела против Португалија од 18 часот, додека во вторник следува дуелот со Романија, исто така од 18 часот. Пласман во следната фаза обезбедуваат двете првопласирани селекции од секоја од шесте групи.Македонија и Данска последен пат се сретнаа во групната фаза на Европското првенство 2022 година, кога Данците славеа со 31-21. Сепак, македонската јавност сè уште го памети триумфот од 33-29 во квалификациите за истото првенство, остварен во Скопје, на дебито на Кирил Лазаров како селектор, што воедно беше еден од ретките порази на Данска во изминатата деценија, како што потсетува Европската ракометна федерација.Селекторот Кирил Лазаров пред почетокот на шампионатот истакна дека неговиот тим влегува во натпреварот без притисок, но со голема желба да се надигрува со најдобрите. Тој оцени дека Данска е најдобрата репрезентација во светот во последните десет години, дека игра пред домашна публика и дека тоа ќе биде огромен предизвик, но нагласи дека Македонија нема што да изгуби и треба да ужива во ваков натпревар. Лазаров посочи дека промената на генерацијата е тежок и долг процес, особено за мала земја како Македонија, но изрази задоволство од напредокот што е направен во изминатите две години и од фактот што тимот веќе покажал дека може да одигра добар натпревар, иако континуитетот на големите турнири останува најголемиот предизвик.Македонската репрезентација во подготовките одигра пет контролни натпревари, на кои забележа три победи, едно реми и еден пораз. Подготовките започнаа во Пореч, каде Хрватска славеше со 26-23, по што следуваше турнирот во Винтертур, на кој Македонија го освои второто место со победи над Бахреин и Украина, како и реми со домаќинот Швајцарија. Генералната проба пред шампионатот беше победата над данскиот прволигаш Митјиланд со 35-27.Шефот на македонската делегација и поранешен репрезентативец Филип Миркуловски оцени дека последната проверка била исклучително корисна за тестирање на тактичките замисли и нагласи дека Македонија е во тешка група, но дека целта е да се изненадат фаворитите. Тој потенцираше дека иако станува збор за млада репрезентација, играчите зад себе имаат повеќе големи турнири и дека овој состав има потенцијал да расте и да постигнува резултати во иднина, како што пренесе Ракометната федерација на Македонија.Од другата страна, Данска, која според ракометните експерти е прв фаворит за златниот медал, со оптимизам влегува во шампионатот. Селекторот Николај Јакобсен изјави дека почетните натпревари секогаш носат одредена трема, но дека искуството и поддршката од околу 15.000 навивачи во арената Јуске Банк Боксен ќе бидат огромен ветер во грб. Тој оцени дека Македонија има млад и талентиран тим, но дека Данска влегува со јасна цел и самодоверба дека, ако игра на своето ниво, ќе биде тешко да биде поразена.Годинешното Европско првенство е прво за Данска без легендите Никлас Ландин, Хенрик Мелгард и Микел Хансен. И покрај тоа, Данците досега на европските првенства имаат освоено осум медали, а Јакобсен, кој е селектор од 2017 година, зад себе има четири светски титули и една олимписка. Македонија, пак, со млад состав и процес на постепена генерациска смена, влегува на шампионатот со амбиција за чекор напред и со надеж дека токму ваквите натпревари се патот кон идни успеси.

Спорт | пред 1 месец

media-libraryk99qcogt0r754bDxVMX

Година без олеснување: Како 2025 ја затекна Македонија неподготвена

Годината што изминува ја остави Македонија во состојба на длабока политичка, институционална и општествена преиспитувачка фаза, обележана од трагедии, политички пресврти, остри судири околу одговорноста и сè погласно незадоволство кај граѓаните. Наместо стабилизација, 2025 година донесе чувство дека државата чекори по тенка линија меѓу формалната демократија и реалниот институционален застој.Најтешкиот и најтрауматичен настан што ја обележа годината беше пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени. Трагедијата не само што ја потресе јавноста, туку ја разоткри и целата мрежа на системски пропусти, институционален молк и долгогодишна неказнивост. Објект кој со години работел без минимално-технички услови, без противпожарна заштита и со незаконски реконструкции, стана симбол на држава што реагира дури кога е предоцна. Судскиот процес што следеше, со десетици обвинети – од сопственици, обезбедување и инспектори, до поранешни министри и градоначалници – ја претвори Кочани во лакмус-тест за владеењето на правото. Барањето за неселективна правда стана доминантна порака на јавноста, додека скепсата дали системот ќе ги санкционира вистинските виновници остана присутна.Паралелно со ова, политичката сцена влезе во нова турбулентна фаза. По локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ завзеде повеќе општини, додека СДСМ се најде во длабока внатрешна криза, проследена со јавни судири, заминувања на истакнати функционери и отворени обвинувања за авторитарен начин на водење на партијата. Изјави на поранешни функционери дека партијата се оддалечува од своите вредности дополнително ја продлабочија недовербата кај гласачите. Политичкиот дијалог се сведе на меѓусебни обвинувања.Неминовен детал беше дебатата дали ќе ни се населат мигранти. Владата склучи договор со Велика Британија за взаемна соработка, а СДСМ ја отвори темата дали ќе се носат мигранти кои таа земја не ги прифаќа. По еден месец препукувања, а додека граѓаните не знаеја на кого да веруваат - предновогодишната атмосфера ги стиши ривалите.Економската состојба во 2025 година беше обележана со раст на трошоците за живот, стагнација на платите и зголемен притисок врз средната класа. Инфлацијата, иако формално стабилизирана, во пракса се чувствуваше преку високите цени на храната, енергенсите и кириите. Младите сè поотворено зборуваа за иселување, додека недостигот од јасна стратегија за задржување на работната сила остана нерешен проблем.Безбедноста и јавниот ред исто така беа во фокусот на годината. Проектот „Сејф сити“, кој требаше да донесе поголема безбедност преку видео-надзор, се најде на удар на критики дека камерите не можат да ја заменат физичката присутност на полицијата, особено по серијата сообраќајни несреќи и дивеење по улиците. Граѓаните сè почесто поставуваа прашање дали безбедноста се сведува на казни или на реална превенција.На надворешнополитички план, Македонија продолжи да тапка во место во процесот на европска интеграција. И покрај декларативната заложба за ЕУ, конкретен напредок беше речиси незабележлив, а разочараноста кај граѓаните растеше. Чувството дека земјата е заглавена меѓу ветувањата и блокадите стана доминантно расположение.Годината беше обележана и со граѓански реакции и јавен отпор – од протести по трагедии, до бурни реакции на социјалните мрежи за случаи на институционална негрижа, злоупотреби и неправди. Јавниот простор стана место на гласно незадоволство, но и на поделби, со сè помалку доверба дека институциите навистина слушаат.Во текот на цела година, од власта слушавме дека се работи на проекти кои биле во застој, се отвораа делови од автопатот Кичево-Охрид кој се гради повеќе од една деценија, нѐ убедуваа дека утре ќе биде подобро од вчера.На крајот од годината, Македонија не излезе посилна, но излезе поосвестена. 2025 година не беше година на напредок, туку година на разоткривање – на слабостите, на пропустите и на цената што ја плаќаат граѓаните кога системот не функционира. Останува прашањето дали научените лекции ќе се претворат во реформи, или ќе останат само уште една болна статистика во историјата на пропуштени шанси.

Македонија | пред 1 месец

Rumen-Radev-e1517838891722

Радев: Интеграција на Македонија во ЕУ поскоро, но не на сметка на правата на бугарската заедница во земјата

Претседателот на Бугарија, Румен Радев оствари средба со претставници на организациите на бугарската заедница во Македонија од Битола, Охрид, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Кочани, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.Тој изјавил дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија и се надева, како што рекол, нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да ги отвори вратите за преговори за полноправно членство.„Должност на секоја демократска држава е ефикасно да ги заштити правата на сите свои граѓани и да го гарантира нивното право на самоопределување. Сите се надеваме дека интеграцијата на Македонија ќе се случи што е можно поскоро, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата“, нагласил бугарскиот претседател.Радев изразил надеж дека македонските власти ќе го спроведат европскиот компромис од 2022 година што е можно поскоро и ќе ги вклучат Бугарите во нивниот устав.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryagq418rjagdc0EcRz8T

Одбиен од македонската амбасада – примен во словенечкиот парламент: искрена приказна на студентот Филип Трајковски

Филип Трајковски, млад Македонец кој минатата година заминал на магистерски студии во Словенија, ја сподели својата лична приказна која на најдобар начин ја покажува разликата меѓу институционалната култура дома и надвор од државата.„Во Љубљана затекнав функционален и организиран град со култура и хигиена на завидливо ниво. Ме потсети на тоа што нашите места би можеле да бидат, но не се. Сепак, наместо да барам причини, ќе споделам пример,“ започнува тој во својата објава.Како дел од условите за магистерските студии, Филип требал да одработи задолжителна пракса. Со искрена желба да стекне искуство во рамки на македонските институции, се упатил до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана.„Исполнет со ентузијазам и желба за работа, заѕвонив на вратите на амбасадата и се претставив како студент заинтересиран за пракса – без надомест, без барања, само со желба да научам,“ раскажува тој.Но одговорот бил демотивирачки. „Бев информиран дека не знаат дали воопшто е можно такво нешто, а дури и да може – постапката трае пет до шест месеци,“ пишува Филип. Разочаран, но не и изненаден, заминал со мислата дека можеби нема да има можност за пракса.Сѐ се променило кога посетил саем за практиканти на неговиот факултет, каде што единствено словенечкиот парламент нудел пракса соодветна на неговите студии. „Со својот несовршен словенечки се пријавив и разговарав со генералниот секретар Уршула Зоре Тавчар, која го препозна мојот труд и ме покани на прием.“По неколку средби, Филип добил едномесечна пракса во словенечкиот парламент. „Без разлика што сум странски студент, добивам еднаков третман и големо трпение од сите. Никој не ме гледа како помал од себе,“ додава тој.„Сѐ што беше потребно беа валидни документи, неколку средби и желба за соработка. Објавата ја споделувам за да направам споредба – не како критика, туку како потсетник дека можеби не бараме многу, туку премалку очекуваме. Македонија вечна,“ завршува Филип Трајковски.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања