Промени тема
Контакт

Македонија со порака до Бугарија: Немаме намера да учествуваме во внатрешните политички процеси, често се ставате во улога на рецензенти наместо партнери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
mucunski-3

Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека државата нема ниту намера, ниту потреба да биде дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија, реагирајќи на ставовите објавени од Министерство за надворешни работи на Република Бугарија.

— реклама —

Во реакцијата од Министерство за надворешни работи на Република Македонија се изразува жалење што бугарската дипломатија, како што се наведува, сè почесто се поставува во улога на рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо да настапува како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Од МНР порачуваат дека нема да се вклучуваат ниту преку коментари, ниту преку интерпретации, ниту преку учество во дневнополитички наративи во Бугарија.

— реклама —

Во соопштението се упатува повик до бугарските институции да се водат од принципите на добрососедство, заемно почитување, предвидливост и институционална комуникација, кои, како што се наведува, се темел на европските вредности и стандарди. Се потенцира дека Европа се гради врз основа на доверба и конкретни резултати, а не преку етикетирање и политички квалификации.

— реклама —

Министерството нагласува дека Република Македонија останува отворена и подготвена за дијалог, доколку тој се води во духот на европските вредности, со почитување и конструктивен пристап меѓу двете држави.

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-43-8060PM

Бугарското МНР разочарано од пристапот на Скопје и недостигот од искрен дијалог, за тоа им е крив Муцунски кој не им отишол да слават Свети Климент Охридски

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази длабоко разочарување од, како што наведува, континуираниот неконструктивен пристап на Maкедонија и недостигот од транспарентност во комуникацијата со јавноста. Во официјална реакција се посочува дека не е првпат македонските власти да изнесуваат, според оценката на Софија, нејасни и манипулативни тврдења, овојпат поврзани со наводна „иницијатива на поголеми и повлијателни земји членки на Европската Унија“ за организирање средба меѓ

Свет | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1-5

Бугарија порача дека е отворена за дијалог откако Муцунски побара посредување од ЕУ во разговорите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydlgo1jq0qmqk1nmVXcz

(Видео) Ана Стојаноска со песната „Идната Јас“ ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг

Сцена | пред 1 седмица

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Возел пребрзо и по левата лента, па понудил пари на полицајците за да избегне казна: уапсен македонски државјанин во Србија

Македонија | пред 1 месец

media-librarynmhf7gt5u93h1A0kIDK

На денешен ден во 1992 година Македонија ги усвои знамето и химната како државни симболи

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања