Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МАКЕДОНИЈА

19022021_ME-Bekteshi_EU-ambasador-Gir_pres_2

Гир: Ова беа тешки неколку недели за Македонија и Бугарија

Се надевам и секако очекувам дека ова ќе биде можност за двете земји да ја одбележат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, можност за дијалог и зголемено меѓусебно разбирање и почит, смета амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир.Тој во вчерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма, околу најавите за тоа дали ќе има тензии, инциденти и несакани случувања на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, рече дека ова биле тешки неколку недели, но дури и во тој период, значајно е дека имало постојани контакти меѓу Северна Македонија и Бугарија.„Добрососедските односи се во интерес на сите. Видовме контакти на ниво на премиери, министри за надворешни работи и за внатрешни работи. Тоа е духот кој треба да се негува во ова одбележување“,рече Гир.

Македонија | пред 3 години

20230127003919

Бугарскиот амбасадор за случајот со Пендиков: „Се чека вистинската истрага од обвинителството и потоа се чека судот“

„Гледам дека обвинителството еволуирало и сега се зборува дека се уште се нејасни мотивите на делото. Се чека вистинската истрага од обвинителството и потоа се чека судот“, изјави синоќа во телевизиско гостување Ангел Ангелов, бугарскиот амбасадор во Скопје, кој е повлечен од Софија по нападот над секретарот на „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.Ангелов смета дека Христијан не бил наркодилер и дека крајот на декември лани поднел барање за добивање бугарско државјанство, кон кое е приложено уверение за криминално досие издадено од судот во Охрид, дека не му е судено.Во моментов Кристијан е стабилен по операцијата, рече Ангелов, но долго време нема да може да консумира цврста храна.Моето враќање во РСМ ќе биде оценето од надлежните институции во Бугарија. Мора да се врати довербата што беше изгубена, додаде амбасадорот.

Македонија | пред 3 години

inbound8956081321223400445

(ФОТО) Граѓаните се организираа, на 4 февруари ќе се блокира патот до Скопје

Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.На социјалните мрежи објавен е повик граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово - Скопје со цел нивно спречување.„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани - ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.Вчера бугарска фондација на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје. 

Македонија | пред 3 години

omo-1024x526-1-696x358-1

ОМО Илинден Пирин: За тепан Бугарин во Охрид се крена Бугарија, а Македонија молчи за сомнежот за убиство на Македонецот во Софија

Македонците од ОМО Илинден Пирин сметаат дека има двојни стандарди. Тие велат дека македонски спортист почина во Софија под сомнение за убиство и никој не реагира цела недела, а кога Бугарин беше претепан во Македонија двете земји беа обврзани да го судат случајот и да му доделат највисоки државни почести.Двојни стандарди !Која е разликата во третманот на Македонците во Бугарија и Бугарите во Македонија?Во Софија, македонски спортист почина под сомнение за убиство - никој не реагира цела недела. една недела подоцна тој беше речено дека починал од срцев удар.на Во Македонија Бугарин бил претепан во сè уште нејасни околности (домашни, криминални или дискриминаторски) - две земји се обврзани не само да го осудат случајот, туку и да му доделат највисоки државни почести.За него се грижат два здравствени системи, го преместил државниот авион на Бугарија, го посетуваат двајца министри за надворешни работи во болницата, неговото прашање влегува во бугарскиот Парламент, во највисоките кругови на Европската Унија, во изјавите на македонските земји, во медиуми на двете земји.Сè повеќе се наметнува впечаток дека додека Бугарите во Македонија имаат две земји - Македонците во Бугарија немаат ниту една, реагираат од ОМО Илинден Пирин.

Коментари | пред 3 години

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Агелер: Од критична важност е да се смират разговорите меѓу Македонија и Бугарија

Амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер вечерва нагласи дека од критична важност е да се смират разговорите меѓу Македонија и Бугарија и лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално. Таа потенцираше дека не смета оти ескалацијата на дијалогот треба да го запре или одложи напредокот на земјава кон Европската Унија.„Луѓето во државата секој ден можат да ги видат тие конфликти, и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират, лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално, за тоа кој е патот напред, во врска со некои од овие проблеми кои ги видовме помеѓу различни индивидуи и заедници. Тоа е од критична важност. Но, дали тоа треба да го запре, или дури и да го одложи напредокот кон ЕУ? Не мислам дека треба“ – истакна амбасадорката на САД во интервју за ТВ „Телма“.Таа го поздрави чекорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој отиде во Софија и разговараше со тамошното Министерство за надворешни работи и со други лидери, за тоа како да се поддржат малцинските заедници овде во Македонија и како двете држави да постигнат напредок во надминувањето на било какви точки на притисок помеѓу двете влади, за да можат луѓето од оваа земја да го продолжат напредокот во нивните европски аспирации.

Македонија | пред 3 години

bugarija-MNR

МНР повторно испрати вербална нота до Бугарија: Релевантните политички и институционални фактори да се оградат и да ги осудат ваквите провокации

По повод изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Вазражадане“, г-дин Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија.„Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи“, велат од МНР.

Македонија | пред 3 години

1-5

ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации.„ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на Референдум.Референдумското прашање, кое е усвоенп по долги консултации со експертите, коалиционите партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани, ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.Ако во владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат Референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност.ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации.ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на Референдум.Референдумското прашање, кое е усвоенп по долги консултации со експертите, коалиционите партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани, ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.Ако во владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат Референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност“, се вели во сооопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-18-190153

„Земја која го мрази своето име“, странец објави видео од посетата на Македонија

Странецот Густав Ростед неодамна ја посети Македонија. Тој на социјалните мрежи сподели видео со наслов „Земја која го мрази своето име“.„Среќен сум што се вратив по втор пат во оваа земја, но последниот пат кога ја посетив имаше друго име. 90% од луѓето кои живеат тука земјата не ја нарекуваат Северна Македонија како што всушност е новото име. Ова име е навистина незгодно. Има голема политичка дискусија за името кое беше сменето во 2019 година. Она што е интересно е дека промената на името се случи по референдумот кој го бојкотираа речиси 65% од граѓаните, што значи дека само 35% всушност гласаа за промена на името на државата.На Балканот луѓето никогаш не можат да се договорат за тоа што на кого му припаѓа и што се случило во минатото, а тоа изгледа како дискусија која нема крај“, вели тој.Густав во своето видео вели дека Македонците се многу пријателски расположени.„Ова е многу интересна и убава земја за посета. Оваа земја е генерално скриениот скапоцен камен во центарот на Балканскиот Полуостров. Со својата култура, вкусна храна, уникатната флора и фауна и топлото гостопримство од локалното население, навистина треба да размислите да ја посетите оваа потценета дестинација“, додава тој на крајот од видеото.

Магазин | пред 3 години

ohrid-Andrej

За “Гардијан”, Македонија е „дивиот исток”: Кои препораки ги добива светот ако патува кај нас

Британскиот весник „Гардијан“ објави текст за патувањата на Балканот, кој го нарече „Дивиот Исток“. Во текстот беа претставени пет земји и нивните туристички потенцијали. Меѓу нив се најде и Македонија, која ја опишува како планинска, но зелена балканска земја.Текстот на Гардијан го пренесуваме во целост.„Завршивте со Шпанија, Италија и Грција? Овие земји нудат спектакуларни пејзажи, недопрени места за капење, антички градови – и пристапни цени.Црна ГораСо Јадранот на југ и планинските масиви на север, Црна Гора е добро место едноставно да го комбинирате одморот на плажа со поактивен одмор. Плажата е центрирана на средновековниот град Будва, кој има песочен и каменест брег долг 35 километри. Скадарското Езеро, најголемото во јужна Европа, е оддалечено околу еден час возење и е совршено за пловење со чамци меѓу водени лилјани и далматински пеликани.Заливот Бока Котор кој наликува на фјорд, кој е заштитен од УНЕСКО и опкружен со планини, исто така не може да се пропушти. Околу неговото крајбрежје има неколку средновековни градови, бројни цркви и манастири. Туристите можат да го посетат барокниот град Пераст, како и островот Госпа од Шкрпјела. Во градот Котор, 1.355 скалила водат до тврдината Свети Иван, со спектакуларен поглед.Упатувајќи се кон север, знаменитостите вклучуваат мавзолеј на планината на владетелот Петар II Петровиќ Његош од 19 век, потоа Цетиње, поранешната престолнина, и манастирот Острог, кој е изграден во карпа.Тука е и Националниот парк Дурмитор со своите шуми, езера и планини, кои се крајна дестинација за авантура на отворено во Црна Гора. Жабљак, највисокиот град на Балканот (1.456 метри), е исто така добра база. Посетителите можат со зиплајн низ кањонот Тара длабок 1,3 километри, да одат на рафтинг на реката Тара и да пливаат во Црното езеро.КосовоКосово прогласи независност од Србија во 2008 година и останува главно неоткриена туристичка дестинација, можеби сè уште поврзана со едногодишната војна во 1998 година. Но, денес тоа е безбедно место за патување, со малку гужви и ниски цени.Без излез на море Косово се состои од две големи рамнини опкружени со планини со 50 врвови повисоки од 2.000 метри. Ова значи одлично пешачење, јавање и скијање.Со оглед на тоа што нема море, популарно е пливањето во природни базени - слаповите на Мируша имаат кањони, пештери и 13 езера.Приштина, главниот град, и Призрен, вториот град, имаат добар ноќен живот. Ова делумно се должи на фактот што оваа балканска земја ја има најмладата популација во Европа - повеќе од 65 проценти од луѓето се на возраст под 30 години. Овие два града имаат и многу џамии, музеи и споменици.Главните знаменитости вклучуваат четири манастири и цркви под заштита на УНЕСКО - Дечани, Пеќ, Грачаница и Љевиш, потоа светилиштето за мечки, кое е дом на европските кафеави мечки спасени од заробеништво од хуманитарната организација „Четири шепи“ и пештерата Гадиме, полна со кристализирани сталагмити и сталактити.СловенијаСловенија има шармантен главен град - планини, езера и шуми, врвни вина, па дури и мал дел од брегот.Љубљана, компактен главен град, е изграден околу реката Љубљаница, со барокни и хабсбуршки згради на двата брега. Градот има и замок на врвот на ридот, уметнички галерии, театри и музеи (со единствениот целосен скелет на мамут во Европа во Природонаучниот музеј), иконична архитектура од 20 век од Јожа Плечник и пошумениот парк Тиволи.Во северозападниот дел на земјата, главни атракции се спектакуларното езеро Блед и езерото Бохињ. Од другата страна на планините, помалку посетената долина Соча нуди планинарење, рафтинг и кајак во лето, а скијање и сноуборд во зима.Одејќи кон југ, мора да се видат пештерите Постојна и Шкочјан и замокот Предјам, изграден во влезот на пештерата. Пиран е град со разгледници на брегот, со италијанска архитектура која го одразува вековното венецијанско владеење.Источна Словенија е винска земја - живиот Марибор, вториот град, може да се пофали со најстарите лози во светот - и е добар избор за престој на фарма.Птуј, најстариот град во Словенија, е убаво место за еднодневно патување.Босна и ХерцеговинаУште една земја поврзана со војните во 1990-тите, Босна и Херцеговина. Главниот град Сараево е споредуван со Истанбул или Ерусалим, поради неговиот стар град, Башчаршија, полн со чаршии, џамии и ресторани. Но, поновата историја не е заборавена, па можете да ги посетите Историскиот музеј и музејот „Тунел на спасот“, кои ја раскажуваат приказната за четиригодишната опсада во која загинаа 10.000 луѓе во 1990-тите.Мостар, на југ, е втората најголема атракција, познат по својот прекрасен Стар мост - посетителите можат да скокнат од него ако се осмелат.Помалку туристички (и подолг) е мостот Арсланагиќа во прекрасниот град Требиње на крајниот југозапад.Други познати градови се Травник, поранешниот османлиски главен град и Јајце со својот спектакуларен водопад.Рафтингот е популарен од март до октомври; Еден од најдобрите региони за рафтинг е околу градот Бихаќ, погоден за брзаците на реката Уна. Други активни опции вклучуваат повеќедневни пешачење во Националниот парк Сутјеска, ноќевања во планински колиби и 10-дневна планинска велосипедска патека TransDinarica од Мостар до Сараево.Во зима, скијањето е достапно во Бјелашница и Јахорина, јужно од Сараево.МакедонијаМакедонија е планинска, но зелена балканска земја. Иако можеби нема излез на море, таа е благословена со езера, од кои најпознато е Охридското Езеро. Тоа е едно од најстарите и најдлабоките во Европа, но ги има и Преспанско, Дојранско и повеќе од 50 помали глацијални езера.Охридското Езеро, кое е под заштита на УНЕСКО, е најголемата атракција, опкружено со антички манастири, барови на плажа и рибни ресторани. Активностите вклучуваат возење велосипед, патувања со брод и параглајдерство. Истоимениот град е полн со цркви и споменици, а покрај езерото се наоѓаат живописни рибарски села.Скопје, главниот град, е помалку атрактивен, но го задржува својот османлиски центар, плус модерните додатоци како што е Музејот на современа уметност.Националниот парк Маврово, каде се наоѓа и Мавровското езеро, е дом на мечки, волци и рисови, нуди планинарење, возење велосипед, јавање коњи, пливање во лето, а скијање во зима. Тука е и живописниот манастир Св. Јован Бигорски од 11 век. Други национални паркови се Галичица која се наоѓа помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и Пелистер, планина со две езера“, пишува Гардијан.

Магазин | пред 3 години

pasosi-1

Започна проектот за мобилно издавање на патни исправи во Кина

Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во нашата Амбасада во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање патни исправи и во оваа држава.Од Министерството за надворешни работи информираат дека со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен со рестриктивни мерки за карантин.Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15. Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи за време на овој мандат.

Македонија | пред 3 години

lavrov

MНР реагираше на изјавата на Лавров за Македонија

Во врска со интервјуто на МНР на Руската Федерација, Сергеј Лавров во кое се споменува Република Северна Македонија во неприфатлив контекст, реагираа од македонското Министерството за надворешни работи од каде преку соопштение го посочуваат следното:„Од стекнувањето на независноста на Република Северна Македонија постои силно меѓуетничко и надпартиско единство за членство во Европската Унија.Нашето Собрание пред повеќе од 30 години донесе едногласна одлука за ваквата надворешно-политичка ориентација на земјава.Таквите одлуки за зачленување во меѓународни сојузи, како и секоја друга суверена држава ги донесуваме водени исклучиво од сопствени интереси со поддршка од најголемиот број на граѓани.Во изминатите години сите политички чинители даваа значаен придонес во имплементација на ваквите стремежи.Денес Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО, заедно со нашите сојузници целосно сме посветени на сочувување на меѓународниот мир и безбедност при што најостро се спротивставуваме на сите кршења на меѓународното право, каков што е случајот со агресијата врз Украина.Истовремено постојано се бориме против сите злонамерни влијанија од трети држави со цел мешање во нашите внатрешни работи.Во интервјуто се манипулира со религиозните чувства на православните верници во нашата држава и се користи добивањето на автокефалноста на МПЦ- ОА за промовирање на своите геополитички ставови.Овој историски настан никој не смее да го присвојува како свој успех, особено не оние кои прикриено се противеа на ваквиот чин“, се потенцира во соопштението од страна на Министерството за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

lavrov

Лавров: Западот прави обид Македонија да стане „инструмент“ во антируската игра

Има разлика меѓу тоа што чувствуваат Македонците за Русија и она што го прават нивните политичари, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за годишнината на смртта на отец Методиј, македонскиот монах во познатиот руски Валански манастир.Рускиот министер за надворешни работи испрати сериозни дипломатски пораки до двете балкански држави кои се зачленија во НАТО Македонија и Црна Гора. Ги нарече инструмент во антируската игра на западот кој премногу ветувал особено на Македонија.-Сега има огромна разлика меѓу она што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија, и она што нивните политичари се принудени да го прават од Брисел, ЕУ, НАТО. Тоа е обид да ги направат „инструменти“ во антируската игра. Тоа, исто се обидоа да го направат и со Украина и со голем број други источноевропски земји, изјави Сергеј Лавров за „Асоцијација Наше Кино“.-(Државата) стана Северна Македонија за тоа, за да влезе во ЕУ (каде тоа не помина и нема да биде прифатено наскоро иако е решено прашање). Наместо тоа, ја вовлекоа во НАТО, почнаа да потпалуваат чувство на русофобија, на агресивна политика кон Руската Федерација, додава рускиот министер за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

1-5

„Протоколот на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел“, вели Европското движење во Македонија

Европското движење во Македонија кое повеќе од три декади е активен чинител во евроитенграциските процеси ги цени напорите на Европската Унија, како и актуелните залагања на Франција за симнување на бугарското вето и отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија. Меѓутоа, чувствувајќи го пулсот на грaѓаните и нивната загриженост за иднината на државава изразуваме одредени резерви кои главно призлегуваат од брзината со која треба да се усвои Предлогот. Целата постапка на неговото претставување (првичниот и наводно преработениот предлог) остава простор за сомневање и предизвикува отпор на граѓаните, пред се поради пристапот кој создава амбиент на ургентност (Сега или никогаш!),е наведено во соопштението.„Официјалните документи објавени на ВЕБ страницата на Владата на општ начин ги претставуваат условите кои РС Македонија треба да ги исполни. Потпирајќи се на изјавите од медиумите, односно на изјавата на амбасадорката на Република Франција во Софија дека Новиот француски предлог всушност не е нов, став кој се потврдува и од други бугарски политичари кои изразуваат задоволство од постигнатото. Билатералниот протокол овзможува бугарските услови да станат европски што на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел. Впрочем, тоа можеше да се слушне и од пратениците во Бугарскиот парламент кога дискутираа за Предлогот додавајќи и дополнителни услови. Истакнувањето на паролата „Македонија е Бугарија“ е само уште еден важен доказ во таа смисла“, појаснувааат од Европското движење.„Не навлегувајќи во анализа на документите со кои се дефинира преговарачкиот процес, би истакнале дека Билатералниот протокол кој претставува централен сегмент на Предлогот (сѐ уште официјално не претставен во јавноста) ги фрла на спореден план Копенхашките критериуми заробуваќи ги преговорите во историскиот круг на прашања. Бугарија прва ја призна Република Македонија, но се спротивставува да стане членка на ЕУ со свој јазик, историја и култура – како секоја друга држава. Оттаму потекнува чувството на загрозеност, бидејќи непризнавањето води кон размислување дека Бугарија имала, и сѐ уште има, прикриени територијални претензии кон Македонија.Преговарање за промена на значењето на историските личности од странски држави го нарушува националниот суверенитет, бидејќи секоја од државите има право да го изгради својот симболички корпус (корпус на значења) чија основна цел е да го одржат континуитетот меѓу генерациите. Прифаќањето на условите зададени од бугарска страна – за кои нема никаква гараниција дека ќе бидат конечни, ќе го направи процесот бавен и деструктивен.Бугарско барање за вметнување на Бугарите во Уставот во ситуација кога и самата Бугарија знае колку граѓани се изјасниле како Бугари (на пописот на населението спроведен во октомври 2021) е факт кој укажува дека ова барање е со намера да ја компликува политичката ситуација во РС Македонија.Потпирајќи се на фактите за динамиката на евроинтеграцискиот процес на Западниот Балкан, можеме да согледаме дека тој процес е сложен и многу долг – и за државите кои немаат билатерални спорови. Строго оптоварување на преговарачката рамка со билатерални спорови би значело насочување на ресурсите и енергијата кон решавањето на проблеми кои ќе нѐ оддалечат од исклучително значајниот реформски процес (јакнење на правната држава, борба против корупцијата, справување со климатските промени и други значајни области). Очигледна е намерата на Бугарија да оствари контрола врз преговарачкиот процес“, пишува во реакцијата од Европското движење.Го поздравуваат, како што велат, итното доделување на кандидатски статус на Украина и Молдавија, но сепак, додаваат дека Европската Унија треба да покаже поголем интерес за евроинтеграцискиот процес на државите од Западен Балкан забрзувајќи го процесот на интегрирање во Унијата, пред сѐ поради новите геостратешки околности.

Македонија | пред 3 години

cnjreagerhgetehg-197258

„Францускиот предлог не нуди можност за започнување на преговорите со ЕУ“, тврди Морачанин

Врз основа на информациите од медиумите за т.н. француски предлог, сметам дека тој не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ, вели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, во интервју за Новатв.мк„Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси. Секако, македонскиот јазик и идентитет не смее да бидат предмет на преговори. Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година.Овој став е вграден и во Резолуцијата на Европските зелени за поддршка за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, усвоена во декември, минатата година. Со оваа Резолуција, Европските зелени ја повикуваат Бугарија да го отвори патот за првата меѓувладина конференција и да ги решава спорните прашања со С. Македонија билатерално, отстранувајќи го тоа како предуслов за започнување на пристапните преговори. Го повикуваат Европскиот совет да одржи меѓувладини конференции за директно отпочнување на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија, најбрзо што е можно“, додава МорачанинЦелото интервју прочитајте го на novatv.mk.

Македонија | пред 3 години

IO1

НСДП: Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка

НСДП на првиот одржан состанок на Извршниот одбор дискутираше за актуелната политичка состојба во државата, со посебно внимание за билатералниот спор со соседна Република Бугарија и јасно ги утврди ставовите на партијата во врска со билатералниот спор.„За НСДП спорот со Република Бугарија може да се реши ако се почитуваат Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија потпишан на 1 август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции донесена на 29 јули 2021 година од Собранието на Република Северна Македонија.Република Северна Македонија неправедно чека почеток на преговорите со Европската Унија и покрај одлуката на Европскиот совет во март 2020 година за безусловен старт на преговорите со нашата држава.НСДП ги почитува напорите на француското претседателство за изнаоѓање решение за решавање на спорот, но францускиот предлог за решавање на спорот за НСДП е неприфатлив.За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во слгласност со Декларацијата која ја донесе македонското собрание.Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка. За историјата сметаме дека треба да разговараат историчарите без политички притисоци.Бараме дополнителни гаранции од Република Бугарија и Европската Унија дека нема да се испорачаат  нови барања, надвор од преговарачката рамка.Исто така сметаме дека последниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан претставува сериозен удар врз кредибилитетот на Европската Унија.Неодржувањето на меѓувладината конференција Европска унија со Република Северна Македонија предизвикува дополнително намалување на подршката за процесот на интеграција во унијата кај граѓаните на Северна Македонија“, велат од НСДП

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања