Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МАКЕДОНИЈА

EU-1

Црна Гора „одлична“, Албанија со „шестка“, а Македонија со „тројка“ во новиот извештај на Европската комисија

Црна Гора повторно го задржа статусот на „најнапреден ученик“ во процесот на проширување на Европската унија, добивајќи „одлична оценка“ во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати. Албанија е оценета со „шест минус“, Молдавија со „пет плус“, а Украина доби стабилна „петка“ за своите реформи и напредок во усогласувањето со европските стандарди.Црна Гора дури се споменува како потенцијална нова членка на ЕУ уште во 2027 година.Македонија, пак, е оценета со „тројка“ – резултат што покажува ограничен напредок и задржување на речиси исто ниво како минатата година. Во документот, според бриселскиот портал „Политико“, земјата е ставена во групата на држави кои се „задржани на час“, заедно со Србија и Босна и Херцеговина, оценети со „двојка“.Иако Северна Македонија во 2019 година го постигна историскиот договор со Грција и го промени името, процесот на преговори со Европската унија останува блокиран поради нерешениот спор со Бугарија и барањето за уставни измени – односно вклучување на бугарската заедница во Преамбулата на Уставот.Во извештајот се очекува да се констатира одреден економски напредок и целосно усогласување со надворешната и одбранбената политика на Унијата, но генералната оценка останува непроменета – „без значителен напредок во споредба со минатата година“, пренесува „Политико“, повикувајќи се на извори од Европската комисија.Според извештајот, Турција и натаму е опишана како „ученик кој бега од часови“, со оглед дека преговорите со неа се замрзнати уште од 2018 година поради проблеми со владеењето на правото и човековите права.Косово, кое сè уште не е официјален кандидат за членство, останува на маргините на процесот додека не биде признаено од сите земји-членки на ЕУ.Еврокомесарката за проширување Марта Кос треба попладнево да го претстави целиот пакет извештаи пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. По презентацијата ќе следи расправа посветена на резултатите и предизвиците на земјите кандидати и потенцијални кандидати во нивниот пат кон Европската унија.Европската комисија во документот уште еднаш ја нагласува својата подготвеност да го продолжи процесот на проширување и визијата за „обединета Европа“, но воедно укажува на пропустите и слабостите во спроведувањето на реформите во секоја од државите кандидати.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

Се менува сопственикот на „Лукоил Македонија“, руската компанија склучи договор со купувач

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ постигна договор со компанијата „Гунвор груп“ за продажба на целиот свој странски имот, вклучително и на „Лукоил интернешнал“, кој е сопственик на македонскиот огранок на компанијата. Како што соопшти „Лукоил“, продажбата е резултат на рестриктивните мерки што неколку држави ги воведоа против компанијата и нејзините подружници.Според информациите на „Ројтерс“, клучните услови на трансакцијата веќе се усогласени меѓу двете страни. „Лукоил“ ја прифатил понудата на „Гунвор груп“ и се обврзал дека нема да преговара со други потенцијални купувачи додека не се финализира процесот.Пред потпишување на конечниот договор и исплатата, „Гунвор груп“ мора да добие одобрение од Канцеларијата за контрола на странски средства при американското Министерство за финансии (ОФАК), институцијата што воведе санкции кон „Лукоил“.Во соопштението на компанијата се наведува дека, доколку е потребно, ќе биде побарано продолжување на постојната лиценца на ОФАК и издавање дополнителни дозволи, со цел да се овозможи непречено работење и банкарско сервисирање до завршување на трансакцијата.„Гунвор груп“ е компанија регистрирана на Кипар, основана во 2000 година од шведскиот милионер Торбјорн Торнквист и рускиот олигарх Генадиј Тимченко, кој подоцна се повлече од сопствеништвото. Денес „Гунвор“ е четвртиот најголем трговец со сурова нафта во светот, со главен фокус на нафта од Америка, но присутен и на пазарите во Африка, Азија и Јужна Америка.По воведувањето на санкциите кон Русија поради војната во Украина, компанијата „Гунвор“ ја прекина трговијата со руската сурова нафта.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8549n93v2pjefs3eepe

Само седум земји беа ЗА продолжување на санкциите кон Куба, меѓу нив и Македонија

Генералното собрание на ОН повторно ѝ даде силна поддршка на Куба, усвојувајќи резолуција со која се повикува на укинување на американското ембарго што е во сила повеќе од шест децении. За документот гласаа 165 земји, против беа седум, меѓу кои и Македонија, а 12 беа воздржани.Против гласаа:САД, Израел, Украина, Унгарија, Македонија, Аргентина, ПарагвајВоздржани беа:Албанија, Босна и Херцеговина, Коста Рика, Чешка, Еквадор, Естонија, Латвија, Литванија, Мароко, Полска, РоманијаРезолуцијата, со ознака A/80/L.6, ја нагласува потребата од „итно запирање на економската, трговската и финансиската изолација на Куба“, воведена од Вашингтон во 1962 година. Иако документот секоја година добива речиси едногласна поддршка, тој има симболично, но не и обврзувачко значење, бидејќи само Конгресот на САД може да ја укине блокадата што е утврдена со федерални закони (Cuban Democracy Act и Helms–Burton Act).Повеќето членки на ОН сметаат дека санкциите се анахронизам од Студената војна и дека го загрозуваат цивилното население, а не власта во Хавана. Куба оцени дека резултатот од гласањето претставува „јасна и гласна порака“ до Вашингтон дека светот бара крај на блокадата и поддршка за правото на Кубанците на економски и социјален развој.

Свет | пред 3 месеци

271957282_480992096753139_6073821672417444389_n

Температури до 21 степен, можно слаб дожд во североисточните делови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Во североисточните предели се можни слаби локални врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се движи од 14 до 21 степен.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.Минималните утрински температури се движеа од 2 до 14 степени Целзиусови. Најстудено беше во Лазарополе со 2 степени, а нешто потопло во Берово со 3 и во Маврови Анови и на Попова Шапка со 4 степени. Во Крива Паланка се измерени 6 степени, а истата температура е забележана и во Битола, Охрид, Претор и Крушево. Во Струмица утрово беа измерени 7 степени, а во Тетово, Демир Капија и Виница 8 степени. Во Скопје-Петровец, Велес, Штип и Кавадарци минималната температура изнесуваше 10 степени, во Куманово 11, на Зајчев Рид 12, додека најтопло утрово беше во Гевгелија со 14 степени.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9edebv3e9kescYv0tN0

Минчев и Дукај: Зајакнување на јавната администрација преку регионална соработка

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со својот колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, во Скопје.  Целта на оваа средба е зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете земји во областа на јавната администрација.Министрите разменија визии и идеи за унапредување на реформските процеси и примена на современи методологии кои ќе придонесат кон создавање на поефикасна, транспарентна и граѓански ориентирана администрација.Реформата на јавната администрација не е само внатрешна обврска, туку и надворешен сигнал, дека нашите институции се подготвени за европските стандарди, за модерно управување и вистински партнерства во регионот. Токму оваа соработка е доказ за тоа, што ја потврдува нашата посветеност кон транспарентност, ефикасност и заемна поддршка на патот кон европската интеграција. изјави министерот Минчев.Во јуни годинава беше потпишан Меморандум за соработка, кој служи како цврста основа за стратешка и континуирана комуникација меѓу двете министерства, овозможувајќи заедничка реализација на проекти и иницијативи поддржани од меѓународни партнери и Европската Унија.Во согласност со стратешката определба за воспоставување на ефикасна, модерна и граѓански ориентирана јавна администрација, ја препознавме важноста на регионалната соработка и размената на најдобри практики во оваа област. Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на партнерските односи.“ додаде министерот Дукај.Министерството за јавна администрација останува посветено на унапредување на меѓународната соработка и градење на партнерства кои придонесуваат за професионални и поефикасни институции.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhqv27rqacrbj5NnRGuG

Времето денес: Слаб до умерен јужен ветер со температура до 21 степен

Денес, 28 септември 2025 година, времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот, на некои места врнежите ќе бидат пообилни, со количина над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од 15 до 21 степен.Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот врнежите во делови од котлината ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Најава за наредните денови: Утре ќе има повремен локален дожд, а во вторник времето ќе се преодно стабилизира. Од среда кон крајот на денот се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и значително опаѓање на температурите.

Македонија | пред 4 месеци

skopski-aerodrom

Николоски: Проблемот со радарот стар 27 години го решивме за три дена

Проблем со радар стар 27 години на скопскиот аеродром бил решен за само три дена, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за ТВ Сител.Седум години никој не водел сметка за резервни делови, бидејќи уште тогаш престанаа да се произведуваат. Се соочивме со проблем, но благодарение на професионалците успеавме за три дена да го ставиме радарот во функција, рече Николоски.Тој најави дека со одлука на Владата ќе биде задолжен М-НАВ во наредните месеци целосно да го стави во функција новиот радар, со стандардни тестови и проверки.Според Николоски, моментално во функција се три радари – еден за охридскиот аеродром и два за скопскиот – со што е обезбедена целосна безбедност во воздушниот сообраќај.Она што го откривме минатата недела е дека радарот работел на еден канал цели седум години. И покрај тоа што е стар 27 години, а делови не се произведуваат, успеавме да го решиме проблемот што со децении се туркал под тепих, нагласи министерот.

Македонија | пред 4 месеци

izbori

Почнуваат изборните кампањи: 309 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје

Од полноќ започнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.Ова се осмите локални избори од независноста на државата и четврти на кои ќе се избираат и градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На овие избори учествуваат 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за советници, со вкупно 10.490 кандидати.Според Државната изборна комисија, во Избирачкиот список се впишани 1.832.415 граѓани со право на глас. Меѓу нив има околу 112.000 лица на привремена работа во странство, 2.162 лица кои издржуваат казна затвор или се во притвор и 450 лица од домовите за стари лица.Гласањето ќе се спроведува на 3.480 избирачки места низ земјата. Буџетот за изборите изнесува 9,76 милиони евра, од кои најголем дел се наменети за медиумско покривање и политичко рекламирање.Локалните избори во Македонија се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Досега избори се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

Македонија | пред 4 месеци

ali-ahmeti

Ахмети од Тетово до Мицкоски: „Ќе има поделби, едни со Албанија, едни со Бугарија“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа од Тетово му упати остро предупредување на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека секое скршнување од европскиот пат може да ја подели државата.„Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, изјави Ахмети, а изјавата ја пренесе албанскиот портал „Тетова сот“.Во своето обраќање тој зборуваше и за отворањето на изборниот штаб во Тетово, што, според него, претставува значаен чекор во „историскиот плебисцит“ кој следува.– Денес во Тетово беше нашиот изборен штаб, означувајќи важен чекор во историскиот плебисцит, што нè очекува. Оваа извонредна мобилизација е доказ дека Албанците се обединети, решени и подготвени да ги бранат достоинството, еднаквоста и европската иднина на земјата. Обединувањето на политичките сили во овој сојуз е нашиот најсилен одговор на предизвиците, кои ги сервираат ‘задоцнетите патриоти’. Знаеме дека не е лесен нашиот пат, но нашето единство е гаранција оти никој не може да нè запре. Овој плебисцит не е за една партија, ниту за еден поединец, туку за сите Албанци и за нашата земја – рече Ахмети.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryd07vkvlt00oh82TTmlz

„Сите за Палестина“ со барање до Силјановска Давкова: Македонија да ја признае Палестина

Во пресрет на Генералната дебата на 80-то Генерално собрание на Обединетите нации, Иницијативата „Сите за Палестина“ упати писмо до претседателката Гордана Силјановска-Давкова во кое побара Македонија да ја признае палестинската држава и да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ.Иницијативата пред се инсистира, претседателката итно да се побара прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Газа што не е дистрибуирана од Израел.Во писмото, Иницијативата бара Македонија да почне да гласа за солидарност со палестинскиот народ на сите понатамошни гласања на ОН, да се воведат санкции, како и да престане со трговијата, културна, образовна и спортска соработка со Израел.

Македонија | пред 5 месеци

ganikj

(Видео) Македонски туристи поминаа голгота: вчера ги убедуваа да продолжат со автобус за кои тврдеа дека е исправен, сега и сами признаваат дека не бил

Патници од Македонија со страв се враќале кон Македонија по туристичка посета на Истанбул, бидејќи се појавиле проблеми со исправноста на автобусот. Тие тврдат дека возилото постојано прегревало, а возачот морал да застанува за да се олади моторот. Компанијата „Ганиќ-Ексклузив“ за „Скопје1“признава дека имало проблеми со автобусот, иако ако се слушнат снимките може да се воочи дека претходно претставник оттаму ги убедува патниците да продолжат со истото возило. На крајот, поради инсистирањето, пратиле друг автобус, за да ги врати во Македонија. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Проблемот е решен“, вели патничката Амела во разговор за кој посочуваат дека е со газдата, а тој и враќа: „Решен е проблемот“. Таа потоа му објаснува: „Не е решен, автобусот не е во ред. Не е само цревото. Од вчера свети сијалицата. Немојте да се силите и заканувате многу. Јас ви кажав, сите овде чекаат“.Од другата страна, газдата им вели: „автобусот е направен“, на што тие враќаат: „Господине, мајсторите кажаа дека автобусот не е исправен! 60 души нѐ дриблате!“.Според патници, на автобусот прво му паднала пластика од тркало, па почнало да мириса и да има чад. Го поправале со часови, смениле водна пумпа и други делови. Ова траело четири часа.„За време на враќање од Истанбул за Македонија непредвидено дојде до пукање на црво и загревање на моторот поради што автобусот не можеше да го продолжи патот. Поради пукање на црево патниците не се доведени до никаков ризик, но поради дефектот автобусот не можеше да продолжи на пат кон Македонија. Веднаш испративме друг исправен автобус од Македонија за да ги земеме патниците. Патниците се веќе во автобус и се враќаат за Македонија. Искрено жалиме за непредвидениот дефект што се случи за време на враќање кон Македонија, и поради тоа што патниците мораа да чекаат додека дојде автобусот што тргна од Македонија, сепак се работи за голема релација и повеќечасовно чекање од страна на патниците“, велат во писмениот одговор на компанијата испратен до „Скопје1“.Патниците ни испратија и снимки на кои се гледа дека автобусот паркиран, и вон-возна состојба. На друга снимка се гледа и чадот кој доаѓа од задниот дел на возилото. Компанијата пак, тврди дека пратиле исправен автобус.„Патување повеќе од 24 часа, прашање е кога ќе се стигне. Газдата на агенцијата ни спушта телефон, не креваше синоќа“, сведочи патничка попладнево.Патниците уште патуваат кон Македонија.

Македонија | пред 5 месеци

MixCollage-08-Sep-2025-03-27-PM-2899

„САД ја ценат Македонија како сојузник, ЕУ го поддржува патот кон Унијата“ – честитки за Денот на независноста

„Во текот на три децении изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието и културата“, порача Амбасадата на САД во честитката по повод Денот на независноста.Американскиот државен секретар Марко Рубио ја нагласи посветеноста на Вашингтон за продлабочување на соработката со Северна Македонија. „Како сојузник на НАТО, вашето ветување за зголемени трошоци за одбрана ја потврдува вашата посветеност на заедничките безбедносни цели. Правдата, стабилноста и просперитетот ќе продолжат да бидат во срцето на нашите односи“, наведе Рубио.Поддршка дојде и од Брисел. „Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат“, напиша европската комесарка за проширување Марта Кос на Икс.Честитка испрати и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој истакна дека ЕУ останува посветена на европскиот пат на земјата.

Македонија | пред 5 месеци

EYOF

Како не треба да изгледа EYOF – Македонија покажа „пример“ пред 49 земји!

Со години се подготвуваат олимпијади — зимски, летни, младински, старински... Држави вложуваат стотици милиони, години однапред трешти пропагандна машинерија, се градат сали, села, системи и сјај. А кај нас, Младинската олимпијада мина како месна забава во трета смена. Ни глас, ни трага. Скопје и Куманово ја угостија Европа, 4.000 спортисти од 49 земји, а јавноста дозна од некое стори на Инстаграм и неколку очајни објави на самите натпреварувачи.Медиумите беа обвинети за слабо покривање. Па не можат новинарите да гатаат со гравчиња кога, каде и што се случува. Мора кампања, мора да се вреска, да има билборди, инфо-фрчење, соопштенија, ТВ-спотови, реклами во јавен превоз, сѐ ако сакавме да биде настан, а не трошка во спортски дрес.За „Експо 2027“ во Србија веќе знаат и врапчињата на гранките. А кај нас? Олимписки настан мина со паднат таван во студентски дом, без клима на 45 степени, двајца во еден кревет како во поствоена болница и храна која ги инспирираше спортистите на ТикТок со #worstexperience.Министерството? Рака мијат, велат: „Ние дадовме милион евра на МОК“. Одговорност? Не, тоа е спорт за себе.А велосипедистите од Исланд кои ги удри автомобил на тренинг? Па зошто не тренирале со агенда?! Зарем нашите велосипедисти кога возат 100тина километри, ги следи конвој? Не. Ама не се гости на меѓународна спортска манифестација.Се прашувате колку време се спрема ваков настан? И нема да одиме подалку, нема споредба со САД или Кина!Шаховската олимпијада во Скопје (1972) – години подготовки, посебен комплекс, државен приоритет.Универзијадата во Загреб (1987) – изградено студентско село, нови спортски сали, цела држава се вклучи.Зимската олимпијада Сараево (1984) – пет години подготовки, изградени спортски центри, патишта, инфраструктура.А кај нас? Студентски дом, без клима, без превоз...Каков дочек, таков спомен. А со ваква организација, ќе не паметат и тие што не сакаа.

Коментари | пред 6 месеци

ana-cupeska

Професорката Чупеска прашува: До кога македонското прашање ќе биде месо за гладните волци ?!

Во моменти кога повторно се отвораат прашања поврзани со идентитетот, дел од јавноста остро реагира – предупредувајќи дека темата се злоупотребува за политички поени и дефокус. Меѓу нив е и професорката по политички науки Ана Чупеска, која прашува: „Може ли од Владата да ни објаснат зошто на тацна повторно сервираат затворени идентитетски оспорувања?“Може ли од Владата да ни објаснат зошто на тацна повторно сервираат затворени идентитетски оспорувања ?!До кога македонското прашање ќе биде месо за гладните волци ?!Се чини дека,на квази патриотите македонското прашање, секогаш им станува лесна тема - за да ги сокријат своите вистински намери :1. саботирање на стратешките државни интереси2. ова е параван и инструмент за дефокус од неспособноста да се однесуваат во согласнот со државните интереси

Македонија | пред 7 месеци

EP

Европарламентот го изгласа извештајот за Македонија, македонскиот идентитет „исчезна“ од текстот

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, изготвен од специјалниот известувач Томас Вајц, европратеник од Австрија.Документот ги опфаќа клучните реформи и предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, но вниманието на јавноста го привлече фактот што во неговата конечна форма се отстранети сите конкретни референци на „македонскиот јазик и идентитет“, кои претходно беа присутни во нацрт-верзијата.Овој потег се оценува како резултат на компромисни преговори меѓу европратениците, а за некои претставува и отстапување од принципиелната поддршка на македонските национални обележја во европскиот контекст.Извештајот содржи препораки за натамошен напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација и зајакнување на демократијата, но неговото „чистење“ од чувствителни термини отвора прашања за идниот тон на европскиот дискурс кон Македонија.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања