Промени тема
Контакт

Бугарските превозници реагираат на блокадите: економските загуби се огромни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Бугарските превозници се жалат дека претрпуваат големи финансиски загуби поради блокадите што ги вршат превозниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, кои протестираа поради проблемите со новиот систем за влез и излез од ЕУ.

„Транспортерите од Бугарија поради блокадите мораат да користат алтернативни патишта до европските дестинации, кои минуваат низ Романија, што го продолжува нивното растојание за 500-600 км. Вчера, премините со Србија беа блокирани за тешки товарни возила во двата правци. Денес, по полноќ, сообраќајот беше ограничен за возила над 3,5 тони на нашите гранични премини со Македонија „Врашка Чука“, „Брегово“, „Стрезимировци“, „Ѓуешево“, „Делчево“ и „Златарево“, пишуваат бугарските медиуми.“

— реклама —

Протестот е планиран за седум дена, но може да заврши порано доколку се одржи состанок со претставници на здруженијата и Европската комисија.

— реклама —

Во бугарските медиуми се пренесуваат ставови на транспортни здруженија дека ситуацијата е „економски неодржлива“ за компаниите, а се најавуваат и разговори меѓу претставници на транспортниот сектор и бугарските институции за координација на мерките и евентуален заеднички настап кон Европската комисија, со цел да се ублажат последиците од новиот систем за влез и излез во ЕУ.

— реклама —

Дополнително, бугарското Министерство за надворешни работи преку медиумите соопшти дека внимателно ја следи состојбата и дека „доколку ситуацијата ескалира, Бугарија ќе ги искористи дипломатските канали и контактите со Европската комисија за да се олесни режимот и да се најде решение за проблемите со новиот систем за влез и излез во ЕУ и примената на правилото 90/180 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Возел пребрзо и по левата лента, па понудил пари на полицајците за да избегне казна: уапсен македонски државјанин во Србија

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarynmhf7gt5u93h1A0kIDK

На денешен ден во 1992 година Македонија ги усвои знамето и химната како државни симболи

Македонија | пред 1 месец

media-librarypd2f7tasasr1eao1CSy

Македонија и Бугарија ја интензивираат соработката за изградба на тунелот на Коридор 8

Македонија | пред 1 месец

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Европскиот парламент денес гласа за Македонија: Ќе биде ли избришан бугарскиот протокол од извештајот?

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања