МЕЏИТИ

Gruevski-Ahmeti-696x371

Меџити: Автомобилот на Али Ахмети стоел 24 часа во полициска станица, се сомневаа дека Груевски избегал со него

Првиот заменик-премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, упати ново сериозно обвинување кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Во интервју за весникот Лајм, Меџити изјави дека во времето кога поранешниот премиер Никола Груевски побегнал од земјата, автомобил на Ахмети бил задржан 24 часа во полициска станица под сомнение дека токму со него Груевски можел да ја напушти државата.„Автомобилот на Али Ахмети стоел цел ден во полициска станица, затоа што се сомневаа дека Груевски избегал со него. Ова е вистина што многу брзо целосно ќе излезе пред јавноста,“ изјави Меџити.Тој нагласи дека станува збор за еден од најскандалозните случаи кој, според него, ги потврдува сомнителните врски на тогашната власт со бегството на Груевски во Будимпешта. Меџити додаде дека граѓаните имаат право да знаат што точно се случувало зад сцената.

Македонија | пред 5 месеци

izet-medziti-1-im

Меџити гo објави мотото за локалните избори - се мтивирал од рок бенд

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, го претстави официјалното мото за претстојните локални избори – „Само за ТЕБЕ Чаир“. Меџити нагласи дека ова не е само изборен слоган, туку искрена посветеност која ја претставува неговата визија и идната работа како градоначалник на општината.На средба со Форумот на жени на ВЛЕН, тој потсети дека Чаир отсекогаш имал значајна улога во општествените, политичките, образовните и културните процеси кај Албанците во Македонија и пошироко. „Ќе го дадеме целото наше битие, целото наше знаење, целото искуство и потенцијал во функција само за Чаир и неговите граѓани,“ истакна Меџити.Инспирацијата за мотото, како што беше посочено, доаѓа од песната „Само за тебе“ на рок-бендот Telex, кој потекнува токму од Чаир, што слоганот го прави уште посимболичен за локалната заедница.

Скопје | пред 5 месеци

IMG_1271

(Фото) Меџити на турнир во Counter Strike 2 пред Скендербег

Во Чаир, пред споменикот на Скендербег, се одржа голем турнир во Counter Strike 2, настан кој привлече бројна млада публика.Првиот заменик премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека турнирот е многу повеќе од забава, оценувајќи го како силен сигнал за потенцијалот на младите во областа на електронските спортови.„Е-спортовите веќе не се само игра, тие се страст, професија и голема можност за меѓународна афирмација. Овој турнир, организиран на барање на младите, е само првиот чекор кон формирање на првиот клуб за електронски спортови во Чаир – клуб кој ќе биде прибежиште за таленти и референтна точка за сите што се воодушевени од е-спортовите,“ изјави Меџити.Тој додаде дека поддршката од Општината за младите нема да изостане и потсети дека голем број таленти од Чаир веќе имаат успеси на меѓународната сцена. Со отворањето на клубот тие ќе добијат нови можности да го претставуваат Чаир и Македонија на светско ниво.„Ние сме со младите и за младите. Чаир е дијамант, а овој дијамант свети со енергијата на нашата младина. Со клубот CS 2.0, Чаир станува епицентар на младинската иновација во е-спортовите,“ нагласи Меџити.Настанот беше претставен како почеток на едно ново поглавје за младите во Чаир – поглавје во кое традицијата и историјата се испреплетуваат со иднината и модерните визии, а општината се афирмира како центар на младинскиот развој во регионот.

Скопје | пред 5 месеци

mickoski-medziti

Меџити најави апсолутна победа во Чаир, уште во прв круг

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, кој е и актуелен прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, изјави дека очекува апсолутна победа на октомвриските избори и дека битката ќе заврши уште во првиот круг.„Очекувам апсолутна победа во Чаир и убеден сум дека визијата на ВРЕДИ ќе обезбеди развој на општината за наредните 50 години“, порача Меџити.Во интервју за МИА, Меџити нагласи дека довербата од граѓаните ќе ја бара со конкретна и прагматична програма насочена кон решавање на сообраќајниот метеж, уредување на зеленилото и тротоарите, како и воведување мораториум за нови градби со цел подобра урбанистичка контрола.„Чаир ќе биде првата општина без ѓубре на улиците, затоа што сите контејнери ќе бидат подземни. Тоа ќе придонесе за многу почист и позелен Чаир“, изјави Меџити.

Скопје | пред 5 месеци

medziti-i-s-2

Меџити за скандирањата „Илирида“: Не ги оправдувам, но не беа антимакедонски настроени

Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, се произнесе за иредентистичките скандирања на Националната арена „Тодор Проески“ за време на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах. Дел од навивачката група „Балисти“ извикуваше пароли како „Илирида“, а во скандирањето се приклучи и остатокот од стадионот.„Како Влада, ние ги осудивме сите што ќе посегнат по ксенофобија и расизам. Во Куманово беа антиалбански настроени. Не ги оправдувам ни другите, но не беа антимакедонски настроени. Повикуваме на почитување на различните вредности и надминување на овие состојби“, изјави Меџити.Тој додаде и критика кон институциите: „Мислам дека судството не делува кога треба, а кога делува – претерува, како во овој случај. Ги повикуваме и тие да придонесат за меѓуетничките односи, а не да ги загрозуваат.“Интересно е што, иако беше на стадионот заедно со други функционери од ВЛЕН, претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека не ги слушнал спорните пароли.

Македонија | пред 5 месеци

izet-medziti-1-im

Изет Меџити: Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изрази целосна поддршка за вчерашниот протест во Приштина под името „Правда за ослободителите“, организиран од страна на Здружението на воени ветерани на паравоените УЧК и ОВК.Во објава на социјалните мрежи Меџити нагласи дека не сака да ја користи оваа голема кауза за изборни цели, бидејќи според него, борбата за слобода и правда е многу поважна од какво било политичко натпреварување.„Мојот став отсекогаш бил и останува принципиелен и непоколеблив: Војната на ОВК во Косово, во Прешево, како и во Македонија, беше праведна, оправдана и чиста! Тоа беше војна за државноста, за еднаквоста и за одбраната на албанскиот идентитет на териториите на поранешна Југославија. Светот ги призна и ги казни агресорите и насилниците за злосторствата врз Албанците. Секој обид денес да се изедначи насилникот со жртвата е неприфатлив – било според нормите на меѓународното право, било според принципите на обичајното право.“, истакна членот на коалицијата ВЛЕН.Тој оценил дека Косово денес е суверена и функционална држава во секој агол од својата територија, нагласувајќи дека „паралелните структури на северот од Косово се елиминирани, додека институциите на Република Косово се консолидирани“.Меџити, исто така, ги критикувал политиките на иницијативата „Отворен Балкан“ и политичката класа која, според него, направила компромис со територијата, богатството и правдата. Тој оценил дека денес Косово го водат лидери кои не се пазарат со државните и националните интереси.Протестот во Приштина се одржа „против неправдата“ што наводно ја извршил Специјализираниот совет на Косово во Хаг против поранешните водачи на ОВК и УЧК кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Еден од говорниците на протестот беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Македонија | пред 5 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски со прозивка до Фетаи и Меџити: Да се извинат ако службените возила ги користеле за партиски активности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно побара од вицепремиерот Арбен Фетаи и Изет Меџити да понесат одговорност и да се извинат доколку службените автомобили им служеле за партиски наместо за државни цели. Поводот е случка од пред десетина дена, кога возилата на двајцата функционери биле забележани доцна навечер – околу 23 часот – паркирани на булевар во близина на ТЦ „Мавровка“, непосредно до просториите на политичката коалиција ВЛЕН.Мицкоски потенцираше дека во случај возилата да биле користени за активности поврзани со Владата, тоа би било прифатливо. Но, ако биле употребени за партиски состаноци, тогаш, како што рече, „се работи за злоупотреба на државни ресурси“.-Доколку биле на состанок на тема поврзана со владините политики, тогаш во ред. Претпоставувам тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам, кажа денеска Мицкоски на пуштање во употреба на затворен базен во Кисела Вода.Од друга страна, градоначалникот на Тетово и коалициски партнер во ВЛЕН, Биљал Касами, ги бранеше Фетаи и Меџити, нагласувајќи дека, според него, средбата била службена и поврзана со функциите кои ги извршуваат. Тој додаде дека не верува оти неговите партиски колеги би се состанале за политички прашања без негово знаење или учество.

Македонија | пред 6 месеци

ahmeti-grubi

Ми понудија да одам во ДУИ, оти Ахмети ќе се пензионира, па ја земеме партијата, тврди Меџити

Првиот вицепремиер Изет Меџити, во емисијата „Топ тема“ објави дека имал понуда да го подели ВЛЕН. Меџити рече дека прво него му понудиле да ја растури коалицијата ВЛЕН и да се врати во ДУИ. Како што изјави, тој не ја прифатил понудата, бидејќи, како што додаде, прифатил да биде дел од промената со ВЛЕН.– Има обиди и имаше обиди за поделба на ВЛЕН. Ја имав првата понуда, од посредници, ми рекоа да дојдам во ДУИ, сега Артан го нема, партијата ќе се исчисти уште повеќе, Ахмети ќе се пензионира, ние ќе ја преземеме партијата и ќе ја реформираме. Но, јас не прифатив, бидејќи прифатив да бидам дел од промената во ВЛЕН – рече Меџити.Тој додаде дека Арбен Таравари прифатил „некаква понуда“ и порача дека не треба да крие која е понудата и договорот, туку искрено да каже во јавноста.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vredi-koalicija

Таравари спремен за во опозиција, Меџити го спакува за да го испрати од Владата, а се јави и Села

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вечерва изјави дека на неговиот коалиционен партнер од ВЛЕН, Арбен Таравари, не му е местото во Владата доколку се решил на соработка со ДУИ. Штом посакува таква соработка, како што рече Меџити во интервјуто за ТВ Сител, Таравари самиот треба да го објави тоа, не криејќи го од членството и јавноста.„Сметам дека не му е местото во Владата штом сака соработка со ДУИ. Тоа се коси со политиките и принципите на формирање на оваа Влада, а тоа е борба против корупција, враќање на правната држава и другу начела. Ние сите се сплотивме околу идејата да донесеме промена, плурализам, демократија во албанскиот кампус, борба против корупција. Сите сè уште стоиме на тоа освен господинот Таравари, кој од индивидуални и партиски причини излезе на површина дека подолг период неколку месеци, има состаноци и соработува со ДУИ. Нашиот став е дека не може да биде дел од ВЛЕН и да соработува со ДУИ“, вели Меџити.Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека повеќе не гледа простор за соработка со коалицијата Вреди и дека не ја исклучува можноста за предизборна соработка со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во вториот круг од локалните избори. Во гостување во емисијата „Стадион“ минатата недела, Таравари посочи дека веќе имал комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„Со Ахмети не сум се сретнал, но сме се слушнале по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметаат дека треба да бидеме во Владата, ќе продолжиме. Ако не – ќе одиме во опозиција. Генерално, ние сме заинтересирани да продолжиме во Владата, но тоа зависи од премиерот“, рече Таравари.Се огласи и Села.„Да ја напуштат Владата и нека дојдат да се обединиме за да направиме доволен притисок. Да одиме и на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. За да постигнеме влада која нема да се соочи со политички субјекти што се избрани според желбата на овој или оној политички камп, туку ќе бидат таму за да реализираат 6, 7, 8 работи кои се во интерес на Албанците. Имаме неколку приоритети кои се веќе дефинирани во политичките програми, а сега ни се додадоа уште. Треба да се договориме, да, и за начинот на кој ќе се владее. Дали во иднина Владата ќе се формира со Бадинтер?“, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 за коалицијата Вреди.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-02-25-at-11.31.56

Кузеска му однесе документи на Мицкоски за Меџити: Предаваме документи до самопрогласениот обвинител, кадија и врховен судија

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, достави документи до Владата со кои тврди дека вицепремиерот и министер Изет Меџити работел незаконски. Таа го отвори и прашањето за земање мито со вакво постапување. За Мицкоски пак, рече дека постапувал и како обвинител и врховен судија.„Предаваме документи до самопрогласениот обвинител, кадија и врховен судија. Денес ќе му ги доставиме документите на премиерот Мицкоски за скандалот со вицепремиерот Меџити. Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако тој јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, рече Кузеска.Според неа, документите се релевантни бидејќи се од државни институции со архивски броеви, печати и потписи.„Овде е наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети. Дали на овој начин сакал да воспостави контрола, за да има простор да ги уценува фирмите и граѓаните? Според наведеното во документите во Министерството имало систем за потпис, и одлулучување спортивно на законите и административните процедури, што отвора сомнеж за корупција и мито. Очекуваме Мицкоски да ги прчоита и разгледа и да одговори на сите сомнежи за можна корупција. Да видиме дали ќе преземе нешто Мицкоски или ќе продолжи да ги штити“, рече Кузеска.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-25-at-11.23.00

Меџити: Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал, СДСМ оди по паметот на ДУИ

Вицепремиерот и минситер Изет Меџити рече дека не направил ништо противзаконски, а за СДСМ кои пред Влада доставуваат документи до премиерот Христијан Мицкоски за незаконско работење вели: „сакаат да ја продолжат приказнава. Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал. Ако сакаме да зборуваме за скандали, ги имаше доста до сега“.„СДСМ оди по паметот на ДУИ, се гледа се синхронизирани во нападите. Прво се зборуваше за одземање на ингеренции од Министерството за животна средина, па кога видоа дека инспекторатот кој бил автономен, сега е сектор во рамките на Министерството отидоа на второто обвинување дека има простор за злоупотреба и тоа тоа го констатирал административниот инспекторат. Но тука сакам да се расчистиме, се работи за редовна контрола која е во програмата на Државниот административен инспекторат. Тие имаат забелешка, опомена за воспоставена пракса а не за ингеренции. Во однос на пракса, за волја на вистината, воспоставена од ДУИ и СДСМ, од 2016 година“, рече Меџити.Меџити рече дека опомената е обжалена.„Не се работи за ингеренции, ниту ништо друго“, рече Меџити.Опозициската СДСМ вчера со документи добиени од свиркачи тврдеше дека поради злоупотреба, Државниот управен инспекторат со Решение Бр. 11-1653/2024 од 17.01.2025 година официјално ги одзел ингеренциите на вицепремиерот Изет Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.„Документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги презентираме денес, покажуваат дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување. Со тоа, Изет Меџити не само што вршел злоупотреба на позицијата, туку се отвора и сериозно сомневање дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните. Поради тоа Државниот управен инспекторат ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Костовски додаде дека ова не бил прв скандал во кој Меџити е вмешан и ги наведе најавите за 3.000 партиски вработувања до крајот на годинава. Јавно го прашуваме Христијан Мицкоски: до кога ќе го штити Изет Меџити?“, рече организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на прес-конференција.

Македонија | пред 11 месец

izet-m

Некој може да си прави списоци, ама такви вработувања ќе нема, рече Мицкоски по најавите на Меџити за масовни вработувања

Некој може да си прави списоци, ама додека сум премиер вработувањата ќе бидат според компетентност, рече премиерот Христијан Мицкоски на најавите дека Изет Меџити ќе вработи 3.000 Албанци на државно во наредниот период. Според Мицкоски, само лица соодветни за тие работни места ќе седат во државните фотелји.„Нема таква работа, го прочитав тоа. Ниту ќе има додека јас сум претседател на македонската Влада. Добро е да се вработуваат компетентени луѓе и луѓе кои соодветно ќе одговорат на тие места. Партиски и етнички клучеви не треба да дискутираме. Рековме дека ќе направиме закон за праведна етничка припадност, бидејќи претходниот е укинат. Некој може да седи и да си прави списоци, ама додека јас сум премиер, нема да се случи таа работа“, рече Мицкоски.Претходно, реагираше СДСМ.„Изет Меџити подготвува робусна акција-најголеми партиски напад врз институциите досега со 3.000 нови партиски вработувања во државната администрација. Скандалозната најава од вицепремиерот Меџити отвора сериозни сомнежи за постоење на веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 11 месец

filipce-mickoski-apasiev-medziti-

Партиски преписки и препукувања во недела

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Вреди утрово преку соопштенија се обратија до јавноста. Сите, со различни теми. Додека Вреди се пофали со поевтини цени на производи, Левица упати барање за укинување на двојазични декларации. ВМРО-ДПМНЕ го нападна СДСМ, а пак опозициската СДСМ го нападна премиерот Христијан Мицкоски.СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски кон САД и претседателот Трамп, побара ВМРО-ДПМНЕ„Сашо Орданоски е еден од најголемите гласноговорници и поддржувачи на СДС. На сите јавни и медиумски настапи, Сашо Орданоски секогаш поддржувал и промовирал ставови и политики на СДС. Орданоски е перјаница на СДС и секогаш бил на иста линија и во нивна поддршка. Работел на проекти, програми и кампањи како социјалдемократите да ги донесе на власт. А, за време на СДС на власт, Орданоски на јавните настапи и во своите писанија ги бранеше нивните погубни и предавнички политики и ги величеше шефовите на таа партија. И за тоа, СДС на власт, на Сашо Орданоски дословно му се оддолжувале, како што е примерот од 350 илјади евра за неговиот брат од Фондот за иновации за технолошки развој и тоа за плагијат проект. Значи, Орданоски нема ниту еден настап или писание што не се на иста линија и што не ги поддржува СДС. Затоа, со оглед на фактот што СДС и Венко Филипче не се оградија и јавно не го осудија, легитимно се покренува прашањето дали го поддржуваат и го делат истиот став со Сашо Орданоски за САД и претседателот Доналд Трамп?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри а Мицкоски молчи„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи. Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи. Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите. Ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност. СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција“, велат од СДСМ.Левица: Пратениците да го поддржат предлог - законот за укинување на двојазичните декларации„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со кој се укинува обврската за двојазични декларации на производите! Со овој Закон се исправa неправдата врз македонските производители и потрошувачи, кои со години се соочуваат со административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии. Го повикуваме ДПМНЕ, кои во минатото тврдеше дека Законот за двојазичност е противуставен, сега да застане зад својот став и да гласа за укинување на оваа обврска, која не само што е правно спорна, туку и директно ги оштетува македонските производители и трговци, особено во време на економска криза. Очекуваме сите пратеници кои вистински се залагаат за интересите на народот да го поддржат овој закон и да стават крај на непотребната бирократска заврзлама која ги става во неповолна положба македонските производители“, велат од Левица.Вреди: Доброто владеење има име ВЛЕН, 1.000 производи по поевтини цени„Коалицијата ВЛЕН продолжува да се обврзува да им гарантира на граѓаните подобра социјална и економска благосостојба и посоодветно да си ги дозволи високите трошоци што ги практикуваше претходната влада. Во ова време кога не само кај нас туку и во целиот регион се соочуваме со поскапување на основните производи, Владата на ВЛЕН презеде иницијатива да го ограничи профитот на трговците за да ги заштити граѓаните од изнуда и сиромаштија. Во таа насока, Владата на ВЛЕН отсега ја ограничи профитната маржа на 5% на млеко, леб, брашно од типот 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и павлака. Додека на 10% профитната маржа е ограничена на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тесто. Додека средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчук, детергентите, детската храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија се ограничени на 15 отсто. Преку овие мерки ние како ВЛЕН ја докажуваме нашата посветеност на граѓаните и нивната социјална благосостојба. Заедно со постојано ангажираните експерти креираме политики за заштита на граѓаните од високите трошоци кои ги оштетуваат нивните џебови и ви гарантираме безбедност и економска стабилност“, велат од Вреди.

Македонија | пред 11 месец

medziti-i-s-2

Меџити повеќе не сака да коментира за химната, ниту предлогот да биде без текст

Откако предложи химна без текст, вицепремиерот Изет Меџити не коментира за измена на симболите на државата. Прашан зошто дал предлог вака да изгледа новата химна, рече: „Не сакам да навлезам нешто за што нема политички договор, за нешто што нема преговори“.Прашан, дали сепак има преговори за химната, додаде: „Разговор, преговор и политички договор е за тоа што го има во владината програма. Тука сме се што е во интерес на државата, граѓаните, тука да дебатираме. Тоа е на ниво на разговори“.Според Меџити, тие зборуваат само за социо-економските проблеми и реформите.„Во фокус ни е владината програма, каде има утврдени столбови. Нема такви преговарања во однос на химната, грбот и другото. Но нема ни табу теми. Разговараме. Има политички договор за владината програма, каде се утврдени столбовите“, рече вицепремиерот Изет Меџити.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-09-23-at-18.04.28

„Нема табу теми“ – Меџити потврди разговори за химната, грбот и јазикот, но не и договор

Првиот вицепремиер Изет Меџити во интервјуто за „24 Анализа“ потврди дека нема договор со премиерот Христијан Мицкоски за промена на државниот грб и химната, но дека постојат разговори на оваа тема.„Немаме договор. Немаме,“ кратко изјави Меџити, додавајќи дека прашањето за грбот и химната останува отворено, бидејќи, според него, тие потекнуваат од комунистичко време и не ја одразуваат реалноста.Осврнувајќи се и на статусот на албанскиот јазик во Уставот, Меџити нагласи: „Сите знаеме дека формулацијата ‘20 проценти’ е омаловажувачка за втората најголема заедница во државата, но ова се разговори што се водат.“Сепак, тој истакна дека фокусот на Владата во моментов е на имплементација на владината програма, чии главни столбови се евроинтеграциите, правната држава, економскиот развој и децентрализацијата.„Нема табу тема, за сè разговараме. Нема договор, бидејќи во моментот сме посветени на владината програма,“ потенцираше Меџити

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања