МЕЏИТИ

medziti-bb

Меџити денеска ќе ги објави причините за смената на доктор Јовев

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска треба да ги објасни причините за смената на докторот Сашко Јовев.Меџити предупреди дека нема да дозволи нерегуларности и неработење од страна на директорите на клиниките. Најави дека ќе има и други смени.„За секој што ќе згреши пред здравствените закони, ќе има одговорност, бескомпромисно. Ова здравство не функционира, јас сум автокритичен. Вложивме многу труд и напор, правиме сѐ за да ги подобриме условите“, вели министерот Меџити.Докторот Јовев вчера изјави дека целата работа не тргнала како политички реваншизам. Почнало како суета, но за Јовев е очекувано да се претвори во политички пазар.

Македонија | пред 2 години

minister-medziti-prv-brifing4

Како на толку проблематични клиники и здравствени домови Меџити се намерачи на клиниката за кардиохирургија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Кога партиските пазари и суети се вмешаат во здравството, тогаш здравствениот систем е на апарати. Последниот скандал во здравството со разрешувањето на директорот на клиниката за Кардиохирургија, покажува дека оваа власт ниту има стратегија, ниту има концепт што да прави во јавното здравство, а за жал нема ниту јасна и унифицирана владина политика, вели ВМРО-ДПМНЕ„Напротив гледаме дека владата се пазари и препазарува, поткусурувајќи се со принципите на професионалноста и квалитетот во здравството.Против аргументите на министерот излегоа луѓе од фелата, па дури и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на кој самиот се повикуваше, кои велат дека министерот не ја говори вистината и дека до нив ниту имало претставка, ниту барање од министерот за вонреден инспекциски надзор на клиниката за кардиохирургија и истото не се случило.Тоа значи дека голема е веројатноста ова разрешување да се случило поради каприц и суета, или поради партиско-политички каприци. Но било што и да е, после ваква скандалозна ситуација во секоја сериозна европска држава премиерот го превоспитува или го менува министерот.Но во случајов, Ковачевски за сето ова збор нема проговорено и во негов манир се крие и бега, затоа што само ако се осуди да му писне на министерот Меџити, лесно може заедно со директорот на клиниката за кардиохирургија и тој самиот да лета од владата како куфер.И додека Министерот Меџити и владата прават кадровски претумбации на сметка на квалитетот и функционалноста на системот, здравството тоне и тоне.Има недостиг на антибиотици, недостиг на лекови и терапија на клиниката за онкологија, има сериозен недостиг на медицински персонал кој масовно заминува во странство, има затворања на цели одделенија по здравствените установи, пациенти со ретки болести молат за помош, а со смс пораки се собираат пари за лекување на луѓе, кратко речено, има тотален колапс на системот.Меџити треба да одговори како на толку проблеми во здравството, на толку проблематични клиники и здравствени домови се намерачи токму на клиниката за кардиохирургија?Ковачевски ништо не го прашуваме, бидејќи ни во владата не го есапат ни 2%“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

minister-medziti-prv-brifing4

„Политика апсолутно не стои зад смената на Јовев“, тврди министерот

Смената на директорот на Клиниката за кардиологија Сашко Јовев кој ги предводеше трансплантациите на срце во земјава не е политичка, вели министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој денес по посетата на реновирани простории на Клиниката за ендокринологија, не сакаше да зборува за причините поради кои го разреши Јовев и најави дека попладнево на брифинг ќе ги изнесе сите детали.„Политика апсолутно не стои зад смената на Јовев, секаде каде што ќе има злоупотреби со мене како министер, ќе има и санкционирање“, рече министерот Меџити и нагласи дека заедно со Јовев на успешните трансплантаци работел цел тим.Мецити вчера го разреши Јовев од функцијата директор, а смената наиде на лавина неодобрување кај јавноста, посебно кај пациентите со трансплантантирано срце и нивните семејства.

Македонија | пред 2 години

minister-medziti-prv-brifing4

Меџити: Немаме магичен стап, тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред јавноста зборуваше за лошите состојби, па упати барање: „Пак повикувам дајте сите заедно да градиме едно здраво здравство“. Меџити, ова го правеше и во претходни изјави, а откако беше мета на критики дека ништо не променува во секторот откако стана министер.„Ова би го крстил како голем ден ‘Национален форум за здравство’ заедно со претставничката колешка и докторка Ане Јохансен денес во овие простори да ги кажеме сите наши дефекти што јас како министер веќе три месеци скоро, ги детектирав. Работиме заедно со Ане Јохансен и сме многу благодарни за поддршката и за соработката на СЗО што ја покажува за нашата држава и ние сме спремни и ќе се стремиме заедно. Јас цело време апелирам што не е во ред, што се проблемите, како може да ги детектираме и како може најбрзо да најдеме решение. Јас сум многу одлучен како министер, и мојот кабинет, моите советници и сите здравствени работници ги повикувам, ние го знаеме нашето здравство, во многу лоша состојба е, дајте заедно да придонесеме за еднаш засекогаш да поставиме некои здрави основи постулати, со цел нашите пациенти да добијат подобри здравствени услуги и да имаме поздраво население“, рече Меџити.Тој додаде дека е намалена смртноста кај новороденчињата што е големо достигнување.„Но не само со оваа проблематика, тука сме да се занимаваме и да ги решиме сите проблеми кои ги има во здравството. Знаеме дека магичен стап немаме, тоа нема да се случи преку ноќ, но со сите наши пријатели, со сите здравствени меѓународни институции посебно со СЗО што се тука за нас, да се стремиме заедно да поставиме добра здравствена основа, да ги изградиме болниците кои се оставени, знаеме кичевската 30 години, штипската има проблем правен, го решаваме денеска, напорно работиме на тоа, работиме на мој термин, работиме не знам ни јас веќе кај не работиме. Работиме во сите правци во здравството што навистина има многу проблеми, здравството е жива материја, пак повикувам дајте сите заедно да градиме едно здраво здравство“, додаде Меџити.

Македонија | пред 2 години

izet-medziti-696x398

Дојде време еден Стојанче Ангелов да го уценува Али Ахмети, вели Меџити

Изет Меџити денеска се јави со своите први изјави по одлуката на ДУИ да го промени него и уште четворица членови на Централното претседателство на „интегративците“. Влијателниот член на ДУИ рече дека претседателот на партијата, Али Ахмети, како што вели, се спуштил на тоа ниво да може лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, како коалиционен партнер да го уценува.Ова следува откако Ангелов вчера објави дека премиерот Димитар Ковачевски и Ахмети се подготвени да разговараат за барањето на „Достоинство“ за обештетување на бранителите. Меџити вели дека најновиот срам за ДУИ е потклекнувањето пред поранешниот бранител Стојанчо Ангелов, заради социјалдемократите.„Господинот Ахмети ги оквалификува како ултиматуми или како огромни неприфатливи барања кои ќе служат за зајакнување на ДУИ, но во исто време гледаме ултиматум од Стојанче Ангелов, кој нема ни пратеник во Собранието, само за да не ги доведе во опасност 4-5-тте илјади гласови на неговиот партнер СДСМ, прифатен е ултиматумот за бранители, заборавајќи ги војниците на ОНА. Сè ова говори дека ДУИ е заробена од диво месо и платеници, узурпатори кои се таму за интереси и функции“, рече Меџити.Од Огнената група велат дека ќе продолжат да бидат дел од ДУИ како фракција, користејќи ги сите демократски форми и нема да се откажат од ограноците кои ги граделе и тоа не се однесува само на Чаир и Сарај.Ниту денеска од ДУИ не објаснија врз основа на кој член од статутот на партијата го темелат едногласниот заклучок за смена на петте членови на Централното претседателство. Последната комуникација со медиумите беше во петокот пред влезот на средбата во Речица, кога Ахмети рече дека нема да се зборува за разрешувања. Но, потоа од партијата изразија жалење што Изет Меџити, Муса Џафери, Блерим Беџети, Висар Ганиу и Невзат Бејта самите си заминале од највисокото тело на партијата, но тоа тие го негираа.

Македонија | пред 2 години

bolnica-bitola

Меџити: Бебето родило живо, имало тахикардија и обид за оживување

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека бебето било родено со тахикардија, а родилката е од Битола и има 24 години. Како било постапено при породувањето – ќе утврдуваат комисии од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.„Денеска, бевме тука да видиме каков бил случајот. Утре, од ДСЗИ ќе испратиме комисија од инспектори за да утврдат која била причината. Според првичниот извештај, тоа било родено живо, со тахикардија, имало белодробрно-срцево оживување, понатаму ќе кажеме сè кога ќе имаме дефинитивни резултати од институциите. Тука сме за да видиме каков е пропустот и што може да се подобри. Длабоко сочувство за младата родилка за изгубеното бебе“, додаде Меџити.

Македонија | пред 2 години

20230321193651

Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Изет Меџити, потпретседателот на ДУИ кој е лидер на фракционерската „Огнена група“, денеска во емисијата „Тема на денот“ на Сител иззрази зачуденост како првиот вицепремиер Артан Груби нашол пари да доведе екстремно скапи пејачи на синоќешниот партински митинг во Чаир.ДУИ со митингот во Чаир сакаше да покаже дека ја има поддршката од локалното население додека продолжуваат внатрепартиските турбуленции, а пред граѓаните се обрати и лидерот Али Ахмети.„Тоа во Чаир беше концерт, тоа се скапи пејачи и не ми е јасно од кај ги плаќа“, рече Меџити за Груби.Тој додаде дека иако Груби пред јавноста подал рака за помирување, истовремено се разрешуваат функционери од „Огнената група“ и останатите се присилуваат да дадат оставка сами.Не признава дека повеќе не е претседател на огранокот во Чаир и вели дека на министерот за надворешни работи Бујар Османи му измислиле паралелна партиска функција.- Координатор за политички прашања во Чаир не постои. Таква функција во статутот на ДУИ, се прави дуализам и расцеп во огранокот, смета Меџити.Го искритикува и фокусот на Груби кон изградба на Коридор 8 и 10д со Бејтел и Енка. Вели дека тој таму се насочил затоа што не бил успешен на ниту едно друго поле.- Во Блаце не можат да излезат, пак се вратија, потпорниот зид го заборавија. Тие сакаа да се пофалат со патишта, но како да им веруваме кога 14 километри не можат да направат три години.Коридорот 8 отвора перспектива, не сме против тоа, но нема да продолжи во Албанија и ќе служи за полесно да одиме само до Струга, но не сум сигурен дека ќе продолжиме понатаму.Бехтел се во регионот, не сме ние први што ги вклучуваме и кога поставивме директор на ЈПДП и овој немајќи ништо друго со што да се бави, нема предлози за закони, и се префрли во таа област со Коридорот 8. Ќе има моја поддршка, но не можам да ги затворам очите пред сите овие фактори, башка што секој ден има по некоја афера за надзорната компанија, која со поврзува со компании со руски, кинески капитал и со долен веш, порача Меџити.

Македонија | пред 2 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска до Меџити: Ти сакаш да замениш цела граѓанска држава за феуд од неколку општини, до таму ти е акалот?

Неформалниот лидер на „огнената група“ и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити брзо реагираше на повикот на Аптернатива за обединување околу идејата за создавање на заедница на албански општини во Македонија, по примерот на Заедницата на српски општини во Косово. Меџити вели дека тоа е во духот на децентрализација на локалната самоуправа. Но, како што вели, ако можат Србите да добијат заедница со 4 процентна застапеност на Косово, зошто не би можеле Албанците во Македонија со застапеност од, според него, 30 проценти.Во врска со ова се огласи професорката Мирјана Најчевска која вели дека наместо од се ослободиме од етничките поделби, се повеќе заглавуваме во нив.„Наместо да се ослободуваме од етно делењето ние се повеќе заглавуваме во него.Ако Огнените требаа да го претставуваат напредниот дел од ДУИ тогаш нешто многу помешале што е напред а што назад.Очигледно етничките Албанци во Македонија единствено нешто што можат да понудат на политичката сцена е етно-национализам.Немаат ни знаење, ни интелектуален капацитет ни политичка визија за ништо друго.До таму стигнале. Некаде на почетокот на 18 век.Меџити, ти сакаш да замениш цела граѓанска држава за феуд од неколку општини?До таму ти е акалот?Навистина се помалку мислам дека Македонија има шанси да стане демократска држава.На една страна ВМРО кецарошко и СДСМ корумпирана.На друга страна албанските партии од кои едни се чиста мафија а другите немаат појма што е граѓанско општетсво.А во средина граѓаните кои само гледаат да побегнат од вукојебината.Не сотревте“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

izet-medziti

„Огнената група“ го поддржува предлогот на Гаши: Ако можат Србите со 4% во Косово, можат и Албанците во Македонија со најмалку 30%

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити кој е и предводник на т.н. „огнена група“ во партијата, го поддржува предлогот на опозициската Алтернатива, за формирање заедница на албанските општини во земјава по примерот на Косово. Тој вели дека е очигледна потребата да се придвижи процесот на децентрализација во интерес на општините, но и во интерес на граѓаните, бидејќи според него таа власт е најблиска до нив.„Заедницата во Косово ќе има „домино-ефект“ во регионот бидејќи граѓаните патуваат и споделуваат, нашите семејства се поврзани и половина се во Косово, а половина овде. Па, ако може Србите со 4% да имаат асоцијација и да имаат видливи права, тогаш очигледно дека тоа ќе има ефект и врз Албанците коишто се најмалку 30% во Македонија и претендираат за истите права“ изјави Меџити.Политичката партија Алтернатива, која неодамна реши да излезе од власта и да премине во опозиција, преку соопштение повика да се започне иницијатива за формирање „Заедница на албански општини во Северна Македонија“, по моделот што е предвидено да се формира ваква заедница на српски општини (ЗСО) во Косово.Алтернатива нема градоначалник ниту во една општина во земјава, па затоа ракавицата ја фрла кон останатите партии: ДУИ, Алијанса за Албанците (АА) и Беса.

Македонија | пред 2 години

izet-medziti

Меџити: Нема да гласам за новата Влада

Никој од „огнените“ не сака да биде дел од Владата, рече потпретседателот на ДУИ кој е дел Изет Меџити, во синоќешното гостување на ТВ 24.Потенцираше дека „огнените“ не сакаат да ја состават Владата, туку само оти кажуваат дека овие што се сега во неа немаат сработено, неуспешни се и арогантни и треба да се заменат.- Нашата заложба е да го вратиме ДУИ на правиот пат. Влезот на Алијанса за Албанците во Владата е само за инает и за да се замолчи „огнената“ група – додава Меџити, нагласувајќи дека нема простор за компромис за останување на Артан Груби во Владата.Дополни дека, доколку „огнените“ се исклучени од ДУИ, не е отфрлена опција тие да формираат нова партија.- Ова е политика на инает и за дневна политика и интереси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада, но да се дообјаснам до крај јас и сите пратеници Албанци немаме никакви дилеми околу уставните промени. Не треба да се поврзуваат двете работи - објасни МеџитиСпоред него, заложба на „огнената група“ е да го врати ДУИ на правиот пат, и појасни дека комуницираат со претседателот Али Ахмети, но не се разбираат.- Претседателот да се врати, да не фати страна и да биде претседател како што беше изминатите години и да не не остави нас да се тепаме. Кога има волја, има 100 начини за компромис. Влезот на Алијанса за Албанците во Владата за една година е само за инает и да се заќути ‘огнената група’. Тоа само повеќе ќе и наштети на ДУИ отколку на нас - појаснуваше МеџитиСпоред него, место за компромис со останување на Артан Груби во Владата.- Ако некој не праша, тој треба да се исклучи целосно и од ДУИ. Ваква штета во ДУИ нема направено никој за 20 години - рече Меџити.

Македонија | пред 2 години

izet-medziti

Oсум пратеници излегуваат од парламентарното мнозинство, има најава за повеќе, вели Меџити

Потпретседателот и пратеник на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници.„Со изјавата на премиерот дека имаат 64 пратеници, кога вели тој, мислам дека е да се одржи смиреноста внатре во структурата, внатре во мнозинството и ова говори дека немаат ниту 64. Фактички се потврдува тоа што сум го кажал во континуитет дека сигурно ова говори дека е политичка акробација која нема врска со обединување за Европа, ниту зголемување на мнозинството или стабилизирање на мнозинството, бидејќи гледаме дека осум пратеници можат да влезат, но веќе осум излегуваат. Има најави за повеќе заминувања од владиното мнозинство“ – рече Меџити во изјава за ТВ21.Меџити потенцира дека со реконструкцијата на Владата, ДУИ има изгубено 20 проценти од моќта. Посочува дека ДУИ направила промени во извршната власт, прекршувајќи го статутот на партијата.„Без да одлучи мнозинството, без да се земе мислењето од Генералниот совет, се отстранува еден од оние млади кои рекоа дека ќе застанеме зад него, односно господинот Насер Нуредини, министер за екологија, која и се дава на Алијансата за Албанците, бидејќи тој е надомест за Министерството за правда. Без да се праша некој, со голема леснотија на Алијансата за Албанците и се дава ресорот на поранешниот претседател на огранокот на партијата, односно заменик-министерот за одбрана Башким Хасани. ДУИ е веќе минус 20 проценти од моќта што ја имаше, кршејќи го статутот и без бенефит. Веќе се изјаснуваат дека имаат 64 пратеници, но ќе видиме како ќе биде до крај“ – рече Меџити.Во Собранието веќе два дена пратениците расправаат за реконструкција на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз. Пред пратениците се разрешувањата на тројцата министри од редовите на Алтернатива, Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.За нови министри, премиерот Димитар Ковачевски ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од редовите на Алијансата за Албанците, како и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.

Македонија | пред 2 години

izet-medziti-696x398

Меџити: Со Алијанса бркаме 80 пратеници, а може да изгубиме мнозинство од 61 пратеник

Лидерот на „огнените“ во ДУИ, Изет Меџити за „Фокус“ изјави дека евентуалното влегување на Алијанса во Владата се прави за да се спаси Артан Груби, а дека тоа може да значи и губење на мнозинството од 61 пратеник, наместо посакуваните 80 за уставните измени.– Ако Алијанса влезе во владата, во најдобра варијанта сме на нула, бидејќи во таков случај се губат исто толку пратеници колку што ќе влезат. Плус, ќе се отворат внатрешни процеси и во други партии, вклучително и во Алијанса. На овој начин, со цел да се спаси Груби преку Алијанса, наместо да бркаме 80 може да загубиме мнозинство од 61 пратеник – порачува Меџити според кого не е неопходно Алијанса да влезе во власта за да се избегнат предвремени избори.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања