Меџити за скандирањата „Илирида“: Не ги оправдувам, но не беа антимакедонски настроени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
medziti-i-s-2

Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, се произнесе за иредентистичките скандирања на Националната арена „Тодор Проески“ за време на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах. Дел од навивачката група „Балисти“ извикуваше пароли како „Илирида“, а во скандирањето се приклучи и остатокот од стадионот.

— реклама —

„Како Влада, ние ги осудивме сите што ќе посегнат по ксенофобија и расизам. Во Куманово беа антиалбански настроени. Не ги оправдувам ни другите, но не беа антимакедонски настроени. Повикуваме на почитување на различните вредности и надминување на овие состојби“, изјави Меџити.

— реклама —

Тој додаде и критика кон институциите: „Мислам дека судството не делува кога треба, а кога делува – претерува, како во овој случај. Ги повикуваме и тие да придонесат за меѓуетничките односи, а не да ги загрозуваат.“

— реклама —

Интересно е што, иако беше на стадионот заедно со други функционери од ВЛЕН, претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека не ги слушнал спорните пароли.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library08buah82uc615iIUc56

(Фото) Пречекот на министерка од Албанија без македонски симболи

Македонија | пред 1 месец

media-library8gid8nhgseb8ekmKgdQ

Поранешните команданти на УЧК без проблем влегле во Македонија, па му се заблагодарија на Меџити

Свет | пред 1 месец

bekim-sali-3199

Сали и Хоџа во фотелјите на Меџити и Муртезани

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

ВЛЕН бара местото на Меџити да го преземе Беким Сали, но и ресорот за животна средина да остане во коалицијата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања