МИЦКОСКИ

media-libraryt1lu19thbbdm5mybMaw

Мицкоски најавува заплена на десетици тони марихуана: Разоткривање на криминалната мрежа

„Мислам дека уште вечерва граѓаните ќе слушнат нешто катастрофално“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи масовна полициска акција која, според него, ќе ги разоткрие вистинските размери на криминалот со нелегалното производство и трговија со марихуана во државата.Тој посочи дека во текот на денешниот ден и во наредните денови јавноста ќе биде сведок на заплена на, како што рече, „десетици тони“ недозволени супстанции, нагласувајќи дека станува збор за една од најголемите акции досега.Мицкоски остро ги критикуваше политиките на претходната власт на СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги дека создале лажна слика кај граѓаните и инвеститорите дека преку бизнисот со марихуана може брзо да се дојде до богатство и економски напредок.„Тоа беше економската политика на претходната влада која ги натера луѓето да веруваат дека преку ноќ ќе станат милионери. Наместо трансформација, добивме тешка и мачна состојба која директно ги загрозува младите генерации“, изјави премиерот.Според него, акцијата на Министерството за внатрешни работи, која веќе е во тек, има за цел целосно да го пресече нелегалниот промет, складирање и извоз на марихуана. Тој истакна дека се работи за огромни количини кои биле пласирани на незаконски начин, со вклученост на правни субјекти и од земјата и од странство.„Не станува збор за неколку килограми, туку за десетици тони материи. Констатирани се незаконски односи меѓу домашни и странски фирми“, нагласи Мицкоски.Премиерот побара целосна одговорност од креаторите на, како што ги нарече, погрешните и опасни политики од минатото, потенцирајќи дека последиците од ваквиот систем се катастрофални за целото општество.Според најавите, граѓаните наскоро ќе имаат увид и во официјалните бројки и податоци од Министерството за внатрешни работи, кои, како што рече Мицкоски, ќе ја потврдат „катастрофалната состојба“ што актуелната власт ја наследила.

Македонија | пред 15 часа

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

„Плитко алиби“ – премиерот Мицкоски за парите пронајдени во ѕид во домот на родителите на судија

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, во гостување на телевизијата „21“, се осврна на случајот со 350 илјади евра кои полицијата и истражителите на ОЈО ГОКК ги пронајдоа заѕидани во кујната на родителите на судијата на скопска Апелација, Ѓоко Ристов.Говорејќи за настанот, Мицкоски нагласи дека не сака да коментира од позиција на премиер, туку како граѓанин. Тој истакна дека не му е јасно зошто пари, за кои се тврди дека потекнуваат од легална продажба на нива, би биле чувани заѕидани во ѕид, кога постојат бројни вообичаени и законски начини за нивно чување.„Не сакам да се претворам во судија, ниту да критикувам. Но, како човек, навистина ми беше лошо за гледање. И да е точно дека станува збор за легално продадена нива и дека сѐ поминало низ законски процедури, не разбирам зошто тие пари би се нашле заѕидани во ѕид. Ако се чисти, има многу конвенционални начини да се чуваат. Нема повод, ниту причина тоа да се прави на ваков начин“, изјави Мицкоски.Тој оцени дека образложението за потеклото и начинот на чување на парите му делува неубедливо, но нагласи дека конечниот збор треба да го имаат надлежните институции.„Мислам дека алибито е малку плитко, но оставам судските органи да го кажат своето“, додаде премиерот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library7nl5ctdvc17ffXEglZL

Мицкоски апелира на трпеливост: Следуваат позитивни сигнали од Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека актуелните информации поврзани со визните ограничувања на САД кон Македонија се однесуваат исклучиво на емигрантските визи, а не на туристичките посети или студентските визи, и порача дека во наредните денови очекува позитивни вести за македонските граѓани во односите со Соединетите Американски Држави.Според Мицкоски, нема простор за вознемиреност кај јавноста, бидејќи станува збор за тесно дефинирана категорија визи, која не ги засега граѓаните што патуваат туристички или поради образование. Тој истакна дека комуникацијата со стратешките партнери продолжува и дека очекува разврска која ќе биде во интерес на државата и на граѓаните.Премиерот упати и критика до опозицијата, оценувајќи дека по претходните реакции и критики поврзани со Обединетото Кралство, сега неоправдано се отвораат и прашања за односите со САД.Тој нагласи дека Владата останува посветена на зачувување и унапредување на односите со стратешките партнери и повтори дека очекува „многу добри вести“ за македонските граѓани во блиска иднина.

Македонија | пред 2 седмици

bugarija-MNR

Бугарското МНР му одговори на Мицкоски: Планот за заедниците не е спор меѓу Скопје и Софија

Прашањето на кој јазик треба да биде изготвен Акцискиот план за правата на заедниците е внатрешно прашање на Северна Македонија и не претставува тема на билатералните односи, соопштија од Министерство за надворешни работи на Бугарија, реагирајќи на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со овој документ.Реакцијата од официјална Софија следува по тврдењата на Мицкоски дека Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците бил изготвен уште пред неколку месеци, со вклученост на европски експерт, но дека не бил прифатен од Бугарија. Премиерот викендов изјави дека единствената суштинска забелешка од Софија се однесувала на фактот што документот бил напишан на македонски јазик, што, според него, покажува дека проблемите што Бугарија ги има со земјава се подлабоки и не се поврзани со исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во Европска Унија.Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското Министерство за надворешни работи се наведува дека документот ќе го спроведуваат институциите на Северна Македонија кон сопствените граѓани и дека, според таа логика, тој треба да биде напишан на јазик што е разбирлив и достапен за нив. Од Софија оценуваат дека одлуката на Скопје нацрт-планот да им го претстави на граѓаните на англиски јазик е тешко објаснива, особено ако целта е документот да биде реално и целосно применет.Бугарското МНР во исто време истакнува дека Акцискиот план за правата на заедниците е чекор што треба да следи по внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, што сè уште не е реализирано, а кое, според Софија, е предуслов за отворање на преговорите за пристапување во Европската Унија.Во реакцијата се поздравуваат и изјавите на премиерот Мицкоски дека во документот ќе бидат вградени сите други забелешки на бугарската заедница, при што од бугарската дипломатија наведуваат дека очекуваат тој да го исполни даденото ветување.Мицкоски, пак, претходно нагласи дека ниту една друга земја членка на ЕУ, ниту пак некое малцинство во Северна Македонија, не реагирало на содржината на Акцискиот план и дека единственото прашање што било проблематизирано е јазикот на кој е напишан документот. Тој истакна дека македонскиот јазик е мајчин и официјален јазик на државата, како и дел од меѓународната комуникација, и дека сите технички и политички барања биле испочитувани.Премиерот додаде дека во изработката на Планот биле вклучени и предлози од меѓународни експерти, меѓу кои и од Италија, а на барање од Брисел документот бил доставен до Бугарија и пред официјалниот рок, како гест на добра волја. Според него, актуелната ситуација уште еднаш покажува дека спорот не е поврзан со заштитата на малцинствата, туку со подлабоки политички несогласувања.Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците е еден од чекорите што Северна Македонија треба да ги реализира во рамки на пристапниот процес кон Европската Унија, а дебатата околу него повторно ги актуелизира сложените односи меѓу Скопје и Софија.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања