🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

мвр

policaec-policija-skopje

201 санкционирани возачи во Скопје, 56 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 34 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за возач почетник, три за нерегистрирани возила, 50 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

Stoilkovski-01.04

Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци, тврди Стоилковски

„Политичкиот притисок и злоупотребите на полицијата во изборни цели при последните локални избори почнаа да излегуваат на површина“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Ова е копија на судски документ во којшто стои дека еден од првите луѓе на Оливер Спасовски, Владимир Ристов - познат како Камењар, - Началник на единицата за економски криминал, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ.Ристов, познат близок соработник на Оливер Спасовски е осуден за несовесно работење по член 353 од КЗ.Документот од Основниот кривичен суд Скопје докажува дека Оливер Спасовски ја злоупотребува својата позиција и наместо да се бори со изборни нерегуларности, неговите луѓе работат по партиска насока за притисоци и креирање недемократска атмосфера за политичките противници на СДСМ.Овој документ, во којшто се казнети и прогласени за виновни дури тројца началници и еден виш инспектор, е доволен доказ за работата, партизацијата, злоупотребите и инструментализацијата на полицијата од страна на Спасовски во изборни цели.Владимир Ристовски - Камењар е познат на јавноста по спектакуларните затворања на угостителски локали коишто не се блиски до оние каде што редовно уживаат самиот тој заедно со Оливер Спасовски.Ова е судски документ којшто открива многу повеќе од тоа што СДСМ и Оливер Спасовски сакаат од го сокријат од јавноста. Овој документ покажува класична злоупотреба и партизација на полицијата за којашто укажувавме во време на изборниот период. Овој документ покажува дека се кршат основните столбови на демократијата во заштита на криминалот и корупцијата.Дури и исклучително заробеното судство не може да ја сокрие злоупотребата на МВР од СДСМ.Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори“.

Македонија | пред 3 години

DSC_0040

152 казнети возачи во Скопје, 26 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол.Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за возач почетник, 55 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР

Скопје | пред 3 години

DSC_0718

Во фирми пронајдени предмети кои биле пријавени за украдени

На 31.03.2022 во периодот од 06.00 до 14.30 часот, по претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Штип, а во координација со Основното јавно обвинителство Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, извршени се претреси во присуство на Јавен обвинител од Кочани на 4 локации на подрачјето на ОВР Кочани, со цел пронаоѓање на предмети од извршени кривични дела тешки кражби, кражби, помагање, загрозување на животна средина.При претреси во две правни лица и во објект сопственост на Д.Б. во Кочани пронајдени се и одземени поголема количина предмети од метал и арматурно железо кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците. Од страна на инспекторите од двата државни инпектората кај правните лица се констатирани неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка „забрана за вршење на дејност“. По целосно документирање на случаите од страна на ОВР Кочани до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-31-at-09.49.41

Скопјанка бара итна помош: Исчезната е мајка ми, потребна е сета помош да се пронајде!

Ви се обраќам за да побарам помош за вас во подигање на свеста на надлежните органи и населениото во потрагата на мајка ми која исчезна на 22 март. Нашето семејство е мало и ни е потребна сета помош за да се пронајде мајка ми, вели Анџела Станојковска, која апелира за помош од јавноста и институциите.„Виолета Крстевска Јаневска, на возраст од 60 години, последен пат видена на 22.03.2022 вторник, во време 17:30-18 часот кај Поштата во населба Драчево. Телефонот ѝ е приметен последно на базна атаница Јурумлери што фаќа далечина од неколку километри. Облечена е во црно. Црн капут, тегет тренерки и црни кондури. Треба со себе да носи црвена торба и наочари за гледање. Висока е 166 см, 52 килограми, има црвена коса со малку бело. На десната страна на усната има израсток. Има зелени очи. Нема претходни психички пореметувања и болести, ниту пак е зависна од некакви супстанци и лекарства. Многу е одговорна и организирана личност, работи како сметководител во Факултетот за безбедност повеќе од 40 години. Се грижи за себе си и за своето здравје иима активен и здрав начин на живот. Искочи од дома за кратко да земе наочари од оптичар и ги има подигнато и после ѝ се губи траг. Доколку сте во можност за волонтирање за барање, барајте ме. Однапред им се заблагодарувам на сите што ни помагаат и ќе ни помогнат во потрагата, вели Анџела.Телефон за контакт 071/370-185

Скопје | пред 3 години

1-6

Претреси во Скопје, пронајдени над 600 грама амфетамин, приведени двајца криминалци

На 29.03.2022 околу 04.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош ги лишиле од слобода В.Ѓ.(43) и Н.Т.(31), двајцата од Скопје, поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби. При преглед во возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени повеќе предмети погодни за извршување на кривичните дела.Додека при претрес во домот на В.Ѓ., извршен со судска наредба, од полициски службеници од ЕВР Карпош и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, биле пронајдени и одземени повеќе од 600 грама амфетамин и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела тешки кражби. Исто така, при претрес во домот каде престојува Н.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со кривично дело.Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-14.19.26

ФОТО: Тешка сообраќајка на влез од Скопје кај Сарај, три лица пренесени во болница

Од МВР информираат дека во денешната сообраќајка на влезот на Сарај се повредени три лица, кои се пренесени на лекување во Клиниката „Мајка Тереза“.„Денеска во 10:10 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата Ѓорче Петров со улицата Сарај, во близина на мостот Сарај, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б. (52) од скопското село Љубин и возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од Љ.С. (51) од Охрид. Двајца возачи и сопатничката С.С. (46) се здобиле со повреди и се пренесени на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

272260158_472495384274313_4685744105093917179_n

Претрес во гостиварско, приведено едно лице

На 24.03.2022 во 22.40 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Ш.Ш.(46) од с.Чегране. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 22 пакувања кокаин и пари.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори“.

Македонија | пред 3 години

policija-3

342 санкции за брзо возење

342 санкции за брзо возењеВо текот на вчерашниот ден (23.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 342 возачи. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 167 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 175 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

271715276_268308865415933_2874747500255289001_n

191 санкционирани возачи во Скопје, 62 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 13 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, две мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за вградени неатестирани фолии - затемнети стакла...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР

Скопје | пред 3 години

motor

Малолетник тешко повреден, возел мопед и направил сообраќајка

На 22.03.2022 во 12.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Сопот се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од О.Л.(19) од Куманово и мопед, управуван од малолетник од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот од с.Горно Којнаре, кумановско, констатирани во Општа болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 3 години

policija-kombe

Апсење во Кочани

Денеска (23.03.2022) во 02.00 часот на ул.„Иван Иванов - Балаш“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.И.(36) од Кочани, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин.Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

policiski-cas-policija-1

159 санкционирани возачи во Скопје, 60 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 11 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, десет санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за вградени неатестирани фолии - затемнети стакла...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

271983257_612480343152370_3947902373758832082_n

Приведен измамник по распишана централна потерница

На бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(32) од Скопје.Тој бил баран со централен распис, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. А.В. бил спроведен во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.

Скопје | пред 3 години

21102020_SEP_MP_MVR_3

Постои тивка коалиција и сериозна спрега помеѓу криминалот и раководството на МВР, вели Мицкоски

Обвинувањата кон МВР се темелат на катастрофата која ја имаме. Постои тивка коалиција на криминалот со раководството на МВР, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на што се темелат обвинувањата од страна на опозицијата кон МВР на Спасовски дека не работи соодветно.„Уште во 2017-та или 2018-та година на спектакуларен начин се откри дека во обвинителството и во основен суд 1 Скопје биле прислушкувани судии, обвинители каде биле откриени тајни централи за снимање на разговори“, посочи Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека дебаклот на Спасовски започна уште од тогаш каде излезе и рече дека сето тоа е на сигурно и дека сторителите многу скоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но од таа работа ни трага ни глас нема за жал, па сѐ до овие последни пасоши кои се раздаваа на белосветски и балкански наркобосови итн.Тој додаде дека кулминацијата на сето ова кулминираше и со тендерот за набавка на сметачки машини од компанија која е на црната листа на САД.„Имаме една сериозна спрега помеѓу криминалот и за жал раководството на министерството за внатрешни работи. Покрај криминалот и корупцијата, парите и провизиите немаат боја a тогаш и колнењето престанува“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања