Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

2022-08-06_10-08-35-098

(ФОТО) Седум уапсени, фатени биле со марихуана

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (5/6 август) во периодот од 23 до 3 часот и 30 минути, во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане, лишиле од слобода вкупно седум лица.При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, "фолксваген голф" и "туран" со тетовски регистерски ознаки и "бмв" со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин марихуана и дробилка.Лишени од слобода се:Е Т.(22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С.,Б.Ф.(22), Е.К.(22), Т.Ш.(29) од Тетово ,А.К.(26) од тетовско Камењане и Ј.С.(18) од Австрија. Седумте лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", согласно член 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 години

06

Полицаец примил поткуп од 2.000 денари за да не казни возач

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С. од Скопје, полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.На 26.07.2022, при вршење службени дејствија на автопатот Скопје – Миладиновци, при контрола на патничко возило, пријавениот побарал и примил 2.000 денари од лице за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сторен и констатиран сообраќаен прекршок.После тоа, оштетеното лице го пријавило случајот во полициска станица, а по преземени мерки било утврдено дека пријавениот го сторил делото и му е поднесена кривична пријава.Воедно, од Одделот за внатрешна контрола поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност и предлог за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 3 години

272651220_1883422432046464_4036865601950145219_n

Шест повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово, се судриле камион и автомобил

На 04.08.2022 во 23.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 3 години

272638302_3062703247274543_5606465952843851715_n

Тешка сообраќајка во Скопје, малолетник итно пренесен во болница

На 04.08.2022 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со косовска национална ознака, управувано од Д.Х.(33) од Република Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.О.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото возило „фиат“, А.Д.Х., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а на возачот од другото возило Л.О. и нејзиниот малолетен сопатник во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

policija-kazni

Најмногу пијани возачи во Куманово, а фатени се вкупно 69 - полицијата најави патроли на секој чекор

Во текот на изминатата вечер (29/30.07.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 69 возачи. Од нив 12 на територија на СВР Куманово...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Полицијата ги направи „попара“ возачите во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се осум санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за нерегистрирани возила...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 3 години

DSC_0289

Акција во Прилеп, приведени три лица, 19 санкционирани возачи

Во текот на изминатата вечер (28/29.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.За време на контролите лишени од слобода се три лица. При преглед кај едното лице била пронајдена марихуана, додека кај останатите две лица пронајден е кокаин. Против лицата ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 19 возачи, од кои 13 се исклучени од сообраќај.Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-28-at-16.34.08

Ексдиректорот на охридската болница доби кривична за злоупотреба, направил погрешна пресметка за секретарот да има поголема плата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Б.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во периодот од 01.11.2021 до 30.04.2022, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ Општа болница Охрид, со искористување на својата службена положба и овластување, со погрешно пресметување на платата по основ на друг коефициент, на секретарот на болницата му овозможил да земе повисока основна плата, при што на буџетот на болницата била нанесена штета од 100.357 денари.

Охрид | пред 3 години

IMG_4243

Полицијата во Ѓорче добила пријава за закана со пиштол

На 28.07.2022 во 00.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.А.(40) од с.Сарај, скопско, пријавил дека на 27.07.2022 околу 20.30 часот на патот од с.Грчец кон с.Сарај едно лице, кое било со уште три лица и кое го препознал, му се заканило со пиштол.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Во полициската во Ѓорче Петров пријавено исчезнато дете

На 26.07.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил Ч.С.(15), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 3 години

DSC_0737

Малолетник направи тешка несреќа во Штип

На 23.07.2022 во 23.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(70) од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 3 години

IMG_4867

Пешак е прегазен, со тешки повреди е однесен во болница

На 23.07.2022 во 18.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Прилеп-Ресен, патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(40) од с.Лознани, удрило во пешакот Т.Д.(58) од с.Лознани.Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 3 години

pistol

Скопјани со пиштол и нож се шетале на Бит Пазар, полицијата ги уапси

На 23.07.2022 во 14.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.С.(22) и Н.П.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај И.С. бил пронајден сигнален пиштол, една рамка за пиштолот без муниција и еден нож, а кај Н.П. бил пронајден нож.По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Четири апсења во Скопје, полицијата со акција во Градски парк, Карпош, Гази Баба

На 23.07.2022 во 22.50 часот во Градскиот парк, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(33) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 24.07.2022 во 00.25 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 23.07.2022 во 20.00 часот во Парк шума Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(19) од Германија и Ф.С.(29) од Скопје затоа тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Разбојништво го стресе Куманово, три лица од Скопје се уапсени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од скопско Студеничани за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничените, двајца браќа на возраст од 25 и 18 години и нивен 28-годишен роднина, го сториле делото на 23 февруари во Куманово, кога со употреба на сила одзеле поголема сума пари од едно лице од Ваксинце. Тие го чекале оштетениот пред маркет во автомобил без регистарски ознаки.Кога оштетениот дошол до неговото возило паркирано во близина, тројцата осомничени го нападнале и го удриле по главата, нанесувајќи му повреда од која изгубил свест.Од багажникот на автомобилот тие одзеле две црни торби со пари во различни валути и апоени и тоа: 45.000 евра, 13.000 швајцарски франци, 150.000,00 денари, 60.000,00 српски динари, 40.000.00 албански леки, 100 бугарски лева, 800 хрватски куни и 300 турски лири, по што веднаш побегнале кон Скопје.На овој начин тие се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 3.745.000 денари.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања