Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

nokenradar

Со т.н. ноќен радар 130 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на изминатата вечер (18.07.2022) во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 130 возачи. Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

pari

Лихвари паднаа во рацете на државата, осум лица им враќале камати во висина до 300%

Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд во Неготино достави Обвинителен предлог против три лица за продолжени кривични дела – Лихварство и Самовластие, како и против мајката на еден од обвинетите која им помогнала да ги прикријат кривичните дела.Двајца 24-годишници од Неготино, во временскиот период од почетокот на 2019 година до 12.08.2021 година, по заеднички договор и со заеднички вложени средства и поделба на добивка, неовластено се занимавале со давање пари на заем со писмени и устни договори, притоа договарајќи и остварувајќи несразмерна имотна корист за себе.Во наведениот период тие на тој начин оштетиле најмалку осум лица, на кои им позајмувале парични средства со обврска долгот да го враќаат со камата која се движела до 300% на годишно ниво.Во повеќе наврати, искористувајќи исти прилики и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на оштетените, обвинетите преземале дејствија со намера самовласно да прибават право кое сметале дека им припаѓа по основ на каматите за дадените позајмици. Во тоа им помагал и третообвинетиот на возраст од 22 години. До оштетените испраќале пораки со сериозни закани по живот, им се заканувале со пиштол, вршеле физичко насилство и на друг начин се обидувале да ги принудат да ги вратат позајмиците. Третиот обвинет ја искористил и приликата што вршел превоз на патници со комбе за Германија, па ги фотокопирал нивните лични карти кои понатаму ги ставал на располагање на двајцата првообвинети за да обезбедат телефонски броеви со лажни имиња преку кои ги упатувале заканите до оштетените.Четвртата обвинета, мајка на еден од првообвинетите, се обидела да ги прикрие парите за кои знаела дека се прибавени со кривично дело – Лихварство. На 13 август 2021 година, по извршен претрес во нивниот дом и лишување на нејзиниот син од слобода, обвинетата веднаш отишла во банка и од сметката на синот ги подигнала сите пари.​​

Македонија | пред 3 години

canmathshelp

Во Велес починал човек натепан во тоалет на казино, определен притвор за тепачот

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 43 години за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда (квалифицирана со смрт) од чл.131 ст.4 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 8 јули, во вечерните часови, во тоалетот на казино во Велес, тешко телесно повредил едно лице на возраст од 48 години. Како последица од нанесените повреди оштетениот починал.Осомничениот го забележал оштетениот како игра на еден од апаратите во казиното, дошол до него и започнал вербална расправија. Потоа го однел во тоалетот каде физички го нападнал и со тупаници повеќе пати го удирал во пределот на грбот и слабините.Со ударите му нанел тешки телесни повреди како последица на кои дошло до раскин на слезината на оштетениот и загуба на големо количество крв, па на 13 јули тој починал.Бидејќи постои основан страв дека осомничениот доколку се брани од слобода ќе се даде во бегство, ќе влијае врз сведоците и со тоа ќе ја попречува истражната постапка и дека ќе го повтори истиот вид кривично дело, до судија на претходна постапка на Основен суд Велес е доставен предлог за определување притвор.​​

Македонија | пред 3 години

protest-incidenti

Кај Скендербег е пукано со пиштол кој не е огнено оружје, нови детали за инцидентите

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.На 6 јули, кога толпата учесници на јавен собир се приближиле кон плоштадот „Скендербег“ во Скопје, осомничениот бил дел од група граѓани на плоштадот кои влегле во расправија и меѓусебно фрлање со предмети со учесниците на протестот. Во тој момент, осомничениот извадил пиштол за светлосно-звучна сигнализација марка „EKOL Arаs Magnum” и испукал еден куршум во воздух. Со вештачење е утврдено дека станува збор за пиштол во кој внатрешноста на цевката е изведена со препрека која оневозможува истрелување на проектил од огнострелна муниција, па пиштолот не претставува огнено оружје.Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот му определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, задолжително повремено јавување кај надлежен орган и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и против две лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Тие се осомничени за учество во толпата што изврши кривично дело насислтво пред зградата на Собранието за време на протестите на 5 јули, фрлајќи камења, бекатон плочки, железни предмети, корпи за отпадоци, сообраќајни знаци и други предмети кон полицискиот кордон, при што на еден полициски службеник му беше нанесена тешка телесна повреда, а беа повредени и уште 27 други полицајци. За време на настанот беше нанесена и материјална штета на зградата на Собранието, беше оштетена полициска опрема и едно полициско возило.За осомничените судијата на претходна постапка опртедели мерка куќен притвор во траење од 8 дена.​​

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-15-at-11.36.46

(ВИДЕО) Скопјанец однесен во суд каде се бара притвор, за напад на полицајци пред Собранието

На 14.07.2022 полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал и Оперативен тим потраги при СВР Скопје го приведоа Г.П. (43) од Скопје затоа што на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир фрлал со камења кон полициските службеници и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства.До надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од КЗ, по што лицето е изнесено пред судија на претходна постапка.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-16.24.39

Познат идентитетот на приведените за фрлање на предмети кон Собранието

Пет лица приведени поради фрлање тврди предмети кон Парламентот.Денеска (14.07.2022) до 16.30 часот приведени се пет лица кои денеска фрлале со тврди предмети кон објектот на Парламентот на Република Северна Македонија. Приведени се С.Н. (44) од Скопје, Д.К. (41) од Скопје, А.С. (30) од с. Бардовци, М.С. (26) од Скопје и Б.Ц. (29) од с. Долно Коњари.По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

dfasdfa

МВР со нови шест фотографии: Јавете ако ги препознаете насилниците

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од насилниците, како што се шесте лица од објавените фотографии, кои на 05.07.2022 насилнички се однесуваа за време на ненајавениот протест, фрлајќи тврди предмети кон полицискиот кордон и објектот на Собранието, при што беа повредени 47 полициски службеници, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.„Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.Министерството за внатрешни работи уште еднаш со апел до граѓаните да не дозволат да бидат вовлечени во насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста. Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција останува гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани“, вели МВР.

Македонија | пред 3 години

sobranie-2

Пратеник пријавил во полиција дека му се заканувале на телефон

Пратеникот од редовите на владејачката коалиција, Панчо Минов, во полицијата пријавил дека примил закани преку телефон пред денешната собраниска седница на која треба да се расправа за „францускиот предлог“.„На 13.07.2022 во 20.00 часот, во ОВР Кавадарци од страна на П.М. (64) од Кавадарци, е пријавено дека на неговиот мобилен телефон добил неколку пораки со заканувачка содржина. Од страна на ОВР Кавадарци се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.На социјалната мрежа Твитер се појави листа со телефонски броеви од сите пратеници кои се дел од македонските партии во владеачката коалиција, односно од политичките субјекти кои веќе го поддржаа францускиот предлог.„Телефонски броеви од пратениците на СДСМ, ДПТМ, ВМРО-Народна, ССМ, НСДП, ПП и еден „независен“. Порачајте им да не го предаваат народот!“ стои во објавата на Твитер.

Македонија | пред 3 години

otpad-2

Четири лица нападнале управител на отпад во Скопје

На 12.07.2022 околу 18.00 часот во СВР Скопје, У.О.(29) од Скопје пријавил дека околу 14.40 часот на неговото работно место во отпад во Скопје четири лица се обиделе физички да го нападнат, но откако не успеале, со остри и метални предмети ја оштетиле канцеларијата на управителот.Според пријавеното, после тоа лицата го пресретнале и со остар предмет го оштетиле неговото возило, а потоа ја оштетиле и влезната врата од неговата куќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

Девојки се испотепале во скопскиот Градски парк

На 12.07.2022 во 23.10 часот во СВР Скопје, К.П.(24) од Скопје пријавила дека во близина на Градскиот парк, поради претходно нетрпение, била физички нападната од К.С.(31) од Скопје (женско лице).По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-13-at-16.39.03

Се запали автобус полн со ученици кај Стража

Синоќа околу 19.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на патниот правец Стража-Кичево настанал пожар во автобус во движење, сопственост на туристичка агенција од Куманово, во кој се превезувале ученици и наставници.Пожарот е изгаснат од противпожарна единица, соопштија од СВР Охрид.За среќа во пожарот нема повредени лица.

Актуелно | пред 3 години

DSC_0052

„БМВ“ заврши во скопска провалија, возачот е во болница

На 11.07.2022 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај с.Сарај, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(49) од с.Крушопек, скопско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

soobrakajka-centar-skopje13

Гостиварец „собра“ паркирани возила, однесен со тешки повреди во болница

На 10.07.2022 во 03.55 часот во Гостивар, на бул.„Браќа Ѓиноски“, патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од с.Долно Лисиче, скопско, удрило во две паркирани патнички возила со гостиварски регистарски ознаки, и тоа „БМВ“, паркирано од О.Ч.(48) од Гостивар и „БМВ“ паркирано од М.Ќ.(64) од с.Галичник.По несреќата, А.С. е пренесена во Ургентен центар Гостивар, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

Македонија | пред 3 години

IMG_4243

Акција на полицијата: Пронајдена дрога, регистрирано точење на алкохол на малолетници

„На 09/10.07.2022 во периодот од 23.00 до 03.00 часот на подрачјето на Прилеп, во рамки на превентивната активност „Безбедно лето 2022“, беше извршена контрола низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на малолетници. За време на контролата кај А.Ч (26) и И.Д.(29), двајцата од Прилеп беше пронајдена марихуана. Тие беа лишени од слобода и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.Тие додаваат:Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција, Сообраќајна полиција, во содејство со Полициската станица од општа надлежност во Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп извршена е контрола во угостителски објекти во Прилеп, при што беа приведени 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај 5 било констатирано присуство на алкохол. Приведено е и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно чл.204 од Кривичниот законик. При контролата бил констатиран и прекршок за неносење на документ за идентификација.Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави, посебно кај младата популација.

Македонија | пред 3 години

kompjuter

Мажи од Тетово ќе одговараат поради коментари на Фејсбук

Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.„Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (09.07.2022) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, извршен е службен разговар со двајцата, при што Д.Р. го признал делото“, велат од МВР.По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања