Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

Soobrakjajka-Kacanicki-2

Млад скопјанец заврши во болница, тешка несреќа на Качанички пат

На 07.07.2022 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисни улици од ул.„Качанички пат“ и ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од В.О.(22) од Скопје и патничко возило „тојота“, управувано од А.Ч.(30) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.По несреќата, В.О. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-205635

Се бара притвор за млади скопјани, бидејќи фрлале кон полицијата со камења и молотов коктел

За две лица, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Првиот од нив, на возраст од 18 години, е осомничен дека на 5 јули, за време на протестите пред објектот на Собранието, учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што подготвил „молотов коктел“ во стаклено шише кое го наполнил со бензин, му ставил парче ткаенина и го запалил. Шишето го дал на друг учесник во толпата, кој го фрлил кон поставениот кордон од полициските службеници за обезбедување на јавниот ред и мир пред зградата на Собранието.Скопјанец нa возраст од 22 години, пак, за време на протестите пред Собранието на 6 јули, исто така учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што од својот ранец извадил камења и запалки, со кои во неколку наврати фрлал кон зградата на Собранието и кон кордонот од полициски службеници. Притоа бил повреден еден полициски службеник.Оценувајќи дека постои опасност тројцата осомничени да се дадат во бегство и можност да го повторат делото што им се става на товар, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлози за определување притвор.​

Скопје | пред 3 години

Mickoski-zakana

Обвинителството со своја верзија за инцидентот: Забележал како луѓе фрлаат камња, па пукал од пиштолот

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност по член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендер Бег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на група граѓани кои учествувале на јавен собир, тој забележал како дел од граѓаните фрлаат камења, по што се упатил кон нив и во два наврати испукал по два куршума во воздух.За две други лица, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Првиот од нив, на возраст од 18 години, е осомничен дека на 5 јули, за време на протестите пред објектот на Собранието, учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што подготвил „молотов коктел“ во стаклено шише кое го наполнил со бензин, му ставил парче ткаенина и го запалил. Шишето го дал на друг учесник во толпата, кој го фрлил кон поставениот кордон од полициските службеници за обезбедување на јавниот ред и мир пред зградата на Собранието.Скопјанец нa возраст од 22 години, пак, за време на протестите пред Собранието на 6 јули, исто така учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што од својот ранец извадил камења и запалки, со кои во неколку наврати фрлал кон зградата на Собранието и кон кордонот од полициски службеници. Притоа бил повреден еден полициски службеник.Оценувајќи дека постои опасност тројцата осомничени да се дадат во бегство и можност да го повторат делото што им се става на товар, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлози за определување притвор.​

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-16.24.46

Кривична пријава за учество во толпа што ќе изврши кривично дело против лицето што фрлаше со „молотови коктели“

Денеска (07.07.2022) Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Ј.С.(18), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик.Имено, на 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Ј.С. започнал да подготвува молотови коктели и да фрла со нив кон полициските службеници и објектот на Собранието на РСМ.По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, Ј.С. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него во координација со ОЈО Скопје и лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка.

Македонија | пред 3 години

protest-incidenti

Приведен демонстрант кој повреди полицаец за време на вчерашниот протест и против него поднесена кривична пријава

Денеска (07.07.2022) од страна на Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишен е од слобода Г.К.(22) од Скопје.„Имено, на 06.07.2022 околу 20.35 часот, за време на одржување на јавен собир на граѓани, организиран преку социјални мрежи, Г.К. започнал да фрла со тврди предмети кон полициските службеници кои вршеле службени дејства околу обезбедување на собирот, нанесувајќи му повреда на еден од нив.Во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик и лицето е изведено пред Судија на претходна постапка“, велат од МВР.

Македонија | пред 3 години

023

Апел од Спасовски

„Уште еднаш би сакал да упатам силен апел до граѓаните и политичките партии коишто сакаат да го искажат своето право на протест, истото да го сторат на начин преку кој ќе демонстрираат демократски капацитет, со должно почитување на законските одредби за јавни собири, како и почит кон должноста на полициските службеници во обезбедувањето на мирот и стабилноста“, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.Тој додава:Сакам да бидете уверени дека никој нема намера да спречи право на мирен протест, тоа е она што се очекува во една демократија. Нападите коишто имаат за цел да предизвикаат меѓуетнички препукувања и ескалации од друг тип, на никој начин не можат да придонесат во демократско општество, туку напротив, претставуваат сериозен удар за демократијата и со тоа нема ништо да се постигне. Тоа е, едноставно, спротивно на сѐ она за коешто се залагаме во градењето на нашата држава. Република Северна Македонија е земја на секој еден граѓанин, втемелена на нашиот концепт „Едно општество за сите”, од кој не отстапуваме, туку ќе продолжиме да го промовираме и афирмираме.Затоа, очекувам сите политички партии да бидат на ниво на својата одговорност и да повикаат на мирни протести. Заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а притоа да се спречат немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата.На крајот би сакал да потенцирам - да повредиш полицаец, значи да кренеш рака врз државата, врз синот и братот кои извршуваат службени дејствија со цел гарантирање на сигурноста и безбедноста на сите.Повикувам на свесност и одговорност во протестите - нека победи разумот!

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-00.05.35

(ВИДЕО) Снимен моментот на пукањето и бркањето на мажот кој впери пиштол кон толпата демонстранти

Пиштол насочен кон демонстратите и полиција која не реагира и покрај укажувањата дека лице со пиштол стои пред нив. Ова е само дел од снимениот инцидент кај Мавровка, кога група фрлаше со предмети кон демонстратите.„Пиштол има бе луѓе, што не реагирате бе луѓе“, се слуша на снимката. Неколку секунди подоцна, следува и пукање. Пиштолот е насочен кон воздух, а околу него, други лица фрлаат со стаклени флаши и други предмети кон групата демонстранти.Полицијата реагира по подолго време, откако претходно стои околу него и него апси. Тој успева да избега, а тие трчаат по него.Ова е само дел од објавената снимка од нередите кај Мавровка. Кратко подоцна, полицаец стои настрана и не ги спречува останатите демонстранти кои фрлаат кон толпата.„Еве овие се криви овде, не тие. Пиштол вади бе будало една“, викаат лица од толпата кој снима. ИНЦИДЕНТ КАЈ МАВРОВКА: Со камења гаѓано кон демонстраните, па бегањеPosted by skopje1.mk on Wednesday, July 6, 2022

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-06-at-00.51.17

(ВИДЕО) Полицаец со залет и клоца удри демонстрант кој се стркала на земја

Богдан Илиевски објави снимка на која се гледа како демнострант кој оди и застанува до полициски кордон кој прави обрач околу собранието, е удрен со клоца во залет од страна на полицаец. Снимката трае кратко и од истата може да се заклучи дека откако полицаецот го удира демонстрантот, почнува да бега.Демонстрантот пак, кој е удрен, паѓа на земја и се тркала. Околу него има и други учесници на протестот.<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Filievski%2Fvideos%2F443863830631414%2F&show_text=true&width=560&t=0" width="560" height="429" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>

Македонија | пред 3 години

IMG_4868

Куп уапсени во Дојран на „Д фестивал“

Во периодот од 20.30 часот на 03.07.2022 година до 02.30 часот на 04.07.2022 година, за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога.Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

290875644_435952028135539_3410499942260089155_n

(ФОТО) Тешка несреќа во Аеродром, автомобил се преврте на кров

Страшна сообраќајна несреќа се случи денеска во Аеродром. Автомобил се преврте на кров во близина на ТЦ Скопјанка.Очевидци велат дека се се случило за момент. На лицата кои се превезувале, помош им укажуваат слуачјни минивачи, а се чека и Брза помош.Засега нема информации како се случила несреќата и дали има тешко повредени. Автомобилот е со скопски регистрации.

Скопје | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Моторџија тешко повреден во сообраќајка

На 01.07.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„Кеј 8-ми Септември“ во Радовиш, И.П.(45) од Радовиш, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Здравствен дом Радовиш. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

Македонија | пред 3 години

brza-pomos-541

Несреќа во Струмица, едно лице со тешки повреди е во болница

На 01.07.2022 во 10.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо партнер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(23) од Струмица и мотоцикл „бмв“, управуван од П.Р.(26) од Струмица. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила П.Р., констатирани во Медицински центар Струмица.Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 3 години

272260158_472495384274313_4685744105093917179_n

Среде ноќ, две апсења на четири лица, на две локации во Скопје

На 02.07.2022 во 03.00 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Е.(38), А.М.(43) и С.Џ.(41), сите од Скопје, затоа што при преглед кај нив, кај Е.Е. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 02.07.2022 во 03.40 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-16.41.02

Приведени три лица за изнуда, меѓу нив и полициски службеник, поднесена кривична пријава

На 30.06.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал лишени од слобода се С.Д.(61), Н.К.(37) и М.Р.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „изнуда“ по чл.258 од Кривичниот законик.Имено, С.Д., поради претходен долг на оштетеното лице во износ од 63.500 евра во текот на 2004 година, до 2019 година со закани му наплатил околу 440.000 евра. Во периодот од 2019 до 30.06.2022 година, С.Д., заедно со Н.К., во име на М.Р., полициски службеник, со закани по живот, му изнудиле дополнителни парични средства во износ од 560.000 евра со рок на исплата до 30.06.2022 година. Притоа, со оглед на сумата, оштетениот се договорил со изнудувачите неделно да им предава од 5.000 до 10.000 евра, сѐ до конечната исплата на 560.000 евра.По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, а во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по примопредавање на пари во износ од 3.000 евра од страна на оштетеното лице, трите лица се лишени од слобода. Тие се задржани во полициска станица, а денеска (01.07.2022), против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка и изведени се пред надлежен Јавен обвинител.

Македонија | пред 3 години

tocak-velosiped-velosipedist

Прегазен велосипедист во Скопје

На 30.06.2022 во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Исмаил Ќемали“ во Скопје, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(63) од Скопје, удрило во велосипедист В.Ж.(20) од Скопје.По несреќата, В.Ж. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања