Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

273270117_346850633874501_5853847992867667829_n

Изменет режим на сообраќај од 20 до 23 април во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 3 години

policija-policaec-35

175 пијани возачи казнети изминатата вечер

Во текот на вчерашната вечер (16/17.04.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 175 возачи. Од нив 35 на територија на СВР Штип, 24 на територија на СВР Скопје, по 20 на територија на СВР Охрид и СВР Куманово...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

moto4

37 мотоциклисти се казнети во Скопје

Денеска (16.04.2022) во периодот од 10.00 до 18.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 37 возачи. Од нив, 19 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење.Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 3 години

granica-carina

Полицајци на Блаце оштетувале камери за да не се гледа како земаат рушвет

Под истражни мерки на внатрешна контрола се 30 полициски службеници од граничниот премин „Блаце“ поради сомнение дека намерно ги оштетиле камерите што ги носат на себе. Алсат од извори во полицијата дознава дека мотивот за кршење на камерите бил да не се снимат докази од ситуации кога полицајци ја злоупотребуваат службената положба. МВР повело повеќе истражни постапки за докажување на одговорноста за намерно уништување на камерите, но засега нема кривични пријави.„Внатрешната контрола работи на овој случај. Утврдено е дека е скршена една камера и 12 кабли за напојување на камерите. На 30 лица им е изречена дисциплинска мерка, а во тек е постапка за материјалната штета. Се преземаат и други мерки за санкционирање“, изјави Министерство за внатрешни работи.Истрагата за уништување на камерите доаѓа паралелно со истрагата за скандалот со земањето поткуп на овој граничен премин каде пред два дена беа пријавени двајца полицајци, дело што беше објавено преку видео-снимка објавена од емисијата „ Стоп“ во Албанија.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-13-090400

По примањето поткуп на Блаце: Кривични пријави и суспензија за двајца полициски службеници

Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Р. Косово и Р. Албанија го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р. ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РСМ, а ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.Полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството“, вели МВР.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Рекордери: Кривична пријава против пет лица поради сомнение за сторени 28 кривични дела

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(50) од Битола, С.Д.(30), С.Д.(28), Ф.А.(37) и О.А.(36), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 28 кривични дела, од кои 12 кривични дела „тешка кражба“, по две „уништување или оштетување јавни инсталации“ и помагање при „прикривање“ и по едно кривично дело „кражба“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“.По претходен меѓусебен договор меѓу пријавените, во периодот од 10.06.2021 до 09.07.2021 на повеќе различни локации, првопријавениот со употреба на физичка сила ја отварал шахтата (кабловско окно), сопственост на телекомуникациска компанија, а потоа со бонсек ги сечеле бакарните кабли, ги одземале и ги товарале во возило, со што причиниле материјална штета од 2.149.919 денари.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-11-at-15.45.34

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Објавена снимката, од убиството на ракоментарот Тот

Хрватскиот ракометар Денис Тот почина на 27-годишна возраст откако беше нападнат од две лица во близина на дискотеката „Привилиџ“.Снимките од „Сејф Сити“ на кој се гледа нападот врз Тот пред малку беа објавени на Јутуб. На снимката се гледа дека момче и девојка го нападнале ракометарот, откако нешто им кажал додека биле во такси возило.https://twitter.com/Realniot21/status/1513506181603639300?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1513506181603639300%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2Fvoznemiruvachko-video-snimka-od-ubistvoto-na-rakometarot-denis-tot-eve-shto-se-sluchilo-kobnata-nokj%2FНа снимките се гледало како дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот и им се обратил, но на снимките не може да се чуе што им кажал. Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото.[caption id="attachment_176955" align="alignnone" width="1125"] Принтскрин од видеото[/caption]Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.ВИДЕОТО ТУКАВидеото е избришано, по кратко време откако беше прикачено на каналот „Hide1“.Снимката одново ја објави Милош Милошевски од „Инфомакс“.

Македонија | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

СДСМ за убиството на ракометарот: Дали човекот по кој трага МВР е поддржувач и активист на ВМРО ДПМНЕ?

„МВР постапува професионално и го расчистува случајот со убиството, за што јавноста е навремено информирана. А ВМРО ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата. По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ?“, прашува СДСМ.

Македонија | пред 3 години

277796633_533861314774229_8790265580334818550_n

ФОТО: Сообраќајка на пешачки премин во Ѓорче Петров

Сообраќајка се случи пладнево во скопската општина Ѓорче Петров. Две коловзни ленти веќе подолго време стојат затворени. Од информациите кои се познати, еден од учесниците е моторциклист, чиј мотор, стои на пешачкиот премин.Местото каде се случи сообраќајката е кај зелениот пазар во општината.Детални информации нема, а се очекува полицијата да каже што е пријавено кај нив.

Скопје | пред 3 години

motor

Сообраќајна несреќа со автомобил и мотор во Скопје

На 08.04.2022 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Паровиќ“ и ул.„Георги Попристов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Л.(30) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(25) од Скопје.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а малолетен сопатник на мотоциклот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

cigari-4

Во возило пронајдени 19 штеки цигари без бандероли

Денеска(09.04.2022) во 03.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.М.(35) од Стар Дојран. При претрес во возило „форд фиеста“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 19 штеки цигари без бандероли. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 278 од Кривичниот законик и член 77 од Законот за акцизи.

Македонија | пред 3 години

06

Внимавајте, полицијата е на секој чекор: 287 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (08.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 287 возачи.„Од нив 21 возило се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 145 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, вели МВР.

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

258 сообраќајни прекршоци во Скопје, 109 казни изречени на пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 109 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.Изречени се шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 42 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, вели МВР.

Скопје | пред 3 години

ssssss

Возачот кој ја усмрти Викторија кај „Сити мол“ прозборе пред судот, адвокатот го опиша неговиот живот

Возачот Јордан Ѓоргиев кој ја стори несреќата кај „Сити мол“ изрази каење и призна вина. Пресудата за него ќе се чуе во понеделник.„Сакам да изразам сочувство на покојната. Од тој ден немам ни еден миг раат, многу сум вознемирен. Камо да можам да сменам нешто за тој ден. Доколку би можел, би го сменил местото“, кажа возачот Јордан Ѓоргиев.Обвинителството очекува казна која ќе превенира идни вакви несреќи.„ Со оваа кривична санкција искрено се надевам дека ќе биде задоволена правдата пред се во делот на генералната превенција во овој вид на криминалитет, бидејќи во последно време сме сведоци на жал се позачестени вакви незгоди, каде како последица го имаме губењето на човечки животи. Очекувањето на обвинителството е да се определи санкција со која ќе се остварат целите на казнувањето. Предлагам да му се определи кривична казна забрана за управување со моторно возило“, кажа обвинителот Мишо Илиевски.Адвокатот на семејството Николови, кажа дека тие не добиле извинување од адвокатот, семејството и оштетениот и 76 дена по несреќата.„Сакаме да потенцираме дека денеска е 76 ден од смртта на Викторија и во однос на признавањето на вина, сметаме дека истото е институционално. Затоа што во текот на овој период ниту семејството на обвинетиот, а и самиот тој, во ниту една форма, се нема извинето, изразено сочувство или искрено да се покае. Сакаме судот ова да го има во предвид и да донесе казна како што треба за да покажеме владение на правото сразмерна на делото кое е сторено“, кажа адвокатот Владимир Михајловиќ, кој го застапува семејството на загинатата Викторија Николова.Адвокатот Душко Јанковиќ, кој го застапува обвинетиот Јордан Ѓоргиев го опиша неговиот живот. Кажа што проживува, го спомена и каењето. Јанковиќ пред судијката кажа дека возачот е веќе казнет, бидејќи има трајно психичко пореметување. Според адвокатот, возачот Јордан кажал: „Каењето и самообвинувањето на Јордан се гледа и од тоа што во неколку наврати изјавил дека кога би можел да биде на местото на починатата Викторија, би се сменил со неа“.„Чинот на признанието на Јордан мислам дека е единствен начин за таа трагедија се ублажи и за двете страни, но и да денеска ја утврдиме правата вистина за целиот настан. Кога велам да се утврди правата вистина, не мислам на утврдување на фактичка состојба, но мислам, на сите невистини, лаги, инсинуации, злонамерни пишувања, колнења, клевети и закани со убиство искажани кон обвнетиот Јордан, неговото семејство, па и лично кон мене како негов бранител, а искажани преку социјалните мрежи од првиот момент на случената трагедија од страна на квази добротвори, квази правници, кои цело време изведуваа квази судии седејќи позади тастатурата пред компјутер, а вклучен ‘Фејсбук’ и неограничено ги лечеа своите комплекси, а притоа, не сфаќајќи дека се всушност морални накази и чудовишта кои немаа почитување спрема никого и со цел да ова и така не мала несреќа, уште повеќе ја зголемат, а што е најважно, немаа почит и спрема семејството на оштетените. Ова го кажувам со причина. Затоа што, обвинетиот успееја тогаш да го прикажат како дете кое е збеснато, чиј татко бил функционер, бизнисмен, близок со власта, а возел со скап џип, па дека бил пијан, поминал на црвено. Сето тоа влијаеше врз целата оваа постапка, почнувајќи по првиот ден и во некои решенија на овој суд каде што дури беше напишано и наведено дека во одлуката меѓудругото се носи и заради притисокот на јавноста. Ова не е прва сообраќајка ниту последна. Имало и многу потешки кривични дела, но никогаш немало таков публицитет што дури и влијаеше и на судски одлуки. Искрено се надевам дека овој суд нема да подлегне на никакви притисоци и дека ќе донесе објективна одлука. Како и да е, обвинетиот Јордан Ѓоргиев е најобично младо дете од нашето секојдневие. Ниту е син на директор, ниту имал скап џип, ниту бил под дејство на алкохол и дроги, што е факт и видно од самиот обвинителен акт. Живее во семејна заедница, со неговата мајка и помлада сестра и повремено, со неговата вереница. Родителите на Јордан се разведени уште во 2007 година и од тогаш се самохрано семејство. Неговиот татко, како за пример, живее веќе 17 години во Гевгелија и е невработен. Кога го опишуваме карактерот или психолошкиот профил на животот на младиот Јордан, неговата клучна улога во семејството е домаќинската улога и преземањето на улогата на неговиот татко. Јордан е ко-кредитобарател на неговата мајка која е кредитобарател, за кредит, за стан каде што денеска живеат, со рок на исплата од 30 години. Јордан на свое име и со двајца жиранти има подигнато уште еден кредит. Тоа покажува дека покрај тоа што студира, тој работи, зема плата од 45 илјади денари и заедно со неговата мајка го водат семејството“, кажа адвокатот.

Македонија | пред 3 години

policija-kazni

202 казнети возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола,16 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила, 73 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, напиша МВР.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања