Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

policija-policaec-35

Поради загрозување на животната средина, малолетник доби кривична

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", казниво по член 230 став .3 од Кривичниот законик.Во текот на 2022 година на импровизиран пункт – отпад, кој што се состоел од две комби возила без регистарски ознаки и без означена фирма и дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за вршење на дејност, вршел откуп на секундарни суровини- отпад, старо железо, метални предмети на тротоар на ул.,,Максут Садик" односно на ул.„376".

Скопје | пред 3 години

DSC_0420

Во Скопје и натаму се вози лудо, бројот на казни не е занемарувачки

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 7 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 54 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

DSC_0052

168 санкционирани возачи во Скопје, 25 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се четири мерки за користење на мобилен телефон, 36 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 38 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ вели МВР.

Скопје | пред 3 години

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

Утре посебен режим на сообраќај на ул.„50 дивизија“ во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04.05.2022 година (среда), во периодот од 07.00 до 13.00 часот, поради снимање на видео спот, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на ул.„50 дивизија“ во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-02-at-18.22.36

Километарска колона: Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево, едно возило излетано

Сообраќајка го блокираше патот од Охрид односно Дебрца до Кичево. Километарска колона веќе еден час стои во место, односно споро се движи. Бројни викендаши не можат да стигнат до Скопје и попатните градови.Сообраќајката се случила на местото викано Пресека.Според првичните информации, сударот е меѓу две возила. Нема информации од МВР за тоа дали има повредени.Инаку, за време на продолжениот викенд, Охрид беше полн.

Охрид | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Први мај донесе и казни за куп возачи

Во текот на вчерашниот ден (01.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 189 возачи. Од нив 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дурио над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

05701AEE-EF6B-4C21-905F-2D876174AECA

ФОТО: Несфатлива сообраќајка во скопски трговски

Два автомобили со скопски регистерски таблички денеска се судрија на паркингот во трговскиот и забавен центар East Gate Mall во Скопје.Според фотографијата споделена на социјалната мрежа Твитер, автомобили марка „Волксваген Поло“ и „Хјундаи Елантра“ се видно оштетени, а повеќе детали како дошло до судирот при попупразен мол засега не се познати.Засега нема информации дали при инцидентот има можеби и повредени лица или пак станува збор само за материјална штета на автомобилите.

Скопје | пред 3 години

droga-UO

Скопје: Уапсени 14 лица, највозарсниот има 29 години, сите поради дрога

Ноќта на 30.04./01.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се 14 лица, поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Притоа, кај А.Г.(21), С.Н.(24), С.Д.П.(25), А.З.(24), Х.Ј.(18), М.К.(23), А.Н.(28) била пронајдена марихуана, додека кај С.С.(18), С.В.(33), И.Т.(25), М.К.(29), Л.Н.(19) и К.М.(29) била пронајдена бела прашкаста материја, а кај Т.Б.(22) грутчеста материја, инаку сите од Скопје. Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

5-2

Полицијата „играла“ брканица близу преминот „Богородица“, возачот што бегал бил од Скопје

На 29.04.2022 во 20.30 часот на излез од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „сеат толедо“, со скопски регистарски ознаки, но тоа не застанало.Набрзо возилото било пронајдено во близина на наплатна рампа Смоквица и во него откриени биле 7 лица мигранти од Сирија. Истовремено, на излезот од Гевгелија било сопрено и патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 6 лица мигранти од Сирија. Возачот А.Н.(27) од с.Горно Количани, скопско, се обидел да избега, но бил фатен, лишен од слобода и приведен во полициска станица. На 30.04.2022 околу 02.00 часот бил фатен и лишен од слобода и возачот од „сеат толедо“ - О.И.(21) од с.Црвена Вода, општина Студеничани. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок. Лицата мигранти биле предадени во Транзитниот центaр „Виноjуг“ Гевгелија.

Македонија | пред 3 години

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

15 казни за возење без возачка дозвола во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 69 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за недавање првенство на минување на пешаци...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

04

413 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (22.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 413 возачи. Од нив 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 202 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Украден автомобил во Ѓорче Петров, уапсен разбојникот

На 20.04.2022 во 13.30 часот од страна на полициски службеници од ЕВР ОКР Ѓорче Петров од слобода бил лишен Н.А.(31) од Скопје, а на 21.04.2022 против него е поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторени три кривични дела за „одземање на моторно возило“ по чл. 242 и едно кривично дело „кражба“ по чл. 235 од Кривичниот законик.Имено, на 02.11.2020 во 18.10 часот, во скопски Сарај, Н.А. од Скопје, искористил погоден момент и бесправно одзел патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.З.(52) од Скопје. Подоцна, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Сарај, одземеното возило било пронајдено на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано дека од него се одземени уште неколку предмети.Исто така, на 15.12.2021 во 16.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. искористил невнимание на Б.Т.(57) од Гостивар и одзел патничко возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а во сопственост на јавно претпријатие. Одземеното возило малку подоцна било пронајдено од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на локалниот пат с.Шишево - с.Грчец. Притоа било констатирано дека од возилото Н.А. одзел повеќе лични предмети.На 25.01.2022 во 18.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. на ист начин одзел патничко возило на „фолксваген пасат“, сопственост на М.Т.(45) од Скопје, од кое исто така одзел повеќе лични предмети. Возилото било пронајдено од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во место викано „Ниви“, атар во с.Грчец.Н.А. бил приведен во просториите на Полициска станица Ѓорче Петров, со него е извршен службен разговор, по што е изведен пред Судија на претходна постапка, од кого му е изречена мерка притвор.

Скопје | пред 3 години

policaec-policija-skopje

Апсења за дрога, кражби, нелегално оружје - акциите на МВР во изминатиот ден

Денеска (22.04.2022) во 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово. По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени марихуана и дробилка. Д.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 21.04.2022 во 21.50 часот во тетовско Долно Палчиште полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Џ.Р.(47) од тетовско Синичане. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба на плац за градежни работи, сопственост на А.А. од истото село. Џ.Р. е приведен во полициска станица, а кај него се пронајдени предметите од извршеното кривично дело, кои што подоцна со потврда му се вратени на сопственикот. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 21.04.2022 во 18.10 часот во казино на подрачјето на Драчево од полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија е лишено од слобода едно лице од с.Палиград, скопско, затоа што при претрес во казиното, извршен со судска наредба од Основен кривичен суд, во просторија од казиното била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 21.04.2022 во 15.00 часот во Полициска станица Карпош, Б.Ј.(82) од Скопје пријавил дека на ул.„Бледски договор“ бил каснат од куче скитник.На 21.04.2022 во 14.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Д.М.(34) од тетовска Вратница. За него постои основано сомнение дека е извршител на повеќе тешки кражби на подрачјето на Теарце. Д.М. е приведен и задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.На 21.04.2022 во ОВР Кичево приведен е Б.Р.(63) од кичевското село Подвис. При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа ловна пушка „Оразара“ калибар 16 мм и десет ловни патрони, што нелегално ги поседувал. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 21.04.2022 во 14.10 часот во Полициска станица Бит Пазар, А.А.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Серава“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.На 21.04.2022 година од 15.00 до 19.00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 15 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (08 - надвор од населено место, 07 - во населено место).На 21.04.2022 во 19.00 часот во Полициска станица Карпош, Д.П.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Багдадска“ бил каснат од куче скитник.

Македонија | пред 3 години

DSC_0289

Дете било натепано во населба „Даме Груев“-Геге

Полицијата објави дека вчеравечер имало пријава за натепано дете.„На 20.04.2022 во 21.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.М.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

sl-1

Директорот на Градски паркинг се пожали од МВР: Се’ уште имаме опструкции

На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од точките на дневен ред беше и Предлог одлука за давање согласност за усвојување на годишната сметка на ЈП Градски Паркинг – Скопје за 2021 година. Во делот на раправата во своето обраќање советникот Галевски, потенцирајќи ги аферите на претходното раководство на претпријатието, како што се злоупотреба со платежни картички, превработување на партиска основа и слично, укажа на тоа дека видно се намалени приходите од Сектор Пајак, при што побара одговор од актуелниот директор Бојан Христовски за ова. Галевски додаде дека причината за ова е политичка опструкција од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР).Директорот Христовски од говорницата потенцираше дека, во изминатиов период неколку пати реагира за овој проблем, а освен тоа се одржуваат комуникации и средби со МВР за надминување на истиот – сепак тој уште не е решен и опструкциите и понатаму траат.„Морам да истакнам дека правиме обиди и напори за подобрување или воопшто воспоставување на соработка со МВР, со цел на дневно ниво да се отстрануваат непрописно паркираните возила од коловозите, коишто ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот во Скопје. Сега за сега немаме никакви реакции, се’ уште се подигнуваат многу мал број на возила од тротоарите, пешачките зони, места кадешто може да поминуваат лица со посебни потребни и слично“, одговори Христовски.Освен ова, тој истакна дека постојано се контактираат министерот Оливер Спасовски како и другите одговорни функционери за овој проблем, меѓутоа нема никаков фидбек, па поради ова логично е тоа што го рече советникот дека е политичка опструкција.„Еднаш или два пати неделно писмено се обраќаме до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, до директорот за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на СВР Скопје, Тони Јакимовски, на коишто постојано им укажуваме на реакциите кои секојдневно пристигнуваат до нашето претпријатие од трети лица, граѓани или правни субјекти коишто се жалат на непостапувањето од страна на МВР, односно пријавуваат на бројот 192 кадешто ги известуваат за непрописно паркираните возила, чиешто постапување за отстранување е во ингеренции на МВР, но од страна на министерството нема реакција. Ние ќе продолжиме со нашите барања, како и јавно и институционално да ги повикуваме да си ја вршат својата работа“, нагласи Христовски.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања