Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

МВР

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Пијани, со телефон во рака, поминувајќи на црвено светло - како се вози во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал - црвено светло, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, две мерки за управување под дејство на алкохол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 2 години

IMG_4867

Полицаец натепан на работното место во Струга

На 15.02.2024 во 13.35 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.Ш.(66) од Струга затоа што претходно во Одделението за управни работи во Струга физички нападнал вработен во Одделението за управни работи.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Уапсен стружанец кој дивеел во хируршкото одделение на болницата во Струга

На 16.02.2024 во 04.45 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Б.С.(37) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на Хируршкото одделение во болницата во Струга агресивно се однесувал и попречувал вработен при извршување службени дејствија.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Во Скопје казнети се 155 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за поминување на затворен сигнал - црвено светло, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, 17 мерки за управување под дејство на алкохол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

ambulanta

Млада девојка и маж загинаа во трагичната несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

На 14.02.2024 во 12.26 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(54) од Кочани, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, управувано од Л.С.(58) од Виница.Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатничката од возилото „сеат“ Н.П.(24) од Скопје и Г.А.(52) од Кочани, сопатник од возилото „фолксваген голф“. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.Со тешки телесни повреди се здобиле Д.Д., Л.С., сопатникот од возилото „фолксваген голф“ Б.А.(51) од Кочани и две сопатнички од возилото „цитроен“ М.С.(63) и Ц.С.(84), двете од Виница, а со телесни повреди се здобиле М.А. и уште една сопатничка од возилото „цитроен“ М.С.(50) од Виница, констатирани во Клиничката болница Штип, Општата болница Кочани и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 2 години

gasdgas

(Видео) Лепенките „НМК“ и денеска прават гужви по техничките прегледи

И денеска во дел од станиците за технички прегледи редици и чекање за лепенки со „НМК“. Граѓаните во трка со времето, особено оние кои неделава треба да патуваат надвор од Македонија веќе оваа недела.Прво се пополнува кратко барање, во кое се содржат податоците за автомобилот и барателот. Барањето се дава на лице од шалтерот.Потоа, лице од техничката станица, ги лепи лепенките на таблиците. Со тоа завршува целата процедура.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_11-02-2024_10-15-22-0360PM

(Фото) Сообраќајка кај Соборна: три автомобили се судрија, има повредени, распрскани делови по булеварот

Три возила се судрија на раскрсницата кај Соборен храм во центарот на Скопје. Во несреќата има повредени лица, но карактерот на повредите засега не е познат. На терен имало и Брза помош.Според првичните информации, се судриле три автомобили. Делови од автомобилите се распрскани на булеварот. Едниот од нив е со целосно искршен преден дел, додека на друг е активирано и воздушното перниче поради силината на ударот.Полицијата е на терен и ќе се прави увид.Повеќе фотографии:

Скопје | пред 2 години

pance26012024

“Невидена грозотија е тоа што ќе се случи од утре”, регира Тошковски оти од утре не смее да се вози со возачки без “северна”

Од утре сите граѓани кои имаат возачки дозволи без “северна”, ќе можат да бидат казнети оти тие нема да им се валидни. МВР извести дека законите утврдуваат дека во случај на сообраќајка, осигурителните компании ќе се повикаат на тоа дека документите се неважечки и да не исплатат оштета.“Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета”, вели МВР.Министерот Панче Тошковски посочи дека предлог-законите за да не страдаат граѓаните се готови и ќе ги поднесе. Се пожали дека бил опструиран од колеги, други министри од Владата.“Невидена грозотија е ова што ќе се случи од утре па натаму”, вели Тошковски за Канал5.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-21-1720PM

Скопјанец удри во билборд на “Теодосиј Гологанов”, со сопстничаката однесени во болница

Денеска (11.02.2024) во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Грaдската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-39-8670PM

Дете прегазено од “пежо” во Карпош 3

Денеска (11.02.2024) во 00.08 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје на Булевар „8-ми Септември“, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

NAJNOVA-VEST-SKOPJE-1

Несреќа на Партизанска, се судрија автомобил и автобус во Карпош 4

Сообраќајна несреќа се случи во Карпош 4, во близина на мостот „Обединети нации“ и ТЦ „Антико“. Се судрија автомобил и автобус. Според првичните информации, нема повредени лица. Неофицијално, станува збор за полесна несреќа, кога автомобилот се приклучувал на булеварот „Партизански одреди“ и бочно удрил во автобусот.Видливо е дека има материјална штета кај двете возила, на булеварот се распрскани делови од автомобилот, заедно со целиот преден браник.Полицијата прави увид.

Скопје | пред 2 години

DSC_0052

Полицијата во Скопје уапси девет лица, меѓу нив двајца малолетници

Денеска (09.02.2024) во 00.35 часот на подрачјето на Чаир во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Н.(25) од Неготино поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.02.2024 во 22.15 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(20) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.02.2024 во 19.10 часот во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.02.2024 во 11.45 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ј.(25) и А.Д.(25) двајцата од Скопје поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.02.2024 во 16.30 часот во с.Петровец-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Е.(22) и Г.К.(25) двајцата од скопско поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.02.2024 во 17.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Д.П.(35) од скопско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.02.2024 во 16.50 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода малолетник од скопско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-04-0670PM

Малолетничка прегазена во Гостивар, возачот е 18-годишно момче кое е уапсено

Вчера (8 февруари) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „101“ во Гостивар патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Н.З. од гостиварски Балиндол удрило во малолетничка од Гостивар.Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, а нешто подоцна Н.З. е лишен од слобода.На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Македонија | пред 2 години

nesrekja-velosipedist

Прегазен велосипедист, поради тешки повреди со Брза помош однесен во болница

На 08.02.2024 во 12.00 часот било пријавено дека во с.Марино-скопско патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.П.(24) од Скопје удрило во велосипед управуван од В.К.(70) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

IMG_8164

Пак Курти во Скопје - МВР најавува дека ќе се затвораат улици

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска и утре (09.и 10.02.2024) поради најавената официјална посета на делегација предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања