Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

МВР

DSC_0316

(Фото) Сообраќајка, боксови, Брза помош - несреќа во Карпош 4 доведе до тепачка

Сообраќајна несреќа со прегазен малолетен пешак прераснала во физичка пресметка во Карпош 4,  на стотина метри оддалечено од трговскиот „Сити мол“, а во близина на „Антико“. Недоразбирањето по несреќата прераснало во кавга, а потоа и тепачка со боксови.Според неофицијални информации, пешакот е вон животна опасност и во добра состојба. Случајот е пријавен и во полиција, чии службеници интервенирале. Интервенирале екипи на Брзата помош, кои укажувале помош - но непознато е дали за пешакот или тепачите.На случајот се работи. Полицајци земаат изјави од учесниците како во сообраќајката така и во тепачката.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Наместо подобра услуга, полицајците добиваат и поскапа храна, но и храна во конзерви, вели ВМРО-ДПМНЕ

МВР ќе плаќа 1/3 поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски, вели ВМРО-ДПМНЕ„3.3 милиони евра потрошила МВР лани за набавка на храна, а до 4.5 милиони евра може годинава да бидат потрошени според Рамковната спогодба помеѓу МВР на Спасовски и Индустри сервис.Наместо подобра услуга, полицајците добиваат и поскапа храна, но и храна во конзерви. Наместо вистински гулаш или грав на полицајците, Индустри сервис ќе им сервира гулаш и грав од конзерви.Индустри сервис не е производител на храната која ја понудил, туку прерподавач. Оштетени се полицајците и сите вработени кои јадат во кујните во Центарот за обука во Идризово и Полицискиот центар во Ѓорче Петров.Во самата постапка за јавна набавка се добива впечаток на фаворизирање на Индустри сервис. Понудена е храна која ја нема пазарот, избраната понуда има ј неправилно пополнета техничка спецификација.Се отвора сомнеж дека МВР на Спасовски ја фаворизирало Индустри сервис, а на целиот процес уште поголема дамка фрла фактот што Оливер Спасовски бил на поставувањето камен темелник на фабриката на истата компанија.Дали блискоста на Спасовски си сопственикот на Индустри сервис е причината поради која МВР ќе плаќа 1/3 повеќе за храна од лани? Институциите да не чекаат и да реагираат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Culev-23.1

МВР тендерира една третина поскапа храна од лани, а на полицајците им се сервирааат сува храна и конзерви, вели Чулев

Денес продолжуваме со објавување на детали за двата договори од речиси 13 милиони евра, кои компанијата Индустри сервис ги потпишала со МВР на Спасовски. Договори преку кои од буџетот на Министерството за внатрешни работи се одлеваат милионски суми на евра, а полициски службеници и вработените во МВР ќе добиваат храна која е далеку од стандардите и нивните потреби, вели Наке Чулев од ВМРО-ДПМНЕ„Во период кога се кратат дневниците и прекувремените работни часови на полицајците и МВР штеди буквално на се, Оливер Спасовски распишува два тендери за достава на храна, за два различни објекти на МВР. И двата ги добива Индустри сервис која е отворена за да приготвува оброци, а полицајците во голем дел ќе добиваат конзерви и сува храна, наместо подобра услуга.Со двата тендери од речиси 13 милиони евра, кои се за период од 36 месеци, годишно Индустри сервис во просек може да наплати по речиси 4.5 милиони евра. Тоа е за речиси една третина повеќе од колку што се трошело до сега. Имено лани за цела година, МВР за набавки на храна потрошила само 3.3 милиони евра.Дополнително на Индустри сервис според договорот и се признаваат транспортни трошоци, кои се 15% од литар гориво за секој изминат километар, меѓутоа тука не запираат нелогичностите. Имено, кога ќе се погледне спецификацијата, се воочува дека и двата договори на МВР на Спасовски со Индустри сервис сопственост на Драган Смилковски, близок пријател на Спасовски се полни со конзерви и сува храна. Дури и гулашот и гравот во спецификацијата доставена до МВР од страна на фирмата Индустри сервис се во конзерви.Најголемиот дел од храната е сува, и истата ја произведуваат други производители, и не е готвена храна која би ја приготвила Индустри сервис.Воопштено сето ова значи дека Индустри сервис, само ставиле своја маржа на конзервите и сувата храна, а МВР добива поскапа храна, отколку кога сами би набавувале во одвоени постапки тие конзерви и сува храна.Се поставува прашањето, зошто е распишан оглас за достава на храна, а не поединечни огласи? Ако Индустри сервис имал сметка да купува и препродаде храна која друг ја произвел, тогаш зошто МВР не го сторило тоа?Второ прашање е зошто МВР не ги стави во функција кујните во Центарот за обука во Идризово и Полицискиот центар во Ѓорче Петров, кои имаат најмодерни апарати и се по ХАСАП стандард, туку влегува во милионски договори со фирма блиска до СДС?Која е потребата да се трошат милиони евра за ангажирање на компанија за достава на храна кога полициските службеници и понатаму ќе добиваат во голем дел само замрзната храна и храна во конзерви?Двата тендери кои ги добила Индустри сервис од МВР во вредност од фантастични 13 милиони евра се повредни од фабриката која истите ја имаат. Бонбона бизнис спакуван под параванот на „поквалитетна храна“ која полицајците за жал нема да добијат.Спасовски неопходно е да даде одговор зошто се одлучил на два огромни тендери, кои ги добива фирма на чие отворање самиот бил, а која добива финансиски грант од Владата во износ од 1,6 милиони евра? Еве и доказ дека Оливер Спасовски бил на отворање на фабриката во Гази Баба заедно со целокупното раководство на тогашната влада и СДС.Дали маржата при препродажба морала да заврши кај Индустри сервис?Спасовски и СДС да не бегаат одговори и да дадат јасни образложенија на наводите изнесени од наша страна“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

272001087_4637732702992325_9176916121983801368_n

ВИДЕО: Со комби удрена жена која присуствувала на погребот на 11-годишната Магдалена од Велес

Нова сообраќајка се случи денеска во Велес, по трагичниот настан во саботата кога 11 годишно девојче беше прегазено и почина од повредите.Како што пренесува ТВ24, жена која присуствувала на денешниот погреб на малата Магдалена, била удрена од возач на комби, кој исто така побегнал. Сепак, полицијата успеала брзо да го фати.

Македонија | пред 3 години

IMG_4251

Ноќеска 13 уапсени на 11 локации - најголем дел во Скопје

На 17.12.2022 во 01.45 часот на бул.„8 Септември“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(25) од с.Крушопек, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17.12.2022 во 02.20 часот на крстосница од ул.„Јоска Јорданоски“ со кеј „19 Септември“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Н.Б.(33) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17.12.2022 во 00.35 часот на ул.„Јане Сандански“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Н.П.(26) од Неготино затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 16.12.2022 во 21.45 часот на ул.„Јанко Мишиќ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(22) од с.Марино, општина Илинден, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 16.12.2022 во 23.40 часот на кеј „13 Ноември“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 16.12.2022 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(19) од с.Лојане, липковско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 16.12.2022 во 22.55 часот на ул.„Атинска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 16.12.2022 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(27) од Берово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 16.12.2022 во 17.50 часот на автопатот Скопје – Велес, кај наплатна станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.Д.(25), Р.У.(24) и Џ.А.(24), сите од Велес. Тие, додека се приближувале кон наплатната станица, од возилото „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, во кое се превезувале, исфрлиле три пакувања со бела прашкаста материја, која подоцна била пронајдена и одземена.По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 16.12.2022 во 23.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 16.12.2022 во 21.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Македонска Каменица го лишиле од слобода М.И.(28) од с.Саса, општина Македонска Каменица, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

MVR-1

Осуден за убиство се шетал слободно низ Скопје, заедно со осуден за тешка кражба

На 16.12.2022 во 14.30 часот на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром, со судска наредба, го лишиле од слобода Д.К.(37) од Прилеп. Тој бил осуден на 13 години казна затвор за сторени кривични дела по член 123 став 1 и член 396 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување шест години и еден месец од казната. При лишувањето лицето се идентификувало со лична карта на друго лице од Прилеп.Во исто време, на ул.„Петар Ацев“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода и Д.К.(37) од Прилеп. Притоа, кај двајцата биле пронајдени и одземени повеќе парчиња накит и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ и предмети со кои ги извршувале делата. Приведениот Д.К. на ул.„Венјамин Мачуковски“ бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната. По целосно документирање и расчистување на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 3 години

drama

Семејна драма се одвивала вчера во Скопје

На 12.12.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Ш.(40) од Скопје пријавила дека на 10.12.2022 во семејната куќа на ул.„Славеј Планина“, Ш.Ш., сопругот на нејзината сестра, агресивно се однесувал кон неа и со огнено оружје ѝ се заканил нејзе и на нејзината малолетна внука.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

grabez-41

Нов грабеж во Карпош

На 10.12.2022 во 21.49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Карпош едно лице со закана од вработената одзело пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

259068971_677029716656830_534188797958348610_n

Хаос се случил откако пешак бил прегазен на Партизанска

На 09.12.2022 во 17.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „8 ми Септември“ е донесена повредена Р.В.(72) од Скопје која по извршениот разговор појаснила дека во 14.30 часот како пешак на паркинг на бул. „Партизански одреди“ била удрена од патничко моторно возило, по што лицето што го управувало возилото ја пренело до нејзиниот дом и си заминало, по што околу 17 часот Р.В. почувствувала болки и отишла на лекарски преглед, каде од лекар и се констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Актуелно | пред 3 години

pesak

Прегазен пешак во Прилеп

На 07.12.2022 во 12.27 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата на ул.„Кузман Јосифоски“ со бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(54) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од с. Мало Коњаре.Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 3 години

43074562_2165386260457477_7180103631398502400_o

Малолетник и тинејџери се уапсени во Скопје, најголем дел во Карпош

На 07.12.2022 во 23.22 часот на паркинг кај спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(20) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.12.2022 во 21.45 часот во близина на спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Р.(24) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.12.2022 во 14.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(20) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.12.2022 во 14.20 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

skolo-ismail-kjemali

Евакуирани девет средни училишта и Народна банка, добиле закани за бомби

Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

uciliste-skolo-3

Нема бомби во кавадаречките училишта

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци дека на електронските адреси на училиштата била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Македонија | пред 3 години

rabotnik-gradezen-

Вработен во градежна фирма пронајден мртов во објект кој се градел во Скопје

На 03.12.2022 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект во изградба на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил пронајден починат В.Љ.(40) од нас.Илинден – Скопје, вработен во градежна фирма од Скопје. Смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот била извршена обдукција, по што било предадено на семејството за погреб.

Скопје | пред 3 години

IMG_4251

Седум млади „паднаа“ пред полицијата, најголем дел од уапсените се од Скопје

Денеска (04.12.2022) во 02.15 во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Т.(25) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 03.12.2022 во 22.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 03.12.2022 во 20.00 часот на ул.„Букурешка“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Г.(22) и М.Н.(21), двајцата од Скопје, затоа кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 04.12.2022 во 02.30 часот на бул.„8 Септември“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.К.(26) и З.З.(26), двајцата од Скопје, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена бела прашкаста материја која претходно ја фрлиле. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 03.12.2022 во 21.00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода А.Д.(21) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања