Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

МВР

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Тинејџер го украл возилото на Брза помош

По преземени мерки и активности, на 03.12.2022 во 15.40 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска помош Кочани.Како што веќе информиравме, по преземени мерки и активности, возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. Исто така, по преземени оперативно - тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел корса“, извршени претходно. Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал делата, а одземените компјутер и возило „опел корса“ биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-03-at-16.52.13

Арачиновец приведен, се заканувал на новинари

На 02.12.2022 во 22.40 часот во Скопје, полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ш.М.(31) од с.Арачиново, скопско.Тој се сомничи дека на 01.12.2022 по електронски пат испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет портал, поради претходно објавен текст.Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

292078894_578048873843867_3042272525613587942_n

Кој го украл возилото на Брза помош

На 03.12.2022 околу 03.40 часот во Полициската станица Кочани, од Општа болница Кочани било пријавено дека од кругот на болницата било одземено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска помош Кочани.По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Кочани возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

policaec-policija-skopje

Апсења, дрога, прегазен пешак - Македонија во 24 часа

На 02.12.2022 во 12.45 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(52) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето биле задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 02.12.2022 во 11.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода О.Т.(73) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ со футрола и две рамки со вкупно девет куршуми калибар 7,65 мм, пиштол „Gesichept“ со една рамка, пиштол и 61 куршум со различен калибар. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријаваНа 02.12.2022 во 12.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.Ќ.(37) од с.Страхојадица, Општина Зелениково. При преглед во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, извршен во содејство со државен инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле пронајдени и одземени 25 картонски кутии со суров тутун во лист со вкупна тежина од околу 500 килограми, за кои не поседувал никаква документација. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 03.12.2022 во 01.50 часот на ул.„Пушкинова“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 02.12.2022 во 22.40 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Ф.(39) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблетки. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 02.12.2022 во 11.30 часот во Блок 82 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(18) од Република Албанија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 03.12.2022 во 00.30 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје привеле 16-годишник од с.Визбегово, затоа што кај него бил пронајден нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила. Изречени се шест мерки за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за некористење сигурносен појас...Во текот на вчерашниот ден (02.12.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци, а две возила се исклучени од сообраќај.На 02.12.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Борка Талески“ со ул.„3 Ноември“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Р.Д.(56) од Прилеп и мотоцикл, управуван од Р.З.(59) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп.На 02.12.2022 во 10.25 часот во Полициската станица Македонски Брод, С.П.(40) од Битола, со живеалиште во с.Другово, кичевско, пријавил дека во с.Модриште, Општина Македонски Брод бил каснат од куче скитник.На 02.12.2022 околу 10.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Блаже Коневски“ во Радовиш, патничко возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.П.(62) од Радовиш, удрило во пешакот Т.К.(66) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.К., констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Радовиш.На 02.12.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.В.(80) од Скопје пријавил дека на ул.„Борис Сарафов“ бил каснат од куче скитник.На 02.12.2022 околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на паркинг просторот на ул.„Сутјеска“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(75) од Штип, удрило во пешакот К.М.(75) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.На 02.12.2022 во 10.45 часот во Полициската станица Македонски Брод, Ј.К.(42) од с.Другово, кичевско, пријавил дека во с.Модриште, Општина Македонски Брод бил каснат од куче скитник.

Македонија | пред 3 години

011-6

Ортаци се со бандата од Арачиново која дивее во Скопје, посочи Мицкоски за Спасовски

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, ќе добие интерпелација во Собранието. Според Христијан Мицкоски, има низа причини за тоа. Сите ги поврзува со неговата работа.„Мислам дека е добро да се почне од почеток. Од снимените разговори со судии и обвинители кои завршија во депото на МВР, а никој не утврди како се снимани па се до бандата во Арачиново кои дивејат во овој град. Полицајците можеле да бидат жртви на таа нарко банда. Сите знаат кои се и каде живејат. Ортаци се со нив“, вели Мицкоски.Периодов кој следи, рече Мицкоски, кога беше прашан кога ќе ја поднесат интерпелацијата.„Точно знаеме кои се дел од бандата од Арачиново. Еве нека ги открие полицијата. Тие ги имаат институциите. Ако не преземат тие нешто, ќе ги објавиме ние. Дајте да одиме на изборите, да ги земеме институциите, да видиме дали тие мангупчиња ќе испраќаат закани како сега, кон новинари“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

policija-kazni

128 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 49 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

policiski-cas-policija-1

Брзи и бесни во Скопје, полицијата казнува, но возачите по свое

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

272001087_4637732702992325_9176916121983801368_n

Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал

На 04.10.2022 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во пешакот А.А.(36) од Скопје и го напуштило местото на несреќата.Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.31

Претрес кај ѓорчепетровец

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров-Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ј.(42) од Скопје.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

akcija-1

Детали: Полицијата ноќеска влезе во 308 кафеани/кафулиња, се претресувале гости

На 17.09.2022 во периодот од 00.00 до 04.00 часот беше спроведена акциска контрола во угостителски објекти на територија на Република Северна Македонија, при што биле контролирани 308 угостителски објекти.„При контролата, приведени се две лица во Куманово затоа што кај нив била пронајдена дрога. Во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(22) од Куманово затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин.Додека, во 02.05 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Т.(30) од Гевгелија затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, во еден угостителски објект во Куманово бил затекнат малолетник кој бил послужен со алкохол. При контрола во угостителски објект во Тетово во 00.15 часот од слобода бил лишен Х.С.(28) од с.Мала Речица, тетовско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случаите против лицата и правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.Исто така, при контролата биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кои соодветно биле санкционирани.

Македонија | пред 3 години

akcija

МВР со детали за вчерашната акција во Чаир и Бутел, апсења и претреси имало низ Скопје

На 16/17.09.2022 во периодот од 20.00 до 01.00 часот на подрачје на општините Чаир и Бутел, постапувајќи по оперативен план, полициски службеници од Полициските станици Чаир и Бит Пазар во содејство со полициски службеници од Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата, Единицата за интервентна полиција, Отсекот за криминалистичка полиција, Единицата за недозволена трговија и Единицата за брзо распоредување, спроведоа зајакнати мерки и притоа од слобода лишија и приведоа четири лица.На 17.09.2022 во 00.50 часот на ул.„Босна и Херцеговина“ од слобода бил лишен С.Ц.(42) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Глок 9x19“, две рамки за пиштолот и 30 куршуми 9мм. На 17.09.2022 во 01.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ од слобода бил лишен А.Ќ.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во полициска станица биле приведени и С.Д.(25) од с.Грчец, скопско и Е.Ј.(42) од Скопје. С.Д. бил приведен на 16.09.2022 во 22.00 часот на ул.„Кемал Сејфула“затоа што кај него биле пронајдени и одземени револвер „Таурус ин“ и седум куршуми 9 мм. Додека, Е.Ј. бил приведен на 16.09.2022 во 22.00 часот на ул.„Цетинска“ затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Сиг сауер“ и две рамки со 17, односно 15 куршуми 9 мм. При контролите, исто така, биле констатирани 53 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, седум по Законот за возила и биле одземени три моторни возила.

Скопје | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Тешка несреќа во Битола, возач на мопед е во тешка состојба однесен во болница

На 09.09.2022 во 19.00 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул.„Васил Главинов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода кодијак“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(42) од Битола и мопед „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-05-093843

Малолетник прегазен од „ауди“ во Скопје

На 09.09.2022 во 13.50 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Ќемал Сејфула“, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(21) од с.Љуботен, скопско, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

272233083_337646074921329_4275641243418137019_n

Малолетник со пиштол и марихуана се развозувал со автомобил низ Скопје и Тетово

На 05.09.2022 во 22.00 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај клучка Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и еден малолетник од с.Голема Речица, тетовско.При преглед кај лицата и во возилото „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот од Голема Речица, кај едниот малолетник од Тетово биле пронајдени марихуана, пиштол „Woltra Combat“ калибар 9мм без документи и една дробилка. Лицата биле приведени во полициска станица и во присуство на нивните родители со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Арачиновец излетал од пат во Скопје, однесен во болница

На 05.09.2022 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на поранешен полигон на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(47) од с.Арачиново, скопско, излетало од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.И.(47) од с.Арачиново, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања