Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

МВР

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Кражба среде Карпош на автобуска и уште една на Зајчев рид

На 30.08.2022 во 15.00 часот на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје затоа што околу 14.40 часот на автобуска постојка на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од М.Ѓ.(68) од Скопје одзел пари и личен предмет. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 30.08.2022 во 22.00 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода А.Л.(22) од Скопје. Тој се сомничи дека на 24.08.2022 на место викано „Шамак“ под Зајчев рид со употреба на алат одзел предмет сопственост на Т.Т.(45) од Скопје. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

aerodrom-skopje-1

Македонец се задоволувал во авион на „Wizz air“, кој летал од Лондон до Скопје

На 30.08.2022 во 03.50 часот на „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Д.Ц.(31) од Делчево затоа што се соблекувал и самозадоволувал во воздухопловот на „Wizz air“, кој летал од Лондон до Скопје.Лицето било предадено на полициски службеници од Полициското одделение Петровец и по целосно доукументирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

missing

Исчезнало девојче од Ѓорче Петров

На 30.08.2022 околу 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17) од Скопје.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 3 години

soobrakajka-centar-skopje155

Скопјанец заврши во болница, откако го прегази автомобил во Карпош

На 30.08.2022 во 18.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н.(55) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Пешак загина во Радишани, страшна несреќа во Скопје

На 30.08.2022 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот - Северна обиколница на град Скопје, во близина на клучка Радишани, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(28) од Скопје, удрило во  К.П.(68) од Скопје.Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мотор се запали и изгоре во Ѓорче Петров

Во пожар, целосно изгоре моторцикл. Настанот се случи во Ѓорче Петров. Минувачи го снимиле моментот кога избил пожарот, а во близина има и други возила кои не се зафатени иако огнот брзо се проширил.Според првичните информации, нема повредени лица.Со оглед дека настанот се случил на јавна површина, веројатно и полиција ќе треба да направи увид.За видео кликни тука

Скопје | пред 3 години

policija-5

Во кој град има најмногу пијани возачи, фатени се 135 за неколку часа

Во текот на изминатата вечер (27/28.08.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 135 возачи. Од нив 24 на територија на СВР Битола, 21 на територија на СВР Скопје, 20 на територијана СВР Охрид...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

Несреќа во касарната „Илинден“: Војник испукал куршум кој залутал во колега

На 25.08.2022 околу 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден“ во Скопје со повреда се здобил Б.Т.(45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата. Од страна на Воена полиција бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

MVR-1

Седум лица измамени од скопјанец и тетовец, полицијата откри како мамеле низ Македонија

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје и Р.З.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сториле седум кривични дела „измама“.Двајцата се сомничат дека самостојно или заедно, во периодот од февруари до мај годинава измамиле седум лица од Тетово , тетовските села Мала Речица, Желино, Долно Палчиште, Пирок, Шипковица и скопско Бојане. Во овој период, најчесто телефонски Б.А. им се јавувал на оштетените и им нарачувал мебел, им продавал старо железо, им нудел занаетчиски услуги, барал од нив да купи технички производи, барал пари за лекување на болни лица и друго.Првопријавениот, потоа го ангажирал Р.З. да ја преземе наплатата на паричните средства, исто така, пласирајќи им на оштетените различни приказни.

Македонија | пред 3 години

paridenari1

Внимавајте, фалсификувани пари има во оптек

На 25.08.2022 околу 15.20 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот О.И. од Скопје поради сомнение за „фалсификување пари“, кривично дело казниво по член 268 од Кривичниот законик.При лишувањето кај него се пронајдени и одземени 29 фалсификувани банкноти од по 100 евра. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. Инаку, О.И. се сомничи, исто така, дека фалсификувани банкноти пуштил во оптек и на поширокото кичевско подрачје.

Македонија | пред 3 години

policija-2-1

За даночно затаени 3.800 евра, полицијата поднесе кривична против 55-годишен скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(55) од Скопје поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.„Пријавениот, во текот на 2019 година, за реализираните приливи на денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 2.363.229 денари не ги пријавил како друг доход, не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи и не платил данок на личен доход од 236.229 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 236.229 денари“,

Македонија | пред 3 години

272651220_1883422432046464_4036865601950145219_n

Ужасна сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, две жени загинаа

На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово.На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило. По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција.Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Македонија | пред 3 години

soob

ФОТО: Тешка несреќа на „Водњанска“, малолетници со тешки повреди однесени во болница

Четворица малолетници се тешко повредени откако рано утринава со автомобил влетале најпрво во метална канделабра, па во бетонска жардињера на „Водњанска“, јавува „Курир“.Од МВР за Курир велат дека несреќата кај нив е пријавена утринава во 04.20 часот.-На крстосницата од бул.“Мајка Тереза“, со ул.“Тодор Александров“ и ул.“Белградска“ патничко моторно возило “форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“ и Комплексот клиники “Мајка Тереза“, велат од МВР.Неофицијално, возачот имал 15 години.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

IMG_4868

Охриѓанка измамена: Дала 3.000 евра на лице кое ја излажало дека ќерка и е повредена во несреќа, па потребни и се пари

На 18.08.2022 година, 74-годишна жителка на Охрид, во СВР Охрид пријави дека околу 13 часот, телефонски добила известување за сообраќајна несреќа во која, наводно, била тешко повредена нејзината ќерка и дека итно ѝ биле потребни пари за помош и исплата на оштета. Според пријавеното, на едно лице кое дошло пред нејзиниот дом, таа му дала околу 3000 евра.„Истиот ден, во СВР Охрид е пријавено дека повозрасна жителка од охридско село била измамена од едно лице, кое ѝ побарало и добило 300 евра, поради наводен долг на нејзиниот син кој живее во странство. Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица и да не наседнуваат на вакви и слични измами, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефонски број 112“, велат од СВР Охрид.СВР Охрид работи на расчистување на пријавените случаи и пронаоѓање на сторителите по што ќе поднесе соодветни пријави.

Актуелно | пред 3 години

bebe

Бебе киднапирано во ГТЦ, пронајдено во Ѓорче Петров

„Денеска (16.08.2022) полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, спореед пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица“, велат од МВР.Тие додаваат:Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител. Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа ќе биде изнесена пред судија на претходна постапка.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања