Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

МВР

271715276_268308865415933_2874747500255289001_n

За пет часа, во Македонија стотина возачи „летале“ по патиштата

Во текот на изминатата вечер (11.08.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 165 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 115 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 50 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Скоро 200 возачи ноќеска доживеаа „шок“ откако решија да возат побрзо од она што е дозволено

Во текот на изминатата вечер (09.08.2022) во периодот од 20.00 до 00.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 194 возачи.Од нив, десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 127 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

klinika-brza-pomos

Почина жената од Неготино, која беше претепана од нејзиниот партнер

Во тек на вчерашниот ден во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје почина 46-годишната жена од Неготино, која беше претепана од страна на нејзиниот партнер П.Н. (51) во раните утрински часови на втори август. Таа од тогаш беше во кома поради тешките повреди и се бореше за живот.Според д-р Маја Мојсова, раководителка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, жената кај нив била донесена со многу тешки повреди на мозокот и черепот.-Пациентката кај нас беше донесена во кома. Стануваше збор за многу тешки повреди на мозок и на череп и веднаш беше оперирана. За жал, почина – изјави за ,,Фокус” д-р Мојсова.

Македонија | пред 3 години

radar-policija

Радари на секој чекор, за еден ден 468 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 468 возачи.Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 243 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 225 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

271975704_675232317223482_4397609985980020895_n

Тепачка на Комплексот клиники „Мајка Тереза“

На 05.08.2022 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.П.(43) од Скопје(женско лице) и В.С.(48) од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

pretepani-2

Аеродромец си ја натепал сопругата, полицијата го уапси и испрати во притвор

На 04.08.2022, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна 39-годишна сопруга.По целосно документирање на случајот, на 05.08.2022, Единицата за насилен криминал - Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во консултација со Јавен обвинител, против В.Д. поднесе кривична пријава по итна постапка, а од судија за претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор.

Скопје | пред 3 години

marihuana

Германец заврши во притвор поради марихуана

СВР Тетово поднесе кривична прија против Ф.Џ.(22) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.На 04.08.2022 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед во возило „бмв“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 3 години

DSC_0289

Стручмичанец се обиде да натепа полицаец, за да не открие дека по полноќ во ресторан се журкале малолетници

На 06.08.2022 во 00.50 часот во угостителски објект на ул„Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.В.(47) од Струмица. Тој ги попречувал полициските службеници да извршат контрола во угостителскиот објект, а се обидел и физички да нападне еден полициски службеник.Инаку, при контрола во објектот биле затекнати двајца малолетници од Радовиш и струмичко после 24.00 часот кои конзумирале алкохол. И.В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него и угостителскито објект ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

42640656_562758944144168_2859654620848848896_n

Загина велосипедист, прегазен од автомобил

На 05.08.2022 околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, товарно возило „фусо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ќ.(48) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.М.(81) од с.Лопате, кумановско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој по укажаната помош во болницата во Куманово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.45 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.Фото: Илустрација

Македонија | пред 3 години

2022-08-06_10-08-35-098

(ФОТО) Седум уапсени, фатени биле со марихуана

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (5/6 август) во периодот од 23 до 3 часот и 30 минути, во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане, лишиле од слобода вкупно седум лица.При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, "фолксваген голф" и "туран" со тетовски регистерски ознаки и "бмв" со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин марихуана и дробилка.Лишени од слобода се:Е Т.(22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С.,Б.Ф.(22), Е.К.(22), Т.Ш.(29) од Тетово ,А.К.(26) од тетовско Камењане и Ј.С.(18) од Австрија. Седумте лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", согласно член 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 години

06

Полицаец примил поткуп од 2.000 денари за да не казни возач

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С. од Скопје, полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.На 26.07.2022, при вршење службени дејствија на автопатот Скопје – Миладиновци, при контрола на патничко возило, пријавениот побарал и примил 2.000 денари од лице за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сторен и констатиран сообраќаен прекршок.После тоа, оштетеното лице го пријавило случајот во полициска станица, а по преземени мерки било утврдено дека пријавениот го сторил делото и му е поднесена кривична пријава.Воедно, од Одделот за внатрешна контрола поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност и предлог за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 3 години

272651220_1883422432046464_4036865601950145219_n

Шест повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово, се судриле камион и автомобил

На 04.08.2022 во 23.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 3 години

272638302_3062703247274543_5606465952843851715_n

Тешка сообраќајка во Скопје, малолетник итно пренесен во болница

На 04.08.2022 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со косовска национална ознака, управувано од Д.Х.(33) од Република Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.О.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото возило „фиат“, А.Д.Х., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а на возачот од другото возило Л.О. и нејзиниот малолетен сопатник во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

policija-kazni

Најмногу пијани возачи во Куманово, а фатени се вкупно 69 - полицијата најави патроли на секој чекор

Во текот на изминатата вечер (29/30.07.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 69 возачи. Од нив 12 на територија на СВР Куманово...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Полицијата ги направи „попара“ возачите во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се осум санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за нерегистрирани возила...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања