Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МВР

dfasdfa

МВР со нови шест фотографии: Јавете ако ги препознаете насилниците

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од насилниците, како што се шесте лица од објавените фотографии, кои на 05.07.2022 насилнички се однесуваа за време на ненајавениот протест, фрлајќи тврди предмети кон полицискиот кордон и објектот на Собранието, при што беа повредени 47 полициски службеници, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.„Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.Министерството за внатрешни работи уште еднаш со апел до граѓаните да не дозволат да бидат вовлечени во насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста. Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција останува гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани“, вели МВР.

Македонија | пред 3 години

sobranie-2

Пратеник пријавил во полиција дека му се заканувале на телефон

Пратеникот од редовите на владејачката коалиција, Панчо Минов, во полицијата пријавил дека примил закани преку телефон пред денешната собраниска седница на која треба да се расправа за „францускиот предлог“.„На 13.07.2022 во 20.00 часот, во ОВР Кавадарци од страна на П.М. (64) од Кавадарци, е пријавено дека на неговиот мобилен телефон добил неколку пораки со заканувачка содржина. Од страна на ОВР Кавадарци се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.На социјалната мрежа Твитер се појави листа со телефонски броеви од сите пратеници кои се дел од македонските партии во владеачката коалиција, односно од политичките субјекти кои веќе го поддржаа францускиот предлог.„Телефонски броеви од пратениците на СДСМ, ДПТМ, ВМРО-Народна, ССМ, НСДП, ПП и еден „независен“. Порачајте им да не го предаваат народот!“ стои во објавата на Твитер.

Македонија | пред 3 години

otpad-2

Четири лица нападнале управител на отпад во Скопје

На 12.07.2022 околу 18.00 часот во СВР Скопје, У.О.(29) од Скопје пријавил дека околу 14.40 часот на неговото работно место во отпад во Скопје четири лица се обиделе физички да го нападнат, но откако не успеале, со остри и метални предмети ја оштетиле канцеларијата на управителот.Според пријавеното, после тоа лицата го пресретнале и со остар предмет го оштетиле неговото возило, а потоа ја оштетиле и влезната врата од неговата куќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

Девојки се испотепале во скопскиот Градски парк

На 12.07.2022 во 23.10 часот во СВР Скопје, К.П.(24) од Скопје пријавила дека во близина на Градскиот парк, поради претходно нетрпение, била физички нападната од К.С.(31) од Скопје (женско лице).По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-13-at-16.39.03

Се запали автобус полн со ученици кај Стража

Синоќа околу 19.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на патниот правец Стража-Кичево настанал пожар во автобус во движење, сопственост на туристичка агенција од Куманово, во кој се превезувале ученици и наставници.Пожарот е изгаснат од противпожарна единица, соопштија од СВР Охрид.За среќа во пожарот нема повредени лица.

Актуелно | пред 3 години

DSC_0052

„БМВ“ заврши во скопска провалија, возачот е во болница

На 11.07.2022 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај с.Сарај, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(49) од с.Крушопек, скопско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

soobrakajka-centar-skopje13

Гостиварец „собра“ паркирани возила, однесен со тешки повреди во болница

На 10.07.2022 во 03.55 часот во Гостивар, на бул.„Браќа Ѓиноски“, патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од с.Долно Лисиче, скопско, удрило во две паркирани патнички возила со гостиварски регистарски ознаки, и тоа „БМВ“, паркирано од О.Ч.(48) од Гостивар и „БМВ“ паркирано од М.Ќ.(64) од с.Галичник.По несреќата, А.С. е пренесена во Ургентен центар Гостивар, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

Македонија | пред 3 години

IMG_4243

Акција на полицијата: Пронајдена дрога, регистрирано точење на алкохол на малолетници

„На 09/10.07.2022 во периодот од 23.00 до 03.00 часот на подрачјето на Прилеп, во рамки на превентивната активност „Безбедно лето 2022“, беше извршена контрола низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на малолетници. За време на контролата кај А.Ч (26) и И.Д.(29), двајцата од Прилеп беше пронајдена марихуана. Тие беа лишени од слобода и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.Тие додаваат:Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција, Сообраќајна полиција, во содејство со Полициската станица од општа надлежност во Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп извршена е контрола во угостителски објекти во Прилеп, при што беа приведени 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај 5 било констатирано присуство на алкохол. Приведено е и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно чл.204 од Кривичниот законик. При контролата бил констатиран и прекршок за неносење на документ за идентификација.Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави, посебно кај младата популација.

Македонија | пред 3 години

kompjuter

Мажи од Тетово ќе одговараат поради коментари на Фејсбук

Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.„Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (09.07.2022) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, извршен е службен разговар со двајцата, при што Д.Р. го признал делото“, велат од МВР.По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

Soobrakjajka-Kacanicki-2

Млад скопјанец заврши во болница, тешка несреќа на Качанички пат

На 07.07.2022 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисни улици од ул.„Качанички пат“ и ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од В.О.(22) од Скопје и патничко возило „тојота“, управувано од А.Ч.(30) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.По несреќата, В.О. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-205635

Се бара притвор за млади скопјани, бидејќи фрлале кон полицијата со камења и молотов коктел

За две лица, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Првиот од нив, на возраст од 18 години, е осомничен дека на 5 јули, за време на протестите пред објектот на Собранието, учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што подготвил „молотов коктел“ во стаклено шише кое го наполнил со бензин, му ставил парче ткаенина и го запалил. Шишето го дал на друг учесник во толпата, кој го фрлил кон поставениот кордон од полициските службеници за обезбедување на јавниот ред и мир пред зградата на Собранието.Скопјанец нa возраст од 22 години, пак, за време на протестите пред Собранието на 6 јули, исто така учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што од својот ранец извадил камења и запалки, со кои во неколку наврати фрлал кон зградата на Собранието и кон кордонот од полициски службеници. Притоа бил повреден еден полициски службеник.Оценувајќи дека постои опасност тројцата осомничени да се дадат во бегство и можност да го повторат делото што им се става на товар, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлози за определување притвор.​

Скопје | пред 3 години

Mickoski-zakana

Обвинителството со своја верзија за инцидентот: Забележал како луѓе фрлаат камња, па пукал од пиштолот

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност по член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендер Бег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на група граѓани кои учествувале на јавен собир, тој забележал како дел од граѓаните фрлаат камења, по што се упатил кон нив и во два наврати испукал по два куршума во воздух.За две други лица, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Првиот од нив, на возраст од 18 години, е осомничен дека на 5 јули, за време на протестите пред објектот на Собранието, учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што подготвил „молотов коктел“ во стаклено шише кое го наполнил со бензин, му ставил парче ткаенина и го запалил. Шишето го дал на друг учесник во толпата, кој го фрлил кон поставениот кордон од полициските службеници за обезбедување на јавниот ред и мир пред зградата на Собранието.Скопјанец нa возраст од 22 години, пак, за време на протестите пред Собранието на 6 јули, исто така учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што од својот ранец извадил камења и запалки, со кои во неколку наврати фрлал кон зградата на Собранието и кон кордонот од полициски службеници. Притоа бил повреден еден полициски службеник.Оценувајќи дека постои опасност тројцата осомничени да се дадат во бегство и можност да го повторат делото што им се става на товар, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлози за определување притвор.​

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-16.24.46

Кривична пријава за учество во толпа што ќе изврши кривично дело против лицето што фрлаше со „молотови коктели“

Денеска (07.07.2022) Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Ј.С.(18), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик.Имено, на 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Ј.С. започнал да подготвува молотови коктели и да фрла со нив кон полициските службеници и објектот на Собранието на РСМ.По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, Ј.С. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него во координација со ОЈО Скопје и лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка.

Македонија | пред 3 години

protest-incidenti

Приведен демонстрант кој повреди полицаец за време на вчерашниот протест и против него поднесена кривична пријава

Денеска (07.07.2022) од страна на Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишен е од слобода Г.К.(22) од Скопје.„Имено, на 06.07.2022 околу 20.35 часот, за време на одржување на јавен собир на граѓани, организиран преку социјални мрежи, Г.К. започнал да фрла со тврди предмети кон полициските службеници кои вршеле службени дејства околу обезбедување на собирот, нанесувајќи му повреда на еден од нив.Во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик и лицето е изведено пред Судија на претходна постапка“, велат од МВР.

Македонија | пред 3 години

023

Апел од Спасовски

„Уште еднаш би сакал да упатам силен апел до граѓаните и политичките партии коишто сакаат да го искажат своето право на протест, истото да го сторат на начин преку кој ќе демонстрираат демократски капацитет, со должно почитување на законските одредби за јавни собири, како и почит кон должноста на полициските службеници во обезбедувањето на мирот и стабилноста“, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.Тој додава:Сакам да бидете уверени дека никој нема намера да спречи право на мирен протест, тоа е она што се очекува во една демократија. Нападите коишто имаат за цел да предизвикаат меѓуетнички препукувања и ескалации од друг тип, на никој начин не можат да придонесат во демократско општество, туку напротив, претставуваат сериозен удар за демократијата и со тоа нема ништо да се постигне. Тоа е, едноставно, спротивно на сѐ она за коешто се залагаме во градењето на нашата држава. Република Северна Македонија е земја на секој еден граѓанин, втемелена на нашиот концепт „Едно општество за сите”, од кој не отстапуваме, туку ќе продолжиме да го промовираме и афирмираме.Затоа, очекувам сите политички партии да бидат на ниво на својата одговорност и да повикаат на мирни протести. Заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а притоа да се спречат немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата.На крајот би сакал да потенцирам - да повредиш полицаец, значи да кренеш рака врз државата, врз синот и братот кои извршуваат службени дејствија со цел гарантирање на сигурноста и безбедноста на сите.Повикувам на свесност и одговорност во протестите - нека победи разумот!

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања