Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР

Нема фотографија

100 сообраќајни санкции во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, десет санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме б

Скопје | пред 2 години

brza-pomos-54

Крвав инцидент во Скопје: малолетник е со тешки повреди, натепан од врсници во училиште

На 29.05.2024 во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолтеник од с.Чифлик, скопско.По преземени мерки било констатирано дека околу 12.30 часот пред основно училиште во с.Чифлик, а по претходна расправија на социјална мрежа, малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет.За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Скопје | пред 2 години

IMG_4867

Скопјанец натепан од девојка му, во Аеродром жена натепана од поранешниот дечко

На 29.05.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 27.05.2024 околу 19.10 часот во канцеларија на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата партнерка М.С.(45) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.05.2024 во 21.16 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 25.05.2024 околу 01.30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер П.Р.(38) од Скопје. Се п

Скопје | пред 2 години

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Киднапирање во Скопје: го ставиле во возило и го однеле под мостот „Беласица“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ч.(35) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.Пријавениот, заедно со А.Т. и К.К., со употреба на сила го внеле К.Б. во патничко возило, по што А.Т. со остар предмет му нанел повреди, а потоа на мостот „Беласица“ физички го нападнале и му одзеле пари.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Скопјани се испотепале во ресторан во Градски парк

Денеска (30.05.2024) во 02.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Н.(19) од една страна и еден малолетник од друга страна, двајцата од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка

На 29.05.2024 во 08.00 часот кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка потрошувачка од Косово кон Република Северна Македонија.Имено, полициските службеници затекн

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Велосипедист удрил малолетничка, па избегал од местото

На 29.05.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Серава“ во Скопје, велосипедист удрил во пешак-малолетничка, по што го напуштил местото.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

velosiped

20-годишник прегазил малолетен велосипедист од Скопје

На 29.05.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил и малолетен сопатник од велосипедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-6500PM

Приведено лице од валандовско: Предизвикал пожар пред туѓа куќа, па избегал

На 29.05.2024 во 11.30 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.Ш.(23) од с.Удово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот законик.Имено, тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со спреј испрскал еден од нив и го напуштил местото.Пожаро

Македонија | пред 2 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Приведени две лица, украле возило од паркинг

На 29.05.2024 во напуштен објект на ул.„Илија Николовски Луј“ во Старата касарна, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци и Џ.М.(40) од Битола.Кај нив било пронајдено патничко возило „опел астра“ со ресенски регистарски ознаки, за кое А.Р.(24) од Ресен истиот ден пријавил дека му било одземено во близина на паркингот кај спортската сала во Битола.Возилото било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соо

Македонија | пред 2 години

655-402-zatvor

Приведен криминалец, осуден на 10 години затвор

На 29.05.2024 во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.М.(42) од гостиварско Дебреше. Тој бил осуден на 10 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната.При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Тој е задржан во полиц

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

114 сообраќајни санкции во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, десет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење на сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме

Скопје | пред 2 години

noz-ubistvo-napad

Крвава тепачка во Дебар, завршила со прободување со нож

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ј.Д.(32) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 20.05.2024 во угостителски објект, по претходна расправија, пријавениот со нож го повредил М.Д. (24).

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Се трага по 15-годишно девојче од Скопје

На 28.05.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Центар, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ѓ.А.(15), која и претходно повеќе пати се оддалечувала и била враќана назад.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 2 години

oblozuvalnica-1

Ограбена обложувалница во Бутел

На 28.05.2024 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на општина Бутел, едно лице со закана кон вработена одзело пари од дневниот промет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

image-107735

Пожар во касарната во Ѓорче Петров

Денеска (29.05.2024) во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Касарната Ѓорче Петров настанал пожар во еден објект.Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 2 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Фатен телефонски измамник од Битола: Земал 398.000 денари претставувајќи се како лажен инспектор

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.М. (37) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.На 15.05.2024, пријавениот ѝ се јавил на 76 – годишна жена, ѝ се претставил како инспектор во полиција во Охрид, при што ја известил дека нејзината внука направила сообраќајна несреќа во Охрид во која прегазила дете мигрант, чии родители барале пари.Истиот ден, кај оштетената дошло друго лице на кое таа му дала 398.000 денари.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-29-at-16.06.50

На скопјанка и се запали автомобилот пред полициската станица Пролет

На 28.05.2024 во 16.25 часот во СВР Скопје, С.А.(29) од Скопје пријавила дека пред полициски објект на подрачјето на Центар, додека го управувала нејзиното патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, настанал пожар.Пожарот бил изгаснат со интервенција на полициски службеник со противпожарен апарат, а потоа и од Бригадата со противпожарна заштита Скопје.Повредени лица нема, а полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Скопјанец пријавил дека го тепале сопругата и малолетната ќерка

На 28.05.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, поради нарушени односи, бил физички нападнат од неговата сопруга Ј.Р.(49) од Скопје и од нивната малолетна ќерка, кои оштетиле и дел од покуќнината.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Загина 68-годишна жена: Ја прегазил малолетен мотоциклист

На 28.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Прилеп, удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Мотоциклист прегазил пешак во Скопје

На 28.05.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.А.(26) од Скопје, удрил во пешакот Е.Д.(67) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Мотоциклист прегазил малолетник во валандовско

На 28.05.2024 околу 13.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во двор на основно училиште во Валандово, мотоцикл, управуван од малолетник од Валандово, удрил во малолетен пешак од с.Пирава, валандовско.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово.Увид бил извршен.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен измамник, фатен на Граничниот премин Табановце

На 28.05.2024 во 15.45 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Л.(34) од Скопје.При извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека тој бил баран од Секторот за меѓународна полициска соработка - Интерпол за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.Тој бил предаден во СВР Куманово, по што бил спроведен во Казнено - поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен битолчанец поради кражба

На 29.05.2024 во 01.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.С.(22) од Битола.Тој се сомничи дека на 28.05.2024 околу 20.30 часот во продажен објект на ул.„Апостол Здравески” со употреба на сила од вработената В.Б.(45) од Битола одзел пари од дневниот промет.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведени две лица од Струмица: Пронајдени стебла канабис, дигитални ваги и дробилка

На 28.05.2024 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода П.К.(36) и К.К.(40), двајцата од Струмица. При претрес во домот во с.Банско, во кој привремено престојува П.К., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц исполнет со црна материја, насадени стебла од растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Додека, при претрес во нивниот дом во Струмица, извршен исто така со судска наредба, а во кој

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања