Промени тема
Контакт

МВР

media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

15-годишна девојка била следена од лице со велосипед во Тетово

Во СВР Тетово е пријавен случај на вознемирување на малолетна девојка на улицата „Илинденска“ во Тетово.Како што информира МВР, на 22 септември во 22:20 часот, М.А. (42) од Тетово пријавил дека околу 19:00 часот едно лице со велосипед ја следело неговата 15-годишна ќерка, при што ѝ упатувало недолични зборови и звуци.Полицијата презема мерки за идентификување и пронаоѓање на лицето, како и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH

Син го нападнал татко му со тврд предмет

На 22 септември во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.Р. (22) од тетовско село.Според информациите од МВР, полицијата постапила по претходна пријава од неговиот 57-годишен татко, кој пријавил дека син му физички го нападнал во неговиот дом, при што употребил и тврд предмет.Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

16-годишна девојка изгубила контрола со електричен тротинет и паднала, тешко повредена сопатничка

Во дворно место на куќа во Гостивар се случила сообраќајна незгода во која биле повредени две малолетнички.Како што информира МВР, на 22 септември во 12:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека 16-годишна малолетничка од Гостивар, управувајќи со електричен тротинет, изгубила контрола и паднала.При падот, 14-годишната сопатничка од Гостивар се здобила со тешки телесни повреди, додека 16-годишната малолетничка се здобила со телесни повреди. Повредите биле констатирани во болницата во Гостивар.

Македонија | пред 1 седмица

media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

Приведен тетовец баран со потерница за издржување затворска казна од 18 месеци

Полицијата во Тетово лишила од слобода 39-годишен жител на градот, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна од една година и шест месеци.Од МВР информираат дека Ѓ.С. (39) бил приведен на 22 септември 2026 година во 12 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово.Тој бил баран врз основа на наредба од Основниот суд Тетово, за издржување казна затвор во траење од 18 месеци за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.По лишувањето од слобода, лицето било спро

Македонија | пред 1 седмица

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Претрес во Тетово, пронајдена кафеава прашкаста материја и дигитална вага, приведено едно лице

Полициски службеници во Тетово привеле 34-годишен жител на градот, откако при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека А.Ј. (34) бил лишен од слобода на 22 септември 2026 година од страна на полициски службеници од СВР Тетово.Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени кафеавата прашкаста материја и дигиталната вага.Од МВР соопштија дека по целос

Македонија | пред 1 седмица

media-library9qbtljc2acd6fLTwf8O

Откриена плантажа на канабис кај Секирник, одземени стебла тешки околу 680 килограми

Две лица од Општина Ново Село биле лишени од слобода откако полицијата открила нелегална плантажа на канабис во атарот на селото Секирник, струмичко. При акцијата биле одземени повеќе стебла со вкупна тежина од околу 680 килограми.СВР Струмица поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против З.М. (34) и А.Т.Г. (30), поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 21

Македонија | пред 1 седмица

1-1

Пиштол и муниција пронајдени при претрес во дом во Куманово

Пиштол и муниција биле пронајдени при претрес во дом во Куманово, по што едно лице било лишено од слобода.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 септември, во 13:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Д. (26) од Куманово.При претресот, кој бил извршен со судска наредба, во неговиот дом биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ и куршуми.Лицето било приведено во полициска станица, а од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на случајот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryupkemip8cmltdz32GrA

Дрога и фалсификувани пари пронајдени при претрес во Скопје

Полициски службеници во Скопје лишиле од слобода 46-годишен скопјанец, при претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана, дигитална вага и фалсификувани банкноти.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 септември, во 23:10 часот, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишила од слобода Е.К. (46) од Скопје.Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, како и 20 фалсификувани банкноти во апоени од 100 де

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryi2nbk0dp8v207ugjdIR

За пет часа 75 возачи санкционирани за непочитување на првенството на минување

Седумдесет и пет прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување биле констатирани при акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава.Контролата била реализирана на 22 септември, во периодот од 7 до 12 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи, а била насочена кон возачите кои не ги почитуваат правилата за првенство на минување.За констатираните прекршоци биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Во

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Пронајдена марихуана кај 40-годишник во струшко

Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид на 22 септември презел мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога во струшкиот регион.Како што соопшти МВР, околу 15:45 часот во близина на селото Мали Влај, струшко, полициските службеници го лишиле од слобода Б. Т. (40), откако при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга. По целосното документирање на случајот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn0aee5oibrlpcJpDrhJ

Сузбиена криминална група за криумчарење и корупција: Одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и цигари

Криминална група инволвирана во криумчарење стоки и коруптивни кривични дела е сузбиена во полициска акција спроведена на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Против осум лица е поднесена кривична пријава, а при претресите биле одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи, цигари и други предмети.Акцијата била спроведена на 21 септември 2026 година под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 1 седмица

bolnica

35-годишник со тешки повреди: Од болницата каде што лежел рекле дека паднал од кревет, тој тврди дека бил нападнат од болничар

Триесет и петгодишен жител на Штип со тешки телесни повреди бил донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на околностите под кои настанале повредите.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година во 10 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив бил донесен Р.Ј. (35) од Штип со тешки телесни повреди.Според пријавата на таткото на повредениот, на 16 септември тој о

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygptvjv6fu3991qI9BV2

Жена нападната од сопругот во двор на црква

Шеесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од својот брачен партнер во двор на црква во скопско, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 21 септември 2026 година околу 11:15 часот, жената била физички нападната од брачниот партнер, со кого не живеат заедно.Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 19:30 часот.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Седум возачи уапсени поради безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на различни локации во државата лишиле од слобода седум возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.Четворица од нив управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за Е.Ф. (18) од селото Студеничани, скопско, Џ.Ј. (23) од Гостивар, Ш.Х. (34) од Битола и А.Ј. (18) од Куманово.Поради управување возило под де

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylbl1e1uu2fr72e5ztJJ

Ја следел поранешната партнерка, најден и уред за следење под нејзиниот автомобил

Полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со 35-годишен скопјанец по пријава од неговата поранешна партнерка дека ја следел и ѝ испраќал пораки.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година во 16:40 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со П.Ј. (35) од Скопје.Според пријавата од 25-годишната жена, тој ја следел и ѝ испраќал пораки. Таа, исто така, пријавила дека под своето возило пронашла уред за следење.По

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Државјани на Холандија и Шпанија нападнале жител на Арачиново

Полициски службеници од СВР Скопје привеле двајца странски државјани по пријава за физички напад врз 33-годишен жител на Арачиново во депо на „Железници на РСМ-Транспорт“ АД-Скопје.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година, на подрачјето на општина Аеродром, биле приведени А.Х. (37) од Холандија и Х.Ј.Ц.М. (38) од Шпанија.Според пријавата, околу 19 часот, двајцата физички го нападнале И.Џ. (33) од селото Арачиново, скопско.По целосното документирање на сл

Македонија | пред 1 седмица

semejno-nasilstvo

31-годишник ја нападнал 18-годишната вонбрачна партнерка

Полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода 31-годишниот Д.Р. од Кочани, по пријава дека физички ја нападнал својата 18-годишна вонбрачна партнерка.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година во 22:20 часот, полициските службеници постапиле по претходна пријава од 18-годишната девојка.Според пријавата, околу 21 часот, Д.Р. физички ја нападнал во нивниот дом во Свети Николе.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соод

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Германски државјанин приложил фалсификувана полска возачка дозвола на ГП „Блато“

Полициски службеници на граничниот премин „Блато“ лишиле од слобода 29-годишен германски државјанин, откако при граничната контрола приложил фалсификувана полска возачка дозвола.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 21 септември 2026 година во 21:40 часот, при влез во државата. Ј.М.В. (29) од Германија бил задржан откако при проверката било утврдено дека возачката дозвола што ја приложил е фалсификувана.За настанот бил известен јавен обвинител, а по цело

Македонија | пред 1 седмица

media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа кај Стојаково

27-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат кон селото Стојаково, во општина Богданци.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во ОВР Гевгелија на 21 септември 2026 година во 17:30 часот. Во неа учествувале патничко возило „шкода“, управувано од Д.Ш. (42) од Стојаково, и мотоцикл „јамаха“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Л.П. (27), исто така од Стојаково.Во судирот со тешки телесни повреди

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybutgja7oe8mt3GfmGE9

29-годишна кумановка го нападнала вонбрачниот сопруг

Полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода 29-годишната В.З. од Куманово поради сомнение дека физички го нападнала својот вонбрачен сопруг.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека жената била приведена во полициска станица во 00:45 часот на 22 септември 2026 година.По целосното документирање на случајот, против В.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarye6eohgkir0dd1pT3Puq

Тешко повреден возач во судир на автомобил и товарно возило во Охрид

Еден човек е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот „Туристичка“ во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.В. (45) од Охрид, и товарно возило „мерцедес“, исто така со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т. (46) од Охрид.Возачот на „аудито“, А.В., се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охри

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Во „тојота корола“ пронајдени 29 ловечки патрони, кривична пријава против 39-годишник

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Н. (39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од МВР информираат дека на 7 мај 2026 година, во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „тојота корола“, управувано од пријавениот.При прегледот во возилото биле пронајдени и одземени 29 ловечки патрони.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

Физички нападнал лице, фрлал предмети и се заканувал со остар предмет во сендвичара

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.М. (43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 1 август 2026 година, во сендвичарница во Прилеп, пријавениот физички го нападнал А.С., а потоа фрлал различни предмети од инвентарот на објектот кон него.По нападот, З.М. со остар предмет упатувал закани кон присутните лица во објектот.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykjkavssofs9c26WRVF7

Ја нападнал мајка му и фрлал остри предмети кон неа и ѝ нанел повреди

Полицијата во Гостивар лишила од слобода 41-годишен маж по пријава за семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 22 септември, пет минути по полноќ, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.Ф. (41) од Гостивар, откако претходно било пријавено дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 63-годишна мајка.Според пријавеното, тој фрлал остри и други предмети од покуќнината кон неа, при што ѝ нанел повреди.Х.Ф. бил задржа

Македонија | пред 1 седмица

prostitucija

Две лица уапсени во Тетово поради сомнение за посредување во проституција

Две лица се лишени од слобода во Тетово поради сомнение дека сториле кривично дело „посредување во вршење проституција“, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 21 септември во 20 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Ц. (27) од Тетово и К.З. (31) од село Боговиње, со престој во Тетово.Двете лица биле задржани во полициска станица, а истата вечер, врз основа на наредба од Основниот суд Тетово, бил извршен претрес во домот и помо

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања