„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

мз

IMG_4387

МЗ: Одржана дебата со ученици од средните училишта, во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за органодонорство и трансплантација

Во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за органодонорство и трансплантација во земјава, изминатата недела во просториите на „Еurope house“ Скопје се одржа дебата со ученици од средните училишта на тема органодонорство. На дебатата учествуваа ученици од средните државни училишта „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Здравко Цветковски“, „Лазар Личеноски“, „Панче Караѓозов“, како и претставници од Сојузот на средношколци.На дебатата учествуваа и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација, асс. д-р Билјана Андоновска, заменик национален координатор за трансплантација и Адријана Георгиев, раководителка на програмата за трансплантација на органи и ткива при Министерство за здравство.Учениците од средните училишта имаа можност да ги слушнат и словенечките искуства на оваа тема од д-р Даница Авсец која со години го водеше „Словенија Трансплант“ и тим лидер на проектот за трансплантација и органодонорство, што во моментот се спроведува во нашата држава.Дебатата се надоврзува на двата повика за визуелни дела, постери, слоган и лого за професионални дизајнери и за средношколци, со цел брендирање кампања која ќе ја покаже важноста на трансплантацијата, не само како медицинска дејност, туку и од аспект на хуманост, љубов, емпатија, надеж.- Од тоа што го слушам, младите во суштина го познаваат принципот на органодонорство и трансплантација. Идејата на оваа средба со учениците е да го доближиме процесот кој можеби изгледа страшно, дури и за повеќето здравствени работници, не само за средношколците. Сметам дека треба да допреме до младите како идна сила на ова општество – да се информирани, да носат сопствени одлуки. За жал, никој од нас не е вечен. Неопходен ни е разговор на теми од кои нема да се плашиме, и ќе градиме ставови. Некогаш животот нѐ носи во ситуации кога ни е потребно соочување и важни одлуки. Органодарувањето некогаш е живот, а некогаш продолжување на животот. Дарувањето после мозочна смрт значи уште поголема љубов од дарувањата во рамки на семејството. Лесно е да ги сакаме нашите членови од семејство, блиско и далечно. Но, кога се дарува на непознати приматели - зборуваме за човечката димензија на љубовта, која ги надминува границите на нашето семејство. Генерално, сѐ се сведува на тоа да си помагаме едни со други. Блиските секогаш треба да носат одлуки со кои ќе бидат во мир, и ќе бидат во согласност со нивните душевни и човечки особини, истакна д-р Мојсова.Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за донирање и трансплантација на органи во Македонија“, финансиран од ЕУ.

Македонија | пред 1 година

261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

Се повеќе интервенции: Објавени се препораки за заштита на здравјето на населението од високите температури

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето.Во продолжение потсетуваме на општите препораки за заштита на здравјето:- Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.- Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.- Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.Министерството за здравство заедно со Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството, во континуитет и на дневна основа ја следат состојбата и доколку има пораст на температурите согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат предложени соодветни превентивни мерки.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-11.25.34

Донирани органите на младо момче со мозочна смрт, двајца млади пациенти добија шанса за нов живот

На Клиниката за урологија, во раните утрински часови заврши втората од двете трансплантации на бубрег, откако во саботата доцна во ноќта семејството на младо момче со мозочна смрт даде согласност за донирање на органите. Покрај бубрезите, екипата на Клиниката за ортопедија направи експлантација и на коскени ткива.– Двајца млади пациенти со болест на бубрезите кои беа на дијализа добија шанса за нов живот. Уште неколку пациенти со малигни болести и трауматски повреди, кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, во наредните недели ќе добијат можност да им бидат инплантирани здрави коскени ткива. Благодараност до семејството кое во своите најтешки моменти одлучи да помогне и да спаси друг живот. Сочувствуваме со нивната болка, ја почитиваме нивната одлука и благодариме за тоа што го направија. Во неделите кои се пред нас, неколку пациенти со тешка болест ќе добијат шанса за нов живот, се заблагодари министерот д-р Беким Сали.Ова е втора трансплантација од почетокот на годинава и 12-та од мај 2020 година, откако Програмата за трансплантација на Министерството за здравство се прошири во делот на мултиорганската трансплантација.Секоја трансплантација за нас е голем успех затоа што со сето ова што го работиме, полека но сигурно го менуваме системот. Покажуваме колку можеме како лекари да направиме за нашите пациенти, а во исто време и како општество во целина да бидеме попозитивни во поглед на органодонорството. Уште еднаш благодарност до семејството на донорот за нивната хуманост. Благодарност до болничките координатори кои го водеа целиот процес во овие два дена, како и до екипите на клиниките за урологија, нефрологија, трансфузиологија, КАРИЛ, ортопедија, кардиологија, кардиохирургија, рендген и до Министерството за здравство, информира д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања