Промени тема
Контакт

Се повеќе интервенции: Објавени се препораки за заштита на здравјето на населението од високите температури

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето.

Во продолжение потсетуваме на општите препораки за заштита на здравјето:

- Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

- Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

— реклама —

- Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

— реклама —

- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.

— реклама —

На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Министерството за здравство заедно со Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството, во континуитет и на дневна основа ја следат состојбата и доколку има пораст на температурите согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат предложени соодветни превентивни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28iajcrl04gh0VunycG

Специјализантите по медицина со рок до 10 август да го пријават интересот за вработување

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Уште 300 приватни специјализанти ќе добијат работа во државното здравство

Македонија | пред 1 месец

apteka-kvoti-lekovi

Лекот „Фостер“ повторно на позитивната листа без доплата, соопшти Министерството за здравство

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymomci6i87vnvfyWU7Ss

240 пациенти чекаат трансплантација: Од 1 октомври граѓаните ќе можат да ја евидентираат својата одлука за дарување органи

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања