„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

мз

Screenshot-2025-09-13-at-23.43.52

Министерството за здравство: Нема долг кон „Комунална хигиена“, тврдењата за 5 милиони евра се неточни

Министерството за здравство со реакција ги демантираше тврдењата на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ дека институцијата ѝ должи повеќе од пет милиони евра и дека токму овој неплатен долг е причина за доцнењето на платите на вработените во претпријатието.„Министерството за здравство, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон ЈП Комунална хигиена – Скопје. Тврдењата за неплатен долг од 5 милиони евра се неточни и целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски,“ стои во соопштението.Од Министерството апелираат јавноста и медиумите да внимаваат на точноста на информациите и да не се шират дезинформации што можат да создадат забуна или недоверба во институциите.„Министерството за здравство продолжува да работи согласно законските обврски и со принцип на транспарентност во сите свои активности,“ додаваат од институцијата.Реакцијата следува по обвинувањата на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, кое претходно тврдеше дека токму долгот од Министерството за здравство сериозно ја нарушува ликвидноста на претпријатието и индиректно предизвикува доцнење на платите.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Министерството за здравство без препораки, велат дека ја следат состојбата со пожарот во Трубарево

Министерството за здравство ја информира јавноста дека внимателно ја следи состојбата со пожарот кој избувна во скопската населба Трубарево. Од институцијата уверуваат дека се во постојана координација со сите надлежни органи и служби.„Службите на Министерството се подготвени за навремено постапување во рамки на своите надлежности, а во зависност од натамошниот тек на настаните,“ соопштија од Министерството.Властите апелираат граѓаните да останат информирани и да ги следат официјалните препораки за заштита на здравјето.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции, преку алатката Пријавете неправилност, достапна на веб страницата на МЗ на следниот линк: https://zdravstvo.gov.mk/mk-MK/kontakt/prijavete-nepravilnost .- Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со максимална одговорност и постапуваме согласно законските процедури. Токму затоа потсетувам дека преку оваа алатка на веб страницата на Министерството, граѓаните можат да пријават и сознанија за евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствениот систем, а наш приоритет е здравјето и безбедноста на пациентите, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.Пријавувањето е доверливо и по секоја пријава се постапува согласно законските процедури.Потсетуваме дека веќе отпочна со работа интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти.Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на периодот од 2022 до 2025 година во приватните и јавните здравствени установи.„Очекувам комисијата да испорача резултати, кои се објективни и произлегуваат од максимално професионално и независно спроведен процес. Резултатите од работата ќе бидат важни од аспект на реално утврдување на состојбите и поставување цврста основа за унапредување на менаџирањето во здравството“, порача пред членовите на комисијата министерот Азир Алиу.Интерната комисија е составена од врвни екперти во областа, правници и економисти, меѓу кои д-р Васил Папестиев од Клиника за кардиохирургија, д-р Билјана Зафировска и д-р Иван Василев од Клиника за кардиологија, д-р Мишел Андонов и д-р Илир Вела од Клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Ненси Лозанче од Клиничка болница Битола, д-р Валон Асани од Клиничка болница Тетово, д-р Никола Христов од Клиника „Жан Митрев“, д-р Жарко Христовски од „Аџибадем Систина“, како и претставници од ФЗОМ (д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска), Стефанка Петковска, правник и претставници од Министерство за здравство (д-р Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама).Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.Процесот ќе биде максимално транспарентен. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти, а извештајот од интерната комисија ќе биде објавен на веб страницата на Министерство за здравство, посочуваат оттаму.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Извештаите за работењето на Стоматолошката комора доставени до Обвинителството

Министерството за здравство ја достави целокупната документација и извештаи од надзорните комисии за работењето на Стоматолошката комора до Јавното обвинителство, за натамошно постапување согласно законските надлежности, потврдија за МИА од Министерството.Станува збор за три извештаи изготвени од комисијата за надзор над законитоста на вршењето на јавното овластување на Комората – од 25 февруари, 15 мај и 21 мај 2025 година. Дополнително, доставено е и известување до Комората од 11 март годинава, како и целосната документација од секторот за стоматолошка здравствена заштита.Од Министерството за здравство за МИА потсетуваат дека, со оглед на тоа што привремено ги презедоа надлежностите за издавање и продолжување лиценци за докторите по стоматологија, потребната документација може да се достави во нивната архива, до секторот за стоматолошка здравствена заштита.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Стоматолозите и МЗ во судир околу лиценците, апликациите сега одат директно во Министерството

Стоматолозите и Министерството за здравство влегоа во жесток спор околу лиценците за работа. Министерот Азир Алиу вели дека од денес апликациите одат директно во Министерството поради неправилности во Комората, додека од таму тврдат дека контроли немале утврдено никакви пропусти.Од денеска стоматолозите ќе можат да поднесуваат барања за лиценци директно во Министерството за здравство, соопшти министерот Азир Алиу. Тој увери дека постапката ќе се одвива со ист рок како досега, а можно е и побрзо завршување.Алиу потсети дека на 8 август, по препорака на стручна комисија, Министерството ѝ ги одзеде надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора поради утврдени неправилности во нејзината работа. Според него, доколку ваквиот чекор не бил преземен, во септември или октомври половина од стоматолозите во државата ќе останеле без лиценци.„Од денеска сите барања ќе се примаат кај нас. Потпишав решение со кое Секторот за стоматологија, заедно со вработените од Комората, ќе ги процесира сите апликации. Нема да има застој, ќе се работи по ред и закон. Сè е потпишано врз основа на документи и факти“, изјави Алиу по промоцијата на реновираната инфраструктура на Клиниката за урологија.За задолжителните обуки кои стоматолозите мора да ги поминат за да добијат лиценца, министерот информира дека се водат разговори со стоматолошките факултети во Скопје и Тетово, кои наскоро ќе подготват програма и материјал. Обуките ќе бидат хибридни – со физичко присуство во факултетските простории и онлајн за оние што не можат да присуствуваат.„Пристапот ќе остане ист, но во согласност со законот. Стоматолозите може да бидат спокојни – од денес имаме јасна методологија и алгоритам за работа“, додаде Алиу.Од друга страна, претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, Маријан Денковски, вчера ги демантираше тврдењата за неправилности. Тој наведе дека во изминатиот период Комората била предмет на повеќе надзори и контроли од Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Управата за јавни приходи и други институции, при што, според записниците, не биле утврдени неправилности, ниту во делот на јавните овластувања.„Доколку е направена грешка, подготвени сме да ги прифатиме последиците, но ако се потврди дека нема финансиски или други криминали, очекуваме јавно извинување до членовите на Комората и до јавноста“, изјави Денковски.Комората најави вонредни седници на Извршниот одбор и Собранието, по кои ќе излезе со официјален став.

Македонија | пред 4 месеци

Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Почина пациентка во тетовската болница, МЗ бара инспекција на случајот

Министерството за здравство соопшти дека побарало Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе инспекциски надзор во врска со случајот на починатата пациентка во Инфективното одделение на Општата болница во Тетово.Од Министерството наведуваат дека јавноста ќе биде информирана по завршување на постапката за утврдување на фактичката состојба и нагласуваат дека остануваат посветени на транспарентност, одговорност и обезбедување квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.Претходно, Министерството за внатрешни работи објави дека во 03:20 часот во СВР Тетово, Ј.С. од село Копанце пријавил дека неговата роднина, С.С. (30) од истото село, која била хоспитализирана на Инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово, починала.Според пријавата, пациентката била примена претходниот ден во 19:00 часот, а, според кажувањето на пријавителот, не ѝ била укажана соодветна лекарска помош, по што настапила смртта. Полицијата извршила увид на местото, а формиран е тим кој, под раководство на дежурен јавен обвинител и во соработка со екипа од СВР Тетово, ќе го испитува случајот.

Македонија | пред 4 месеци

azir-aliu

Поплаки од сите страни: Граѓаните му пишуваат директно на министерот за доцнења на резултатите и пропусти во здравството

Министерството за здравство го започна спроведувањето на Националната програма за кризен менаџмент и зголемување на отпорноста на здравствениот систем, прв ваков проект во земјава кој воведува нов пристап во справувањето со ризици, воспоставување стандарди и дигитална платформа за координација во реално време. Ова го истакна министерот Азир Алиу на денешната прес-конференција.„Ова е јасен политички сигнал дека здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритети, а нашата обврска е да создадеме систем кој реагира пред да се случи криза, а не по нејзиното појавување. Со овие чекори државата се движи од реактивен кон проактивен здравствен систем, подготвен да одговори на секоја опасност. Воедно започнуваме нова фаза на инвестиции вредна 205 милиони евра за модернизација на здравствената инфраструктура во Штип, Тетово и Кичево,“ рече Алиу.Во рамките на оваа нова концепција, е воведена и алатка преку која граѓаните директно можат да пријават неправилности во здравствениот систем.„До сега пристигнаа 90 пријави, најмногу од Скопје. Најчесто се однесуваат на доцнење на резултатите од испитувања, пролонгирање на прегледи и ангажмани на доктори како во јавниот, така и во приватниот сектор. Она што е најважно е дека овие пријави не се игнорираат, туку секоја се разгледува од посебни работни групи за да се обезбеди институционален одговор. Ова е јасна порака: времето кога здравствените проблеми се заташкуваа е завршено. Граѓаните сега имаат можност да го искажат својот глас и тој глас ќе биде слушнат,“ додаде министерот.Тој посочи дека создавањето семејство треба да биде право, а не луксуз, поради што ја отстранија административната бариера и го зголемија бројот на финансирани ин витро обиди од три на шест, а постапката за одобрување е дигитализирана и скратена на две недели.„Нема повеќе чекање со месеци, нема изгубени документи, туку само нови шанси и пристапност. Исто така, го поедноставивме процесот за лекување во странство, воведовме поголема одговорност во управувањето со Фондот и започнавме усогласување на правата на странските државјани со оние на нашите граѓани,“ истакна Алиу.Тој нагласи дека се формираат кризни штабови кои ќе бидат обучени за брзо и ефикасно справување со разни предизвици.„Целта е секој член на овие работни групи да биде подготвен да дејствува веднаш во случај на криза. Развиваме протокол за интероперабилност меѓу институциите, со кој ќе се утврди кои органи треба да бидат активни при различни видови природни непогоди. Во овие групи нема да има само здравствени работници, туку и претставници од надлежните институции за управување со кризни ситуации. На пример, ако се случи земјотрес, ќе биде јасно кој како да реагира, а клиниките ќе бидат подготвени со екипи за итна интервенција,“ појасни министерот за здравство.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5572

Првата група повредени од трагедијата во Кочани заврши рехабилитација – Министерството за здравство со апел, ЗНМ со остар одговор

Во одморалиштето на МВР на Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата за 45 лица повредени во трагичниот настан во Кочани. Според Министерството за здравство, на почетокот од следната недела таму ќе пристигне и нова група повредени, кои ќе добијат двонеделна медицинска нега и физикална терапија.Министерството упати апел до медиумите процесот на рехабилитација да се следи со особена внимателност и почитување на приватноста на повредените лица. Во соопштението се наведува дека секој инвазивен пристап може да предизвика дополнителни трауми и да го отежни заздравувањето. Затоа, се бара да не се снимаат лица, да не се бараат изјави и да не се нарушува мирот во Пониква и Општата болница во Кочани.Но на ваквиот повик реагираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), оценувајќи дека станува збор за ограничувачки инструкции што можат да се протолкуваат како институционален притисок и обид за цензура. Според ЗНМ, Министерството не смее да наметнува правила за новинарско известување, особено кога станува збор за настани од јавен интерес.„Слободата на изразување и јавното информирање се гарантирани со Уставот, а новинарската етика е прашање на саморегулација“, порачаа од ЗНМ, потенцирајќи дека уредувачката независност и медиумската слобода се неприкосновени во едно демократско општество.

Македонија | пред 5 месеци

puls-8

Повредените од „Пулс“ се во стабилна состојба, четворица се враќаат од странските болници

Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“.„Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денес од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба.Специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во ОБ Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници.Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација“, вели Минситерството за здравство.

Македонија | пред 7 месеци

124-1

Почина 24 годишно момче: дискотеката „Пулс“ ја зема 62 жртва

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.„Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад, велат од Министерство за здравство и додаваат:Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба. Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани“.

Македонија | пред 8 месеци

taravari2

Министерството за здравство бара брзо расчистување на случајот со земањето поткуп од директорот на Геријатрија

Министерството за здравство, по апсењето на директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи, велат дека стојат на располагање за било какви информции.„Министерството за здравство се залага за што побрзо расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа. Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи“, вели Министерството за здравство.Директорот со уште едно лице се спроведени во полициска станица. Неофицијално, делото го извршил заедно со посредник. Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.

Македонија | пред 8 месеци

taravari-1

МЗ: Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите - 078 378 754

Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите.За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка.Како дел од оваа иницијатива, мобилен тим од двајца лекари и еден психолог ќе биде ангажиран во Кочани, со цел да се обезбеди навремена и соодветна психолошка поддршка на граѓаните.Министерството за здравство останува посветено на унапредување на менталното здравје и обезбедување на соодветна грижа за сите граѓани.

Македонија | пред 9 месеци

vaccino-antinfluenzale-il-piemonte-punta-ad-aumentare-la-cop-12018.660x368

За вакцинација за сезонски грип досега пријавени над 61 илјада, вакцинирани над 19 илјади граѓани

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип досега се пријавени над 61.000 граѓани, што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонскиот грип.„Во пунктовите за вакцинација веќе се вакцинирани над 19.000 граѓани. Почнувајќи од денес, мобилните тимови од здравствените установи ќе спроведуваат вакцинација во домовите за стари лица. Вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција од грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи“, соопшти Министерството за здравство.„За потсетување, пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат.За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања