Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

НАФТА

nafta-696x465-1

Жител на Сандево крадел нафта од училиште, фатен е на дело!

Полицијата го привела 41-годишниот А.Ш. од Скопје под сомнение дека сторил кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето било лишено од слобода синоќа околу 21:25 часот од страна на припадници на СВР Скопје.Според информациите, А.Ш. бил затекнат во дворното место на основното училиште во скопското село Сандево, каде од резервоарот на училиштето одземал нафта.Одземената нафта е вратена на одговорното лице од училиштето, а по извршениот увид и целосното документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 месеци

benzine

(Видео) Москва со итни мерки: увоз од Кина за да се ублажи недостигот на гориво

Енергетската криза во Русија доби нова димензија поради украинските напади врз рафинериите. Недостигот на гориво ја принуди Москва да започне увоз од Кина и други азиски земји, со што првпат по долго време земјата се откажува од целосна енергетска самостојност.Според пишувањето на „Комерсант“, пакетот мерки предвидува укинување на царините за увоз преку источните пунктови и директна компензација од буџетот за да се покрие ценовната разлика. Три компании – Роснефт, АД ННК и ВО Промсириеимпорт – ќе бидат задолжени за транспорт на гориво, со план да испорачуваат 150.000 тони месечно.Властите, свесни за сериозноста на кризата, разгледуваат и непопуларни решенија: враќање на забранетиот адитив MMA, зголемување на дозволената количина на ароматични јаглеводороди и дозвола за продажба на горива со алкохолна примеса. Со ова би се надоместиле дополнителни 350.000 тони бензин и 100.000 тони дизел.Но, според официјалното писмо на вицепремиерот Александар Новак до премиерот Михаил Мишустин, ситуацијата е алармантна. Во септември, 38% од капацитетот на руските рафинерии биле надвор од функција, при што 70% од застојот е резултат на украински напади со беспилотни летала.Недостигот веќе ја погоди продажбата на бензин, која е ограничена на 30 литри по купувач во повеќе региони, од Сахалин до Крим. Украина, пак, продолжува со интензивни напади, а последниот пример е пожарот во рафинеријата Ново-Јарослав. Гувернерот Михаил Јевраев изјави дека „пожарот е од техничка природа“ и не е поврзан со напад.

Свет | пред 5 месеци

mkd-355369

(Видео) Инцидент на пругата Ваљево – Косјериќ: излетани се цистерни со нафта

Две цистерни полни со нафта синоќа излетаа од шините на железничката пруга Ваљево – Косјериќ, во близина на местото Ражана, пренесуваат локалните медиуми.Според првичните информации, цистерните биле при крајот на товарниот воз што се движел кон Косјериќ. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, ниту дали имало истекување нафта од композицијата.Надлежните институции извршуваат увид на местото на настанот и истражуваат дали постои опасност од загадување и какви мерки ќе бидат преземени.

Свет | пред 5 месеци

Medical-jobs-in-Norway-696x322-1

Пат кон независност: Зошто Норвешка остана надвор од ЕУ?

Норвешка уште во 1972 година доби можност да стане дел од тогашната Европска економска заедница, подоцна Европска унија. Иако сите нејзини соседи се приклучија или беа на пат кон Унијата, норвешките граѓани на референдум одлучија спротивно и ја одбија оваа понуда.Земјата својата независност ја избори во 1905 година, откако по децении тензии се одвои од Шведска. Во текот на 20. век Норвешка вложуваше во економски и дипломатски развој за да стане конкурентна на европската сцена. Втората светска војна го прекина тој процес, бидејќи земјата беше окупирана, но по војната веднаш се приклучи кон НАТО со цел да се заштити од идни закани.Домашната политика се насочи кон изградба на силна социјална држава: отворање болници и училишта, намалување на сиромаштијата и поттикнување на економијата преку модернизација на услугите.Откритието на нафтата во 1969 година во норвешките води ја трансформираше економијата. Од земја што зависеше од рибарството, Норвешка брзо се претвори во индустриска сила. Со приходите од нафтата, државата финансираше големи развојни проекти и се појави идејата дека членството во Европската заедница може дополнително да ја зајакне економијата.Сепак, на референдумот од 25 септември 1972 година, 53,5 проценти од гласачите го одбија приклучувањето. Главните причини беа стравот дека Унијата ќе го загрози традиционалното рибарство и земјоделство, како и желбата да се зачува „норвешката посебност и начин на живот“.И покрај нов обид во 1992 година, резултатот беше ист. Денес, според официјални податоци, околу 70 проценти од Норвежаните се изјаснуваат против членство во ЕУ, што ја потврдува нивната долгорочна определба да останат надвор од Унијата.

Свет | пред 5 месеци

media-library5s35u5u5vmpqc5zf4cb

(Видео) Од цистерната се излеале 25 тони нафта, детали соопшти Стојанче Ангелов

Од цистерната што денеска се преврте на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, истекле 25 тони нафта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Олеснителна околност е единствено како што вели, што нафтата се излеала во канал до патот, каде што веднаш е затрупано со песок.Ова се деталите од денешниот еколошки инцидент за кои информираше Ангелов:

Македонија | пред 5 месеци

AVTOBUS-JSP

Автобусите на ЈСП може повторно да останат без нафта – „Пуцко петрол“ ја прекина доставата

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје се соочува со проблеми во снабдувањето со нафта, откако компанијата „Пуцко петрол“ ја прекина испораката и покрај активниот договор.Од претпријатието предупредуваат дека оваа ситуација може да влијае врз редовното сообраќање на автобусите во градот.

Скопје | пред 5 месеци

rosneft-1

Пад на приходите на рускиот нафтен гигант за повеќе од 68% поради ниските цени на нафтата

Нетo приходот на рускиот нафтен гигант „Роснефт“ се намали за повеќе од 68% во првата половина од годинава, достигнувајќи 245 милијарди рубљи (околу 2,6 милијарди евра), јави Ројтерс повикувајќи се на извори од индустријата.Причината за падот, како што се наведува, е намалувањето на цените на нафтата поради зголеменото производство од страна на Саудиска Арабија и другите држави-членки на Организацијата на земји извознички нафта (ОПЕК+).„Првата половина од годината ја одбележа пад на цените на нафтата, пред сè поради прекумерното производство. Главна причина е активното зголемување на производството на земјите од ОПЕК, вклучително и Саудиска Арабија, ОАЕ, Ирак и Кувајт,“ изјави првиот човек на „Роснефт“, Игор Сечин.Според индустриски извори, Русија на состаноците на ОПЕК+ изразила загриженост дека зголемувањето на производството се одвива побрзо од очекуваното.

Свет | пред 6 месеци

873x400-1-16

Еве кој ја снабдува Европа со гас и нафта

Вкупната продукција на нафта, кондензат, течни деривати и природен гас во Норвешка во јули достигна 672.000 кубни метри дневно, што е еквивалентно на 4,23 милиони барели нафта. Овој обем е за 3,9 проценти поголем од првичните прогнози, пренесе „Ројтерс“. Само производството на природен гас изнесувало 328,3 милиони кубни метри дневно, што е за 2,2 проценти над проценките, а производството на сурова нафта пораснало на 1,96 милиони барели дневно, исто така над очекувањата.Норвешка останува најголем снабдувач со природен гас на европскиот континент и е еден од најважните производители на нафта. Производството варира месечно, главно поради редовно одржување и застои на повеќе од 90 нафтени и гасни полиња во Северното Море. Владата во Осло најави дека ќе отвори нова рунда лиценци за истражување на нафта и гас на сè уште неистражени подрачја од норвешкиот континентален појас.Норвешка во просек произведува околу четири милиони барели нафтен еквивалент дневно – половина во природен гас, а остатокот во сурова нафта и други течни енергенти. Со тоа земјата го зајакнува статусот на стратешки енергетски партнер на Европа, особено во услови на намалени испораки од Русија.

Свет | пред 6 месеци

mkd-566762

Каква корист има Северна Кореја од испраќањето свои трупи во војна против Украина?

Делегација од високо рангиран севернокорејски воен персонал отпатува во понеделникот во Москва, а аналитичарите сугерираат дека Пјонгјанг се подготвува да испрати дополнителни сили во наредните недели за да ѝ помогнат на Русија во нејзината војна против Украина, објави Дојче веле.Откако ја посети Северна Кореја минатиот месец, шефот на Советот за безбедност на Русија и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу за руските медиуми изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се согласил да испрати дополнителни 6.000 воени инженери и работници во Курската област што граничи со Украина, истакнувајќи го подобрувањето на воените врски меѓу Москва и Пјонгјанг.Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја ги потврди наводите. Разузнавачката агенција, исто така, тврди дека Северна Кореја ѝ испорачала на Русија повеќе од десет милиони артилериски гранати и ракети, а за возврат добила помош во форма на економска соработка, односно воена технологија.Заемно корисен договорАналитичарите велат дека со оглед на придобивките што ги имаат двете страни од нивниот сојуз, веројатно е дека Северна Кореја навистина ќе испрати повеќе војници да се борат заедно со своите руски колеги и сака да помогне на долг рок.„И Москва и Пјонгјанг го добиваат она што го сакаат од овој договор“, рече Јаков Зинберг, професор по меѓународни односи на Универзитетот Кокушикан во Токио.„Знаеме дека Русија претрпе загуби, стотици илјади луѓе убиени и ранети, и дека владата не сака да ја прошири мобилизацијата во големите градови, како што се Москва и Санкт Петербург, бидејќи тоа би можело да го загрози режимот на рускиот претседател Владимир Путин во тие градови“, изјави тој за ДВ.Во меѓувреме, севернокорејските власти се обидуваат да го искористат распоредувањето на трупи како можност за „разбудување“ на нацијата.Може ли помошта за Русија да го обезбеди опстанокот на режимот во Пјонгјанг?Проценките на разузнавањето покажуваат дека Русија „и се реваншира“ на Северна Кореја со снабдување со гориво, храна и пристап до современа воена опрема што Пјонгјанг претходно имаше тешкотии да ја обезбеди бидејќи режимот е под строго ембарго и санкции од Обединетите нации поради нејзината нуклеарна програма.Друга придобивка за Пјонгјанг е едноставно престижот што доаѓа од тоа што е клучен сојузник на глобална сила. Тоа е сојуз што Северна Кореја многу лесно може да го искористи во своја корист во трговските и безбедносните договори со Кина, која долго време е најблизок партнер и заштитник на режимот.„Им се допаѓа статусот што го носи пријателството со Русија“, рече Зинберг.„Очекувам дека тие ќе продолжат да останат блиску до Москва дури и по завршувањето на војната, нудејќи им на Русите војници и работна сила, бидејќи знаат дека тоа може да им донесе придобивки што ќе помогнат во поддршката на режимот и ќе го обезбедат неговиот опстанок“, додава тој.

Свет | пред 8 месеци

873x400-1-16

Цените на нафтата нагло паднаа по нападите на Иран

Цените на нафтата забележаа остар пад откако Иран изврши ракетен напад врз американски бази во Ирак и Катар. Брент нафтата, која претходно се тргуваше по речиси 77 долари за барел, сега падна за 4,7 отсто – на 72 долари.Иако нападот би можел да се протолкува како ескалација на конфликтот, аналитичари наведуваат поинакво објаснување. Како што пренесува Sky News, нападот се гледа како симболична одмазда на Техеран – начин Иран да „спаси образ“ по американските удари врз неговите нуклеарни објекти. Но, отсуството на удари врз критичната нафтена инфраструктура, особено на испораките преку Хормускиот Теснец, донело олеснување кај нафтените трговци – што довело до пад на цените.

Свет | пред 8 месеци

nafta

Во Црвеното Море гори танкер со нафта: Поморската комисија предупредува на можна катастрофа

Во тек е спасувањето на нафтениот танкер MV Sounion, кој беше нападнат од проирански милитанти Хути, соопшти поморската мисија на Европската унија во Црвеното Море, Аспидес.Во соопштението, Аспидес објави дека „неколку пожари“ сè уште горат на бродот со грчки регистарски табли што превезувал околу еден милион барели сурова нафта, додавајќи дека нема видливи знаци на излевање.Операцијата за спасување најверојатно ќе биде сложена, а доколку дојде до излевање на нафта, тоа би можело да биде едно од најголемите излевања на бродови во историјата и може да предизвика еколошка катастрофа во област каде пристапот е особено опасен.„MV SOUNION претставува значајна еколошка закана поради големото количество сурова нафта што ја транспортира. Приватни компании се вклучени во спасувачка операција која ќе започне наскоро“, објави Аспидес на социјалната платформа Х. Извор запознаен со случајот изјави за Ројтерс дека реморкерите се подготвени, но дека ќе биде потребна инспекција на лице место пред да се донесе одлука дали товарот ќе биде префрлен на друг брод или дали бродот прво ќе биде преместен на безбедно пристаниште.Европската поморска мисија во понеделникот соопшти дека ќе обезбеди заштита за реморкерите кои ќе учествуваат во спасувачката операција.Проиранските Хути напаѓаат трговски бродови за да ја поддржат Палестина во војната меѓу Израел и Хамас во Газа.Танкер во сопственост на Саудиска Арабија и танкер регистриран во Панама беа нападнати во понеделникот (2 септември) во Црвеното Море во близина на Јемен, изјавија два извори запознаени со инцидентот, но не е јасно дали пловилата биле нападнати од јеменските Хути.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Доларот благо зајакна, цената на нафтата порасна

На девизните пазари благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 104,20 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,08 поени.Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 157,90 на 157,95 јени.И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0895 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0905 долари.Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа по падот за повеќе од 1 отсто минатата недела. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава зајакна за 0,15 отсто, на 85,15 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,23 отсто, на 82,40 долари.На азиските берзи утрово се тргува претпазливо поради послабиот од очекуваниот раст на кинеската економија и неизвесноста по обидот за атентат врз републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 07:00 часот беше речиси непроменет во однос на претходниот трговски ден.Во исто време, цените на акциите во Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,1 и 1,4 отсто, додека во Шангај и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 0,6 отсто. Во Јапонија, пак, денеска нема работа поради празникот.Азиските инвеститори се претпазливи од бавното закрепнување на кинеската економија.Утрово беше објавено дека бруто домашниот производ на земјата пораснал за 4,7 отсто на годишно ниво во минатиот квартал, побавно од претходниот квартал и помалку од очекуваните 5,1 отсто.На слабост на втората по големина светска економија укажуваат податоците за остриот пад на цените на новите станови, како и бавниот раст на продажбата на мало - за 2 отсто на годишно ниво, под очекуваните 3,3 отсто.Инвеститорите се претпазливи и од политичката неизвесност по неуспешниот обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Трамп во саботата.По тоа пукање, се зголемија шансите Трамп да победи на претседателските избори, како и дека републиканците ќе победат на претстојните конгресни избори.Тоа поттикна посилен долар и пораст на приносите на државните обврзници бидејќи се очекува победата на Трамп да доведе до економски политики што ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе го зголемат националниот долг.„Ова е реакцијата на пазарот, имајќи предвид дека претходното претседателство на Трамп беше одбележано со зголемување на царините на увозните производи, што ја зајакна инфлацијата, потоа со јакнењето на доларот и растот на приносите на обврзниците. Дополнително, ограничувањата за мигрантите би можеле да доведат до недостиг на работна сила, а со тоа и до зголемување на платите“, објаснува Ронг Рен Гох, менаџер на портфолио во Eastspring инвестиции.

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,95 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,70 поени.Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 160,95 на 161,55 јени, блиску до највисокото ниво во последните 38 години.Како резултат на тоа, внимателно се следи дали јапонските монетарни власти ќе интервенираат, како што направија неодамна, за да спречат понатамошно слабеење на јенот.И додека порасна во однос на јенот, американската валута стагнира во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0735 долари, исто како вчера во овој момент.Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,27 отсто, на 86,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,19 отсто, на 83,55 долари.Акциите паднаа на повеќето азиски берзи во вторникот, бидејќи инвеститорите шпекулираа дали јапонските власти ќе интервенираат бидејќи доларот достигна ново 38-годишно ниво.Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 07:00 часот беше во минус од 0,2 отсто.Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,1 отсто, а цените на акциите во Хонг Конг исто така пораснаа за околу 0,6 отсто. Тие стагнираа во Шангај, додека во Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,4 и 0,8 отсто.На берзите има претпазливост бидејќи најновите податоци покажуваат дека економиите во регионот не се во најдобра форма, додека инфлацијата не се намалува толку брзо како што се надеваа инвеститорите.

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Цените на нафтата утринава паднаа, доларот зајакна

На азиските берзи денеска се тргува внимателно, бидејќи инвеститорите очекуваа нови вести кои би можеле да го насочат пазарот, при што доларот благо порасна во однос на кошничката валути.MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, со исклучок на Јапонија, беше речиси непроменет во 7 часот наутро на највисокото ниво во последните 15 месеци, кое го достигна во петокот по три последователни недели добивки.Утрово јапонскиот индекс Никеи падна за 0,4 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,1 и 0,4 отсто. Во Хонг Конг, сепак, тие благо се зголемија. На берзите се тргува тивко додека инвеститорите ги анализираат новите податоци за инфлацијата во Кина.Потрошувачките цени во април пораснале за 0,3 отсто на годишно ниво, додека производствените цени паднале за 2,5 отсто.Добрата вест е што инфлацијата, за разлика од западните земји, е ниска, но лошата вест е што падот на цените на производителите укажува на слаба побарувачка.Внимание на пазарите се очекува и во наредните денови бидејќи во втората половина од неделата ќе бидат објавени извештаи за цените на производителите и потрошувачите во САД, кои ќе покажат како се движи инфлацијата и што би можело значително да влијае на насоката на американскиот, а со тоа и другите пазари во светот.Инвеститорите се надеваат на знаци за намалување на инфлацијата, што би отворило простор за ФЕД да ги намали каматните стапки. Сепак, претставници на централната банка во последните денови велат дека каматните стапки би можеле да останат покачени подолг период отколку што очекува пазарот.Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,33 отсто, на 82,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,28 отсто, на 78,10 долари.

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Доларот благо зајакна, цената на нафтата порасна

На девизните пазари благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,09 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,03 поени.Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,70 на 154,75 јени.Со оглед на тоа што доларот лебди на највисоките нивоа во последните 34 години, јапонските власти се закануваат дека ќе интервенираат за да спречат натамошно слабеење на јенот.И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0655 долари, додека вчера во ова време беше 1,0665 долари.Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,51 отсто, на 87,45 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,54 отсто, на 82,35 долари.На азиските берзи цените на акциите пораснаа, како и претходниот ден на Волстрит, додека инвеститорите ги очекуваат новите квартални деловни резултати од големите компании и новите макроекономски показатели.Растот на азиските берзи втор ден по ред е благодарение на смирувањето на тензиите на Блискиот Исток, меѓу Израел и Иран.Покрај тоа, инвеститорите беа охрабрени од вчерашниот пораст на Волстрит по шестдневниот пад. Dow Jones зајакна 0,67 отсто, додека S&P 500 за 0,87 отсто, а Nasdaq индексот за 1,11 отсто.„Мислам дека тоа е стандардно купување, откако акциите паднаа за 5 отсто порано. Инвеститорите оваа недела чекаат заработка од неколку големи компании и економски показатели кои би можеле да покажат што може да направи ФЕД со каматните стапки“, рече Ламар Вилере, портфолио менаџер во Вилере. & Co.Во претходните пет месеци, најголемата светска берза силно порасна бидејќи инвеститорите очекуваа ФЕД агресивно да ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од јуни.Сепак, се појасно е дека централната банка нема да брза со намалување на каматните стапки бидејќи пазарот на трудот е сè уште силен, економијата расте, а инфлацијата е сè уште покачена.Затоа, пазарот на пари сега проценува дека има само 15 отсто шанси за намалување на каматните стапки на ФЕД во јуни, а околу 42 отсто во јули.Во тековната сезона на објавување квартални деловни извештаи, резултатите на повеќето компании не беа многу охрабрувачки.Оваа недела, меѓу другите, ќе бидат објавени извештаи од технолошките гиганти како Тесла, Мета Платформи, Алфабет и Мајкрософт.

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања