Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Пат кон независност: Зошто Норвешка остана надвор од ЕУ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Medical-jobs-in-Norway-696x322-1

Норвешка уште во 1972 година доби можност да стане дел од тогашната Европска економска заедница, подоцна Европска унија. Иако сите нејзини соседи се приклучија или беа на пат кон Унијата, норвешките граѓани на референдум одлучија спротивно и ја одбија оваа понуда.

— реклама —

Земјата својата независност ја избори во 1905 година, откако по децении тензии се одвои од Шведска. Во текот на 20. век Норвешка вложуваше во економски и дипломатски развој за да стане конкурентна на европската сцена. Втората светска војна го прекина тој процес, бидејќи земјата беше окупирана, но по војната веднаш се приклучи кон НАТО со цел да се заштити од идни закани.

— реклама —

Домашната политика се насочи кон изградба на силна социјална држава: отворање болници и училишта, намалување на сиромаштијата и поттикнување на економијата преку модернизација на услугите.

Откритието на нафтата во 1969 година во норвешките води ја трансформираше економијата. Од земја што зависеше од рибарството, Норвешка брзо се претвори во индустриска сила. Со приходите од нафтата, државата финансираше големи развојни проекти и се појави идејата дека членството во Европската заедница може дополнително да ја зајакне економијата.

— реклама —

Сепак, на референдумот од 25 септември 1972 година, 53,5 проценти од гласачите го одбија приклучувањето. Главните причини беа стравот дека Унијата ќе го загрози традиционалното рибарство и земјоделство, како и желбата да се зачува „норвешката посебност и начин на живот“.

— реклама —

И покрај нов обид во 1992 година, резултатот беше ист. Денес, според официјални податоци, околу 70 проценти од Норвежаните се изјаснуваат против членство во ЕУ, што ја потврдува нивната долгорочна определба да останат надвор од Унијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

mark-rute-1

Руте од Варшава: НАТО ќе го брани секој дел од полската територија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
nato-mrezi

НАТО предупредува: Во случај на војна во Европа може да нема доволно гориво за воените авиони

Свет | пред 1 седмица

mark-rute-1

Руте: Русија месечно губи над 40.000 војници во војната во Украина

Свет | пред 1 седмица

nato-zastava

НАТО ја менува воената стратегија: Русија станува главен приоритет

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања