„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

нафта

media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Кина и Русија застанаа зад Венецуела по американската блокада на нафтени танкери

Милиони барели венецуелска нафта останаа закотвени на танкери откако САД воведоа блокада врз бродовите поврзани со Каракас, предизвикувајќи застој во пристаништата и нова геополитичка ескалација во Карипското Море. Потегот на Вашингтон веднаш наиде на реакции од Кина и Русија, кои застанаа зад Венецуела и ги осудија американските акции како незаконски и опасни.По одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ги блокира сите санкционирани танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела, активноста во пристаништата нагло се намали. Според податоци на Ројтерс, најголем дел од танкерите сега превезуваат нафта само меѓу домашни пристаништа, додека бројот на натоварени бродови што не тргнале кон странство расте од ден во ден. Клиентите бараат поголеми попусти и измени на договорите поради зголемениот ризик од пресретнување.Американскиот претседател повторно го повика венецуелскиот лидер Николас Мадуро да се повлече од власта и порача дека САД ќе ја задржат или ќе ја продадат нафтата што ја заплениле покрај венецуелскиот брег во последните недели. На прашање дали целта е смена на режимот, Трамп оцени дека за Мадуро би било „паметно“ да ја напушти функцијата, предупредувајќи дека натамошниот отпор ќе има последици.Ескалацијата доби меѓународна димензија откако САД пресретнаа танкер што се упатувал кон Кина. Пекинг реагираше остро, оценувајќи дека ваквите дејствија претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, истакна дека Венецуела има право да развива односи со други држави и дека Кина се спротивставува на сите еднострани и нелегални санкции.Иако Белата куќа тврди дека пресретнатиот брод припаѓал на таканаречената „флота во сенка“ на Венецуела, танкерот во моментот не бил под американски санкции. Панамските власти, пак, соопштија дека супертанкерот „Сенчерис“ ги прекршил поморските правила, го сменил името и го исклучил транспондерот додека превезувал нафта од Венецуела.Кина е најголемиот купувач на венецуелска сурова нафта, која сочинува околу 4 отсто од нејзиниот вкупен увоз, што дополнително ја зголемува чувствителноста на ситуацијата.Подоцна, министрите за надворешни работи на Русија и Венецуела ги осудија американските акции во Карипскиот регион. Москва предупреди дека ескалацијата може сериозно да го загрози меѓународниот поморски сообраќај и безбедноста во регионот, потврдувајќи целосна поддршка за венецуелското раководство и народ.Во меѓувреме, сателитски податоци покажаа дека празниот супертанкер „Бела 1“, кој американската крајбрежна стража се обиде да го пресретне, се движел североисточно од Бермудите.Вашингтон тврди дека приходите од венецуелската нафта се користат за финансирање криминални и терористички активности, вклучувајќи трговија со дрога и луѓе. Од септември наваму, американските сили извршија низа напади врз бродови за кои тврдат дека се вклучени во шверц на дрога, иако без јавно презентирани докази. Според семејства и влади, во тие операции загинале повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и рибари.Каракас, од друга страна, предупредува дека станува збор за обид за промена на режимот и ги опишува потезите на САД како меѓународна пиратерија.

Свет | пред 3 дена

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Рафинеријата Панчево се гаси и се полни со азот, во Србија ,,клуч” на петтина од бензинските пумпи

Состојбата на пазарот на нафтени деривати во Србија, и покрај санкциите на САД врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост, сè уште можеби не е драматична, но наскоро би можело да предизвика постепено затворање на една петтина од бензинските пумпи во земјата, објавуваат српските медиуми.Санкциите што ги воведе Канцеларијата на Министерството за финансии на САД врз рускиот енергетски сектор, воведени на почетокот на годината, се во сила за руско-српската компанија од 9 октомври, и нема индикации дека НИС ќе добие лиценца за обезбедување на проток на сирова нафта преку нафтоводот Јанаф или од други извори.Рафинеријата за нафта Панчево веќе го започна процесот на затворање на производствените капацитети поради недостиг на сурова нафта за преработка, што е резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз НИС.За да се спречи корозија, системите се полнат со азот. Ова може да трае до три месеци, а повторното активирање би било можно дури за околу еден месец.Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е договорено плаќањата со НИС да бидат обезбедени на ризик на државата до крајот на неделата.Вучиќ призна дека Русите не сакаат да го продадат својот удел во компанијата, тврдејќи дека „не станува збор за пари, туку за политика“.Според официјалните податоци, НИС управува со околу 20 проценти од бензинските пумпи во Србија, но генерира речиси 50 проценти од својот промет на пазарот од продажба на гориво, што значи дека продава повеќе гориво од кој било друг. НИС е во ко-сопственост на државата Србија (29,87 проценти), а акциите се исто така во сопственост на граѓани, сегашни и поранешни вработени и други малцински акционери.Негативниот исход од ситуацијата би можел да доведе до постепено затворање на станиците на НИС и Газпром - 356 од вкупно 1.520 во цела Србија.

Свет | пред 3 седмици

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Помош пристигнува од Будимпешта: „Унгарија нема да дозволи Србија да остане без енергетски извори“, порача Сијарто

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска допатува во Белград, каде што разговара со српските власти за начините на кои Унгарија може да ѝ помогне на Србија по прекинот на испораките на нафта од Хрватска. Тој ја соопшти целта на посетата во видео-порака објавена на неговиот профил на „Фејсбук“.„Србија е во тешка позиција. Ние, Унгарците, јасно, ќе им помогнеме на Србија и на српскиот народ и на српската економија, а деталите за оваа помош ќе ги разговараме денеска во Белград“, порача Сијарто во видеото.Посетата доаѓа само еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека рафинеријата НИС – која е под контрола на руски „Газпром“ – може да ја прекине работата за четири дена доколку САД не ги ревидираат новите санкции. Застојот во производството би можел да создаде сериозни проблеми со снабдувањето со нафтени деривати во пресрет на зимата.Вашингтон минатиот месец воведе санкции за НИС како дел од мерките против компании поврзани со Русија поради војната во Украина. Како последица на тоа, Хрватска го стопираше транспортот на сурова нафта кон Србија, оставајќи ја земјата во исклучително незавидна позиција.Сијарто уште во април најави дека е во подготовка проект за нафтовод кој би ја поврзал Унгарија со Србија. Според неговата изјава, оваа инфраструктура би можела да профункционира до 2028 година и да ги задоволува речиси сите српски потреби за сурова нафта, пренесувајќи четири до пет милиони тони годишно.Односите меѓу двете земји последните години значително се продлабочија, а Војводина, Белград и Будимпешта интензивно соработуваат, паралелно продолжувајќи да одржуваат блиски врски со Москва. Сијарто и Вучиќ се меѓу европските лидери кои најотворено соработуваат со Русија.Според агенцијата Танјуг, по средбата на министрите во Белград, шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ изјави дека темите на разговор вклучувале забрзување на изградбата на нови нафтоводи и гасоводи што треба да ја подигнат енергетската сигурност во Србија и Унгарија.„Јасно е дека во времето во кое живееме, не можеме да зависиме само од еден правец на снабдување... ако сакаме да создадеме добри економски услови, ова е услов без кој не може да се направи“, истакна Ѓуриќ.На заедничката прес-конференција, Сијарто повтори дека сите технички детали за унгарската поддршка ќе бидат финализирани во Белград и подвлече: Унгарија нема да дозволи Србија да остане без енергетски извори.

Свет | пред 4 седмици

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп со ултиматум до Вучиќ: За три месеци целосно повлекување на русите од нафтената индустрија

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, обзмами дека добиле известување од Владата на САД со кое се бара излегување на руската сопственост од Нафтената индустрија на Србија (НИС).„Всушност, на барање на НИС, за првпат, таа недвосмислено рече дека сака целосна промена на руските акционери, односно дека бара излез од сопственоста“, рече српската министерка.Министерката посочи дека државата е во момент кога можеби пред нив се некои од најтешките одлуки во модерната историја на Србија.„Геополитичката ситуација се менува од ден на ден и се надевам дека нашите руски пријатели ќе ја разберат сериозноста на моментот и ќе ни помогнат заедно да излеземе од оваа исклучително сложена ситуација. Ние, ниту виновни ниту обврзани, се најдовме во средината на политички и геополитички конфликт и како мала земја сега мора да платиме висока цена. И единственото нешто што го сакавме беше да бидеме фер и коректни кон сите наши партнери и сите наши пријатели“, рече Ѓедовиќ.Владата на Србија денес одржува состанок во на кој се поканети сите директори на јавни претпријатија.Санкциите беа воведени од САД поради мнозинскиот руски капитал во компанијата.Компанијата НИС ја информираше јавноста дека посебната лиценца на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави, која овозможува непречено оперативно работење, не е продолжена, што го означи почетокот на примената на американските санкции против таа компанија.Американците сега бараат од Вучиќ целосно да ги повлече Русите од нафтената индустрија на Србија.

Свет | пред 1 месец

nafta-mazut

Нафтата поевтинува – стабилни цени до крајот на годината

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела забележаа благ пад, губејќи дел од добивките остварени неделата пред тоа, поради бавниот економски раст на најголемите светски економии и зголемената понуда на пазарот.На лондонската берза, цената на барел сурова нафта се намали за 1,3 проценти, достигнувајќи 65,07 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1 процент, на 60,88 долари.Неделата претходно цените пораснаа за околу седум проценти, како резултат на новите санкции на западните земји кон руската нафта, но минатата недела повторно благо се намалија. Побарувачката, според трговците, не се зголемува со очекуваното темпо, бидејќи растот на големите економии е умерен, а понудата постојано расте.Според проценките на Меѓународната агенција за енергија (IEA), почетокот на следната година би можел да донесе вишок на понуда, бидејќи производството во САД, Канада, Бразил, Гвајана и Аргентина ќе ја надмине побарувачката.Од друга страна, ОПЕК очекува зголемување на побарувачката во 2026 година за 1,3 милиони барели дневно, што е речиси двојно повеќе од прогнозите на IEA. Сепак, ОПЕК+ на последниот состанок во декември одлучи да ја зголеми производството за само 137.000 барели дневно, исто како во октомври и ноември, а значително помалку отколку во септември.Организацијата најави дека во првиот квартал од следната година нема да има ново зголемување на производството, што покажува дека не се очекува значителен раст на побарувачката и дека пазарот би можел да биде презаситен ако понудата дополнително се зголеми.Во моментов, најголема поддршка за цените на нафтата претставуваат санкциите на западните земји кон руската нафта, како и притисокот на Вашингтон врз Кина и Индија да ја намалат набавката на руска нафта и да се свртат кон американската или кон други извори на меѓународните пазари.Аналитичарите не очекуваат значајни промени на цените до крајот на годината. Според анкетата на Reuters, просечната цена на барел на лондонскиот пазар би можела да изнесува околу 68 долари, што е за околу 40 центи повеќе од претходната прогноза, додека на американскиот пазар се очекува цена од околу 64,80 долари за барел.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Санкциите на Трамп ја зголемија цената на нафтата

Санкциите на американскиот претседател Доналд Трамп против Русија имаат силен ефект.Сепак неизвесно е дали светот ќе престане да купува руска нафта и гас.Анализата на угледниот Гардијан наведува дека новата офанзива на американскиот претседател против приходите од фосилни горива во Русија може да претставува и шанса за мир во Украина и економска придобивка за САД.Трамп минатата недела воведе санкции против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, со цел да ја ослаби способноста на Москва да ја финансира својата воена машинерија.Новите санкции значат дека сите компании кои купуваат руска нафта ризикуваат да го изгубат пристапот до финансискиот систем заснован на американскиот долар. Ова може да има сериозни последици за Индија и Кина, кои се најголеми купувачи на руска нафта и гас.по целосната инвазија на Украина. Влијанието на санкциите се почувствува веднаш — глобалната цена на нафтата порасна за 6%, а се појавија и извештаи дека големите индиски и кинески рафинерии моментално го стопирале увозот.Доколку Москва ги изгуби тие пазари, може да остане без околу 7,4 милијарди долари месечни приходи, што претставува приближно 3,6 милијарди долари во месечни даноци што директно одат во воениот буџет на Кремљ.

Свет | пред 1 месец

nafta-696x465-1

Жител на Сандево крадел нафта од училиште, фатен е на дело!

Полицијата го привела 41-годишниот А.Ш. од Скопје под сомнение дека сторил кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето било лишено од слобода синоќа околу 21:25 часот од страна на припадници на СВР Скопје.Според информациите, А.Ш. бил затекнат во дворното место на основното училиште во скопското село Сандево, каде од резервоарот на училиштето одземал нафта.Одземената нафта е вратена на одговорното лице од училиштето, а по извршениот увид и целосното документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

benzine

(Видео) Москва со итни мерки: увоз од Кина за да се ублажи недостигот на гориво

Енергетската криза во Русија доби нова димензија поради украинските напади врз рафинериите. Недостигот на гориво ја принуди Москва да започне увоз од Кина и други азиски земји, со што првпат по долго време земјата се откажува од целосна енергетска самостојност.Според пишувањето на „Комерсант“, пакетот мерки предвидува укинување на царините за увоз преку источните пунктови и директна компензација од буџетот за да се покрие ценовната разлика. Три компании – Роснефт, АД ННК и ВО Промсириеимпорт – ќе бидат задолжени за транспорт на гориво, со план да испорачуваат 150.000 тони месечно.Властите, свесни за сериозноста на кризата, разгледуваат и непопуларни решенија: враќање на забранетиот адитив MMA, зголемување на дозволената количина на ароматични јаглеводороди и дозвола за продажба на горива со алкохолна примеса. Со ова би се надоместиле дополнителни 350.000 тони бензин и 100.000 тони дизел.Но, според официјалното писмо на вицепремиерот Александар Новак до премиерот Михаил Мишустин, ситуацијата е алармантна. Во септември, 38% од капацитетот на руските рафинерии биле надвор од функција, при што 70% од застојот е резултат на украински напади со беспилотни летала.Недостигот веќе ја погоди продажбата на бензин, која е ограничена на 30 литри по купувач во повеќе региони, од Сахалин до Крим. Украина, пак, продолжува со интензивни напади, а последниот пример е пожарот во рафинеријата Ново-Јарослав. Гувернерот Михаил Јевраев изјави дека „пожарот е од техничка природа“ и не е поврзан со напад.

Свет | пред 2 месеци

mkd-355369

(Видео) Инцидент на пругата Ваљево – Косјериќ: излетани се цистерни со нафта

Две цистерни полни со нафта синоќа излетаа од шините на железничката пруга Ваљево – Косјериќ, во близина на местото Ражана, пренесуваат локалните медиуми.Според првичните информации, цистерните биле при крајот на товарниот воз што се движел кон Косјериќ. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, ниту дали имало истекување нафта од композицијата.Надлежните институции извршуваат увид на местото на настанот и истражуваат дали постои опасност од загадување и какви мерки ќе бидат преземени.

Свет | пред 2 месеци

Medical-jobs-in-Norway-696x322-1

Пат кон независност: Зошто Норвешка остана надвор од ЕУ?

Норвешка уште во 1972 година доби можност да стане дел од тогашната Европска економска заедница, подоцна Европска унија. Иако сите нејзини соседи се приклучија или беа на пат кон Унијата, норвешките граѓани на референдум одлучија спротивно и ја одбија оваа понуда.Земјата својата независност ја избори во 1905 година, откако по децении тензии се одвои од Шведска. Во текот на 20. век Норвешка вложуваше во економски и дипломатски развој за да стане конкурентна на европската сцена. Втората светска војна го прекина тој процес, бидејќи земјата беше окупирана, но по војната веднаш се приклучи кон НАТО со цел да се заштити од идни закани.Домашната политика се насочи кон изградба на силна социјална држава: отворање болници и училишта, намалување на сиромаштијата и поттикнување на економијата преку модернизација на услугите.Откритието на нафтата во 1969 година во норвешките води ја трансформираше економијата. Од земја што зависеше од рибарството, Норвешка брзо се претвори во индустриска сила. Со приходите од нафтата, државата финансираше големи развојни проекти и се појави идејата дека членството во Европската заедница може дополнително да ја зајакне економијата.Сепак, на референдумот од 25 септември 1972 година, 53,5 проценти од гласачите го одбија приклучувањето. Главните причини беа стравот дека Унијата ќе го загрози традиционалното рибарство и земјоделство, како и желбата да се зачува „норвешката посебност и начин на живот“.И покрај нов обид во 1992 година, резултатот беше ист. Денес, според официјални податоци, околу 70 проценти од Норвежаните се изјаснуваат против членство во ЕУ, што ја потврдува нивната долгорочна определба да останат надвор од Унијата.

Свет | пред 3 месеци

media-library5s35u5u5vmpqc5zf4cb

(Видео) Од цистерната се излеале 25 тони нафта, детали соопшти Стојанче Ангелов

Од цистерната што денеска се преврте на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, истекле 25 тони нафта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Олеснителна околност е единствено како што вели, што нафтата се излеала во канал до патот, каде што веднаш е затрупано со песок.Ова се деталите од денешниот еколошки инцидент за кои информираше Ангелов:

Македонија | пред 3 месеци

AVTOBUS-JSP

Автобусите на ЈСП може повторно да останат без нафта – „Пуцко петрол“ ја прекина доставата

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје се соочува со проблеми во снабдувањето со нафта, откако компанијата „Пуцко петрол“ ја прекина испораката и покрај активниот договор.Од претпријатието предупредуваат дека оваа ситуација може да влијае врз редовното сообраќање на автобусите во градот.

Скопје | пред 3 месеци

rosneft-1

Пад на приходите на рускиот нафтен гигант за повеќе од 68% поради ниските цени на нафтата

Нетo приходот на рускиот нафтен гигант „Роснефт“ се намали за повеќе од 68% во првата половина од годинава, достигнувајќи 245 милијарди рубљи (околу 2,6 милијарди евра), јави Ројтерс повикувајќи се на извори од индустријата.Причината за падот, како што се наведува, е намалувањето на цените на нафтата поради зголеменото производство од страна на Саудиска Арабија и другите држави-членки на Организацијата на земји извознички нафта (ОПЕК+).„Првата половина од годината ја одбележа пад на цените на нафтата, пред сè поради прекумерното производство. Главна причина е активното зголемување на производството на земјите од ОПЕК, вклучително и Саудиска Арабија, ОАЕ, Ирак и Кувајт,“ изјави првиот човек на „Роснефт“, Игор Сечин.Според индустриски извори, Русија на состаноците на ОПЕК+ изразила загриженост дека зголемувањето на производството се одвива побрзо од очекуваното.

Свет | пред 3 месеци

873x400-1-16

Еве кој ја снабдува Европа со гас и нафта

Вкупната продукција на нафта, кондензат, течни деривати и природен гас во Норвешка во јули достигна 672.000 кубни метри дневно, што е еквивалентно на 4,23 милиони барели нафта. Овој обем е за 3,9 проценти поголем од првичните прогнози, пренесе „Ројтерс“. Само производството на природен гас изнесувало 328,3 милиони кубни метри дневно, што е за 2,2 проценти над проценките, а производството на сурова нафта пораснало на 1,96 милиони барели дневно, исто така над очекувањата.Норвешка останува најголем снабдувач со природен гас на европскиот континент и е еден од најважните производители на нафта. Производството варира месечно, главно поради редовно одржување и застои на повеќе од 90 нафтени и гасни полиња во Северното Море. Владата во Осло најави дека ќе отвори нова рунда лиценци за истражување на нафта и гас на сè уште неистражени подрачја од норвешкиот континентален појас.Норвешка во просек произведува околу четири милиони барели нафтен еквивалент дневно – половина во природен гас, а остатокот во сурова нафта и други течни енергенти. Со тоа земјата го зајакнува статусот на стратешки енергетски партнер на Европа, особено во услови на намалени испораки од Русија.

Свет | пред 4 месеци

mkd-566762

Каква корист има Северна Кореја од испраќањето свои трупи во војна против Украина?

Делегација од високо рангиран севернокорејски воен персонал отпатува во понеделникот во Москва, а аналитичарите сугерираат дека Пјонгјанг се подготвува да испрати дополнителни сили во наредните недели за да ѝ помогнат на Русија во нејзината војна против Украина, објави Дојче веле.Откако ја посети Северна Кореја минатиот месец, шефот на Советот за безбедност на Русија и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу за руските медиуми изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се согласил да испрати дополнителни 6.000 воени инженери и работници во Курската област што граничи со Украина, истакнувајќи го подобрувањето на воените врски меѓу Москва и Пјонгјанг.Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја ги потврди наводите. Разузнавачката агенција, исто така, тврди дека Северна Кореја ѝ испорачала на Русија повеќе од десет милиони артилериски гранати и ракети, а за возврат добила помош во форма на економска соработка, односно воена технологија.Заемно корисен договорАналитичарите велат дека со оглед на придобивките што ги имаат двете страни од нивниот сојуз, веројатно е дека Северна Кореја навистина ќе испрати повеќе војници да се борат заедно со своите руски колеги и сака да помогне на долг рок.„И Москва и Пјонгјанг го добиваат она што го сакаат од овој договор“, рече Јаков Зинберг, професор по меѓународни односи на Универзитетот Кокушикан во Токио.„Знаеме дека Русија претрпе загуби, стотици илјади луѓе убиени и ранети, и дека владата не сака да ја прошири мобилизацијата во големите градови, како што се Москва и Санкт Петербург, бидејќи тоа би можело да го загрози режимот на рускиот претседател Владимир Путин во тие градови“, изјави тој за ДВ.Во меѓувреме, севернокорејските власти се обидуваат да го искористат распоредувањето на трупи како можност за „разбудување“ на нацијата.Може ли помошта за Русија да го обезбеди опстанокот на режимот во Пјонгјанг?Проценките на разузнавањето покажуваат дека Русија „и се реваншира“ на Северна Кореја со снабдување со гориво, храна и пристап до современа воена опрема што Пјонгјанг претходно имаше тешкотии да ја обезбеди бидејќи режимот е под строго ембарго и санкции од Обединетите нации поради нејзината нуклеарна програма.Друга придобивка за Пјонгјанг е едноставно престижот што доаѓа од тоа што е клучен сојузник на глобална сила. Тоа е сојуз што Северна Кореја многу лесно може да го искористи во своја корист во трговските и безбедносните договори со Кина, која долго време е најблизок партнер и заштитник на режимот.„Им се допаѓа статусот што го носи пријателството со Русија“, рече Зинберг.„Очекувам дека тие ќе продолжат да останат блиску до Москва дури и по завршувањето на војната, нудејќи им на Русите војници и работна сила, бидејќи знаат дека тоа може да им донесе придобивки што ќе помогнат во поддршката на режимот и ќе го обезбедат неговиот опстанок“, додава тој.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања