Промени тема
Контакт

Цената на нафтата значително поскапи поради заканите на Трамп кон Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до нивото од 66 долари за барел, откако трговците ги вознемири новото заострување на реториката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран. На лондонскиот пазар барелот попладнево се тргуваше по цена повисока за 1,79 долари во однос на вчерашното затворање, достигнувајќи 65,85 долари, додека на американскиот пазар цената порасна за 1,72 долари, на 61,08 долари за барел.

Пазарите кон крајот на неделата беа дополнително вознемирени од пораките на Трамп до Техеран. Американскиот претседател во четвртокот изјави дека американската армада се движи кон Иран, со што ги обнови заканите за можна воена интервенција изнесени пред околу десетина дена, во време на немири во повеќе ирански градови. Тој нагласи дека голем број американски бродови пловат во тој правец „за секој случај“, додавајќи дека би сакал да не дојде до ескалација, но дека ситуацијата внимателно се следи. Според неименуван американски функционер, станува збор за група што вклучува носач на авиони и неколку разурнувачи, кои во следните денови треба да пристигнат на Блискиот Исток.

— реклама —
— реклама —

Иран произведува повеќе од три милиони барели нафта дневно, а најголемиот дел од извозот го пласира во Кина, па секоја закана за дестабилизација на регионот има силно влијание врз цените на светските пазари. Поради тоа, новите пораки од Вашингтон кон Техеран го потиснаа во втор план неодамнешното смирување на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Европската унија, кои беа заострени поради изјавите на Трамп за Гренланд. Иако кризата делумно се смири откако американскиот претседател во Давос ги повлече заканите со царини, се очекува европските лидери повторно да ја разгледуваат темата на вонреден самит.

— реклама —

Одделни податоци на Организацијата на земјите извознички на нафта покажуваат дека барелот од кошницата на нивните членки во четвртокот поскапел за 27 центи и достигнал цена од 63,21 долар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Од утре нови цени на горивата: Дизелот поскапува за 6, бензините за 3 денари

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library8n0oabh5gqo69ZShCPd

Храната повторно поскапува, глобалните цени ќе скокнат над 10%

Свет | пред 3 седмици

nafta

Цената на нафтата над 90 долари поради тензиите меѓу САД и Иран

Свет | пред 1 месец

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Нафтата нагло поскапе, но САД повеќе не трпат последици како порано

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања