Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Американците гонат танкер со руско знаме во Атлантикот, Русија испрати воени бродови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
tankeri

Русија распореди морнарички сили да го следат танкерот што американските сили го бркаат преку Атлантикот, во напната „игра на мачка и глушец“. Бродот во моментов е празен, но претходно превезувал венецуелска сурова нафта. Според пишувањето на Би-Би-Си, вчера се наоѓал помеѓу Шкотска и Исланд.

— реклама —

Оваа ескалација следува по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец за „блокада“ на санкционирани танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела, што венецуелските власти го оценија како „кражба“. Во пресрет на саботното апсење на поранешниот венецуелски лидер Николас Мадуро, Трамп неколкупати ја обвини неговата влада дека користи бродови за шверц на дрога во САД.

Минатиот месец американската крајбрежна стража се обиде да пристапи кон танкерот, тогаш познат како „Белa 1“, во Карибите, верувајќи дека плови кон Венецуела. Тие имаа судски налог за заплена на бродот поради прекршување на американските санкции и транспорт на иранска нафта.

— реклама —

Потоа, бродот ненадејно ја смени насоката и името – сега се вика „Маринера“ – а наводно го сменил и знамето од гвајанско во руско. Неговото појавување во европските води се совпадна со пристигнувањето на десетина американски воени транспортни авиони и хеликоптери.

Подготвеноста на САД
Двајца американски функционери изјавиле за „Си-Би-Ес“ дека американските сили планираат да се качат на бродот и дека Вашингтон планира заплена наместо потопување. Јужната команда на американската војска на социјалните мрежи објави дека останува подготвена да ги поддржи партнерските државни агенции во спротивставувањето на санкционирани пловни објекти и актери во регионот.

„Нашите поморски служби се будни, флексибилни и подготвени да ги следат бродовите кои се од интерес. Кога ќе стигне повикот, ќе бидеме таму“, соопштија оттаму. Се верува дека „Маринера“ во ноќта меѓу вторник и среда се наоѓала помеѓу Шкотска и Исланд, а големата оддалеченост и лошите временски услови го отежнуваат евентуалното качување на бродот.

Одговорот на Москва
Русија соопшти дека „со загриженост ја следи“ ситуацијата.

„Во моментов нашиот танкер плови во меѓународните води на северниот Атлантик под државното знаме на Руската Федерација и целосно ги почитува нормите на меѓународното поморско право“, наведува руското Министерство за надворешни работи.

„Од за нас нејасни причини, на рускиот брод му се посветува засилено и очигледно несразмерно внимание од страна на американската и НАТО-воената флота, и покрај неговиот мирољубив статус“, се додава во соопштението. „Очекуваме западните земји, кои декларативно ја истакнуваат својата посветеност на слободата на пловидба на отворено море, конечно и самите да почнат да го почитуваат тој принцип.“

Правен статус и експертска анализа
Според меѓународното право, пловилата се под заштита на земјата чие знаме го носат. Сепак, Димитрис Ампацидис, повисок аналитичар во поморската разузнавачка компанија „Кплер“, изјави за Би-Би-Си дека промената на името и знамето можеби нема да значи многу.

„Американската акција се води од основниот идентитет на пловилото (ИМО-бројот), од мрежите на сопствеништво и контрола и неговата историја поврзана со санкции — а не од бојата на ознаките или декларираната припадност“, објасни тој. Според него, преминувањето во рускиот регистар може да предизвика „дипломатски тензии“, но нема реално да ја спречи американската акција.

Овој можен судир на море се случува само неколку дена откако САД го шокираа светот со апсењето на Мадуро во Каракас. За време на операцијата биле бомбардирани цели во градот со цел поранешниот претседател и неговата сопруга да бидат уапсени по обвинение за кривични дела поврзани со оружје и дрога.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Поради кризата во Ормускиот теснец, ИЕА пушта 400 милиони барели нафта од резервите

Свет | пред 5 дена

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Извозот на енергенси од Блискиот Исток падна на 10 отсто од предвоеното ниво

Свет | пред 6 дена

media-library8rof3atjtn8neZmpcCS

Пазарите се смируваат: Нафтата падна под 90 долари по барел, берзите се стабилизираат

Свет | пред 1 седмица

media-libraryu7k2inog1hemd5LOgF5

Трампов сојузник и нафтен милијардер им порача на Американците: „Издржете еден месец“ додека растат цените на горивата

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања