Промени тема
Контакт

Америка го подготвува теренот за влез на нафтените компании во Венецуела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryub33bq4rtoa22tYMlPX

Американски претставници работат на брзо издавање општа дозвола со која би се укинале дел од санкциите врз енергетскиот сектор на Венецуела, што укажува на промена на досегашната практика на поединечни изземања. Соединетите Американски Држави со месеци го блокираа извозот на венецуелска нафта, распоредувајќи воени бродови во Карипскиот регион. На почетокот на јануари американските сили го приведоа венецуелскиот претседател Николас Мадуро, наведувајќи дека треба да биде изведен пред американски суд по обвиненија за, како што соопштија, „наркотероризам“.

— реклама —

По настаните, претседателската должност привремено ја презеде заменичката на Мадуро, Делси Родригез, а Вашингтон соопшти дека со Каракас постигнал договор за испорака на нафта вреден две милијарди долари. Американските власти ги повикаа компаниите да инвестираат во Венецуела, со процени дека вкупниот обем на вложувања во следната деценија би можел да достигне 100 милијарди долари.

— реклама —

Во меѓувреме, дозволи добија трговските куќи „Витол“ и „Трафигура“, а во изминатите недели бројни партнери и купувачи на државната нафтена компанија ПДВСА поднесоа барања за проширување на производството и извозот. Меѓу нив се „Шеврон“, „Репсол“ и „ЕНИ“, индиската рафинерија „Релајанс Индастрис“, како и група американски услужни компании. Според два извора, големиот број поединечни барања упатени до американската влада ја забавил реализацијата на плановите за проширување на извозот и за брзи инвестиции во земјата.

— реклама —

Американското Министерство за финансии, Белата куќа и венецуелското Министерство за нафта не одговорија веднаш на барањето за коментар. Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии ги воведе санкциите врз целата венецуелска енергетска индустрија уште во 2019 година, по претседателските избори на кои Мадуро освои нов мандат, а Белата куќа тогаш тврдеше дека изборниот процес не бил легитимен.

— реклама —

Санкцискиот режим се менуваше во изминатите седум години, во зависност од составот на американската администрација, преку низа уредби и дозволи со кои одредени производители и купувачи добиваа изземања. Раководители на нафтени компании оценуваат дека се потребни повеќе дозволи за да се забрза извозот и да се поттикне производството на полињата каде што опремата е достапна, како и да се зајакнат активностите за преработка. Тие укажуваат и на нужноста од обемни вложувања во поправка на застарената инфраструктура, особено поради нестабилното снабдување со електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library5jebd9k05gu36kSv5dj

Криста Пајк одбила последен оброк пред неуспешната егзекуција, побарала парите да им се дадат на бездомниците

Свет | пред 20 часа

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп сака САД да престанат со поместувањето на часовникот, предлогот заглави во Сенатот

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Европа се согласи веднаш да ослободи огромни количини дизел

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања