НАЈЧЕВСКА

najcevska-janceva

Што сме скривиле на Бога најголемата глупача да стане министерка за образование? Следно ќе ги воведе турските серии како задолжителна лектира, критикува Најчевска

По жестоките критики, професорката по право, Мирјана Најчевска, упати и навреда кон министерката за образование Весна Јаневска. Откако Јаневска посочи дека во новата учебна година ќе има учебници за сите одделенија освен учебници за странски јазици, Најчевска ја нарече „најголема глупача“.„Добро бре што сме скривиле на Бога најголемата глупача да стане министерка за образование? Следно ќе ги воведе турските серии како задолжителна лектира за учење на традиционалните вредности? Дај бре сменете ја пред да не закопа во фекалии до грло“, напиша Најчевска.Министерката за образование Весна Јаневска кажа дека во новата учебна година ќе има учебници за сите одделенија, освен учебници за странски јазици. Сепак, како што вели таа, тоа нема да биде проблем бидејќи децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.„Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик, именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, кажа Јаневска денеска на увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во село Булачани.

Коментари | пред 1 година

mirjana-najcevska

Најчевска пак удри по министерката Јанева: Најлоша министерка!

Професорката по право, Мирјана Најчевска одново жестоко ги нападна политиките на министерката за образование, Весна Јанева. Според Најчевска, Јанева е на врвот од листата на најлоши министри.„Мислев дека Тодоров и Новковски и онаа економистката од правен (како ли се викаше) се најлошите министри за образование (албанските не ги ни рачунам тие беа министри на албанските партии). Колку сум грешела. Оваа министерка е врв. Абе. ќе ги прашала универзитетите. Затоа што ја почитува нивната автономија. Мислам да бидеш таков грев и уставно заштитената автономија на универзитетите да ја сведеш на прашање од страна на некој кој по воља на некоја партија дошол на чело на министерството за образование? Тоа е навистина нешто“, вели Најчевска.Освен во средните училишта, дуално образование да се применува и на универзитетите преку развивање дополнителни алатки за студентите да имаат што повеќе практика, кажа претходно Јанева. Како што изјави Јаневска по средбата, тоа мора да се направи во договор со универзитетите.

Македонија | пред 1 година

447772326_10228014781289695_6555469959637019341_n

(Фото) Гаши и пишал на Најчевска, таа ја сподели пораката и јавно го испокара: Не се сеќавам!

Професорката по право Мирјана Најчевска сподели порака која ја добила од собранискиот спикер, Африм Гаши. Тој и се претставил како нејзин поранешен студент и укажал дека сака телефонски да исконтактира со неа. Таа возврати дека не се сеќава на него како студент, бидејќи се сеќава само на тие кои и оставиле впечаток. Според неа, Гаши не ја заслужува спикерската позиција во Собрание.„Оваа порака ја добив на WhatsApp од политичарот Африм Гаши: “Pozdrav pocituvana profesorke, Jas sum Afrim Gashi vas student. Procitajte go ovo tekst na Derala i potoa ako sakate mozeme da se slusneme. Inaku sum bil vas student, mozete da se rasprasate za mene vo ISPPI kakov student sum bil zatoa sto ocigledno ste me zaboravile. Jas seuste imam golema pocit kon vas i ne sakam da ve gledam na vakvo nisko nivo vo koe ste podpadnale. Sekoe dobro“.Бидејќи од секогаш сум била против тајни разговори еве јас јавно ќе одговорам на политичарот Африм Гаши. Не се сеќавам на него како студент. Јас се сеќавам само на исклучително добрите студенти кои ми оставиле впечаток. Како прво, со оглед на тоа дека политичарот Африм Гаши не пружи ниту еден против аргумент со кој ќе објасни зошто смета дека е соодветен за дадената позиција и покрај апсолутно пасивниот однос во Собранието во изминатиот мандат, јас останувам на секој збор кој сум го кажала во врска со изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Според податоците со кои располагам (а кои ги има и на официјалната страна на Собранието на Македонија) тој со ниту една своја досегашна активност во Собранието и надвор од него не се покажал како човек кој ја заслужува оваа позиција и кој има капацитет да ја извршува.Во врска со изјавата за неговиот однос со Косово, сметам дека таа не би имала посебно значење доколку не е дадена токму од новата позиција на претседател на Собранието на Македонија. Доколку не е дадена од човек кој завзема клучна позиција во власта, таа би била само дел од општиот податок дека големо мнозинство од етничките Албанци во Македонија се идентификуваат со Косово а не со Македонија.Меѓутоа дадена од позиција на претседател на Собранието на Македонија таа добива многу поинаква тежина. Уште повеќе што не станува збор за изолирано делување и/или однесување. Оваа изјава треба да се стави во контекстот на досегашното делување на господинот Африм Гаши кој од позиција на претседател на Алтернатива врската со Косово ја издигнува на многу високо ниво, а Македонија, граѓаните на Македонија, интересите на граѓаните на Македонија (посебно на етничките Македонци како мнозинско население) едноставно ги нема.Посетата на Албин Курти (премиерот на Косово) на настаните организирани од страна на Алтернатива под претседателство на политичарот Африм Гаши не е единствена прилика кога политичарот Африм Гаши јасно покажува дека не е спремен да ја прифати Македонија како држава со која се идентификува. Како дел од настаните на Алтернатива и како претседател на Алтернатива тој промовира и поддржува единствено етно-национално идентификување во кое нема место за Македонија. Од фотографиите кои се поврзани со неговото партиско делување очигледно нема ни М од Македонија. А токму како претставник на оваа партија Африм Гаши е поставен за претседател на Собранието на Македонија.Само како пример од интернет страната на Алтернатива (https://alternativa.org.mk/kryetari/) - види фотографии подоле.Значи, воопшто не е случајно што политичарот Африм Гаши манифестира посебен однос кон Косово (не како кон соседна држава туку како држава која ја смета за татковина), и јас сум уверена дека во ситуација на конфликт на интересите меѓу Македонија и Косово, политичарот Африм Гаши ќе застане на страната на Косово.Своето непочитување кон мнозинското население чии интереси треба да ги застапува на исклучително високата позиција која што ја има го покажа и со актот на изговарање на заклетвата пред Собранието прво на Албански, а потоа на Македонски јазик (што само по себе значи прекршување на законите).Што се донесува до текстот на Џабир Дерала на кој ме упатува политичарот Африм Гаши (https://civilmedia.mk/gashi-da-se-izvini/), јас одамна престанав да обрнувам внимание на неговите писанија, кои не надминуваат симплифицирано еднострано етно гледање на работите.Да резимирам:- во моментот кога на Македонија и требаат најквалитетните луѓе кои ќе можат да ја извлечат од дупката во која шлајфа со децении, на чело на највисокото законодавно тело доаѓа човек кој бил пасивен, не учествувал во основната работа на Собранието и со ништо во својата досегашна работа не придонел за развој на државата.- во моментот кога на Македонија и е потребно да излезе од стапицата на етно диференцирање и да влезе во просторот на граѓанското, на чело на Собранието доаѓа човек кој целата кариера ја изградил токму на етно диференцирање и кој од првиот момент покажува дека тоа му е приоритет.

Коментари | пред 1 година

mkd-eu-makedonija-eu-nato

Крај секоја дупка во пеколот има стража, случајно да не побегне некој, само кај дупката каде што се Македонците нема, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска ги прокоментира случувањата во Македониа, особено по последната актуелна политичка ситуација и понижувачките резултати за најстариот универзитет св. „Кирил и Методиј“ кој е рангиран на 1990 место од 2000 најдобри универзитети.„Странците фрлаат дрва и камења врз ново избраната претседателка на државата затоа што го употребила името Македонија, Македонците се ситат и ја нарекуваат бесловесна баба која ќе ја уништи државата. Бујар Османи го враќа амбасадорот од Чешка затоа што овој се спротивставил на отворената узурпација на Министерството за надворешни работи од ДУИ, Македонците се ситат и ги шират лагите на Османи.Најстариот универзитет во државата е рангиран на 1990 место од 2000 најдобри универзитети затоа што секоја власт издвојува кикирики за образование и 0 средства за наука, Македонците се ситат и велат со вакви професори толку заслужуваме. Бугарија бара преиспитување на илјадници државјанства дадени на Македонци кои во 90% од случаите само така можат да најдат добра и соодветна работа, Македонците се ситат и велат да им се одземат или да бидат протерани.Јас 30 години повторувам исти нешта и се залагам за исти принципи и на избори од 280000 гласачи добивам 1200 гласа, Македонците се ситат и велат од каде да знаеме за што ќе се залагаш ако дојдеш на власт. Крај секоја дупка во пеколот има стража, случајно да не побегне некој. Само кај дупката каде што се Македонците нема. Тие сами го влечат назад тој кој што ќе се обиде да излезе“, вели Најчевска.

Македонија | пред 1 година

mirjana-najcevska

Нашиот авион го возат кецароши од задната клупа кои се поддржани од мафијата, вели Најчевска за Токсиколгија

Професорката по право, Мирјана Најчевска посочува дека министерот за здравство треба кривично да одговара за случувањата на Клиниката за токсикологија. Таму, единаесет лица работеле без важечки договор, дел од нив и без соодветно образование. Ова го констатираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат.„Има еден постар филм се вика: “Има ли пилот во авионот“. Нашиот авион очигледно нема пилот. Го возат кецароши од задната клупа кои се поддржани од мафијата. За ова мора кривично да одговара министерот за здравство и секој од раководните кадри кои знаеле а не предупредиле и не повеле соодветна постапка за заштита на пациентите. За ова се оди во затвор на долго време“, вели Најчевска.Пет медицински сестри, тројца болничари, двајца биолози и еден лаборант работеле на Токсикологија, без потребните квалификации.„Издадено е решение за да се преземат следните мерки – здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од здравствени работници и соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование, согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност“, изјави докторка Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Коментари | пред 1 година

najcevska-bektesi

Најчевска до Бектеши: Дибече мафијашко! Сакаат демократијата да ја заменат со правила на улични банди!

Професорката Мирјана Најчевска, предлогот на министерот Бектеши кој рече „сите јавно да потпишат договор дека губитниците на претстојните избори ќе ја напуштат политичката сцена“ е правило на улична банда. Таа го искритикува ова и него го нарече „дибече мафијашко“.„Еве ова се тие мафијашчиња кои демократијата сакаат да ја заменат со правилата на уличните банди. Дибече мафијашко, има демократски процедури и правила дефинирани во Уставот и во законите кои не се сведуваат на рекет и улични договори“, напиша Најчевска.Претходно, Бектеши прашан дали ќе се повлече Ахмети од политиката доколку ДУИ изгуби на изборите, рече дека тоа е прашање за Ахмети.„Тоа е прашање за г. Ахмети. Но, ве повикувам да направиме договор меѓу сите политички партии тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата нека повелат сите политички партии вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ, па и другите политички партии“, нагласи Бектеши.

Коментари | пред 1 година

kovacevski-492

„Само мали деца се лажат со вакви ветувања“, платата од 1000 евра на Ковачевски искритикувана од Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска, не му верува на експремиерот Димитар Ковачевски дека ако победи на избори во Македонија ќе има просечна плата од 1000 евра. Според неа, постојат и други проблеми кои треба да бидат фокус на изборите, а тоа, првично, се привилегиите кои ги уживаат државниците.„Само мали деца се лажат на вакви ветувања. Полнолетните луѓе со деловна способност размислуваат со своја глава и рационално ги одмеруваат опциите од кои избираат. Јас на пример би можела да ветам е дека би се борела за воведување правила, процедури и критериуми кои ќе важат за сите еднакво. За намалување на функционерските привилегии, а зголемување на нивната одговорност. За граѓанска држава во чиј центар е граѓанинот и неговите потреби“, вели Најчевска.Иако изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај започнува на 18 април, политичките партии веќе започнаа со објавување на нивните ветувања доколку победат на изборите и успеат да формираат влада. Фокусот на СДСМ, е економскиот дел.

Македонија | пред 1 година

najcevska-osmani

„Кажа дека одговара пред Ахмети, а не пред Владата, а сега вели дека работи за сите заедници“ - Најчевска го обвини Османи за уценување

Професорката по право, Мирјана Најчевска одново го искритикува министерот за надворешни работи и кандидат за претседател, Бујар Османи. Таа смета дека тој немал ниту една активност во корист на етничките Македонци.„Бујар Османи ни соопшти дека тој во досегашната своја работа покажал дека работи за сите заедници. Мене ме интересира една единствена работа која ја направил за македонската заедница. Дали како таква ја смета посветената работа за внесуваето на Бугарите во Уставот? Или, можеби изјавата дека не одговара пред Владата туку пред Али Ахмети?Или посветената работа во полза на Косово и Албанија за вереме на преседавањето на Македонија со ОБСЕ? Или можеби со промовирањето на лагата дека етничките Македонци се проруски настроени, а етничките Албанци во Македонија се тие кои се борат за влез во ЕУ? Или со узурпацијата на Министерството за надворешни работи и ставањето на ова министерство во функција на ДУИ? Или со дискриминацијата на дипломатските претставништва раководени од етнички Македонци наспроти тие раководени од етнички Албанци? Или со уцените упатени кон етничките Македонци и заканите во случај овие уцени да не вродат со плод? Навистина ме интересира да ми биде посочена една единствена активност на Бујар Османи која е во корист на етничките Македонци“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 1 година

425810964_122120116172169469_7210550249429002114_n

Актуелниот премиер на Македонија е човек осомничен за воени злосторства, време е да ги отвориме Хашките случаи, вели Најчевска

По Павле Трајанов од Демократски сојуз, и професорката Мирјана Најчевска повика да се отворат Хашките случаи. Според неа, злосторства против човештвото не застаруваат.„Актуелниот премиер на Македонија е човек осомничен за воени злосторства кој беше амнестиран од страна на ДПМНЕ. Време е да ги отвориме Хашките случаи. Злосторствата против човештвото не застаруваат“, напиша Најчевска.Претходно, слично барање имаше од Трајанов.„Демократски Сојуз на Павле Трајанов излезе со барање Парламентот да создаде услови за продолжување на постапката за решавање на четирите хашки предмети од 2001 година. Наместо Владата да го сокрива барањето од Советот на Европа за расчистување на Хашките предмети "Вотство На ОНА", "Липковско Езеро", "Гробница Непроштено" и "Мавровски работници", да предложи Собранието на Македонија да го суспендира автентичното толкување со кое Законот за амнестија (од 2002 година) ги опфати и овие четири Хашки предмети. Согласно Женевските Конвенции, воените злосторства над цивилно население не застаруват, затоа Собранието има обврска да создаде правни претпоставки за да се истражат овие тешки кривични дела против цивили и да се утврди одговорноста на сите вклучени во извршувањето на овие злосторства. Почитувајќи го начелотo на презумпција на невиност, сите мора да се соочат со правдата и да понесат одговoрност. Судот мора да донесе одлука да ги отстрани од вршење јавни функции сите за кои има основани сомненија дека се актери на овие злосторства“, стоеше во соопштението од партијата на Трајанов.

Коментари | пред 1 година

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Македонија одамна не е држава а веќе не е ни вуко**бина, таа е обична спрдачина која може да служи само за потсмев, коментира Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска упати критики за состојбите во Македонија, коментирајќи дел од случувањата во изминатиот период.„Македонија одамна не е држава а веќе не е ни вукојебина. Таа е обична спрдачина која може да служи само за потсмев.Се продава државата на странци како акт на патриотизам, министер им наредува на директори да одат на болување, договор објавен во Службен весник требало да биде запишан во МТСП, министерката за култура шкрта и преправа бод листи на комисијата која дава предлози за финансирање, државата финансира концкарници, криминалците кои крадат државни пари се помилуваат, функционерите си делат плати и тендери, секоја будала станува државен службеник, судиите се караат кој е поголем криминалец меѓу нив, партиите си ставаат уставни судии задолжени да ги штитат, се градат споменици и се виорат знамиња опкружени со смет и фекалии, а мафијата слави роденден на шефот во просториите на Владата.Ситуацијата е безнадежна но никако не и сериозна“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 1 година

425810964_122120116172169469_7210550249429002114_n

Талат куртули, Најчевска праша: Зошто во оваа држава само криминалците можат да бидат на власт?

Талат Џафери може да спие мирно оти одговорност за тоа што беше претседател на Собранието, а истовремено и дел од претседателството на генералниот совет на ДУИ нема да има. Тој повеќе не е собраниски спикер, туку технички премиер, па се запира и постапката која се водеше пред Антикорупциска.Сепак, професорката Мирјана Најчевска не се согласува дека тој не може да биде казнет.„А зошто Џафери не може да биде санкциониран сега? Како премиер тој има истоветен имунитет како и кога бил пратеник. Значи треба да биде казнет. Зошто во оваа држава само криминалците можат да бидат на власт? Најверојатно така сакаат граѓаните. Нема друго. И еве заради ова сите (ЧИТАЈ СИТЕ) кадри на ДУИ мора да бидат исфрлени од било која раководна позиција“, вели Најчевска.

Коментари | пред 1 година

najcevska

Критерум „етничка припадност“: „Балансерот се сведува на една заедница и придонесува таа да има послабо образование, искуство, вештини“

Нова серија критики за вработувањата низ државните институции во Македонија, со критериум „етничка припадност“. Откако лавина реакции имаше поради вработувањата во здравствените институции, каде ова беше пресуден фактор, сега професорката по право Мирјана Најчевска одново го искоментира балансерот, кој контролира колку Македонци, а колку други етнички заедници се дел од институциите.„Балансерот со кој конкуренцијата се сведува на една етничка заедница придонесува таа етничка заедница да има послабо образование и да биде реално некомпетитивна по знаење, искуство и вештини на глобален план. Со балансерот најлоша услуга се прави на немнозинските заедници“, напиша Најчевска.Претходно, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство, Фатмир Меџити, посочија дека законски е етничката припадност да биде критериум, па дури и во здравството.

Коментари | пред 2 години

slika-2-analiza

Најчевска за Тренчевска: Тоа се тие кои подалеку од сопствениот га* не гледаат и за кои се почнува и завршува со личната добивка

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи повторно реагираше за пензиите.„Министеркава за труд и социјална политика е еден од тие интелектуални бисери на владата на Ковачевски.Еве сега ја слушам ни вели не било нормално пензионери со пензии од 30000-40000 денари да излегуваат на протести.Тоа се тие кои подалеку од сопствениот га* не гледаат и за кои се почнува и завршува со личната добивка.Јас излегував да демонстрирам со лицата со попреченост, со припадниците на ЛГБТ заедницата, со сексуалните работнички, со наставниците, со текстилците, со заштитниците на природата, со социјалците, со жртвите на извршителите, со полицајците, со лекарите, ...Ете од вакви големи бели птици не можеме да мрднеме на скалилата на цивилизацискиот развој“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

penzija

Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат со укинување на бесмисленото министерство за политички систем, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека парите потребни за зголемување на пензиите може да се земат од администрацијата на Владата за која се одвојуваат над милијарда денари.„Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат од администрацијата на Владата (за која се издвојуваат над милијарда денари), и со укинување на бесмисленото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците кое влечи над 200 милиони денари.Или, пари има, само треба да се распоредат.Така?“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

mirjana-najcevska-huliganka

Се појавија 100 објаснувања зошто пензионерите треба да преживуваат, ама не и зошто функционерите си покачуваат плати, вели Најчевска

Професорката Мирајна Најчевска покрај бројните критики кон одлуките и постапките на Владата, деновиве со свој став и за многубројните оправдувања зошто не може да се зголемат пензиите.Таа укажува дека многумина се огласија да појаснат зошто пензионерите не може да добијат повисоки пензии, но никој не даде објаснување зошто функционерските плати се зголемија за скоро 80 проценти, а притоа и ги кријат платите, дополнително што има високи профити во земјава...- Одеднаш се појавија 100 објаснувања зошто пензионерите треба да преживуваат наместо да живеат, ама не се појави ниту едно објаснување зошто функционерите си покачуваат плати, банките вадат екстра профит, пратениците се расфрлаат со патни трошоци, се плаќаат казнени пенали за изградени и неизградени патишта и објекти... - напиша Најчевска на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања