НАЈЧЕВСКА

najcevska-zekoli-696x364-1

Најчевска до Зеколи: Слушај креле продадено, или јавно ќе се извиниш или ќе се гледаме на суд

Професорката Мирјана Најчевска објави колумна на Арсим Зеколи во врска со македонско-српските односи. Таа преку социјалните мрежи му порача да се извини, а доколку не го направи тоа ќе се видат на суд„Слушај креле продадено, или јавно ќе се извиниш или ќе се гледаме на суд,Секоја белосветска будала платена од Али Ахмети си зеде сила и се размавна со националистичко-нацистичките крилја и без срам и перде шири бљувотини. Нека покаже крелецот едно единствено нешто кое би го поткрепило неговото тврдење за моето наводно “србољубство“.Очекувам јавно извинување во рок од 7 дена потоа следи пријава за навреда.Заради вакви крелци расте омразата кон се што е aлбанско во Македонија.Ова се тие скриени платеници кои ја уништуваат идејата за граѓанско општетсво, лажат за минатото, ја извитоперуваат сегашноста и ја изгнасуваат иднината дури и пред да прфне.Ваквите крелци треба да бидат судени и осудени во секоја нормална држава за сеење лаги, омраза врз етничка основа и пред се заради свесно дестбилизирање на државата“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Покачување на платите откако ќе се преиспитаат вработувањата и напредувањата во последните 10 години, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска утрово со статус околу покачувањето на платите на јавната администрација. Таа посочува дека има неколку аспекти кои треба да се исполнат пред да им се зголемат платите.- Државната администрација треба да добие покачување на платите откако:1. ќе се врати самостојноста на Агенцијата за државни службеници2 . ќе се вработува и напредува по мерит систем, а не по партиска и етничка припадност3. ќе се преиспитаат вработувањата и напредувањата во последните 10 години4. ќе се обезбедат критериуми за објективна оценка на квалитетот на работата на државната администрација - напиша Најчевска на нејзиниот Фејсбук профил.На ваквата објава, таа доби коментар од поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини „значи, никогаш“.

Коментари | пред 2 години

najcevska-ageler-696x364-1

Најчевска: Амбасадорката дефинитивно ги прекрши сите правила на дипломатско однесување

Амбасадорката дефинитивно ги прекрши сите правила на дипломатско однесување, вели професорката Мирјана Најчевска.„Прво, стана адвокат на приватна фирма што е во конфликт со функцијата која ја има.Второ, ги девалвира институциите во земјата домаќин (Јавен обвинител, суд, Уставен суд, Собрание, комисија за заштита од корупција).Трето се промовира како експерт во домашното законодавство. Што дефинитивно не е.Четврто, пред само две недели даде сосема поинаква изјава (која е во рамките на дипломатските узуси) што сега потполно ја згази.Петто, отворено поддржува конкретна политичка партија во државата.Незапамтен дилетантизам.Изгледа, каква држава домаќин такви амбасадори“, додава Најчевска.

Коментари | пред 2 години

Grubi-1-1536x864-1-585x329-1

Дај бре луѓе тргнете ги Груби и неговата банда од власта заедно со неговиот потрчко Ковачевски да почнеме да личиме на држава, вели Најчевска

Артан Груби му фрли ракавица на првиот опозиционер Христијан Мицкоски, доколку до следната недела државата не плати пенали за „Бехтел и Енка“, неговите пратеници да ги гласаат законите во Собранието кои се на барање на компанијата што треба да ги гради коридорите 8 и 10д, а меѓу кои е и тој за 60 работни часа неделно за работниците кои ќе работат на автопатите.Груби во фејсбук пост и порача на опозицијата дека блокадата во Собранието не може да ја запрат градбата на автопатите, туку само како што вели да ја поскапат и пролонгираат.Професорката Најчевска на вели дека ова веќе не е ни мафија, туку ниво на маалски мангуп-насилник„Ова веќе не е ни мафија.Ова е на ниво на маалски мангуп-насилник.Дај бре луѓе тргнете ги Артан Груби и неговата банда од власта заедно со неговиот потрчко Ковачевски да почнеме да личиме на држава.Нека оди и нека се клади средсело кај чешмата“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

29102022_Izgradba_zeleznica_Koridor-8_12

Коментар на денот: Експертите лаат, а мафијата си турка

Контроверзноста околу договорот за изградба на коридорите 8 и 10д со компанијата „Бехтел и Енка“ никако не спласнува, ниту пак коментарите поврзани со тајноста и нејаснотиите кои го следат овој договор.На темата поврзана со договорот вечерва се огласи и професорката Мирјана Најчевска.- Експертите лаат, а мафијата си турка.Мафија од вакви размери не може да опстојува без поддршка од највисокото раководство во државата.Дури и онаа љубителката на пити и винце од американската амбасада разбра дека мора да се огради од очигледното неправо - пишува таа на нејзиниот Фејсбук профил.

Коментари | пред 2 години

najcevska

Во Уставот не е предвидено службен јазик во меѓународна употреба да биде друг јазик освен македонскиот, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи пишува дека според амандманот на Уставот на Македонија, на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.Како што додава, друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено во овој член.„Според амандманот на Уставот на Македонија:1. На целата територија во Република Македонија и ВО НЕЈЗИНИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, КАКО ШТО Е ОПРЕДЕЛЕНО ВО ОВОЈ ЧЛЕН.ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.Кој било граѓанин кој живее ВО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единицина локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. СЕКОЈ ГРАЃАНИН ВО КОМУНИКАЦИЈА СО МИНИСТЕРСТВАТА може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.ВО ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.ЗНАЧИ, ВО УСТАВОТ НЕ Е ПРЕДВИДЕНО СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО МЕЃУНАРОДНА УПОТРЕБА ДА БИДЕ ДРУГ ЈАЗИК ОСВЕН МАКЕДОНСКИОТ.НА МИНИСТЕРОТ ОВА ТРЕБА ДА МУ ГО ОБЈАСНИ ПРАВНАТА СЛУЖБА ВО МИНИСТЕРСТВОТО“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Секој од судиите што учествувал во застарувањето е криминалец на исто рамниште со Мијалков, вели Најчевска

Јавната седница за „Титаник 2“ во скопска апелација се одложи за 13 април, а дотогаш гонењето на Мијалков застарува, по што на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска.„Секој од судиите кои учествуваа во застарувањето на овој и сите други случаи на високи функционери е криминалец на исто рамниште со Мијалков.Се додека не се ослободиме од овие судии нема да можеме да мрднеме од дното.И секој висок функционер кој ќе спомне дека работи на владеење на правото и воспоставување на правната држава е криминалец кој шурува со Мијалков.Од прв до последен“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска: Секој судија чиј предмет ќе застари треба да биде разрешен

Професорката Мирјана Најчевска објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека секој судија чиј предмет ќе застари треба да биде разрешен од должност.„За секој застарен предмет е крив судијата кој ја води постапката.Секој судија чиј предмет ќе застари треба да биде разрешен од должност со забрана за вршење било каква професија која има врска со правото и секако со протресување на имотната состојба пред и по застарувањето“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска: Османи шири лаги со цел поттикнување омраза и нетрпеливост врз етничка основа

Професорката Мирјана Најчевска вели дека министерот за надворешни работи Бујар Османи шири лаги со цел поттикнување омраза и нетрпеливост.„За говорот на омраза и потткнувањето етничка нетрпеливост.Со цел поттикнување омраза и нетрпеливост врз етничка основа Бујар Османи од позиција на министер за надворешни работи шири лаги.Мислам дека за ова не треба да се менува ниту еден закон ниту да се носи нов за да се процесира.За ова треба под итно да се формира анкетна комисија во Собранието и да се стави на дневен ред.За ова премиерот треба да го повика на разговор министерот и да му се заблагодари на досегашната работа“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

najcevska

Најчевска: Не сакам американската амбасадорка да ми прави „црни листи“, дајте соберете се и отстранете ги од власт сите кецароши, измамници и криминалци од поголем калибар

Постојат повеќе листи согласно кои различни лица можеби се истражуваат во различни контексти во однос на корупцијата и сите тие лица се истражуваат за да може да се донесат соодветни санкции. Сепак информациите треба да дојдат од Вашингтон, изјави амбасадорката на САД, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои имиња ќе се најдат на „црната листа“.Професорката Мирјана Најчевска вели дека не сака американсакта амбасадорка да прави црни листи, ниту било кој странски амбасадор да ги решава проблемите во државата.„Не сакам бре американската амбасадорка да ми прави црни листи на корумпирани политичари.Не сакам ниту еден странски амбасадор да ги решава проблемите во мојата држава.Сакам луѓе со два грама мозок кој знаат што прават, умеат и го прават она за што се избрани и платени.Дајте бре соберете се малку и отстранете ги од власт сите кецароши, џаболебари, измамници, фолиранти, терористи, насилници, примитивци, џепароши и криминалци од поголем калибар.И да, треба да се отпуштат сите судии и јавни обвинители.И да се распише конкурс.И сите да полагаат и на сите да им се испита минатото, и сите да дадат отчет за она што до сега го правеле и да им се попише имотот до последен манџар и да се спореди со имотот со кој ќе излезат по секоја година од држењето на функциите.И да, да се укинат сите управни и надзорни и секакви идиотски одбори во кои се млати празна слама за мали пари.И да, ни требаат 7 министерства и 30 општини.И да се преполови државната администрација и да се преиспита секое вработување направено во државната и јавната администрација во изминатите 20 години.И да, мора да се преполови дипломатската мрежа и потполно да се професионализира со политички амбасадори само по исклучок за посебни потреби и со посебно знаење.Иа да, има решение за се, ама не со криминалците кои се и оние кои сакаат во моментов да дојдат на власт“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

najcevska-2-696x392-1

Најчевска за „дрим тимот“ на ДУИ: Знаете дека ве прават будали во очи? Нели? Колку треба да си будала за да го проголташ ова и да молчиш?

Професорката Мирјана Најчевска реагираше во врска со објавените фотографии од страна на Артан Груби на која тој заедно со актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини игра фудбал во канцеларија.„Знаете дека ве прават будали во очи?Нели?Мислам не е можно да не гледате.По 11 години во власт со ВМРО-ДПМНЕ која ја прогласивме за партија која практикуваше авторитаризам до ниво на фашизам, тие излегоа чисти како солза.Го освоија правосудството кое е прогласено за најкорумпирано во регионот и пошироко, ни ја диктираат надворешната политика која ја претвори државата во земја за спрдачина, го прекршуваат секој закон, измислуваат закони за да го направат нелегалното легално, криминалот го претворија во стопанска гранка, непотизмот го прогласија за легитимен во кариерното напредување, поткупот и рекетот ги промовираа во највисоки вредности, успеваат да претворат во кал се што ќе допрат, и се промовираат како европски ориентирана зелена партија која е столб на напредокот на Македонија.Колку треба да си будала за да го проголташ ова и да молчиш,Па не молчевме пред Груевски.Зошто молчиме пред Али Ахмети?Затоа што ако го спомнеме, некој како мојот поранешен пријател Џабир Дерала ќе не нарече националисти?Или…?“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска за железничката несреќа во Грцијa: Ова е резултатот на она „да му дадеме шанса“

Најмалку 57 лица, повеќето млади, загинаа во страшниот судар на два воза ноќта меѓу вторникот и средата во близина на Лариса, Грција.Професорката Мирјана Најчевска вели дека ова е резултат на она „да му дадеме шанса“„Ова е резултатот на она: да му дадеме шанса.Нашата држава целата е една голема железничка несреќа со огромен број препознаени и непрепознаени жртви од тоа што дозволуваме политичарите да даваат шанса на неписмена багра“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска до Меџити: Ти сакаш да замениш цела граѓанска држава за феуд од неколку општини, до таму ти е акалот?

Неформалниот лидер на „огнената група“ и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити брзо реагираше на повикот на Аптернатива за обединување околу идејата за создавање на заедница на албански општини во Македонија, по примерот на Заедницата на српски општини во Косово. Меџити вели дека тоа е во духот на децентрализација на локалната самоуправа. Но, како што вели, ако можат Србите да добијат заедница со 4 процентна застапеност на Косово, зошто не би можеле Албанците во Македонија со застапеност од, според него, 30 проценти.Во врска со ова се огласи професорката Мирјана Најчевска која вели дека наместо од се ослободиме од етничките поделби, се повеќе заглавуваме во нив.„Наместо да се ослободуваме од етно делењето ние се повеќе заглавуваме во него.Ако Огнените требаа да го претставуваат напредниот дел од ДУИ тогаш нешто многу помешале што е напред а што назад.Очигледно етничките Албанци во Македонија единствено нешто што можат да понудат на политичката сцена е етно-национализам.Немаат ни знаење, ни интелектуален капацитет ни политичка визија за ништо друго.До таму стигнале. Некаде на почетокот на 18 век.Меџити, ти сакаш да замениш цела граѓанска држава за феуд од неколку општини?До таму ти е акалот?Навистина се помалку мислам дека Македонија има шанси да стане демократска држава.На една страна ВМРО кецарошко и СДСМ корумпирана.На друга страна албанските партии од кои едни се чиста мафија а другите немаат појма што е граѓанско општетсво.А во средина граѓаните кои само гледаат да побегнат од вукојебината.Не сотревте“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

najcevska

Најчевска: Во моментов не смее ниту еден етнички Албанец од Македонија да преговара за било кој аспект кој е поврзан со идентитетските прашања на Македонците

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска се сретнал со амбасадорот на Бугарија во земјава Ангел Ангелов, на која, како што соопшти, истакнал дека како и францускиот предлог, АА ќе ги поддржи и уставните измени за продолжување на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ).Професорката Мирјана Најчевска ја сподели оваа вест и вели дека во моментов не смее ниту еден етнички Албанец од Македонија да преговара за било кој аспект кој е поврзан со идентитетските прашања на Македонците.„Османи на средба со Бугарите, Џафери на средба со Бугарите, Артан Груби во комисија за културни прашања меѓу Македонците и Бугарите, Таравари на средба со бугарскиот амбасадор за односите меѓу Македонците и Бугарите. И сите од петни жили се трудат да го заштитат македонскиот идентитет.Малку е крипи не ви се чини.Некако не се чувствувам удобно.Извинете ама мислам дека во моментов не смее ниту еден етнички Албанец од Македонија да преговара за било кој аспект кој е поврзан со идентитетските прашања на Македонците.Кога веќе го воведовме Бадентер како клучен метод на работа во Македонија, тој мора да се примени и за ова прашање“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_2

Најчевска бара Бектеши да биде разрешен: Што си замислуваат високите функционери, новинарите служат да им прават реклама?

Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека министерот за економија Крешник Бектеши треба да биде веднаш разрешен. Според неа, неговиот однос кон новинарите е кршење на Конвенцијата за правата на човекот. Најчевска, јавно постави пет прашања поврзани со тоа, како функционерите гледаат на новинарите.„Ова не е просто вербален напад на новинар/и, ова е флагрантно кршење на Конвенцијата за правата на човекот (право на информирање). Овој министер треба веднаш да биде разрешен од функцијата. Како што гледате, еднаш неказнето прекршување направено од високи функционери во власта и челници на партии води кон нови и нови прекршувања. И многу ме интересира што си замислуваат високите функционери во нивните глави? Зошто служат новинарите? Да ги слушаат и да паѓаат во несвест од нивната мудрост? Да ги пренесуваат нивните бесценети пораки до граѓаните? Да им прават реклама? Навистина ме интересира. Јас ете не можам да влезам во токот на мислите кој би довел до една ваква изјава“, пишува Најчевска.Реакцијата на професорката доаѓа откако министерот за економија, Крешник Бектеши, одново се скара со новинарите во прес-центарот на Владата.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања