НАЈЧЕВСКА

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска: Како смее во ситуација на очигледен конфликт, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија?

Како смее во ситуација на очигледен конфликт меѓу Македонија и Бугарија, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија, прашува професорката Мирјана Најчевска.„Некој ептен се подигрува со нашата држава.И не, Бугарите не се и никогаш не биле дел од државнотворноста на Македонија.Напротив.На секој начин се обидувале да ја попречат, а денес се обидуваат да ја уништат.И не знам со кој памет македонските власти не се побуниле против поставувањето на Бугарин како известител за напредокот на Македонија во ЕУ пристапниот процес“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Со поставување на Албанци на клучни позиции без интелектуален и морален капацитет, не се изборивме со дискриминацијата, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска вели дека со тоа што на клучни и одговорни позиции во власта и администрацијата се поставени етнички Албанци не сме се изборивме со дискриминацијата туку е создаден систем кој не е во полза на граѓаните.„Со тоа што на клучни и одговорни позиции во власта и во администрацијата беа поставени етнички Албанци кои не ги исполнуваат условите за професионалност и немаат соодветен интелектуален и морален капацитет, не се изборивме со дискриминацијата, туку создадовме систем кој никако не може да биде во полза на граѓаните од ниту една етничка заедница во Македонија.Со дискриминацијата се бориме на тој начин што кога за одредена позиција ќе се пријават луѓе од различна етничка припадност со приближно исти квалификации, се избира кандидатот од помалку зстапената етничка заедница. Не се бориме со дискриминацијата кога меѓу кандидат кој има видливо подобри квалификации и кандидат со видливо послаби квалификации го избираме вториот заради неговата етничка припадност.Без отстранување од власта и администрацијата на овие кадри, дискриминацијата добива плодна почва и во одреден момент ќе ни се врати монструозно зголемена и засилена“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

najcevska-apasiev-dzaferi

„Џафери го прекрши Уставот и и плукна во лице на демократијата, дојдовме до дереџе Апасиев да ни држи лекции“, вели Најчевска

Откако спикерот Талат Џафери одлучи дека нема да има референдум, на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска која вели дека тој го прекршил Уставот и и плукнал во лице на демократијата.„Со ова Џафери го прекрши Уставот, покажа недозволливо незнаење на правото и и плукна во лице на демократијата.Ова е веќе такво ниво на партиско самоволие кое задира во темелите на уставниот поредок и не смее да се толерира.Колку што се сеќавам уште не е променет членот 2 од Уставот според кој власта во државата им припаѓа на граѓаните кои меѓу другото можат да ја остваруваат и преку референдум.Добро бре дојдовме до тоа дереџе Апасиев да ви држи лекции и да има право (добро не во се ама во голем дел)?Значи како што некој договор станал дел од внатрешното право може и да престане да биде дел од внатрешното право а граѓаните го имаат последниот збор.И да нема забуни: јас сум за европските вредности и развој на државата врз основа на овие вредности.Влезот во ЕУ треба да биде формалност за држава која ги практикува.Не прифаќање на европските вредности за да влеземе во ЕУ туку влез во ЕУ затоа што ги прифаќаме овие вредности“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

mirjana-najcevska

„Имавме неверојатно добра стартна позиција на внатрешен и на надворешен план, ама ја прокоцкавме“, вели Најчевска

По повод независноста на Република Македонија, професорката Мирјана Најчевска објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека државата имала неверојатно добра стартна позиција пред 31 година на надворешен и внатрешен план.„Пред 31 години ја донесовме единствената можна одлука во тој момент и таа ситуација.И имавме неверојатно добра стартна позиција. И на внатрешен и на надворешен план.Ја прокоцкавме.За најголем број од работите сами сме виновни.Штета.А толку си го сакам земјичето“, објави Најчевска.

Коментари | пред 3 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска до Ковачевски: Прашање е дали во Уставот да се внесе некој кој не ти го признава јазикот и не признава дека бил окупатор

Зборувајќи за евроинтеграциите на Северна Македонија и условот Бугарите да влезат во Уставот, премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Радио-телевизија Србија (РТС) вели дека е добро да влезат и други народи бидејќи нашата држава е Европа во мало. Во ЕУ, потенцира тој, има земји кои во своите устави имаат и по 25 делови од народи.На оваа изјава реагираше професорката Мирјана Најчевска. Таа прашува која држава има устав со 25 народи.„Прво, не се внесуваат во Уставот туку во Преамбулата на Уставот.Второ, не се внесуваат затоа што некој те уценува туку затоа што има заемно препознавање и прифаќање.Трето, се бара реципроцитет (фактички не формален).И која држава има устав со 25 народи?И во крајна линија навистина не е прашање дали да се внесе одредена етничка заедница во преамбулата или не.Прашање е дали да се внесе некој кој не ти го признава јазикот, историјата посебноста и не признава дека во одреден историски период бил окупатор.Мислам некако мазохистички ми делува“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

najcevska

Најчевска бара да бидат отстранети сите кадри на ДУИ од институциите

По објавените информации дека околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион, а во Општина Арачиново за една година се краде струја во вредност од 6 милиони евра, се огласи професорката Мирјана Најчевска„Арачиново е слика на ДУИ и во што би се претворила државата да е само ДУИ на власт.На добар пат сме да го достигнеме тоа.Прв чекор е да биде отстранета ДУИ од власт.Втор чекор е да бидат отстранети сите кадри на ДУИ од институциите.Трет чекор е граѓанска држава“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

mirjana-najcevska

„Рамковниот договор го зацементира неправото како модус на работа на државата“, вели Најчевска

Годинава се одбележуваат 21 година од Охридскиот рамковен договор. По тој повод се огласи професорката Мирјана Најчевска која вели дека тој е внатрешно контрадикторен, недоделкан и наменски ориентиран. Таа додава дека тој не е и не може да биде дел од правниот систем затоа што е донесен и склучен надвор од правниот систем и во себе содржи низа решенија кои немаат врска со правото.„Во Македонија имаше дискриминација врз основа на етничка припадност. Долготрајна, неприкриена, со погубни последици. Етничките Албанци имаа пониско образование, полоша здравствена заштита, помалку услуги од страна на администрацијата, помала судска заштита и беа надвор од клучните процеси на одлучување.Промената беше неопходна. Меѓутоа немаше ниту политичка свест ниту пак демократска зрелост за да може да се направи таа промена.Вооружениот конфликт од 2001 година не беше потребен. Можеа проблемите да се решат и на друг начин. Меѓутоа беше неизбежен заради нискиот интелектуален капацитет на раководните структури и демократскиот дефицит во државните институции.Охридскиот рамковен договор е мировен договор кој стави крај на вооружениот конфликт.Како и секој мировен договор тој е внатрешно контрадикторен, недоделкан и наменски ориентиран. Во секој случај не е и не може да биде дел од правниот систем затоа што е донесен и склучен надвор од правниот систем и во себе содржи низа решенија кои немаат врска со правото.Охридскиот рамковен договор требаше да создаде елементарни услови за промена која понатаму правно ќе се обликува и ќе обезбеди соодветен институционален и нормативен развој.Во моментот кога беа направени уставните промени овој договор требаше да стане дел од историјата.Се случи токму спротивното! Тој беше мумифициран и претворен во свет објект на клањање и ритуално почитување. Документот кој немаше правна основа стана највисок извор на правото. Поради религиозниот карактер кој му беше даден можеше да биде и е толкуван од посветените свештеници на начин кој ќе им обезбеди непречено заобиколување на правото и беспоговорно владеење.Со ова, наместо да се пристапи кон развој на демократијата и владеењето на правото кои треба да обезбедат заштита од дискриминација и практикување на правата на припадниците на различни етнички заедници, се изгради систем базиран на етничка припадност во кој колективитетите ги заменуваат индивидуите.Светоста која му се припиша ги отфрли како ерес сите алтернативни решенија, сите меѓународни алатки изградени со цел обезбедување на еднаквоста во едно граѓанско општество и го зацементира неправото како модус на работа на државата.Резултатот беше/е, замена на правото, принципите, правилата и критериумите со партиски пазар.Наместо подобро образование, здравство, услуги, учество во одлучувањето за припадниците на помалите етнички заедници, партиите од доминантната етничка заедница го прифатија отсуството на правото како правило и со воодушевување влегоа во политичкиот пазар кој доведе до симнување на нивото на образованието, здравството, услугите, учеството во процесите за одлучување на сите.На тој начин беше постигната еднаквост, меѓутоа како еднаквост во незнаење, сиромаштија, еднаквост во изложеност на криминал и еднаквост во отсуство на вистинска правна заштита.Крајно време е Охридскиот рамковен договор да биде ставен на полица, да бидат отстранети сите институции поврзани со негово спроведување, и да се воспостави систем на правила, процедури и критериуми кои ќе го издигнат функционирањето на државата на повисоко ниво во полза на сите граѓани независно од нивната етничка припадност“, вели професорката Најчевска.

Коментари | пред 3 години

najcevska

„Мишел не ја дава гаранцијата на ЕУ, нам ни вели, жими мајка“, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи, каде вели дека треба политичка казна за оние кои учествувале во изработката и кои го потпишале квазидоговорот со БугаријаОбјавата ви ја пренесуваме во целостПоследна линија на елементарно достоинство треба да биде:-прифаќање на рамката со отфрлање на членот за јазикот и со отфрлање на спомнувањето конкретни билатерални договори- политичка казна за оние кои учествувале во изработката и кои го потпишале квазидоговорот со БугаријаМишел не ја дава гаранцијата на ЕУ.Гаранцијата се дава писмено во рамка, а тоа го нема за Македонија а го има за Бугарија.Мишел нам ни вели, жими мајка.И да не заборавам, ВМРО-ДПМНЕ не е партија која има било каков капацитет да ја внесе Македонија во ЕУ. СДСМ со овој и ваков состав нема интелектуален капацитет да не внесе во ЕУ. А ДУИ има капацитет да не внесе во криминалното подземје на ЕУ во секој момент.

Македонија | пред 3 години

ljube-boskovski-gruevski

За Љубе бев непријател бр 1, Груевски не ме сакаше за член на антидискриминаторска, кога имаш принципи вратите ти се затворени, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека кога имаш принципи сите врати ти се ширум затворени.„Бранко не ме сакаше за Народен правобранител.Љубе ме нарече непријател бр 1.Бучко не ме сакаше за член на Изборна.Груевски не ме сакаше за член на антидискриминаторска.Заев не ме сакаше за член на Комисија за реформа на судството.Кога имаш принципи сите врати ти се ширум затворени.Велат сум се менувала со промената на власта.Не се менувам јас и не ги менувам јас вредностите и принципите.Се менуваат тие кои се на власт.И штом ќе дојдат на власт не им се допаѓаат моите принципи и вредностите кои ги застапувам“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало согласност, а молчењето го потврдува ова, вели Најчевска

Oткако шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи кажа дека нема да го коментира францускиот предлог засега, и ќе чека да се изјаснат земјите членки на Европската Унија(ЕУ), неговата постапка ја искритикува професорката Мирјана Најчевска.„Кога се расправа за случај на силување прво прашање кое се поставува е дали жртвата јасно и недвосмислена кажала дека не го сака и не го прифаќа сексуалниот однос (се разбира освен ако не е дрогирана, нокаутирана или на некој друг начин онеспособена да каже НЕ).Во моментот кога Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало и има согласност, секое молчење го потврдува ова.Не може отпосле да викаме дека сме силувани доколку во секој момент и на секој обид за пенетрација не се спротивставуваме, не викаме и не ставаме јасно до знаење дека не сакаме да имаме сексуален однос и дека сме силувани.Нема отпосле.Има во секој момент.Не може другите да не бранат а ние да молчиме“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

Dalekovod_Pari

Државата мора да најде решенија за кризата кои нема да значат нова нееднаквост или продлабочување на постоечката, вели Најчевска

Енергетската криза не засега сите. Таа нема да исчезне утре или задутре и секој станува одговорен за тоа како ќе се справуваме денес и утре со неа, велки професорката Мирјана Најчевска.„Тоа не ја амнестира државата од одговорност.Напротив. Таа мора да најде најсоодветни решенија кои нема да го загрозат развојот и кои нема да значат нова нееднаквост или продлабочување на постоечката.За да се постигне ова, секоја промена во обврските поврзани со потрошувачката на енергија треба да биде транспарентна, комплексна, недискриминирачка и да води грижа за сите оние кои се наоѓаат во полоша социјална положба.Во конкретната понуда на Регулаторната комисија според која распонот на плаќање за потрошена електрична енергија се движи: 210-420-630 и над 630 ова значи:1. Јасно презентирање на критериумите врз основа на која е добиена најниската количина на потрошена енергија.2. Елементи со кои ќе се адресираат разликите како: големина на семејство, место на живеење (со можност за парно или друг извор за затоплување), куќа или стан во станбен објект, ...3. Можност за пресметување на конкретна потрошувачка4. Објаснување на предложениот распон меѓу тарифите.Ваквиот пристап бара градење на посложена формула која барем рамковно ќе ги вклопи во себе разликите.Се друго мириса на измама“, се вели во објавата

Коментари | пред 3 години

najcevska

„Зошто Рама на бугарскиот премиер не му каже дека ќе биде премиер на источна Македонија“, реагира Најчевска

Професорката Мирјана Начевска прашува зошто албанскиот премиер Еди Рама не бил саркастичен со бугарскиот премиер, како што бил саркастичен со Димитар Ковачевски. Таа смета дека нема начин да се оправда смеењето и нереагирањето на македонскиот премиер.„А зошто не е саркастичен со бугарскиот премиер? Зошто на бугарскиот премиер не му каже дека ќе биде премиер на источна Македонија, на пример? Тоа би сакала да го видам. А за нашиот премиер немам оправдување“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 3 години

285833252_1164194514122178_349171824516716185_n

Да отвориш клуб и да го наречеш Ванчо Михајлов, може да биде само со намера да создадеш постојан извор на конфликти, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи во врска со клубот Ванчо Михајлов во Битола.„Да отвориш клуб на културата во Македонија и да го наречеш Ванчо Михајлов (кој со културата има допирни точки како риба со велосипед) може да биде само со намера да создадеш постојан извор на конфликти, да продуцираш конфликти и да ги користиш секогаш кога ќе ти притребаат.Елементарна дипломатска култура ќе покажеа кога ги видоа реакциите во Македонија да го променат името на клубот.Меѓутоа, во случајот очигледно постои и умисла и намера за создавање и одржување непријателство меѓу Бугарите и Македонците“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

najcevska

„Да се гордееш со Ванчо Михајлов, зборува многу за развојот на една држава“, Најческа удри по Бугарите

Да се гордееш со лик како Ванчо Михајлов зборува многу за историјата и денешното ниво на развој на една држава, вели професорката Мирјана Најчевска.„Да дозволиш странска држава да отвори културен клуб со име на човек како Ванчо Михајлов зборува многу за твоето сопствено ниво на свест, достоинство и ниво на незнаење.Џабе се вознемирувате од окупацијата на Фашистичка Бугарија врз Македонија во Втората светска војна кога самите ги величате носителите на фашизмот во Македонија, додава таа.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања