НАСИЛСТВО

IMG_5581

Насилство на секој чекор: Сред Струмица тепаа жена, полицаец претепа бивша жена, друг со две условни работеше во МВР

„По трагедијата која се случи во Неготино, повторно се отвораат прашањата дали во земјава имаме доволно родово одговорни политики. Немаме“, пишува Ина многуфина.Таа по претепувањето на неготиначката која почина од повредите, вели:Имаме само политичари и функционери кои се сликаат на трибини и оправдуваат фондови земени од амбасади дека имаме некаква програма, па лично ќе се заложеле, па еве сеа ќе почнеме да средуваме и штурци. Ништо не се дешава. Насилство на секој чекор, у Струмица сред град тепаа жена мислите некој се заложи од овие што треба систем да напраат? Не. Полицаец ја тепал бившата жена и татко и во сред суд пред камери и им се заканувал со оружје. Ама ок, знаел да ракува со оружје, немало опасност. Полицаец со две условни за насилство работеше уште во полиција, се деси случајот на Пале.Да продолжам? Со сите жени кои се плашат да пријават, кои немаат доверба во институции, кои немаат каде да одат пошо немаме никаква поддршка од системот, да им најдеме работа да можат да се осамосталат, а не да се враќаат кај насилникот пошо се економски зависни. Да спомнам места во Македонија каде нема центар за згрижување на жртви, каде околината ги виктимизира жртвите, каде насилникот од позиција на моќ се сили. Да спомнам дека им се силат на жртвите дека имаат чоек во полиција или во социјално па ако пријават ќе им биде потешко и ќе им ги земат децата?Што превземаме?Доверба во обвинителство 0%, полиција и почна да реагира ама не баш секаде очигледно, не може насилници да остануваат на работа во полиција. Не може насилници да не осудува обвинителство или да се пуштаат условно. Не може медиуми да наградуваат насилници со награди за општествена одговорност. Не може да бидеме благи кон насилниците врз жени, нон стоп има насилство. Секој ден има по вести и рачунајте тоа се само тие кои се пријавуваат. Другите ќутат. Нема доверба во институции, нема систем за жртвите, нема ништо. Ќутат и трпат. До денот кога веќе нема да можат да истрпат. Лесна ти земја Госпоѓо!

Коментари | пред 3 години

272347445_4857828307642342_8495103307608053811_n

30 дневен притвор за четворицата осомничени за насилство во прилепската болница

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар. Тие најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.​​

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања