„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

НАСИЛСТВО

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Татко со нож се заканувал на целото семејство, маж физички ја нападнал поранешната сопруга: Насилства во Ѓорче Петров и во Центар

На 05.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавилa дека околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и нејзината 28-годишна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.Ќ.(50) од Скопје, а потоа им се заканувал со остар предмет на нив и на 25-годишниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 05.10.2025 во 18:10 часот во Полициската станица Кисела Вода е извршен службен разговор со Д.С.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга од Скопје дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 4 месеци

semejno-nasilstvo

Жена во Ѓорче изгубила свест од удари и давење - нови два случаи на ужасно семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, во два одделни случаи на семејно насилство.Во првиот случај, на 25 септември во семеен дом во Ѓорче Петров, осомничениот физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка. Според обвинителството, тој ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и телото, а во еден момент почнал и да ја дави. Жената изгубила свест, а притоа ѝ биле нанесени повеќе телесни повреди.Вториот случај се случил на 1 октомври во селото Мирковци. Таму, друг осомничен отишол во домот на својата поранешна брачна партнерка и иако таа побарала да си замине, тој одбил и почнал да ја напаѓа. Според пријавата, ја влечел и тегнел за рацете, удирал со тупаници, при што жената добила видливи повреди.Јавниот обвинител побарал од судијата на претходна постапка да им биде изречена мерка притвор за двајцата осомничени, поради околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Скопје | пред 4 месеци

614067-ischezna-15-godishna-shtitenichka-na-domot-za-deca-bez-roditeli

Три малолетнички со закани плашеле врсничка па и се заканувале на телефон, во Чаир натепано дете

Министерството за внатрешни работи информира дека на 26.09.2025 во СВР Скопје биле пријавени два одделни случаи на малолетничко насилство.Во првиот случај, С.П. (44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на нејзината 14-годишна ќерка. Последниот инцидент се случил на 24 септември, кога преку мобилна апликација ѝ биле испратени закани. За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување.Во вториот случај, Т.Т. (57) од Скопје пријавил дека на 25.09.2025 околу 11:30 часот, во спортска сала на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици. И во овој случај се преземаат мерки за целосно расчистување.

Скопје | пред 5 месеци

kapistec-maloletnici

Насилство во средно училиште во Карпош, нападнат малолетник од врсници со тврд предмет

Малолетен ученик бил физички нападнат од група врсници во двор на средно училиште во Карпош, при што, според пријавата, бил употребен и тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.На 22.09.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Ужас во Велес: Поранешен партнер ја демнел и тепал жртвата – судот му одреди притвор

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен жител на Велес, осомничен за кривични дела – демнење и продолжено насилство.Од предистражните дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, со месеци ја следел и се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со своите постапки кај неа предизвикувал чувство на страв, несигурност и вознемиреност.На 18 септември, во текот на целиот ден, осомничениот вршел грубо насилство врз жртвата, при што и нанел телесни повреди. Првин ја нападнал на нејзиното работно место, а потоа трипати насилно влегол во нејзиниот стан и повторно физички ја нападнал.Јавниот обвинител оценил дека постои сериозен ризик осомничениот да ги повтори насилничките дејствија, имајќи предвид неговата упорност и фактот што работи заедно со жртвата. Дополнително, поради неговото занимање и важечката документација за премин на државната граница, постоела опасност и од бегство.Затоа, обвинителството до Основниот суд во Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор за осомничениот, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-13.02.56

Сведоштво: Заспиваме со врисоци на една жена, полиција доаѓа секој втор ден, но не делуваат туку држат лекции

По бруталното убиство на Росица во Велес, која беше ликвидирана заедно со својот татко, од нејзиниот поранешен партнер фоторепортерката Арбнора Мемети на социјалните мрежи објави потресно сведоштво за слична ситуација што се случува во нејзиното соседство.„Полицијата кај нас доаѓа речиси секој втор ден. Ова трае веќе една година. Заспиваме со врисоци на една жена и се будиме со нив. Полицајците доаѓаат, им држат лекции дека не треба да користат насилство, па си заминуваат,“ напиша Мемети.Таа откри и дека лично слушнала разговор меѓу полицаец и дежурен командир, во кој службеникот предупредил дека мора да се преземе нешто„Но, една ноќ доцна навечер слушнав еден полицаец како на телефон му се жали на дежурниот командир дека мора нешто да преземат за овој случај, бидејќи во спротивно е јасно дека e прашање на време кога ќе се случи убиство, а тие ќе одговараат затоа што не го евидентирале случајот. И така, доаѓаат и си одат, ќе доаѓаат и ќе си одат сè додека еден ден навистина не се случи тоа. Работата на МВР не е да посредува и да држи морални предавања за тоа како не треба да се тепаат меѓусебно, туку да делува. Од ваквото постојано однесување страдаат човечки животи.

Коментари | пред 5 месеци

policija-2457

Сум пријавувал насилство и малтретирање на жени, ми одговарале дека превентивно не дејствуваат, сведочи пасторот Галевски

По бруталното убиство на 31-годишната Росица и нејзиниот татко во Велес, теологот Никола Галевски упати остри критики кон институциите, обвинувајќи ги за неефикасност и отсуство на превентивен систем кој би можел да спречи вакви трагедии.„Росица била психички и физички сотрена, малтретирана долго време, на крајот убиена заедно со нејзиниот татко. Мојот револт е кон полицијата, кон отсуство на систем на државна заштита и превентива кое ова ќе го спречеше“, напиша Галевски, додавајќи дека како татко на ќерка уште повеќе го чувствува гневот од трагедијата.Тој посочува дека повеќе пати пријавувал случаи на насилство врз жени, но од полицијата добивал одговор дека „превентивно не дејствуваат“ и дека можат да реагираат само кога ќе се случи кривично дело. „Да резимирам: жените се незаштитени, оставени да трпат спектар на малтретирање, убивани се сѐ повеќе и повеќе, а полицијата и државата имаат улога на бирократски архивисти – да констатираат насилство и смрт,“ порача тој.Галевски изрази безрезервна поддршка на сите граѓански организации што се борат за правата и заштитата на жените, без разлика на нивната идеолошка или религиска определба. „Жената во Македонија е во подредена, дискриминирана положба по многу прашања. Трпи насилство и ја убиваат. Доста е. Мора да биде заштитена на секој начин, сега и веднаш,“ нагласи пасторот, додавајќи дека ако тоа значи да биде наречен „феминист“, со гордост ќе ја носи таа етикета.Во објавата најави и конкретен чекор – отворање засолниште за жени жртви на насилници од страна на неговата црква. „Не станува збор за жртви на ‘насилство’ како природна непогода, туку за жени кои се под закана од конкретен насилник или убиец. Со Божја помош, ќе се спасат барем неколку животи пред да биде предоцна,“ порача Галевски.

Коментари | пред 5 месеци

tepacka

(Видео) Нов страшен случај на насилство во Скопје: Три малолетнички ја нападнале, четврта снимала - жртвата не пријавила, таткото дознал од интернет

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз 11-годишно девојче од Чаир, кој беше снимен и објавен на социјалните мрежи. Како што информираат од МВР, по преземени мерки и активности од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20 јуни 2025 година околу 14 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, девојчето било физички нападнато од три малолетнички, додека четврто девојче го снимало нападот со мобилен телефон.Видеото од настанот во изминатите денови било споделено на социјалните мрежи и на еден портал. Случајот во полициска станица го пријавил таткото на нападнатото девојче на 1 септември 2025 година, откако дознал за настанот преку интернет. Според неговата изјава, ќерката молчела за нападот поради страв од ново насилство.Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за кривичните дела „насилство“ и „неовластено снимање“.

Скопје | пред 6 месеци

IMG_5581

Ја шамарал, давел, ја фрлил и удрил во ќош од кревет сопствената бремена сопруга - хорор во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, осомничен за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според наводите, тој во својот дом во Скопје физички ја нападнал сопругата, која е во петтиот месец од бременост. Најпрво ѝ се обратил на висок тон, а потоа ја удирал со тупаници и шлаканици по главата и телото. Насилството продолжило со силен притисок врз нејзиниот врат, а потоа ја фрлил во кревет и со главата ја удирал од неговата ивица.Нападот престанал кога оштетената започнала да крвари, по што успеала да се засолни во тоалет и да повика полиција и брза помош. Осомничениот го напуштил станот кога слушнал дека жртвата бара помош.Кај жената биле констатирани бројни повреди на главата, како и повреди на плацентата. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 6 месеци

IMG_6897

Скопје вчера бележи серија насилни инциденти: две жени натепани, трета ограбена, жртва бил и малолетник во Карпош

Серија инциденти имало во текот на вчерашниот ден во Скопје. Жена била нападната во Центар, друга била натепана во сопствениот дом, дете е натепано во Карпош, а возрасна жителка на Скопје е ограбена.“На 27.08.2025 во 19.50 часот во СВР Скопје А.С.(33) од с.Велебрдо, пријавила дека околу 18.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од две лица.На 27.08.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје 40-годишна жена пријавила дека во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот партнер Т.А.На 27.08.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје Ј.М.А.(53) од Скопје пријавила дека на 26.08.2025 околу 12:00 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Д.М.На 27.08.2025 во 13.40 часот во СВР Скопје Џ.С.(63) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот на подрачјето на Карпош едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит.”, велат од МВР.

Скопје | пред 6 месеци

semejno-nasilstvo

Жена брутално претепана во Автокоманда: маж врз глава и фрлил гајба со стаклени шишиња, таа почнала обилно да крвари

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.Според обвинителството, настанот се случил на 23 август попладне пред угостителски објект во скопската населба Автокоманда. Жената која имала претходни лични недоразбирања со осомничениот дошла да се сретне со него, по што тој почнал грубо да ја навредува. Во еден момент, осомничениот зел пластична гајба полна со стаклени шишиња и ја удрил по главата, предизвикувајќи ѝ тешки телесни повреди.Жртвата почнала обилно да крвари, но успеала да повика полиција и била пренесена со брза помош во болница, каде лекарите констатирале сериозни повреди.Обвинителството соопшти дека поради начинот на сторување на делото и можноста жртвата повторно да биде изложена на ризик, од судијата на претходна постапка било побарано осомничениот да добие повеќе мерки на претпазливост. Меѓу нив се забрана за приближување или воспоставување контакт со оштетената, привремено одземање на патна исправа и редовно јавување пред службено лице.Случајот дополнително ќе се документира, по што ќе следуваат соодветни правни постапки.

Скопје | пред 6 месеци

525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

(Видео) Група деца вербално и физички малтретирани на Школка – родителите алармираат, случајот пријавен во полиција

Група од четири деца, меѓу кои три девојчиња и едно момче, биле изложени на вербален и физички напад од друга група деца на Школка во Градски парк, објави загрижена мајка на едно од нападнатите деца.Инцидентот се случил пред два дена, кога децата мирно седеле, по што им пришла група од околу 5 до 6 деца на возраст од 12 до 13 години, кои почнале да дофрлаат навредливи зборови како „секташи“ и „педери“. Иако нападнатите деца не реагирале, едно од другата група плукнало во нивната насока, при што една девојка била погодена во лицето.„Таа му викнала, тој се повлекол, но по десетина минути се вратиле со постари деца кои им се заканиле дека ќе ги претепаат“, раскажува мајката. Едно од нив го плукнало момчето, а друго го снимало со камера додека го принудувало да се извини затоа што биле таму.Според сведочењето, ситуацијата ескалирала и следниот ден, кога истата група повторно ги пресретнала децата на излегување од паркот. Додека се движеле кон автобуската постојка, едно дете на тротинет го удрило со клоца, додека друго со сина маица и црни бермуди го удрило по рамото и се обидело да го сопне.„Се јави да каже дека пак ги следат. Му реков веднаш да снима и да не се мрдаат, а јас ќе повикам полиција. Штом кажал дека ќе дојде полиција, децата се разбегале“, вели мајката.На крај, пријател на семејството дошол со автомобил да го земе, а случајот бил пријавен во полиција.Родителите на нападнатите деца бараат институциите итно да реагираат, бидејќи станува збор за повторено малтретирање од малолетници, кое лесно може да прерасне во посериозно насилство. Повеќе граѓани бараат поголема безбедност и полициско присуство во делот околу Школка, кој често станува сцена на слични инциденти.

Скопје | пред 7 месеци

nasilje-razbojnistvo-620x350

Пехчево: По расправија, млада жена фрлена низ прозорец

Утрово беше објавено дека вчера, на 27 јуни 2025 година, околу 15:00 часот, во ходник на Центарот за социјални работи во Пехчево, избувнала физичка пресметка меѓу двајца лица — В.Т. (27), од Гевгелија и В.П.Н. (23), од Пехчево — поради конфликт околу нивната малолетна ќерка. Во текот на инцидентот, В.Т. ја турнал В.П.Н. низ прозорецот, при што таа паднала во двор на објектот.По настанот, на В.П.Н. ѝ е укажана прва помош од Итната медицинска помош во Пехчево, додека В.Т. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Набргу ќе биде подготвен и поднесок по документирањето на случајот.

Македонија | пред 8 месеци

semejno-nasilstvo

(ВИДЕО) „391 жртва само за три месеци“: Насилството не е приватна работа, туку наша заедничка одговорност“

Само во првите три месеци од 2025 година, во Северна Македонија се евидентирани 391 жртва на насилство, од кои 284 жени, 53 мажи и 54 деца, покажуваат податоците на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Насилството го извршиле 286 сторители, од кои 266 мажи и 20 жени, а најчести форми биле психолошкото (345 случаи) и физичкото насилство (221 случај), со регистрирани и 9 економски и 2 сексуални случаи.Овие податоци беа споделени на денешната промоција на комуникациската кампања „Има живот без насилство“, во организација на Министерството за социјална политика, УНФПА и Британската амбасада. Целта е подигање на јавната свест за родово-базираното насилство и охрабрување на жртвите да проговорат.„Насилството има многу форми. Некои се гледаат, повеќето не. Но сите болат,“ рече министерот Фатмир Лимани, нагласувајќи дека проблемот не е само женски, туку општествен.Тој апелираше до институциите да не ја третираат жртвата како „предмет во папка“, туку како човек кој бара надеж и заштита. Жртвите, потенцираше, имаат право на живот без насилство, со достоинство и без страв.„На мажите сакам да им порачам – машкоста не се мери со сила, туку со почит. Ако видиш насилство – реагирај. Ако слушнеш плач – не игнорирај,“ рече Лимани.Според него, иако бројот на жртви расте, тоа не значи дека насилството е во пораст, туку дека јавната свест за пријавување се зголемува, благодарение на мултисекторската соработка и посветените напори за заштита и поддршка.Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство, Даниел Филер, порача дека законот и полицијата не се доволни, и дека е неопходна промена на менталитетот:„Насилството врз жените не е само лична трагедија, туку општествен неуспех. Сите имаме одговорност – да пријавиме, да поддржиме, да не молчиме.“Тој нагласи дека Обединетото Кралство со години ја поддржува оваа иницијатива преку обука на кадар, развој на мултисекторски протоколи и интегрирани системи за прибирање податоци, но и со стратешка комуникација за менување на општествените ставови.Пред присутните се обрати и Жаклина Гештаковска Алексовска од УНФПА, потсетувајќи дека родово-базираното насилство не познава граници и бара координиран одговор од сите сектори.Настанот потврди дека насилството не е приватна работа – тоа е заедничка одговорност. Кампањата „Има живот без насилство“ повикува: не смееме да молчиме, мора да дејствуваме. Зашто во оваа борба, изборот е јасен – или си дел од решението, или си дел од проблемот.БОНУС ВИДЕО: 

Македонија | пред 8 месеци

zena

(Видео) Шамарите од институциите врз жените жртви на насилство

Сето ова се случува пред наши очи. Сите сакаме функциониали институции, а имаме „ај не сега, ај ќе биде, ај дојди утре“ институции. Но некогаш - тоа утре може да не дојде. Затоа го направивме овој претрес и со Костовска, која е социјална работничка.„Од насилникот им е веќе начин на живот кој веќе го имаат прифатено, но кога ќе се одлучат да потегнат нешто, а институциите нема да реагираат, тоа е моментот кога се случува фаталниот пресврт тие да се повлечат, па доаѓаме до ситуацијата како со Рамајана (убиената жена од Шутка)“, вели Ивана Костовска, социјална работничка.Жена жртва на насилство, и по седум пати се враќа кај насилникот.„Наше не е да ја осудиме оти ќе се врати, оти ова е круг на насилство од каде тешко се излегува. Може кога ќе и речам 'пак ќе се вратиш' ќе биде кобниот пат кога нејзиниот живот ќе заврши. Не смееме да ги осудуваме. Тоа е процес кој тие мора да го поминат, индивидуално е“, додаде таа.Институциите не ги сфаќаат сериозно жените кога еднаш ќе ја повлечат пријавата.„Им коментираат после тоа 'Еј пак ќе ја повлечеш пријавата', тие не се расположени пак да го заведуваат случајот, пак да земаат податоци. И така често во МВР ќе го заведат како поплака, ќе се одолговлечи и ќе дојдеме до фаталниот исход - фемицид“, посочи Костовска.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања