„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

НЕВРЕМЕ

Нема фотографија

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи, ова се најзагрозените делови од земјата

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака поради невремето кое се очекува во текот на денот.Во пораката се наведува дека од раните утрински часови до пладне се очекува лошо време, како град и грмотевици, пренесува Катимерини.„Избегнувајте преминување на порои и потоци, пеш или со возило, при невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не држете ги вклучените електрични уреди или телефони, бидејќи молњата може да помине низ жиците. „Избегнувајте допирање на водоводни цевки (кујна, бања), бидејќи тие се спроводници на струја“, се наведува во предупредувањето.Исто така, се додава дека ако некој е на отворено за време на невреме, советот е да се држи подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување и дека ако некој е во морето, веднаш да излезе.Невреме се очекува и во Тесалија, Островите Споради, централна и источна Стереа (вклучувајќи ја Атика), источен Пелопонез и Евија.Како што јавува ЕРТ, врнежи и невреме се предвидуваат во централните, источните и северните предели, а од вечер се очекува постепено слабеење.Температурите се очекува да се спуштат до 28 степени, додека на Крит температурите ќе достигнат до 31 степен. Во Солун се очекува променливо облачно со врнежи од дожд и повремено силно невреме, а температурите ќе се движат од 20 до 28 степени.

Свет | пред 1 година

448903945_450123244443618_4576738011007797344_n

(Видео) Силен ветер во Скопје: Дрво паднало врз жена

Силен ветер кој прави големи штети беснее во Скопје. Во центарот на Скопје на булеварот Климент Охридски во близина на Европскиот универзитет, дрво падна врз жена. Пристигна и брза помош, жената е пренесена на Клиника.

Скопје | пред 1 година

neKk9kpTURBXy8wN2VlNTI1NGQ1NGNmZTU5MzE4ZmE5YjM5NjFhMzU1MS5qcGeRkwLNAf4AgaEwBQ

(Видео) Страшни видеа од силното невреме во Црна Гора

Црна Гора е под напад на силно невреме, а видеата кои масовно се споделуваат на социјалните мрежи се во најмала рака страшни.На видеото снимено во Петровац на Море се гледа бура од ветер што уништува се пред себе. Од Будва пристигнуваат видеа на кои се гледа целосната катаклизма. Силно невреме го зафати и Улцињ.

Свет | пред 1 година

budva

Силно невреме пристигна во Црна Гора: Центарот на Будва е под вода, целото шеталиште поплавено

Силно невреме во Црна Гора создаде бројни проблеми, во Подгорица паднатите гранки го отежнуваат сообраќајот, додека центарот на Будва е под вода, бидејќи новиот атмосферски канал не го реши проблемот, пренесува Вијести.Од „ТК Плаза“ во Будва велат дека состојбата е полоша отколку пред реконструкцијата на улицата на 22 ноември, каде во моментов низ таа недовршена улица течат струи на вода.Невремето не ја поштеди ниту Подгорица, каде паднатите гранки од дрвја го отежнуваат сообраќајот речиси по целиот булевар Свети Петар Цетињски.Улицата е под вода, а проблемите со поплавите се уште поизразени, велат за „Вијести“. Деловниот трговски центар TQ Plaza е особено на удар. Водата го поплави целото шеталиште, бидејќи каналот што е изграден завршува токму кај поштата, а не оди во морето.

Свет | пред 1 година

slovenija-poplavi

Силно невреме со дожд, грмежи и град ги зафати Хрватска, Србија и Словенија

Словенија, Хрватска и Србија синоќа беа зафатени со силно невреме, со дожд, грмежи и град. Невремето предизвика многу материјални штети.Силно невреме синоќа ја зафати и Хрватска, претежно Славонија и Загреб, а силниот ветер, дожд со грмежи и град создаде огромни проблеми во Сисак, Винковци, Славонски Брод и Жупања.Во Загреб, поради оштетување на електричната мрежа и паднати дрвја, трамваите не сообраќаат, а делови од градот останаа без струја. Кон крајот на вечерта врнеше силен дожд, поради што делови од градот беа поплавени.Невреме со силен дожд пропратен со грмежи синоќа ја зафати и Србија. Во главниот град врнеше силен дожд пропратен со грмежи.Во Србија и утрово има невреме. Рано утрово Белград беше зафатен со силен дожд кој поплави улици.Словенија ја зафати силно невреме со обилни врнежи, налети на ветер и град, а најмногу штети има во Долењска, каде густиот град уништи посеви, а силните налети на ветер оштетија и носеа покриви на куќи.Поради невремето, издадено е портокалово предупредување за целата земја, соопшти Словенечката телевизија.

Свет | пред 1 година

belgrad

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија: Поплавени улици, ветерот носи се пред себе

Утрото по синоќешното невреме ново силно невреме и утринава низ Србија. Силен ветер и дожд зафатија делови од Војводина, а облачноста се движи и кон Белград.Невремето ги погоди Рума, Нови Сад, Инџија.Пороен дожд и ветер во Рума. Поплавени улици на Мишелук во Нови Сад. Пороен дожд и грмежи во Инџија.Невреме го зафати и Белград

Свет | пред 1 година

nevreme

Најавено невреме, со грмежи и дожд, до град: УХМР алармира да се винмава веќе од утре

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер..Во Скопје, во текот на ноќта кон вторник и во вторник ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на град. Повремен пороен дожд со грмежи ќе има и во среда и четврток.Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Македонија | пред 1 година

nevreme-1

Поплавен погон на фирма од Скопје по вчерашното невреме

Во ЦУК на 112, е добиена пријава дека при невремето причинета е материјална штета во погонот на „Ла Пласт“, во Скопје, односно истиот е поплавен, според пријавителот најверојатно постои проблем со атмосферската канализација или пак е пукната цевка, при што водата тече по улица и се слева во неговите погони.Во моментот објектот се наоѓа поплавен до 50 сантиметри под вода.РЦУК Скопје ги извести надлежните служби за интервенирање според пријавениот итен случај.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-21.31.26

ЦУК: падна карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на Касарна „Илинден“, во Скопје

Преку Единственствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК добиена е пријава за падната карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на Касарна „Илинден“, во Скопје.Регионалниот ЦУК Скопје известува дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај, настанот, по што ке превземе мерки Градот преку своите служби.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

По невремето, без струја останаа десетици населени места - во Скопје, најпогодени се во Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија известуваат до ЦУК, дека во моментот без електрична енергија се:Скопје - Ѓорче Петров и околината, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски ПатТетово - Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, СетолеТетово - Сарачино, ЖелиноГостивар - Дебреше,Врањовце Зубовце, Врапчиште, Пожаране и ТоплинциБитола - горно и долно Агларци , Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината.Радовиш - Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија, ПарналијаТимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-19.00.58

(Видео) Ветер со 100 км, град, дожд: дрвја откорнати од корен, уништени покриви, штетите големи во Скопје

И денешното кратко невреме направи хаос низ Скопје. Најпогодените делови овојпат, изгледа се во Ѓорче Петров.Жителите на Волково, веќе посочуваат дека штетите кои ги трпат се големи - прокиснати тавани, откорнати дрвја искршени фотоволтаици, уништени покриви. Ветерот за кој жители велат дека бил и над 100 км на час, ги виткал дрвјата до земја. Во наслбата „Даме Груев“ (Геге) скршени гранки откорнаа кабли за струја и телефонија. Во Карпош. улиците станаа реки - водата наместо да тече низ атмосферската канализација, ги поплавува улиците.

Скопје | пред 1 година

nevreme-istra

Велес ќе биде зафатен од невреме со град, дожд, ветер

Од УХМР известуваат дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од невреме.Според ЦУК, тоа ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и можна појава на град.Се алармира на внимателност.

Македонија | пред 1 година

gradnevreme

Центарот за управување со кризи прима зголемен број пријави за итни случаи на 112

Центарот за управување со кризи прима зголемен број пријави за итни случаи на 112 - за штети од регионите погодени од локалните налети на невреме.Во оваа прилика Регионалниот ЦУК Крива Паланка, информира дека имаше пријави за итни случи од вчерашното невреме во Кривопаланечко за:- отсечен пат во село Станци, Општина Крива Паланка, известена е локална самоуправа Крива Паланка и во моментот се работи на расчистување;- голем доток на вода од „Куков Дол“ кон населба „Бегови бавчи“, во град Крива Паланка, запознаена е Оптина Крива Паланка и е реагирано ноќеска;- ул. „Наско Тамбурков“, град Крива Паланка, паднато дрво, отстрането е ноќеска од страна на пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка;- поплавени простории во зграда на детска градинка„Детелинка“ во град Крива Паланка, а пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка ја испумпуваа водата;- Поплавени подрумски пеостории во зграда на ул.„Св.Јоаким Осоговкси“ бр.146, во град Крива Паланка, водата сама се повлекла;- ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта подрачна единица ПЕ Крива Паланка известува дека имало повремен регулиран застој поради расчистување заради наноси и одрони на регионални и магистрални патишта во текот на ноќта после врнежите од дожд и град. Известија до ЦУК дека моментално сите патишта во нивна надлежност се проодни.

Македонија | пред 1 година

nevreme

Познати штетите од невремето: најкритично во Скопје, Куманово, Тетово

Невреме во Скопје и Куманово, што прво го погоди Тетовско предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град имаше правец на движење од западниот кон источниот дел од градотСкопје. Околу Скопската котлина и околу Куманово имаше неколку развиени јадра на невремето, различни по интензитетот, силината, информираа од УХМР во ЦУК.На Единствениот повикувачки број за итни случаи, заради налетите на невремето, се добиени повеќе пријави, а и се уште се добиваат од Тетовско, Скопско и Кумановско за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови,оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили и слично, како на пример:- пријава за поплавена куќа од невремото ви Тетово, Граѓанинот информира дека се обидуват со пумпи да ја испупмуват водата но не се во можност бидејќи има премногу вода.- известување за лимен кров кој преставува опасност да падне и да направи сериозен проблем на ул. 23 Октомври спроти зграда бр.15 (зелена фасада).- пријава за поплавено куќа од неверемето на ул.Народна револуција во Куманово.- пријава за паднато дрво во клучката Радишани према Бутел и ја прекинува собраќајот- во 20:30 часот добиена е пријава за откачен олук на бул.АСНОМ бр.12, поради јак ветер кој што претставува опасност и загрозување на безбедноста, во кој што пријавителите во моментот на јавување го држеле на нивната балконска тераса за да не падне и направи штета. За истото РЦУК Скопје контактирал со пријавителите и истите испратиле и видео клип. Исто така РЦУК Скопје ја известил ЕЛС Аеродром- пријава за поплавен подрум како последица на канализација од настанатото невреме на улица 84 во Скопје

Македонија | пред 1 година

IMG_4700

Големи штети од невремето во Пехчево и околината

Вчерашното невреме проследено со врнежи од град предизвика штети ма градинарските насади во Пехчево и околината.Од подрачната единица на МЗШВ најавија дека во текот на денот ќе ги посетат местата каде врнежите со град биле најизразени. Оттаму апелираа штетите да бидат пријавени во подрачните канцеларии во местото на живеење.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања