„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

НЕВРЕМЕ

1-1

Професорка објаснува зошто се поплавија улиците по вчерашното невреме

Проф. д-р Дивна Пенчиќ на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека една од причините за неистекување на водата по вчерашното невреме се „жардињерите“ долж булеварите.„Зошто толку се затнаа улиците?Една од причините за неистекување на водата се и оние тн „жардињери“ во кои го „заробивме“ зеленилото долж булеварите и покрај зградите!Сакајќи да го решиме проблемот со газење на тревата и паркирање по зленилото, на некој градоначалник и неговите архитекти им текна да го заградат со ѕидчиња!Е сега нема како водата од улците да се впие при обилни дождови! Ниту една атмосферска канализација не може да се направи со капацитет кој може вакви обилни поројни дождови да ги прифати, и така не се ни проектира. Улиците немаат толков профил за да се стават цевки со поголеми профили, а има и други инсталации кои се водени под улиците. Затоа се планира зеленило кое не е во „саксија“ и тоа треба да впие дел од водата.Дополнително, кога сите градски површини и јавни и приватни по дворови, ќе се избетонираат, пополочат и тоа со непропусни/непорозни материјали, резултатот е дека градот е еден ГОЛЕМ БАЗЕН, кој се преплавува.Е тоа е“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

301686208_5569497483096418_3915492083051381726_n

Коментар на денот: Маме му e*авте на Скопје, во 2022 граѓаните одат низ фекалии по улици

Новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи објави статус во врска со вчерашните поплави во главниот град.„Ја би ви кажал, наместо да се препукувате, да се засрамите. Сите, од Петре до Данела, сосе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и компанија.Некад мора онака сељачки да се каже: Маме му ****** на Скопје. Засрамете се и скријте се, затоа што во 2022 година во т.н. метропола, граѓаните ви одат низ излиена канализација по улици“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Fba7uTIX0AE-Kn9

(ФОТО) Скопјанец за пример: Секогаш ги отвора шахтите за време на поројни дождови, никој друг не мрда со прст

На социјалните мрежи вчера беа објавени фотографии од скопјанец, кој ги отвора шахтите.Во објавата се вели дека неговото име е Зоки, а тој секогаш кога има поројни дождови ги отвора шахтите.„Имам чест да го познавам. Се вика Зоки, и секогаш излегува да ги отвори шахтите при поројни дождови и ги затвора после повлекување на водата. Ниту еден друг негов сосед не мрда со прст“, стои во објавата.https://twitter.com/yarrre/status/1564644824657104896?s=20&t=9HFFIj39mH-B9EWQvt3Mmg

Коментари | пред 3 години

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Данела Арсовска се огласи неколку часови по невремето

„Силното невреме со обилни врнежи кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, предизвика поплави на повеќе места низ градот. Свикав итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, во моментов екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме“, напиша Данела Арсовска.Таа додаде:Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен каде остануваме се до целосно санирање на проблемите на критичните места. Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми, но ќе се бара и одговорност за несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-202648

(ВИДЕО) Кров падна во „Ист Гејт“

Покрај поплавите на сцијалните мрежи е објавено и видео на кое се гледа како паѓа кров во подрумските простории на трговскиот центар „Ист Гејт“.Ова доаѓа по дождовите кои го зафатија Скопје а поплавија неколку дуќани во овој трговски центарЗа среќа како што се гледа во видеото во моментот кога паѓа кровот на тоа место не поминуваат луѓе ниту пак возила.https://twitter.com/Mrchatina/status/1564679950778646537?s=20Претходно беа објавени видеа од Ист Гејт под вода.

Скопје | пред 3 години

1-1

(ФОТО) Како изгледа булеварот во Аеродром кој беше поплавен по три часа

Се повлече водата од булеварот Јане Сандански кој попладнево беше поплавен поради силното невреме.Сообраќајот во моментов се одвива непречено, а возилата кои беа заглавени се тргнати.Булеварот беше поплавен околу три часа.

Скопје | пред 3 години

302608013_193803233031600_1248400959842140125_n

Заглавено возило под подвозникот кај Бриколаж, се работи интензивно на негово извлекување

Попладнево сум на терен заедно со екипите на ЈКП Гази Баба и екипите на јавните претпријатија на Град Скопје каде што се санираат последиците настанати од големото невреме кое го зафати Скопје, вели градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.„На неколку локации е собрана поголема количина на вода и настанат е прекин во сообраќајот.Заглавено е едно возило под подвозникот кај Бриколаж и се работи интензивно на извлекување на возилото.Граѓаните да бидат спокојни. Јас и целиот кризен штаб од општината остануваме на терен до целосно расчистување на последиците од невремето“, објави тој.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-195134

(ВИДЕО) Нови снимки од поплавениот „Ист гејт“, посетителите одат низ река од вода која поплави и дуќани

И новиот трговски центар Ист Гејт Мол не остана отпорен на невремето. Дел од дуќаните се соочија со проблем откако трговскиот центар почна да се полни со вода.Освен дуќаните поплавени се и подземните гаражи.Исто така деес поради силното невреме се поплавија и ТЦ „Бисер“, ГТЦ и Соравија.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) И четврти трговски центар во Скопје се поплави по невремето

Освен трговските центри „Бисер“, „Ист Гејт“ и „ГТЦ“, се поплави и трговски центар „Соравија“.Паркингот на трговскиот центар е целосно под вода. Невреме проследено со интензивен дожд, електрични празнења и град попладнево ја зафати Скопската Котлина. На многу места во градот се откорнати дрвја и покриви, а многу од улиците се поплавени.

Скопје | пред 3 години

302503037_5821127204588001_9100842361678874844_n

Апел до жителите на Аеродром, со објавени насоки за да пријават штети

Централата во Општина Аеродром денеска ќе работи со продолжено работно време (од 19:30 до 22:00 часот) со цел жителите да можат да ги пријават штетите кои настанаа од силното невреме.Апелираме секоја штета предизвикана од невремето да биде пријавена на телефонскиот број 2400970, денеска во посоченото време или пак во наредните денови од 08 до 16 часот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-190959

(ВИДЕО) Скопјанец оди низ вода до коленици среде Скопје: Поздрав до Петренце и Данела од Северна Канализација

Скопјанец објави видеа од центарот на градот кој е поплавен. На видеата кои ги објави се забележува дека висината на водата е до колена.„Северна Канализација парт 2Поздрав до Град Скопје и Општина Центар!Голем поздрав до бившиот градоначалник Петренце и секако сегашната градоначалничка Данела што на секој дожд ни овозможувате ваков несекојдневен авантуризам!#скопјеградотужас#севернаканализација“, стои во описот на објавените видеа.

Скопје | пред 3 години

B6FF44BA-C775-40A5-A72C-00F0CA0149FE

Петре се препукува со Данела: Сериозни луѓе, превенираат. Другите се “менаџери”...

Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја критикува актуелната градоначалничка Данела Арсовска.Тој пишува:За да нема нејаснотии (особено кај ботовите, со “мантрата” 😊 дека ми било криво): Град Скопје, има (или би требало да има) Кризен штаб. Тие луѓе (и Градоначалникот) секојдневно би требало да примаат информации за состојбите во градот, вклучително и за најавените невремиња.Согласно тие информации, се превземаат превентивни мерки (кои, за воља на вистината) не можат да превенираат секаква состојба, но можат сериозно да ги намалат негативните последици. Сериозни луѓе, превенираат. Другите се “менаџери” … И така …

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-at-19.00.17

(ВИДЕО) Без коментар: Брза помош заглави во поплава кај стоковната куќа „Мост“

Возило на Брза помош со екипа која одела или се враќала од интервенција, заглави кај поплавениот подвозик на стоковната муќа „Мост“ близу Бит Пазар. Возачот неколку пати се обиде да тргне со возилото, но безуспешно. Вратите на возилото беа буквално под вода. Комбето, не можеше да се мрдне ниту назад, ниту напред. На социјалните мрежи се коментира дека допрва ќе ја плаќаме цената за негрижата за градот. Ова не е првпат на овој дел од Скопје да има поплави. Подвозикот и при помало невреме, тоне во вода. Состојбата е вака со години, иако беа дадени куп пари за негово реновирање.

Скопје | пред 3 години

301632315_496528265811592_2029785349437012687_n

Апокалипса во Аеродром, Муцунски во најпогодените делови каде има откорнати и цели кровови

По силното невреме кое го зафати главниот град заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и останатите советници и службите на Општината излеговме на терен. Во активна комуникација со градските претпријатија работиме на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот кој беше проследен со силен ветер, вели градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски„Во моментов ги детектираме најпогодените точки во Општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето. Ќе повикуваме аеродромци да останат смирени бидејќи штетите ќе бидат посочени до надлежните градски претпријатија и ќе бидат санирани во најкраток рок.Општината Аеродром продолжува да биде вистински сервис на жителите и во соработка со градските претпријатија интензивно работи на решавање на проблемите на граѓаните и санирање на штетите.#НашАеродром #ПроменитеСеСлучуваат“, додава тој.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-184810

(ВИДЕО) Страшна снимка од поплавен стан во Аеродром

На социјалните мрежи се појави видео од поплавен стан во Аеродром.Според описот на видеото, станува забор за нов стан кај Мајчин Дом.„Кај Мајчин Дом зградата на ЗСФ, 1500 евра квадрат со гратис базен“, стои во описот на видеото, а под истото е објавено уште едно видео кое е снимено во влезот на зградата.На истото се забележува како вода тече по скалите.https://twitter.com/_ferchina_/status/1564650766656311297?s=20&t=rRcFL6sYWiUE2-S4Soa6SA

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања