„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

НЕВРЕМЕ

IMG_8999

Поплавена и болницата во Тетово, пола град без напон: нови информации по невремето

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека на ден 23.06.2024 година во 16:35 часот попладне имаше локална појава на пороен дожд грмежи силен ветар и град.На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава на настани во врска поплавени куќи,подруми заглевени коли под подвожњакот,поплавени улици,патишта паднати дрва и дурги слично порблеми.На повеќе улици на градот забалежено е поплавување на голем број подрумски простории како на пример Кај касарна има собирано вода но се поминува и нема застој на сообраќајот.Исто така има поплавено улица кај 172,голема речица патот што излегува до ЈИЕФ,улица 146, населба Голема Речица,подвозникот кај авто школа Уно-1,исто времено има заглевено комбе под подвожњакот. Поплавени се сите подрумски простории на клиничката болница тетово.Има поплавени куќи како на пример во село Јегуновце, фалише, село Сиричино,Ул.Благоја тоска,улица 180,улица 172,улица 109,улица 171, улица Илинденска и др. По барање на Комадирот на Тппе Тетово Авни амети да биде исклучена електрична енергија во целиот град Тетово од страна на дежурна служба евн не известија дека само пола Тетово е без напон и не можат да го исклучат целито електрична енергија за целито град,само можат да иклучат електричната енергија каде што има поплавени куќи или подруми, или кај има искри од бандери што е оштетени од невремото.За ова случај изветен е Командирот на Тппе тетово и рак на РЦУК Тетово Арлинда Мухареми. Исто така, во раазговрос со Командирот на Тппе тетово бара помош од другите надлежни информации,не можат да излезат во пресрет кои се поплавени подруми и куќи.Од ЦУК известен е и заманеик Рак на ДЗС тетово и му е пренесоно дека Тппе Тетово бара помош.На терен активно работат екипи од ЈКП Тетово,Тппе Тетово кои со помош на пумпи вршат испумпање на во на водата од поплавените простории.Од страна на раководителот РЦУК Тетово го има извезтено кризниот штаб тетово на настанот што го опфати Тетово.Подетално инфорамции од ЦУК, интегрално::„Невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон и траеше околу 40 минути проследено со силен дожд, град и ветер заврши. Моментално времето е стабилизирано. Како последица на невремето на тел 112 пријавени се огромен број на настани од кои поголем дел се за поплавени подрумски простории, одрони , поплавени подвозници и улици, прекини на ел.енергија паднати дрвја и друго. Моментално екипи на ЈКП Тетово и ТППЕ Тетово интензивно интервенираат во нормализирање на состојбата. Од страна на ЈКП Тетово сме известени дека подвозникот на влезот во Тетово од кај Скопје кој беше поплавен и непрооден сега е прооден и сообраќајот се одвива редовно. Заглавеното возило од ТППЕ Тетово нај истиот подвозник е тргнато. Исто така од страна на ЈКП исчистена е шахтата која го блокираша патот кај касарната во Тетово и истиот патен правец сега е прооден, а исто така и патот од кај спортскиот центар што оди кон касарната од страна на ЈКП е исчистен и прооден. Моментално во Тетово сите патни правци се проодни. Од страна на ЈКП Тетово во најкоро време ќе се интервенира на влезот на општина Желино каде што на подвозникот запушена е шахтата и има насобрано околу два метри вода. Се очекува истиот да биде прооден во наредните часови. Во разговор со шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Желино не извести дека цистерна од ЈКП сеуште не не дојдена и се интервенира со екипа од Комуналното претпријатие од Општина Желино со една пумпа и се очекува на помош да дојде едно возило цистерна од приватна фирма. Засега немаме добиено информации за излевање на вода од реките и потоците во полошкиот регион како што се Доброшка Река, Поројска Река, Пена, Вардар и останатите. Од страна на Раководителот на РЦУК Тетово Арлинда Мухареми сме известени дека раководителот на ДЗС Г-дин Беким Максути формирал екипа за помош на погодените реони во Тетово и околината опремена со пумпи и останата опрема и истите ќе се вклучат во помош во најкраток можен рок. Поради невремето голем дел од Тетово како и околните населени места се без ел.енергија. На сите пријавители на поплавени куќи и подруми од наша страна им е сугерирано да ја исклучат ел.енергија во својот дом за да не дојде до спој и несакани последици се додека не се испумпа водата од полпавените објекти. Во реоните каде што се интервенира од страна на ТППЕ Тетово и ЈКП Тетово во испумпување на водата а каде што има проблеми со ел.енергија ( паднати бандери, искрење и др ) во координација со евн ќе биде исклучена ел.енергија во времетраење на испумпување на водата од објектите. Имаше еден наста од поплавена куќа во Тетово во која слегувајќи по скалите во подрумот сопственичката се лизнала по скалите и се здобила со полесни повреди на главата и крварење на истата. Од наша страна е пријавено на Брза Помош кои интервенираа и на повредената и е укажана медицинска помош. Исто така има пријавено неколку настани за одрони како на патниот правец Скопје Тетово поточно 1 мк до с.Групчин-Општина Желино.Од наша страна известени се Македонија пат и кои рекоа дека ќе пратат екипа за да го исчисти одронот. На патниот правец Гостивар Маврово пријавено е дека има паднато дрво кај Хотел Империјал. Известени за настанот се Македонија Пат кои ќе интервенираат во отклонување на истото. Паднато дрво има и на патниот правец Брвеница Гостивар кај фармата Единство во с.Челопек и искинати се кабли од ел.енергија. Известени се ЕВН како и ПС Жеровјане кои ќе пратат екипа и по пристигнување на местото на настанот ќе не информираат за моменталната состојба. По пристигнување на екипата од ПС Жеровјане добиена е информација дека не се работи за кабел од ел.енергија туку за телефонски кабел кој не претставува опасност по луѓето.Пријава за паднато дрво има и во с.Сараќино-Општина Тетово врз жици на далековод на ел.енергија. Од наша страна известена е дежурната служба на ЕВН на која им е сугерирано да го исклучат целиот извод за да може да се тргне дрвото и санира проблемот со ел.енергија.Од страна на Градоначалникот на Општина Јегуновце Г-дин Димитар Костадиновски сме известени дека во с.Сиричино има поплавено 10 тина куќи подрумски простории и дворови. Истиот бараше помош од ТППЕ Тетово , но поради проблемите настанати во градот ТППЕ Тетово не се во можност да помогнат во реонотна Општина Јегуновце. Моментално ТППЕ Тетово со 15 пумпи и сите расположиви сили интервенира етапно во градот и поради големиот број на пријавени настани не се во можност веднаш да интервенираат на сите места. На пријавителите од наша страна им е сугерирано да имаат трпение.Моментано до сега пријавени поплавени подруми, куќи има од с.Јегуновце, с.Сиричино, с.Желино, ул.Јордан Златаноски, ул. Дервиш Цара, ул.141, ул. Предраг Јанчески, ул.171 ул.146, ул.Мехмет Паша Дерала, ул.151, ул. Фуштанска, ул.Кумановска, ул.Мирче Ацев, ул.Благоја Тоска, Блок 70, ул.118, Населба Тетовчанка и Населба мала Речица сите од Општина Тетово.Во разговор со дежурната служба на ЕВН добиена е информација дека моментално се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред ќе се пушти струја“.

Македонија | пред 1 година

pozarna

Семејство заглавено во поплавена куќа во Јегуновце

Во поплавена куќа во општина Јегуновце во с. Сиричино има заглавено семејство.Тетовската ТППЕ работи мжна нивно извлекување. Повеќе детали за случајот се најавени за подоцна.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-23-at-20.56.47

(Видео) Поплавени домови во Скопје, падна цела ограда од пешачки мост во Автокоманда, одлетани кровови оштетија автомобили

Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции.Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Немаме имформации за повредени лица.Граѓаните јавуваат и за гужви на обиколницата во Скопје, на исклучокот кај Бутел.Невремето направи хаос кај Хотел Хилтон.

Скопје | пред 1 година

IMG_4693

Дожд, грмотевици и силен ветар во Тетово: Поплавени дворови, оштетени возила и кровови

Во 16.30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од пеесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналните преторијатија се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите. Од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во цело Тетово.Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.).Штетите ќе се проценуваат дополнително.Од ЕВН инфирмираат дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба.

Македонија | пред 1 година

nevreme

(Видео) Невидено невреме во Тексас, град со големина на камен

Во невиденото невреме кое ечеше низ паркот Виго во американската сојузна држава Тексас падна град со големина на камен, но буквално.Фотографиите ги објави мрежата KWTV, а наводно се направени во неделата на 2 јуни.Националната метеоролошка служба во Лубок изјави дека градот е со големина на карпата што е фотографирана, а големината на градот е поголема од 7 инчи - што е поголемо од 17,78 сантиметри, што е нов рекорд за големината на град.

Свет | пред 1 година

0a1acb69-dfa1-4339-945a-531da4d20aa8

Бури и торнада во САД: Над 20 мртви, 300 илјади луѓе останаа без струја

Скоро 300.000 Американци во седум држави се без струја од вчера поради торнада и разорни грмотевици.Во текот на викендот, 23 лица загинаа во големите бури, а синоптичарите велат дека се можни повеќе, придружени со силни ветрови, град и поројни поплави. Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, вклучувајќи делови од Њујорк, Пенсилванија, Њу Џерси и Мериленд, соопшти Националната метеоролошка служба (NWS).Поради невремето загинаа неколку лица. Осум од нив во Арканзас, седум во Тексас, двајца во Оклахома и пет во Кентаки. Две деца загинаа во Тексас. Една постара жена во Алабама загинала откако дрво паднало врз нејзиниот дом, а фармер и неговите 34 крави биле убиени од гром во Колорадо.NWS, исто така, прогнозира дека во вторник над Тексас може да се развијат силни грмотевици, со удари на ветер до 120 километри на час.Жештините ќе продолжат на југот од земјава, а се очекуваат рекордно високи температури.

Свет | пред 1 година

nevreme-hrvatska-750x430

Силна тропска бура ги погоди Филипините, најмалку седум загинати

Филипинските власти соопштија дека најмалку седум лица загинале како последица на тропската бура Евиниар, која ја погоди земјата за време на викендот.Евиниар донесе силен ветер и силен дожд, затворајќи ги аеродромите и поморските пристаништа и го прекина снабдувањето со електрична енергија.Едно 14-годишно девојче е потврдено дека починало во јужната провинција Мисамис Ориентал, откако дрво паднало врз нејзиното паркирано возило. Уште еден ученик е повреден, соопшти националната агенција за катастрофи.Во провинцијата Кезон, источно од главниот град Манила, пријавени се шест мртви, меѓу кои двајца мажи на возраст од 56 и 22 години кои се удавиле и 39-годишен маж кој бил погоден од дрво, соопшти полицијата.Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор. рече дека невремето погодило речиси 27.000 луѓе и дека напорите за пребарување и спасување ќе продолжат. Тој извести дека за време на викендот била прекината работата на три воздушни и девет поморски пристаништа.Евиниар беше првата тропска бура што ги погоди Филипините оваа година. Во оваа југоисточна азиска земја се забележуваат просечно 20 бури годишно, што често резултира со обилни дождови, силни ветрови и смртоносни лизгања на земјиштето, наведува Ројтерс.

Свет | пред 1 година

nevreme

(Видео) Вонредна состојба во Нови Пазар по вчерашното невреме

По вчерашното невреме, ситуацијата во Нови Пазар полека се смирува. Водостојот на реките опаѓа.Штабот за вонредни ситуации на Нови Пазар синоќа прогласи вонредна состојба на територијата на овој град, поради штетите предизвикани од големо количество врнежи пропратени со силен град, со големина на орев.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Торнада ја погодија Оклахома

Нeколку торнада се формираа низ американската сојузна држава Оклахома вчера вечерта, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега не се знае колкава е штетата и нема информации за повредени, пишува News9.Претходно во вечерните часови беа пријавени торнада на западот на државата. Првиот се појави во округот Роџер Милс, а следниот во близина на Кастер Сити.?si=Wnn1hwXWtMvSe1qV

Свет | пред 1 година

272067057_431505738662636_2065607634234971798_n

Поплави и пожари во Охрид: поројниот дожд бил пресилен, колекторскиот систем не можел да ја прими целата вода

Поројните локални дождови имаше на повеќе места во државата. Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека по добиени пријави на граѓани во ЦУК за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид,од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ дека колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода која поради обилните врнежи од дожд, бидејќи во тој период на пороен дожд количината вода била голема. За кратко време состојбата е санирана.Потсетуваме за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. И секако да потсетиме за внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Охрид | пред 1 година

nevreme-1

(Видео) Огромно невреме во Хјустон: Четворица мртви, градот во темнина

Силна бура со урагански ветрови го погоди Хјустон вчера, одземајќи најмалку четири животи, скрши високи прозорци и остави 800.000 домови без струја, потопувајќи голем дел од градот во темнина, рече градоначалникот. Поголемиот дел од центарот на Хјустон и неговата комерцијална област беа преполни со урнати далноводи и стакло од скршените прозорци по невремето, а сообраќајот и уличните светла низ градот беа намалени, рече градоначалникот Џон Витмир во интервју за локалната телевизија КРИВ.Витмајр од градскиот оперативен центар за итни случаи рече дека невремето го погодило Хјустон, најнаселен урбан центар во Тексас на брегот на Персискиот залив, со ветрови од 129 до 161 километар на час.„Пораката сега е да останеме дома“, повика тој, додавајќи дека државните училишта ќе бидат затворени во петок и дека локалните власти бараат од сите работници кои не се за итни случаи да го земат слободниот ден.Градоначалникот потврди најмалку четири смртни случаи поврзани со невремето, главно од соборени дрвја. „Над 800.000 семејства во моментов се без струја“, додаде тој.Градоначалникот рече дека лошото време изненадило многу жители и дека бил на бејзбол натпревар од помала лига кога се појавило невремето и тие имале многу малку време да се евакуираат. Националната метеоролошка служба исто така издаде предупредување за поплави во областа Хјустон поради обилните дождови поврзани со невремето.https://x.com/Matt_TPJ/status/1791277562489983315https://x.com/weswaitkus14/status/1791285653356822730

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Страшна бура во Пакистан: Најмалку 63 загинати

Најмалку 63 лица загинаа во невремето што трае веќе четири дена во Пакистан.Во последните 24 часа загинаа 14 лица. Повеќето од жртвите се во провинцијата Хајбер Пахтунхва, северозападно од Пакистан, каде се оштетени 1.370 куќи.Десетици луѓе беа повредени. Во Балучистан е прогласена вонредна состојба поради поројните поплави.Силен дожд паѓа и во хималајската област Кашмир.Пакистан очекува уште обилни дождови во април поради климатските промени, изјави метеорологот Захир Ахмед Бабар.„Досега, Балуџистан имаше 256 отсто повеќе од нормалните врнежи“, изјави Бабар за Асошиетед прес.Пред две години, 1.739 луѓе загинаа во поплавите што потопија третина од Пакистан. Поплавите тогаш предизвикаа штета од 30 милијарди долари.Обилни дождови овој месец паднаа и во соседен Авганистан, каде досега загинаа 33 лица.https://twitter.com/Rojava_Post/status/1780525530275586311

Свет | пред 1 година

rgdfgdsfg

(ВИДЕО) „Ист гејт“ со снимки објаснува како се поплави трговскиот

Изминатото деноноќие на социјалните мрежи беа објавени различни шпекулации за причините за поплавата во Ист Гејт Мол. Од тоа дека целиот објект не е добро проектиран, дека не се обезбедени безбедносни мерки, па до какви се не други коментари кои не ја отсликуваат вистината.Од Ист Гејт Мол испратија соопштение, ви го проследуваме во целост:Една и недвосмислена вистина е дека поплава во Ист Гејт Мол настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски. Безбедносните камери од трговскиот центар јасно покажуваат како река од вода како доаѓа од Булеварот, кој ниту има капацитет, ниту услови таа вода да ја апсорбира, и истата се прелева во енормно големи количини во подземните нивоа на центарот.Ова е проблем кој се повторува веќе неколку пати на истото место, на истиот нефункционален булевар Александар Македонски, поврзан со кружниот тек кај Континентал, кој и понатаму останува нерешен и прави големи проблеми нa блиската околина во услови на поројни дождови. По големата поплава во 2016 година овие врнежи со силен интензитет и 35мм количество на см2 се втор ваков голем несакан настан во Гази Баба, кој само потврдува дека проблемот со проектираниот капацитет но и одржувањето на атмосферската канализација сеуште постои и за жал не е приоритет на агендата на надлежните институции.Од трговскиот центар изјавуваат дека Ист Гејт Мол е изграден согласно одобрените услови за градба, утврдени со урбанистичко планската документација. Како објект од последна генерација, центарот е проектиран и изведен во согласност со планската документација врз основа на која по завршувањето на градбата е издадено решение за негов технички прием. Врз основа на добиените хидротехнички услови за проектирање на трговскиот центар не е предвидено сценарио во кое атмосферската канализација на околните сообраќајници, вклучувајќи го овде и Булеварот Александар Македонски, не се функционални. Во овој контекст трговскиот центар уште на датумот на поплавата ја информираше јавноста за причините поради кои истата е настаната. За жал и покрај тоа, во услови на страшна временска непогода трговскиот центар не по своја вина е мета на граѓаните на социјалните мрежи.“Трговскиот центар, согласно усвоените документи за безбедност во услови на елементарна непогода брзо ги превзеде сите неопходни мерки најпрво за заштита на посетителите и вработените и успешно го евакуираше центарот без да се загрози нивното здравје и живот што сметаме дека е најважно во услови на елемтарна непогода. Истата вечер и во текот на вчерашниот ден се вршеше исцрпување на водата и санација на оштетувањата. Искрено се надеваме дека набрзо нашите закупци ќе продолжат со нормална работа, а нашите посетители повторно ќе можат да уживаат во својот центар”, изјави Игор Давков, Извршен Директор на Ист Гејт Мол.Трговскиот центар е инвестиција од над 120 милиони евра, нема неподмирени јавни давачки и претставува место во кое работат 250 закупци и 2.500 вработени.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-31-at-16.23.40

„Нептун“ времено затвори во „Ист гејт“ по вчерашната поплава: Од 26 салони, се поплави само овој

По вчерашното невреме, од „Нептун“ излегоа со известување дека е оштетен нивниот продажен салот во „Ист гејт“. Дел од овој трговски центар беше поплавен. Од компанијата која продава производи за домаќинство известија дека не е повреден ниту еден од нивните потрошувачи и вработени.Соопштението во целост:

Македонија | пред 3 години

302347697_10228138557786150_8333040031733725901_n

(ФОТО) Зграда во Центар 16 часа без струја, станарите пријавиле во ЕВН, а оттаму ја префрлаат вината

Зграда во Дебар Маало веќе 16 часа нема струја. Станарите велат дека пријавиле во ЕВН, но оттаму велат дека за тоа е одговорна општината.„Среде Центар во Дебар Маало цела зграда нема еве веќе 16 часа струја. Станарите пријавиле во ЕВН, од ЕВН ги праќаат во Општина Центар, Општина Центар се прават наудрени! Дрво има паднато на самиот кабел за струја кој го има прекинато дотокот на струја за зградата. Дрвото е веднаш до градинката на среде улица, повторно Општината не реагира!Горан Герасимовски градоначалниче, вака ли се грижи општината за Центарци?Кога ќе се активираат службите за ова што се случува во срцето на нашата општина?Доколку не сте виделе на терен, повелетe слики во прилог да ја видите состојбата“, стои во објавата.„Службите на Општина Центар изминатото деноноќие се на терен, ги расчистуваат паднатите дрвја и гранки и на одредени локации ги санираат штетите настанати од вчерашното невреме кое го зафати Скопје. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, веднаш по невремето излезе на терен и заедно со службите, вршеше увид и помагаше при расчистувањето велат од Општина Центар„Утринава имавме состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување. Во контакт и координација сме и со останатите надлежни институции и ги преземаме сите мерки за расчистување на паднатите дрвја, гранки и покриви. Во текот на денот ќе се врши и проценка на штетите од поплавите кои зафатија дел од општинските градинки и училишта и работиме на нормализирање на состојбата“, изјави градоначалникот Герасимовски, по завршувањето на состанокот на штабот.До општината вчера пристигнаа многу пријави за оштетени возила, живеалишта, деловни простори, проблеми со шахтите и сливниците и сите тие се проследени до надлежните сектори или институции за натамошно постапување.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања