„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

НЕВРЕМЕ

513451345134

(ВИДЕО) Се поплави и „Ист гејт“

Освен трговскиот центар „Бисер“ каде дуќанџиите се бореа со невремето, се поплави и новиот трговски центар „Ист гејт“. На приземјето, вода се излева од влезот. Дел од неа, навлезе и кај неколку дуќанџии. Ова доаѓа откако се поплави и улицата пред трговскиот. Засега непознато е каква е состојбата со подрумите и гаражите.Во Аеродром се поплавени и паркирани возила на булеварот АВНОЈ, но и на споредни улици. Десетици коли се заглавени, а дел од нив и наполнети со вода. Улиците на овој дел од Скопје буквално пливаат во вода. Силниот град искрши и шофершајвни на возила во движење низ Скопје. Градот Скопје го свика кризниот штаб.

Скопје | пред 3 години

poplava-aerodrom-2

ЦУК со информации за невремето во Скопје: Пријавени се откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории

Невремето кое го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, на телфонот 112 се пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории..Дојавите на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности.На улица Киро Крстевски бр. 3 пријавено е дека покрив на зграда на пет ката е оштетен. За ова се известени надлежните од о. Кисела Вода и БППЗ.

Скопје | пред 3 години

poplava-aerodrom-1

(ВИДЕО) Нови снимки од поплавените автомобили среде Аеродром

По силниот дожд кој го зафати главниот град се поплави булеварот Јане Сандански во Скопје. Возилата едвај поминуваат низ булеварот, а дел од нив се и поплавени.Водата на делови од булеварот, достигнуваше висина со жардењерите.Од Центарот за управување со кризи информираат дека на повеќе места во земјава е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во моментов јадра со поизразена нестабилност има и околу Штип, Велес, Демир Хисар и Св. Николе.

Скопје | пред 3 години

2022-08-06-19-28-20-478.00_02_27_06.Still006

(ВИДЕО) Како „апокалипса“ да се случи во Центар, се споија небо и земја

Покрај невремето во Аеродром, град го погоди и Центар. За дел од секунда беше блокиран и сообраќајот на одделни улици, поради силниот ветер кој ги разнесуваше ледените коцки на сите страни. Невремето беше пропратено со ветер и силни грмежи. Граѓаните од кои се затенаа на отворено во тие моменти велат: Како „апокалипса“ да се случи во Центар, се споја небо и земја.Претходно:

Скопје | пред 3 години

nevreme-pehcevo

Невремето донесе поплави, но и евакуации во Македонија

Поројните дождови донесоа и поплави во домовите на жителите на Општина Долнени. Ситуацијата ескалирала, а Центарот за управување со кризи информира дека има поплавени места и евакуација на жители.„Водата во поплавените населени места се повлекува. Поголем дел од општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата. Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани“, велат од ЦУК.Тие посочија дека градоначалникот на општината информирал за евакуацијата.„Според последните информации добиени од Градоначалникот на ЕЛС Долнени заради поплавувањето на подрумските простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори. Во моментот ангажирани се 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило“, додава ЦУК.

Македонија | пред 3 години

299674972_370424798610824_519713491216662559_n

(ФОТО) Силно невреме го зафати Дојран

Силен дожд, проследен со силни грмотевици и молњи го зафати ДојранЦентарот за управување со кризи на социјалните мрежи објави фотографии од невремето.Од ЦУК информираат дека ветерот е со слаб интензитет.Денес околу 16 часот силно невреме го зафати и Неготино, каде беа пријавени голем број на материјални штети.

Македонија | пред 3 години

26

(ВИДЕО) По силното невреме Охрид стана Венеција

Охридската чаршија по секое поголемо невреме се претвора во водопад. Така и денеска, вода се сливаше од сите страни. Јавните претпријатија брзо реагираа и се обидуваа да се справат со големиот наплив на вода, а по невремето ја исчистија и чаршијата.Денеска во Охрид, невремето поплави и низа улици. Прокисна и градскиот пазар, кој е новоизграден и пуштен во употреба пред повеќе од година.На терен се излезени сите служби.

Македонија | пред 3 години

0-02-05-d934b284f56ff2fbeb6ddf193a03c550fe8c7201865de71dacbcb697e0cec58a_26e2648cdc2

ФОТО: Прокисна тераса на кафуле во скопски трговски центар

Кафулиња во скопски трговски центар прокиснаа од поројните дождови кои вечерва го зафатија главниот град. Тендите поставени на времените летни тераси не беа доволни силни за да го издржат интензитетот на дождот и невремето. Па така, наместо водата да се слева надвор од објектите, таа ги накисна гостите.„Од страните врнеше буквално врз масите, а од средината течеше како чешма“, објаснуваат гости во еден од локалите.Невремето го зафати скоро цело Скопје. Почна од Аеродорм, па продолжи кон Карпош и Ѓорче Петров. Улиците беа преплавени со вода.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања