„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

studija

Се подготвува студија за ревалоризација на споменикот на природата Охридско езеро

Како дел од тековниот „СТАР5 проект“, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), имлеменетиран преку Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП) и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска во Општина Охрид се одржа работен состанок посветен на процесот за изработка на Студијата за ревалоризација на Споменикот на природата Охридско Езеро и Планот за негово управување.Во изработката на студијата вклучени се и претставници од Меѓународната унија за зачувување на природата IUCN-ECARO. Даниел Богнер експерт за управување со заштитени подрачја во својата презентација појасни дека во студијата се посочени главните закани за езерото, дефинирани се строги зони на заштита, зони за активен менаџмент како и препораки за воспоставување на тело за управување со заштитеното подрачје на Охридското Езеро.Градоначалникот Константин Георгиески во своето излагање пред присутните потенцираше дека Студијата за ревалоризација треба да биде во корелација со одредбите во Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, особено во делот за управување со првата заштитна зона, која се формира во појас од 50 метри, сметано од границата на катастарска парцела Охридско Езеро и има три подзони. Според него, од исклучително значење е прецизирање на јасни одредби, кои имаат за цел да ги спречат заканите врз екосистемот на езерото и да дефинираат пропишани норми за понатамошно управување со крајбрежјето.Финалната верзија на Студијата за ревалоризација според најавите треба да биде комплетирана до крајот на оваа година, по што е планирано да биде организирана јавна расправа. Оваа студија ќе биде базична основа за донесување на Законот за препрoгласување на Охридско Езеро како споменик на природата. 

Македонија | пред 5 години

Kasarna_10012020008

(ФОТО) Прв асфалтен слој на улицата во поранешна касарна

Денеска започнаа градежни активности за поставување на првиот асфалтен слој на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.Согласно проектот за реконструкција во текот на изминатиот период беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на коловозот. Исто така според планираното, на улицата ќе биде поставена соодветна сигнализација и осветлување.Реконструкцијата на улицата е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од општинскиот буџет се издвоени околу 13 милиони денари.Увид на градежните активности направи градоначалникот Константин Георгиески придружуван од надлежните во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици. 

Македонија | пред 5 години

Obrazovanie

(ВИДЕО) Инвестиции на Општина Охрид во образовните институции

И покрај актуелната состојба со здравствената криза, Општина Охрид продолжи континуирано да ги реализира предвидените инвестиции во основните и средните училишта. Реализирани се низа проекти кои се значајни за подобрување на условите за учениците и образовниот процес.

Македонија | пред 5 години

ohridski-ucilista

(ФОТО) Спроведени сите заштитни мерки во Охридските училишта

Согласно протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“ и Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, кој го утврди Министерството за образование и наука, Општина Охрид навремено ги спроведе сите предвидени подготовки за почеток на учебната година, кои се предвидени за наставата со физичко присуство од прво до трето одделение.Извршена е набавка на средства за дезинфекција, термометри и сите други потребни материјали за здравствена безбедност на учениците и наставниот кадар, а во текот на изминатиот период беше извршена целосна дезинфекција на сите училишни објекти во кои е предвидено да има настава.Исто така, сите општински училишта во текот на изминатиот период ги презедоа сите потребни активности за поставување на соодветни информации за заштита на учениците, а беше извршено обележување на ходничните простории и подготовка на училниците. 

Македонија | пред 5 години

Gradonacalnik_uvid_skol

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески направи увид на инвестициите во општинските училишта

Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на тековните инвестиции во училиштата кои Општина Охрид ги реализираше во насока на обезбедување на подобри услови за учениците. Со менаџерските тимови на училиштата, градоначалникот разговараше и за сите приоритетни потреби за подобрување на условите за настава, на кои треба да се работи во иднина.Во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во моментот се изведуваат завршни активности за поставување на нова енергетски ефикасна фасада. Паралелно со овие активности, беше извршена и промена на дограмата во училишната работилница. Исто така во моментот се работи на реконструкција и молерисување на сите внатрешни ѕидови во училиштето. Според планираното, со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на подовите во сите училници. Инвестициите во ова училиште се реализираат со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид и Министерството за образование и наука. Минатата година, во овој училишен објект беше извршена промена на покривот, беше поставена нова дограма на целиот објект, беа реконструирани таваните во сите училишни простории и беше поставено ново лед осветлување.Во ОУ „Христо Узунов“ градоначалникот направи увид на тековните инвестициски активности кои значително ќе придонесат за подобрување на условите за настава. Во моментот се изведува реконструкција на сите санитарни јазли. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Исто така во моментот се изведуваат активности за комплетна промена на дограмата во училишниот објект и спортската сала. Вредноста на проектот е 3 милиони денари, а Општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Наскоро, со средства од општинскиот буџет ќе се реконструираат подовите во сите училници. Минатата година во ова училиште беше извршена промена на стариот азбестен покрив со нов лимен покривач.Градоначалникот беше во посета и на училишниот објект на ОУ „Браство“ во населба „Лескајца“ при што се информираше за сите приоритетни потреби за подобрување на условите. Во текот на наредниот период во овој училишен објект со средства на Општина Охрид ќе биде извршена реконструкција на водоводната линија, со што се очекува да биде надминат долгогодишниот проблем со загуба на вода. Исто така, според планираното во текот на наредниот ќе се изнајде и решение за проблемот со влага на дел од ѕидовите и ќе се изврши промена на дограмата во холот на училиштето. Инаку во овој училишен објект со средства на Општина Охрид, минатата година беше извршена комплетна реконструкција на покривот.Исто така, во текот на изминатиот период Општина Охрид инвестираше во промена на дограма, реконструкција на подови, санитарни јазли и реконструкција на внатрешни ѕидови во уште неколку основни и средни училишта на подрачјето на општината. 

Македонија | пред 5 години

sanitarni-jazli

(ФОТО) Целосно реконструирани санитарните јазли во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид

Подобрувањето на условите во образовните институции е еден од нашите најважни приоритети Во текот на изминатиот период извршена е целосна реконструкција на санитарните јазли во ОУТУ „Ванчо Питошески“. Инвестицијата е овозможена од Проектот за локална и регионална конкурентност кој е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија и Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.687212701884336/687212565217683/

Македонија | пред 5 години

neparkiraj

Известување за градежни работи на крстосницата на улица „Железничка“ во Охрид

На ден 29.09.2020 година (вторник) Општина Охрид ќе изведува градежни активности на крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“.Се упатува апел до учесниците во сообраќајот да го избегнуваат движењето во овој дел на градот и за зголемена претпазливост при движењето на овој потег, додека траат градежните активности.

Македонија | пред 5 години

Incluziven_razvoj_09282020002

Последна сесија на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен развој”

Денес се одржа последната форумска сесија на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен развој“, што преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, се реализира со помош на Швајцарската агениција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.Во името на Советот на градоначалниците пред пристуните се обрати градоначалникот Константин Георгиески, при што изрази благодарност до Швајцарската агенција, министерството и Центарот за развој на југозападниот регион за успешното релизирање на предвидената програма. – Развојот на општините, како примарни единици на непосредно остварување и практикување на демократските права на граѓаните, е од есенцијално значење за поширокиот развој на заедницата. Во таа насока, работата на Центарот за развој на југозападниот регион, во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка е од исклучително значење за локалните самоуправи.Како што знаете Општина Охрид активно е вклучена во овој процес и реализираше проект за уредување на пешачка патека, во стариот и најатрактивен туристички дел од градот. Патеката е изградена од природни материјали, а вдолж истата се поставени и 24 автентични канделабри, а целиот проект чинеше 3 милиони денари за Охрид. Овој проект значајно придонесува кон подобрување на туристичката понуда на Охрид.Очекуваме во наредната година да го реализираме и проектот за “Реконструкција и опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо“. Со овој проект значајно ќе придонесеме кон подобрување на социјална инклузија за пристап до здравствени услуги во целиот Југозападен плански регион – истакна во своето излагање градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

gradonacalnik

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски упати честитка по повод 28- Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.– Почитувани припадници на Бошњачката етничка заедница, Ви упатувам искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците и Ви посакувам празникот да го минете во   добро  расположение и  среќа  во кругот на семејството. Бошњаците  почитувајќи ги своите традиции и култура се значаен дел од нашето мултиетничко општество и  потврда за  обединетост и сплотеност  во нашата заедничка држава.  Водејќи се од принципите на разбирање и толеранција успешно  се насочуваме кон градење европска  иднина која ја посакуваме за себе и своите деца. Продолжуваме  да работиме на подобрување на севкупните услови за живеење на сите граѓани  за кои Република Северна Македонија е  нивни дом вклучувајќи ги и Бошњаците– стои во честитката од градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Kosta-1

(ФОТО) Претседателот на Словенија, Борут Пахор се запозна со богатото наследство на нашиот древен Охрид

Преку впечатливите историски приказни за уникатните културни вредности на црквата „Света Богородица Перивлепта” , катедралната црква „Света Софија” и вредната поставка на Галеријата на икони, денеска претседателот на Република Словенија, Борут Пахор се запозна со богатото наследство на нашиот древен Охрид. Огромна е честа што заедно со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку висока гостопримливост покажавме достојна почит на важната дипломатска делегација од една пријателска држава, која е наш стратешки партнер од регионот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/685200712085535

Македонија | пред 5 години

Koco_Racin

(ФОТО) Нови подови во ОУ „Кочо Рацин“ во Долно Лакочереј, охридско

Со финансиска поддршка на општина Охрид  се заменуваат старите со нови  подови во подрачното основно  училиште “Кочо Рацин“ во село  Долно Лакочереј.  Нови пластифицирани плочки се поставуваат во пет училници од објектот. Проектот кој започна денес се очекува да заврши пред почетокот на новата школска година.Изминатиов период  се изврши молерисување  на сите училници во централниот објект на ОУ  „Кочо Рацин“. Во тек е  јавен оглас за  набавка за интернет конекција и  проценка за  поставување инсталации за  компјутерска опрема. Во завршна фаза се обуките за едукација на наставниот кадар за националната платформа за  далечинско предавање на наставните содржини. 

Македонија | пред 5 години

hristo

Финални подготовки во ОУ „Христо Узунов“, променета дограма, во тек е реконструкција и на сите санитарни јазли

Со континуирани инвестиции придонесуваме за подобрување на условите во ОУ „Христо Узунов“.Веќе започнаа активности за промена на дограмата во сите училишни простории, напиша а својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава дека вредноста на проектот е 3 милиони денари и истиот се реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Со средства од буџетот на Општина Охрид во тек е реконструкција и на сите санитарни јазли во училиштето.Според планираното, наскоро треба да започне поставување на нови подови во сите училници.Минатата година со средства од општинскиот буџет, дотраениот азбестен покрив на ова училиште беше заменет со современ лимен покривач.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/684477055491234

Македонија | пред 5 години

dame-gruev

Георгиески: Реконструираниот крак од улицата „Даме Груев“, обезбедува подобри сообраќајни услови за жителите од станбениот комплекс „Христо Узунов“

Реконструираниот крак од улицата „Даме Груев“, обезбедува подобри сообраќајни услови за жителите од станбениот комплекс „Христо Узунов“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиевски.Градоначалникот во својата објава додава:Проектот финишираше деновиве со поставување на соодветна хоризонтална сигнализација.Претходно, беше извршено асфалтирање на коловозот, уредување на пешачките патеки од двете страни на уличниот крак и беа поставени нови рабници.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.684396052166001/684395755499364/

Македонија | пред 5 години

47-Sednica-Sovet

Одржана четириесет и осмата седница на советот на Општина Охрид

Денеска се одржа четириесет и осмата седнциа на Советот на Општина Охрид,, со единствена точка на дневниот ред –  Предлог заклучок за усвојување на информацијата за  одржување на  наставата во основните и средните училишта  во учебната 2020/2021 година.Неколку советници во дискусиите изразија двојба во однос на успешното спроведување на целиот наставно образовен процес, но иста така ја истакнаа подготвеноста на наставниот кадар и учениците за максимални напори, за што поуспешна учебна година во новонастанатите услови, предизвикании од ковид пандемијата. Помошник раководителот на Секторот за образование Јоне Станкоски, ги информира советниците за подготовките на локалната самоуправа за стартот на учебната година и модалитети под кои таа ќе се спроведува.Предлог заклучокот едногласно беше прифатен од сите советници.

Македонија | пред 5 години

Dograma_09242020004

Нова дограма во ОМУ „Методи Патчев“ во Охрид

Во ОМУ „Методи Патчев“, денес, старата и дотраена дограма се заменува со нова и енергетски ефикасна. Нови прозорци ќе бидат поставени во сите простории од училиштето.Претходно во училиштето беше реконструирана старата ограда и се изврши дооградување на дворот. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања