„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

asnom

(ВИДЕО) Започна реконструкцијата на улицата „АСНОМ“

По завршувањето на главната туристичка сезона, започна реализацијата на планираните градежни и инфраструктурни проекти. Денеска започна целосната реконструкција на улицата „ АСНОМ“ од кружниот тек на булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“ во должина од 630 метри. На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Константин Георгиески.– Со целосната реконструкција на дел од улицата „ АСНОМ“ започнуваме со интензивни градежни активности. Оваа улица целосно ќе биде реконструиран коловозот, ќе се нивелираат шахтите и сливниците, ќе се реконструираат тротоарите и ќе се променат бетонските рабници.Вкупната инвестиција за овој проект е 8.807.073,оо денари, работите ќе ги изведува АД „Илинден“ од Струга, надзорот ќе го врши АД „ЗИМ“ од Скопје, а градежните работи, според потпишаниот договор со изведувачот, треба да завршат во рок од 60 дена.Сметам за потребно да ја информирам јавноста дека летниот период го искористивме да ги завршиме тендерските постапки за повеќе најавени проекти. Во тек или при крај се тендерските постапки за проекти во вкупна вредност од 65.800.957,оо денари, вклучувајќи ја целосната реконструкција на улицата „АСНОМ“. Другите проекти се:-Санација на ударни дупки на улиците во  општина Охрид со површина од 4,5 илјади метри квадратни, во вредност  од 5.822.238,оо денари;-Асфалтирање на тесни улички во вредност од 7.508.375,оо денари, при што ќе бидат вградени 1.550 тони асфалт ;-Изградба на фекална канализација во населба Рача во вредност 1.596.844,оо денари ;-Изградба на канализациона мрежа со која ќе бидат приклучени  дел од приградските населби, односно делови  од селата Лескоец,Лакочереј и Велгошти. Вредност 2.889.489,оо денари ;-Тампонирање на улици  во вредност од 1.369.862,оо денари ;-Изградба на потпорни ѕидови во населбата „Стар град“ и во селото Елшани со проценета вредност од 2.649.495,оо денари ;-Изградба,реконструкција и поплочување тротоари на вкупна површина од 5.000 метри квадратни, со проценета вредност од 7.026.000,оо денари ;-Опремување на 9 автобуски постојки, со проценета вредност од 972.601,оо денари ;-Поставување на велосипедски паркиралишта со проценета вредност од 608.845,оо денари ;-Реконструкција на големата сала и скалите за влез во Општина Охрид во вредност од 2.700.000,оо денари ;-Уредување и одржување на пешачка улица  со режим ба сообраќај  и уредување на тротоар на дел од улицата „ Коста Абраш“.Вадење на дотраените бехатон плочки и нивна замена со гранитни плочки и гранитни коцки. Хортикултурно уредување и осветлување на 500 метри квадратни.Проектот во вредност од 2.700.000,оо денари е финансиран од Југозападниот плански регион.По забелешките на антикорупциската комисија се повторени и при крај се тендерските постапки за:-Поставување на нова кровна конструкција  на основното училиште „Христо Узунов“ и подрачните единици на основното училиште „Св. Наум Охридски“ во селата Елшани и Коњско. Вкупната вредност на зафатите е 11.557.839,оо денари ;-Реконструкција на кровната конструкција на потпокривот на ОСУ „Св.Климент Охридски“ во вредност од 410.109,оо денари ;-Изградба на улицата 2 во поранешната касарна „Михајло Апостолски“ со проценета вредност од 9.182.187,оо денари- рече градоначалникот Константин Георгиески на почетокот на изведувањето на градежните работи на улицата „ АСНОМ“ .

Македонија | пред 6 години

Vaterpolo_0609201901-900x506

Ветерполо турнир „ОХРИД 2019“

Во чест на Денот на независноста на Република Северна Македонија, утре (сабота07.09.2019 година) на Градското пристаниште во Охрид, со почеток во 12:00 часотќе се одржи ревијалниот ватерполо турнир ОХРИД 2019, и од 11:00 часот вонедела.Со тоа се продолжува иницијативата од минатата година, која има цел да серазвие овој, некогаш многу популарен спорт во Охрид.Пријавени се учесници од Холандија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Србија, како иод ветераните од „Охридски бранови“, Штип, Струга и „Вардар“.

Спорт | пред 6 години

CROSS4ALL_0609201902-900x846

Четврти состанок од проектот „Cross4All“

Денес, во хотел Метропол, започна четвртиот состанок од проектот „Cross4All“. На состанокот обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески.– Целта на овој проект е интегрирање на здравствените и социјални услуги за стари лица и деца, како и нивна рана превенција. Таргет група на проектните активности се здравствените и социјалните работници и ранливите категории на граѓани. Со реализацијата на проектот ќе се набават 3 сета медицинска опрема, 7 сета за локален пилот центар за здравствена и социјална заштита кои услуги ќе даваат на граѓани од ранливите категории во градот. Ваквите и слични проекти на овој придонесуваат за покачување на степенот на здравствена и социјална превенција кај оние каде што е најпотребно, рече градоначалникот Георгиески.Во рамки на проектот ќе биде спроведен прашалник за испитување на јавно мислење за квалитетот на здравствените и социјални услуги во општината и пооддалечените места. Резултатите ќе ја прикажат реалната слика, а тоа пак ќе помогне во попрецизно таргетирање на граѓаните на кои им се најпотребни ваквите услуги.„Cross4All“ е проект финансиран од Европска унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка, а се реализира во партнерство со институции од Република Грција.

Македонија | пред 6 години

GIS_0409201901

Презентирана можноста општина Охрид да го имплементира ГИС системот

Во мала сала,  компанијата „Интелегент нетворк солушн“ ја презентираше можноста општина Охрид да биде дел од ГИС системот. На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.ГИС системот нуди дигитализација во урбанистичката сфера, инфраструктурата, водоводната и канализациона мрежа. Со тоа, процесите за издавања на документации би се забрзале, а граѓаните би имале целосен увид и информации.Ваквиот систем до сега го имаат имплементирано повеќе општини, јавни претпријатија и Агенцијата за катастар на недвижности.

Македонија | пред 6 години

sliki-za-objava-482x480-05.09.2019

Тековно чистење на крајбрежјето од алга

Тековно се чисти крајбрежјето на потегот од пристаниште до хотел “Милениум” секој ден од алга која е во фаза на распаѓање.

Македонија | пред 6 години

ikona

Ликовен и литературен конкурс „Есенските градини со златни бои грст плодови ставаат во дланките твои“

Согласно Одлуката за усвојување на измените на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина за 2019 год.на Општина Охрид  бр.08-118172/7 од 28.12.2018г, Општина Охрид објавува : ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ВО СОРАБОТКА СО ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ТЕМА„ ЕСЕНСКИТЕ ГРАДИНИ СО ЗЛАТНИ БОИ ГРСТ ПЛОДОВИ СТАВААТ ВО ДЛАНКИТЕ ТВОИ“ Предмет и цел на конкурсот :Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија , да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата  во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент. Тоа е темата на годинашниот ликовен и литературен конкурс „ЕСЕНСКИТЕ ГРАДИНИ СО ЗЛАТНИ БОИ ГРСТ ПЛОДОВИ СТАВААТ ВО ДЛАНКИТЕ ТВОИ “ Право на учество Овој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември.Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на овој конкурс„ ЕСЕНСКИТЕ ГРАДИНИ СО ЗЛАТНИ БОИ ГРСТ ПЛОДОВИ СТАВААТ ВО ДЛАНКИТЕ ТВОИ “ Доставените ликовни творби треба да бидат поезија или проза на зададена тема предмет на овој конкурс.Ликовните дела треба да се цртежи или предмети изработени од рециклажен материјал (колаж, акварел , предмети и украси од пластика и хартија …..)Учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра .Право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси. Оценувачката комисија нема да ги разгледува оние трудови кои ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според условите наведени во конкурсот.Секое дете на овој конкурс треба да учествува со својот наставник- ментор.Секое дете има право да учествува со по еден труд ( ликовен или литературен).Изборот на најдобрите ликовни и литературни творби ќе го изврши жири комисијата за оценување на трудот составена од три члена .Жири комисијата ќе даде оценка за доставените трудови при што за нејзината работа ќе изготви извештај со листа за наградени ученици.Жири комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 15 дена од последниот рок за предавање на трудовите.За резултатите наградените ученици и училишта ќе бидат писмено известени од страна на жири комисијата , а истите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид – www.ohrid.gov.mk Награди:Прво наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7000,00 денари еднократноВторо наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 5000,00 денари еднократноТрето наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 3000,00 денари еднократно Вкупниот буџет за реализација на проектот ќе изнесува 30.000,000денариНаградените творби остануваат во сопственост на Општина Охрид. Права на општината :Општина Охрид го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените ликовни и литературни трудови за некомерцијални цели.Општина Охрид го задржува правото да врши умножување за свои потреби. Со најдобрите ликовни и литературни трудови ,Општина Охрид ќе организира промоција и изложба како збогатување на културната понуда во градот. Доставување на трудовите:Секој учесник својот труд треба да го достави во стандардна хартиена форма во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај“, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот со назнака „по конкурс за избор на ликовен и литературен труд“.Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот .Во затворениот плик треба да има уште два затворени запечатени плика , од кои едниот со ознака„ вид на творба- ликовен или литературен труд“под шифра и го содржи трудот , а другиот со ознака„податоци“ и истиот содржи податоци за идентификацијата на испраќачот:(име и презиме на ученикот, возраст, адреса на ученикот, името на училиштето, адреса на училиштето и името и презимето на наставникот- менторот) Адресата на која треба да се достават трудовите е:ОПШТИНА ОХРИДУл. „Димитар Влахов“ бр 57, 6000 ОхридСо назнака за „за Конкурсот за најдобар ликовен и литературен труд“Или лично во архивата  на Општина ОхридЗа дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат  на тел. 046/262 492, локал 147 секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или во просториите на Општина Охрид.Рок на доставување на пријавитеПријавите по наведениот конкурс да се достават најдоцна до 30.09.2019год. до 12 часот , во архивата на Општина ОхридПријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани ОПШТИНА ОХРИДКОМИСИЈА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ ТРУДОВИ

Магазин | пред 6 години

Nesreka_0509201905-900x670

Одбележана десеттата годишнина од потонувањето на бродот „Илинден“

Пред спомен обележјето на градскиот кеј, денеска беше одбележана десетгодишнината од најголемата бродска несреќа на Охридското Езеро, потонувањето на бродот „ Илинден“ . Букети свежо цвеќе, пред спомен обележјето, положија заменик-градоначалникот Ристо Николески, амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија Ангел Ангелов и генералниот конзул Димитар Иванов, како и претставници на Капетанијата на пристаништата, Здружението 5 септември, политички партии и здруженија на граѓани.На одбележувањето беа презентирани и скици од новиот споменик, кој е изработен, а ќе биде поставен  по донесувањето на одлука на Советот на општина Охрид и усвојувањето на петгодишниот план за споменици и спомен обележја.Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ со 57 патници, од кои 15 туристи од Република Бугарија го загубија животот.Сподели :

Македонија | пред 6 години

IMG-20190904-WA0011

Општина Охрид: Граѓаните да ги почитуваат законските прописи, да не почнуваат нелегални градби, бидејќи во најкус рок ќе бидат урнати

Локалната самоуправа апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да не почнуваат нелегално да градат, бидејќи нивните објекти во најкус рок ќе бидат урнати.Доколку сами не ги урнат започнатите дивоградби, тоа ќе го стори општина Охрид, а трошоците, по достава на трошковникот, ќе бидат на товар на инвеститорите. Воедно, согласно со законските прописи, против нив ќе бидат покренати соодветни кривични пријави за нелегално градење.Вчера,  овластениот градежен инспектор при општина Охрид, поради продолжување на градењето на нелегален објект на улицата „Марко Нестороски“, кој претходно беше означен и запечатен, побара асистенција од СВР- Охрид. Во акцијата, СВР -Охрид поради  постоење основи за сомнение за изведување бесправна градба, приведе тројца градежни работници, кои работеле на изградбата на нелегалниот објект на улицата „ Марко Нестороски“ . Вчерашниот настан  покажува дека Локалната самоуправа цврсто е определена брзо и ефикасно да се справува со дивоградбите.Контролите за нелегално градење ќе се итензивираат, а во нив ќе бидат вклучени СВР-Охрид и другите надлежни државни институции, се вели во соопштението од Општина Охрид. 

Македонија | пред 6 години

POLSKA_VOJANA_0309201901-877x900

Отворена изложбата „ Борба и страдање - полските граѓани за време на втората светска војна“

Во организација на амбасадата на Република Полска во Република Северна Македонија, синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ беше отворена изложбата „Борба и страдање-Полските граѓани за време на Втората светска војна“. На отворањето на изложбата, на кое присуствуваше и полскиот заменик- амбасадор Пиотр Висоцки, се обрати заменик- градоначалникот Ристо Николески.– Со поставувањето на оваа изложба, кај сите нас навираат тажни мисли за милионските жртви и  уништените материјални добра, но оваа пригода треба да ја искористиме и да ја испратиме пораката- никогаш да не се повтори. Конфликтите да се решаваат на мирен начин и на луѓето да им се овозможи да живеат во мир и меѓусебно почитување.Во Втората светска војна учестувале 61 држава со околу две милијарди луѓе, околу 115 милиони луѓе биле мобилизирани, од кои, околу 60 милиони загинале. Треба да потсетиме дека ужасите на војната ги почувствува и нашата држава и во антифашистичката војна која даде  свој придонес за завршување на оваа најстрашна трагедија на дваесеттиот век.Морничавите фотографии треба да не потсетат да им ја оддадеме должната почит на сите кои ги дадоа животите за победата над фашизмот и младите генерации постојано да ги потсетуваме да го прават тоа. Треба да ги потсетуваме дека за слободата во која живееме се леела крв и дека таа е скапо платена со човечки животи- рече заменик-градоначалникот Ристо Николески.Изложбата, посветена на 80- годишнината од почетокот на Втората светска војна, ја подготвија Министерството за надворешни работи  на Република Полска и Музејот на Втората светска војна  од Гдањск, а посетителите ќе можат да ја видат до 10. септември.

Македонија | пред 6 години

kosta-ucilista

Започна школската година - градоначалникот Георгиески, денеска во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Во основните и средните училишта на територијата на општина Охрид, денес, започна новата учебна година. Успешен почеток на сите ученици им посака градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој денес го осети ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.– Навистина секој почеток на учебната година буди чувства, емоции, особено кај првачињата и нивните родители. Се надевам дека овој ден е возбудлив за сите првачиња кои за првпат ќе седнат во училишните клупи и ќе навлезат во светот на образованието, науката и забавата. Велат: „Времето брзо одминува, а убавите спомени остануваат“. Ве уверувам дека е така, бидејќи јас сеуште ги паметам убавите периоди од моето основно образование. Советите од наставниците, кои и од денешна гледна точка биле секогаш исправни. Затоа Ви порачувам драги ученици, максимално да ги уживате овие денови, бидејќи тие нема да се вратат. Од ова место би сакал да испратам порака и до родителите, да бидат стрпливи и истрајни, да се присетат на нивните денови кога биле деца, да се трудат децата да научат да ги користат своите “крила“ , а не да им ги сечат, зошто така и само така децата ќе бидат двигатели на овој свет со нивните прогресивни идеи. – истакна градоначалникот Георгиески.Во сите образовни институции е извршено реновирање и реконструкција и се подготвени за претстојната учебна година.– Нашата цел, како возрасни, но и како одговорна Локална самоуправа, мораме да овозможиме добри услови за работа во образовните институции, како образовниот процес би се одвивал без проблем. Тука мора да нагласам, дека за пофалба е менаџментот на ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, кој што со помош на општина Охрид, успеа да обезбеди средства од програмата на УСАИД во висина од 1.200.000 денари, за обнова на санитарните јазли, ѕидовите, ходниците и холот на училиштето. Би апелирал и менаџментите од другите образовни институции да го следат овој чекор и заеднички да работиме на подобрувањето на условите. Во изминатиов период, речиси и да нема училиште во кое не се изврши работен зафат. Во некои од нив се вршеше реконструкција, замена на дограмата како и изградба на објекти. Во нашиот фокус и понатака ќе остане подобрувањето на условите во образовните институции, бидејќи квалитетното образование значи и квалитетна иднина. – додаде Георгиески.Во основните училишта наставата ќе ја следат 4610 ученици од кои 483 првачиња, додека во средните 1942 ученици.

Македонија | пред 6 години

parking-oh-300x150

Се намалуваат цените за паркирање возила во Охрид

Од 1-ви септември (недела)  2019 година се намалуваат  цените  за паркирање на возила  во предвидените три паркинг зони на територијата на Општина Охрид со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“.  Измените во цените за   паркирање се согласно  одлуката на Советот на Општина Охрид за давање согласност за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг просторот број 08-8433/27 од 10.06.2019 година.Од недела за  паркирање возила во зона  А ќе се наплатува по  30 денари  наместо досегашните  40 денари за еден час. За паркиурање во зона  Б  ќе се наплаќаат 20 денари за еден час наместо досегашните 30 денари.  Цената за паркирање во  Зоната  Премиум ќе се намали за 40 денари за секој час паркирање . Тоа значи дека наместо досегашните 100 денари   ќе се наплаќаат  60 денари за час.

Македонија | пред 6 години

markoo

Георгиески: Марко ти си нашиот херој, ти си нашиот уникатен пример за храброст и истрајност

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со поддршка до Марко Пејчиноски кој ќе плива 64- километарски маратон за лицата со ретки болести. Градоначалникот на својот ФБ профил напиша:Marko Pejchinovski ти си нашиот херој, ти си нашиот уникатен пример за храброст и истрајност. Ти испраќам позитивна енергија и најубави мисли, како поттик за твојата посветеност, за твојата борба, за остварувањето на твојот сон.Нека Охридското Езеро биде твојот сојузник, а вербата во Бога нека ти го осветли патот до целта!Ја имаш мојата максимална поддршка! Напред Марко!https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.326540667951543/429447284327547/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

ambasadorka

Американската амбасадорка во посета на Охрид

Амбасадорката на Соединетите американски држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз, денес, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.На средбата се разговараше за добрата меѓусебна соработка, како и за идните планови со кои ќе се продлабочи соработката. Градоначалникот Георгиески, изрази благодарност до амбасадорката за поддршката што низ годините американската амбасада ја дава на општина Охрид во секоја сфера.Заеднички беше потенцирано, дека во иднина ќе се стави акцент на унапредувањето на соработката во областа на туризмот, негувањето и развивањето на културните врски и поддршка во областа на образованието.Инаку, ова е прва официјална средба помеѓу амбасадорката, Кејт Мери Брнс и градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 6 години

Ohrid_craft_1408201901-768x576

Започнува манифестацијата „Охрид Крафт“

По одличните изданија на фестивалот „Вино и сирење 2019“ и „Денови на мед“,  започнува манифестацијата „Охрид Крафт“. Од вечерва, охриѓани и туристите, ќе имаат можност да се запознаат со занаетчиството и занаетчиите, односно со нивните производи и услуги.Преку оваа манифестација, се води и кампања за поттикнување на младите да започнат да се занимаваат со занаетчиството.

Македонија | пред 6 години

Cingo_vecer_1408201901-900x675

Вечер на Живко Чинго во село Велгошти

Синоќа во атарот на црквата „Света Петка“ во село Велгошти се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.Во рамки на манифестацијата, која ја организира Општина Охрид, свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.-Чувствувам огромна привилегија и гордост како човек и како историчар, оваа убава вечер да сум тука, на ова уникатно место, на овој прекрасен настан и тоа што имам можност да му оддадам почит, на еден од најмаркантните литературни дејци во нашата понова историја, нашиот голем и единствен Живко Чинго.По својата оргиналност и квалитет, неговото богато творештво е познато, признато и вреднувано од врвната литературна критика, а неговите дела се преведени и презентирани на многу светски јазици. Многумина рекле дека неговата раскажувачка дарба била огромна, а неговите раскази се полни со емоција и оддаваат впечаток дека се создадени во еден здив.Покрај високата уметничка и културна вредност, неговите романи, драми и раскази, претставуваат едно вистинско историско сведоштво, една хроника за развојот на македонското општество. И во минатото и денес, неговите зборови, неговите пораки имаат универзална смисла и носат една голема општествена тежина.Убеден сум дека овие пораки и во иднина ќе ни го покажуваат вистинскиот пат, по кој треба да се движи нашето општество, како што и самиот тој вели „ќе нема богати и сиромаси, едно лепче ќе се делит на сите, не ќе има гладни, не ќе има жедни, власт народна човече. Човекот ќе дојде на своето место, на прво место човекот, разбираш, да си биде тоа што си е од природата, човек“.Со цел, достоинствено да го славиме, почитуваме и вреднуваме неговото дело, Општина Охрид, традиционално и оваа година го распиша Конкурсот за најдобар расказ за наградата „Живко Чингo“. Упатувам искрени честитки до добитникот на овогодинешната награда, а воедно упатувам и голема благодарност до сите автори кои зедоа учество на овој литературен конкурс. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи и дека и во иднина ќе го негуваме и почитуваме делото на Чинго и дека ќе го оставиме како аманет на идните генерации. Нека му е вечна слава и нека се чествува уште многу години неговото големо име, истакна Николески.Пред присутните говореше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Драгана Лукан Николоски, а годинешен беседник за ликот и делото на големиот литературен великан беше Алла Гјенадевна Шешкен. Исто така свое обраќање пред присутните имаше и внукот од син на Живко Чинго,  младиот Емил Чинго.Во рамки на културно- уметничката програма, настапи познатиот македонски саксафонист, охриѓанецот  Горан Папаз и Културно –уметничкото друштво „Филиграни“ од село Велгошти.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања