„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

gradonacalnik

Георгиески: Советот на општина Охрид и советниците изгласаа историска одлука

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески денес на барање на новинарите даде изјава во врска со одлуките кои советниците на општина Охрид ги изгласаа на денешната 33-та седница.-Советот на општина Охрид и советниците денеска изгласаа историска одлука со која се финализира процесот на формирање на новото јавно претпријатие „Колекторски систем“ и поделбата на МЈП „Проаква“. Со тоа тие покажаа една исклучителна свест, љубов и грижа за нашиот град и сакам да им честитам што се дел од една значајна одлука за која во минатото имало неуспешни обиди да биде донесена. Советниците треба да се горди со тоа што се дел од еден ваков процес, кој што денес, за среќа на сите нас го финализираме. Формирањето на новото јавно претпријатие конечно значи инвестиција во иднината и една вистинска подадена рака од државата за нашиот град.Само оваа година, државата инвестирала 500 милиони денари за раздолжување на нашиот град и дополнително 800 милиони кои што ги презеде од долгот на МЈП „Проаква“. Значи добивме една милијарда и 300 милиони денари инвестиција во подобар живот и во подобра иднина за Охрид и охриѓани.Оваа наша одлука е многу важна и од еден друг аспект, а тоа е финализирање на процесот на раздолжување на општината. Во делбениот биланс кој денес го изгласаа советниците се предвидуваат 72 милиони денари, кои што беа како конто долг на општина Охрид спрема Министерството за финансии, по основ на кредитот кој што беше земен од Светска банка за колектор, да ги преземе новото јавно претпријатие „Колекторски систем“. Тој долг се брише од контото на општината и општина Охрид станува финансиски солвентна да добие позитивно мислење од Министерството за финансии, за да можеме на еден јавен повик да се задолжиме кај домашни или странски финансиски субјекти и да го завршиме конечно процесот на раздолжување на општината, кој што го започнавме. Долгот на општината во месец јануари годинава беше преку една милијарда и 600 милиони денари, а сега имаме реални 350 милиони денари долг.Посакувам и во иднина сите одлуки кои што се во интерес на нашиот град, Советот на општина Охрид да ги носи консензуално, истакна градоначалникот Георгиески. 

Македонија | пред 6 години

skali

Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост

Општина Охрид започна со имплементација на проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги  и граѓанска вклученост“ како дел од активностите во рамки на втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети” кој е финансиран од УНДП и Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија, во износ од 50.000 швајцарски франци.Проектот предвидува реконструкција на влезните скали кои водат до големата општинска сала, поставување на хидраулична лифт платформа за лица со телесен инвалидитет, опремување на салата со посебни пултови за лица од ранливите категории и простор за инвалидски колички, со цел да се овозможи полесен пристап за подобри општински услуги. Салата исто така внатрешно ќе се уреди со ново осветлување, озвучување со цел да се овозможат соодветни услови за работа.Проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги  и граѓанска вклученост“ беше избран за имплементација од страна на граѓаните на општина Охрид во рамки на четирите сесии на Форумот на заедници, кои беа организирани во декември минатата година. Форумот на заедници го сочинуваа седум работни групи, во кои имаше претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор, а главната тема на Форумот беше социјалната инклузија.фото: Општина Охрид

пред 6 години

krov

Нови покриви за четири училишни објекти

Деновиве започнаа работни активности за промена на покривната конструкција на подрачниот училишен објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во  селото Елшани и на покривната конструкција на училишниот објект на ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца.Овие инвестиции се предвидени во рaмки на Годишната програма за образование за 2019 година. За објектот во Елшани, од општинскиот буџет се наменети 951.608 денари, а за училиштето во Лескајца 3.239.482 денари.Во текот на наредните денови се очекува да започнат и работни активности за промена на покривната конструкција на ОУ „Христо Узунов“ во вредност од 4.109.512 денари и промена на покривната конструкција во подрачниот училишен објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

natprevar

Меѓународен натпревар на угостителско - туристички училишта

Од 10 до 13 октомври учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, заедно со своите ментори и директорот на училиштето беа дел од меѓународниот натпревар на угостителско- туристички училишта ГАТУС 2019.Натпреварот се одржа во Пореч, Хрватска каде учествуваа 170 учесници од 15 училишта.Учесниците, покрај натпреварувачкиот дел, разменуваа искуства, запознаваа примери на добра пракса и ја прошируваа меѓусебната соработка.ОУТУ „ Ванчо Питошески“ како единствен учесник од Република Северна Македонија се натпреваруваше во следните три дисциплини:Готварство со слаткарство (се натпреваруваа учениците: Кристијан Тошески, Марко Илиески и Стефан Аврамоски под менторство на Војо Ангелоски и освоија бронзен медал)Поставување свечена маса и подготвување коктел (се натпреваруваа учениците: Ана Марија Крстеска, Александар Камчевски и Џабир Далипоски под менторство на професор Зоран Наневски и освоија сребрен медал)Претставување на дестинација и изработка на туристички аранжман (се натпреваруваа учениците: Силвија Кацеминовска, Сара Џелили и Сабина Џелили под менторство на професор Елена Митреска и освоија сребрен медал)Домаќин на следниот меѓународен натпревар ГАТУС 2020 ќе биде ОУТУ „Ванчо Питошески“ .

Македонија | пред 6 години

AKCIJA_FOTO_15102019-1-900x506

Општина Охрид спроведе акција за отстранување на нелегално поставена урбана опрема

Општинските инспекциски служби заедно со екипи од ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, денес реализираа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти во охридската чаршија.Акцијата беше спроведена врз основа на претходни инспекциски контроли, со кои биле утврдени локациите и угпостителките објекти каде биле поствени маси, столови и друга урбана опрема, без одобрение за поставување и надвор од Програмата за поставување на урбана опрема.Ваквите акции и контроли ќе продолжат и во текот на наредниот период.

Македонија | пред 6 години

PATEKA_SAATKULA

Се уредува патеката од „Саат Кула“ до „Горна Порта“

Деновиве интензивно се одвиваат градежни активности од првата фаза на проектот за уредување на патеката што води од „Саат кула“ до „Горна Порта“ во стариот дел на градот.Проектот предвидува тампонирање, бетонирање и поплочување на постојната земјена патека, како и соодветно осветлување и хортикултурно уредување.Вкупната вредност на проектот е 3 милиони денари и истиот е финансиран од Центарот за развој на Југозападен плански регион. Градежните работи ги изведува ДООЕЛ „Тане 2007“ од Охрид.

Македонија | пред 6 години

kosta-intervju

Георгиески: Кај Горица не се работи за никакво сериозно уништување на зеленилото, туку се работи за стари дрвја кои претставуваат опасност

Врз основа на актуелните објави на социјалните мрежи и социјалните медиуми од страна на загржени граѓани, екологисти и активисти на невладината организација „Охрид СОС“ во врска со сечењето на дрвја во потегот на месноста „Горица“ сакам да ја информирам јавноста дека не се работи за никакво сериозно уништување на зеленилото и животната средина на посочениот потег, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Во продолжение градоначалникот објасна:Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид на 1-ви јули 2019 година има донесено Решение со кое го задолжува АД. за угостителство, трговија и турзам „Инекс- Горица“ во дворното место на хотелот „Инекс Горица“ на КП бр.5984/1 КО Охрид 4 да пресече четири кедари и три бора, обележани со буквата „С“ со црвена боја, врз основа на нивно барање доставено на 7-ми мај 2019 година.Се работи за стари дрвја за кои Комисијата за преземање на мерки и активности за отстранување на дрвја на подрачјето на Општина Охрид, утврдила дека се исушени и не постои можност за успешно санирање и ревитализирање на нивната состојба. Исто така утврдено е дека при неповолни временски услови истите дрвја претставуваат опасност по луѓето и метаријалните добра.Во согласност со „Законот за урбано зеленило“ како компензациски мерки на местото на пресечените стебла барателот треба да засади соодветни листопадни или зимзелени дрвја, кои треба да бидат постари од 6 години и нивниот збирен пречник да одговара со пречникот на пресечените дрвја.Сакам да потенцирам дека надлежните служби на општината постапуваат и во иднина ќе постапуваат во согласност со закони и правилници и дека ќе работат во интерес на сите граѓани!Упатувам апел до активистите на невладините организации, кои се загрижени за животната средина во иднина добро да ги проверат информациите пред да започнат да шират лаги и шепкулации поради лични интереси и публицитет. Наместо со лажни информации и непотребни критики, ги охрабруваме да започнат да спроведуваат конкретни еколошки активности или акции за пошумување, со кои навистина ќе покажат дека се грижат за животната средина!Ви благодарам! 

Македонија | пред 6 години

GASTRO_MAK

Светска готвачка елита на „Гастро мак “ во Охрид

Светски познати готвачи и шефови на кујни се дел од четвртото издание на Интернационалниот гастрономски натпревар – „Гастро Мак”, кој деновиве се одржува во Охрид.Во рамки на предвидената програма, вчеравечер, дел од кулинарските активности и презентации ги проследи Претседателот на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.-Ми претставува особена чест и задоволство во мое лично име и во името на охридската локална самоуправа да Ве поздравам и да ја искажам нашата благодарност што со организирањето на четвртото издание на Интернационалниот гастрономски натпревар „Гастро Мак”, овој празничен викенд, Охрид го претворивте во светски центар на кулинарството, каде што своите готвачки способности и потенцијали ги одмеруваат реномирани светски готвачи и шефови на кујни.  Нашиот туристички центар има широка понуда на угостителски објекти, кои од година во година започнуваат да ги следат новите трендови и започнуваат да се идентификуваат со уникатни специјалитети и сопствен печат во подготвувањето и сервирањето на храната. Сметам дека овој настан е од големо значење за современ развој на угостителството и за промоција на Охрид како туристички центар. Овој настан ќе придонесе за промоција на кулинарските потенцијали на овој регион, понудени на модерен начин во согласност со светските угостителски стандарди.Општина Охрид секогаш е  подготвена за поддршка на вакви настани, кои се во насока на промоција на Охрид како туристички центар и настани кои придонесуваат за збогатување на туристичката понуда надвор од шпицот на летната туристичка сезона, истакна Ангелоска во своето обраќање пред присутните.На овогодинешното издание на „Гастро Мак“ учествуваат над 300 учесници, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

SLOVACKI-AMBASADOR

Средба на градоначалникот Георгиески со словачкиот амбасадор Маркуш

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше протоколарна средба со амбасадорот на Република Словачка во Република Северна Македонја, Хенрик Маркуш и Проректорот за меѓународна соработка на Универзитетот „Константин Филозоф“ од Нитра, Проф. д-р Мартина Павликова.Словачката делегација ја сочинуваа и професори на Факултетот за социјална наука и здравство и Факултетот за Средноевропски студии во рамки на овој истакнат универзитет.На средбата беше оценето дека постојат отворени можности за продлабочување на соработката со општина Охрид во областа на образованието, културата и имплементацијата на европски проекти. Исто така беше разговарано и за можностите за студентска размена и стекнување на нови искуства во областа на високото образование.

Македонија | пред 6 години

CVEKE_11OKTOMVRI_PLOSTAD

Свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ

Во рамки на одбележувањето на 11- Октомври, денот на  народното востание, градоачалникот Константин Георгиески и делегации на Општина Охрид положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците од НОБ во Градскиот парк, Основениот суд во Охрид , СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и градските гробишта.Свежо цвеќе положија и претставници од ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца и претставници од политичкиот и јавниот живот во градов.

Македонија | пред 6 години

11_Oktomvri-900x601

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод 11 октомври

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ.– 11 Октомври е темелник на вековните определби на македонскиот народ за слободна и самостојна држава. Прославувајќи го овој ден ние оддаваме почит на сите борци кои со својот живот  се вградиле во темелите на нашата татковина.  Благодарение на нивното големо дело,  храброст и пожртвуваност денеска живееме во демократска , независна и просперитетна држава. Наша должност е да ја сакаме, чуваме и унапредуваме  за да им ја предадеме на  поколенијата.  Со меѓусебна доверба и почитување на различностите  ја надградуваме нашава  земја  како  заеднички дом  за сите нас и успешно чекориме кон  вклучување во европското семејство. Слободата човечноста и правдата се вредностите кои не  движат и како поединци и како општество, само со  нив продолжуваме да градиме  демократска, просперитетна и европска држава – стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески по повод 11 Октомври,  денот на народноослободителното востание.

Македонија | пред 6 години

11_Oktomvri_1010201906-900x600

Започна чествувањето на 11 октомври – денот на народното востание

Со свечена седница, денес, започна чествувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание. На свеченоста свое пригодно обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески.– Почитувани дами и господа, борци и следбеници на идеалите на учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна, нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ. Овој ден е симбол на Македонскиот непокор и слободарскиот дух. Во очи на големиот празник, денес одбележувме 78 години од четиригодишната народно – ослободителна борба на Македонскиот народ во Втората светска војна. Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци и на нивните идеали за слобода, денес, ние сме свои на своето. Наша определба и денес, е сигурно и недвосмислено да чекориме по заветот што ни го оставија, да продолжиме да се бориме за да ги одржиме темелите на слободна Република Северна Македонија. Почнувајќи од 1893 година, од македонската историја исполнета со крв и саможртва, стана пример кој го следеа сите понатамошни македонски востанија и револуции. Темел врз кој се надградувале Илинден 1903, 11 Октомври 1941, АСНОМ 1944 и 8 септември 1991 – денот на прогласување на независноста. Нашата борба денес, е борбата за обезбедување подобар животен стандард, подобра инфраструктура, подобри услови во образованието…, истакна градоначалникот Георгиески Свечената седница беше збогатена со културно уметничка програма. Чествувањата продолжуваат и утре со полагање на свежо цвеќе пред спомениците на борците од Народноослободителната војна.

Македонија | пред 6 години

Sah_1010201902-900x675

Охрид домаќин на меѓународен турнир во шах

Синоќа во Охрид свечено беше отворен  меѓународниот Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Северна Македонија.Турнирот за отворен го прогласи советникот од Советот на Општина Охрид, Мишел Силјаноски.-Огромно е задоволството да се присуствува  на отворањето на  четвртиот меѓународен   Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“  на кој учествуваат млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија.Велат дека умствените активности се „најдобра храна“ за психичкиот развој на младите, а токму шахот е спорт којшто го овозможува тоа.Поставување цели, идентификување алтернатива и последици се составен дел на играта.Преместувајќи ги фигурите кога играте шах морате да донесете одлуки и решите проблем. Морате да ги контролирате своите импулси и да поставите краткорочни и долгорочни цели  како би имале предност и  би биле победници  во игрaта.  А токму таква младина му е потребна на ова општество, младина која  поставува цели и донесува одлуки во насока на подобар и побрз општествен развој. Прогласувајќи го овој турнир во шах за отворен  им  посакувам успех во играта на сите учесници со желба да победи најдобриот и  најсреќниот  затоа што во фер игра сите се добри и квалитетни. Секако на учесниците од неколкуте Балкански земји им посакувам пријатен престој во Охрид со желба да ги доловат убавините на Охрид  кои  повторно ќе ги враќаат кај нас- истакна Силјаноски.Организатор на настанот е  Шаховскиот Клуб ЛАСКЕР со поддршка на Општина Охрид, Шаховската Федерација на Македонија и неколку компании од бизнис секторот.

Македонија | пред 6 години

Nato_0910200902-900x598

Георгиески се сретна со учесниците на работилницата за лица на високи позиции, посветена на хибридните закани во Југоисточна Европа

Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со учесниците  и организатори на работилницата за лица на високи позиции, меѓу кои беа Емил Шипочки и Иван Хостинк од канцеларијата за врски на НАТО со Република Северна Македониа, проф. д-р Неџад Корајлиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево, Босна и Херцеговина и проф. д-р Михајло Дојчиноски од воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Работилницата е посветена на хибридните закани во Југоисточна Европа.На средбата беа дискутирани темите кои се опфатени со работилницата кои се однесуваат на заканите што влијаат врз политичките, територијалните и економските аспекти на една земја, преку разни информации, дезинформации, неинформирањето и медиумите традиционалните и социјалните.Работилницата се одржува во Охрид, од 06-12 октомври како месец посветен на  борбата против сајбер – криминалот, а учество имаат земено 70 претставници од 20 држави.

Македонија | пред 6 години

EMUC_VALJEVO_09102019-e1570603596150-900x675

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се збратими со техничката школа од Ваљево

ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ од Охрид и Техничката школа од Ваљево, Србија ја продлабочија меѓусебната соработка преку потпишување на повелба за збратимување.Повелбата беше потишана од страна на директорите Сашо Недески и Бранко Голоскоковиќ во рамки на свеченостите по повод патрониот празник на училиштето во Ваљево.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања