„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

Novi_vozila_Komunalec-1

Нови возила за ЈП „Охридски комуналец“ и ЈП „Нискоградба“

Преку грант на Светска банка, општина Охрид набави четири нови возила за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“. Преку овој проект се набавија едно специјално возило камион со инсталирана надградба кипер, едно специјално товарно возило камион со дупла кабина, една комбинирана машина ровокопач-утоварувач и една машина ровокопач, мини багер хидрауличен на гасеници. Возилата денес официјално беа предадени на јавните претпријатија.Вкупната сума за набавката на возилата изнесуваше 7.159.768 денари, од кои 807.082 денари беа учество на општина Охрид, а останатите се средства од Светска банка.

Македонија | пред 6 години

sv-kliment

Конкурс за доделување повелба – патрон на градот “Св.Климент Охридски”

Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува: КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ По повод 8-ми Декември–“Св.Климент Охридски”, градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2019 година.Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Северна Македонија и светот.Право на учество на Конкурсот  имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура.Наградата “Патрон на градот “Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.Пријавите да се достават на адреса: ул. “Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”).

Македонија | пред 6 години

sv-kliment

Конкурс за доделување повелба – патрон на градот “Св.Климент Охридски”

Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признинија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” По повод 8-ми Декември – “Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2019 година. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Северна Македонија и во светот, во период од една година.Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето.Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: ул.”Димитар Влахов” бр.57, за Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”.)

Македонија | пред 6 години

konkurs

Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба

По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува: НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА Темата на Конкурсот треба да  се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски.По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории: I  За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);II  За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);III За ученици во средно образование (од прва до четврта година). Износот на наградата за првата категорија е 2.000,оо денари;Износот на наградата за втората категорија е 3.000,оо денари;Износот на наградата за третата категорија е 4.000,оо денари. Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот  на Општина Охрид.Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици  од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30.11.2019 година, треба да се доставуваат  на следната адреса:Општина Охрид, – ул. ”Димитар Влахов“бр.57 (со назнака : За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира).Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.Авторството се докажува со четвртиот примерок.Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември – Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид. 

Македонија | пред 6 години

opstina

ОУ „Ванчо Николески“ го имплементира проектот „Чиста природа - долг живот“

Учесниците на партнерскиот проект „Чиста природа- долг живот“ кој го имплементира  ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец, денеска имаа средба со заменик- градоначалникот Ристо Николески. На средбата на која учествуваа претставници на партнерите од Велика Британија, Португалија, Романија и Турција, координаторката Елисабета Настоска, наставник по англиски јазик во ОУ „Ванчо Николески“ објасни дека се работи за проект кој ќе трае две години, а целта е со разни активности со земјите партнери да се разменат искуства од областа на заштитата на животната средина.Основното училиште „Ванчо Николески“ од с. Лескоец преку програмата „Еразмус“ доби два гранта од програмата Клучна акција 2- КА229  за  стратешки партнерства за училишна размена и образование. Во рамките на проектот се предвидени рсботилници, иновативни стратегии и нови методологии, преку кои ќе се подобрат професионалните вештини кај наставниците за поефикасно подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина.

Македонија | пред 6 години

proekt-blato

Нов идеен проект за студенчишкото блато

Со цел повторно оживување на Студенчишко блато, компанијата Тетрактис изработи Aрхитектонско-урбанистичка анализа во функција на ревитализација на Студенчишко блато, преку восооставување на одржлив економски модел. Предмет и цел на oвoј прoект претставува ревитализацијата на Студенчишкo блатo, овозможување на негово природно функционирање заедно со воспоставување на одржлив економски модел на содржини кои се насочени кон развој на локалитетот.Студенчишко Блато е едно од ретките природни блата на територијата на Р.Македонија кое е валоризирано како “споменик на природата”, но моментално е во незавидна состојба заради несоодветниот третман кое го трпи, поради лошата и несоодветна експлоатација која го попречува неговото природно функционирање.Во насока на остварување на идејата, ќе се одржи презентација на проектот за анимирање на културната и експертската  јавност на конструктивен дијалог.Презентацијата ќе се одржи на  7 ноември 2019 година, со почеток во 20 часот, во објектот  “Јавна соба”во Скопје.

Македонија | пред 6 години

Ohrid_vo_Italija

Охрид успешно се промовира во Италија

По неодамна одржаните промотивни настани, промо турата „Охрид 2019“ и  “Ohrid Outdoor Festival”  градов  успешно се промовира како привлечна туристичка дестинација  за италијанските гости и туристи  не само во лето туку и во  есенскиот и зимскиот  период од годината.  На настаните учествуваа туроператори и новинари од Италија.Италијанските гости заедно со 150 љубители на планината и алтернативните видови спорт  во рамки на „Ohrid Outdoor Festival”     уживаа во возење велосипеди и искачување на врвот на  планината  Галичица од каде се гледаат двете езера Охридското и Преспанското. За учесниците на фестивалот беа презентирани и  вештините на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, која на регионот околу Охридското Езеро му дава дополнителна поткрепа во напорите за развој на авантуристичкиот туризам.Веднаш по завршување на охридските промотивни настани во најпознатите италијански списанија беа објавени промотивни  текстови за Охрид меѓу кои и  „Охридското Езеро е најстаро во Европа“ .фото: општина Охрид

Македонија | пред 6 години

sala

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски “ доби нова училишна спортска сала

Нова училишна  спортска сала опремена по највисоки стандарди доби ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски„ од Охрид. Проектот е на Министерството за образование и наука   и општина Охрид.Салата е комплетно опремена  со   кошеви, два помошни коша, ракометни голови, голови за мал фудбал, мрежа за одбојка и гимнастички реквизити.Во рамки на проектот изградени се две  канцеларии за наставници со засебни  санитарни јазли со туш кабини. Изградени се и  две простории за чување на спортските реквизити и  две соблекувални за ученици со санитарни јазли,  опремени со туш кабини.Изградбата и опремувањето на училишната спортска сала  во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа  завршени  за  неполна година.  Со реализирање на проектот битно се подобрија условите за спортување на учениците кои досега наставната програма по физичко образование ја реализираа во неадекватни услови во мала, помошна сала.Новоизградената и опремена  сала  е дел од Владиниот проект  за „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

planinarenje

(ФОТО) Прво издание на „Ohrid Outdoor Festival“, убавините на Галичица ги видоа и туроператори и новинари од Италија

Голем број вљубеници во природата, активни планинари, велосипедисти и рекреативци денес имаа можност да уживаат во уникатните пејзажи и панорами на планината „Галичица“, Охридското и Преспанското Езеро, во рамки на првото издание на Ohrid Outdoor Festival, кое беше организирано од страна на Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ и Општина Охрид.Прекрасното октомвриски сонце и ведрото небо, само ја надополнија целокупната атмосфера со силна позитивна енергија.Во рамки на планинарските тури учествуваа и туроператори и новинари од Италија, кои се дел од овогодинешната Промо тура „Охрид 2019“, која има за цел да придонесе за приближување на охридските туристички потенцијали на италијанскиот пазар.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/466519853953623

Македонија | пред 6 години

sovet

Што се изгласаа охридските советници на денешната седница на совет?

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои предложените одлуки за измени на програмите за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2019 година, за поддршка на локалниот економски развој, за заштита на животната средина и природата, за спорт и рекреација, за активностите на општина Охрид во областа на образованието, за детска заштита, за културни манифестации и творештво, за одржување на јавна чистота, за јавно осветлување, за измени на програмата за други комунални услуги, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за изградба на  системи за водоснабдување, за изградба на сообраќајна сигнализација, за уредување на градежно земјиште, за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за  2019 година, за донесување на буџетскиот календар и одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон доверителот „Моби Петрол“ ДООЕЛ Охрид.На седницата беа прифатени и предложените одлуки за за  разрешување членови во училишните одбори на  ОУ „Св.Климент Охридски“ , ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОМУ „Методи Патче“, ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ „Христо Узунов“ , ОУ „ Григор Прличев“ , ОУ „ Братство – Единство“ , ОУ „Кoчо Рацин“  и ОУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани.Советниците ги прифатија и предложените  иницијативи за експропријација на градежно земјиште- Кп.бр. 11916/1 и др. во КО Охрид 3 ,  Кп.бр. 5412 и др. во КО Охрид 4,  Кп.бр. 5238  и др. во КО Охрид 4, како и одлуката за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност.Беа прифатени и одлуките за подигање  спомен-обележје за бродската несреќа од 05.09.2009 година, формирање одбор  за подигање спомен – обележје и за утврдување локација за градба на спомен- обележје за  бродската несреќа од 05.09.2009 година.На денешната седница од дневниот ред беше повлечена точката за избор на командир на полициска станица од општа надлежност во Охрид, а беа усвоени новопредложените точки за финансиска поддршка на манифестациите „Гастромак“ и „Оhrid Outdoor Festival“.

Македонија | пред 6 години

turisti

Промо –тура „Охрид 2019“

Од утре до 28 октомври, Охрид ќе биде домаќин на  промо – тура „Охрид 2019“, што ја организира локалната самоуправа.Целта на активноста е приближување на туристичкиот потенцијал и понуда на Охрид  до граѓаните на Италија особено  на оние кои живеат во регионот на Милано.На  неколкудневното случување  се очекува присуство на 15 туроператори и 5 новинари од Италија со цел зголемена промоција на  градов на италијанскиот туристички пазар.Директната авио -линија  Охрид- Милано  дополнително ќе  допринесе  во  зголемување на бројот  на италијански туристи кај нас.

Македонија | пред 6 години

kosta-intervju

Георгиески: На овој ден се потсетуваме на истрајноста на нашите претци, но и одлучноста за слобода и независност

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.– Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина. На овој ден се потсетуваме на  истрајноста и пожртвуваноста на нашите претци, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност.  Македонската револуционерна организација   е  олицетворение на македонскиот непокор преку кој ќе се води бoрбата на сите генерации кои ќе следат до конечно остварување на најголемиот сон за слободна и независна држава.Посветено, одговорно и мудро продолжуваме да чекориме по патот на нашите револуционери , борци и херои градејќи  силна, просперитетна и модерна татковина  со унапредување на сите општествени сфери  и давање можност за подобар живот на сите граѓани. – стои во честитката на градоначалникот Георгиески по повод 23-Октомври-Денот на Македонската револуционерна борба.

Македонија | пред 6 години

kosta-6

(ФОТО) Георгиески направи обиколка на инфраструктурните зафати низ Охрид - еве што се работи и каде?

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески направи обиколка на повеќе локации каде се вршат градежни работи во општина Охрид. Станува збор за проекти кои се изведуваат во овој момент во Охрид и охридско за кои што општината од својот буџет има издвоено 50 милиони денари. Напоредно се работи на реконструкција на кровови во основните училишта во с. Елшани и Коњско, во училиштетето Христо Узунов во Охрид и Братство Единство Лескајца. За промена на покривната конструкција во ОУ „Христо Узунов“ издвоение се 4.109.512 денари, а за  промена на покривната конструкција на училишниот објект на ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца во вредност од 3.239.482 денари.Во тек е санација на потпорен ѕид во непосредна близина на спомен куќата на Григор Прличев, инвестиција за која од буџетот на општина Охрид се наменети 1.500.000 денари. потоа  потпорен ѕид во с. Елшани, поради опасност од свлечиште кое може да ги поклопи куќите.Значајни проект кои треба да започнат на почетокот од следната година Георгиески ги посочи изградба на канализациона мрежа во Лескоец и Рача, кои ќе се санираат со тендер вреден 3 милиони денари.Овој период во почетна фаза е и реализацијата на проектот за реконструкција на плоштадот „Табана“, а интензивно се работи на проектот пешачка патека  од  Саат кулата во Стариот дел на Охрид до Горна Порта. Овој проект се реализира преку Југозападниот плански регион.Единствен проект кој не е започнат, а е со потпишан договор е пробивањето на улицата низ поранешната касарна. Според градоначалникот проблемот за реализација на овој проект се адмнинистративни пречки кои се отстрануваат.Градоначалникот на Охрид за следната 2020 година најави повеќе значајни инфраструктурни проекти за кои се предвидени или ќе се предвидат средства во општинскиот буџет. Георгиески најави комплетна реконструкција и обновување на влезот на Охрид од стана на Битола. Проектот како што кажа првиот човек на Охрид веќе бил изработен  и  истиот бил испратен до Агенцијата за патишта. За овој проект општината ќе ја изработи подземната инфраструктура, а државното јавно претпријатие асфалтирањето.Градоначалникот во проекти во најава за следната година ги напомена и реконструкција на булеварот „Македонски Просветители“, проект вреден 40 милиони денари.  Следната година ќе се реконструира и плоштадот кај стариот Чинар, рече првиот човек на Охрид.        

Македонија | пред 6 години

trpejca

Георгиески: Во НП Галичица има 29 нелегално изградени објекти кои не може да се легализираат

Според извршената евиденција на општина Охрид на реонот на Галичица има околу 29 нелегално изградени објекти кои се наоѓаат во заштитен појас, во зоната од 50 метри од езерото и кои по никој основ не може да се легализираат, вели градоначалникот Константин Георгиески.Тој додава дека ќе се  направат контролни записници  според кои ќе се види дали сопствениците постапиле или не.-Ако не постапиле, ние ќе се водиме според нашите законски обврски и како општина ќе преземеме активности за отстранување, рече Георгиески.Инаку Охрид1 денеска објави снимка на која се гледа дека нешто се гради во реонот на Галичица, во близина на Трјпејчо поле, заштитено подрачје. Дали и овој објект е влезен во евиденцијата на локалната или станува збор за нова градба останува да видиме.

Македонија | пред 6 години

sednica

Охридските советници дадоа зелено светло за поделба на МЈП „ Проаква“ и склучување спогодба за присоединување кон ЈП „ Колекторски систем“

Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати предложените одлуки за давање согласност на одлуката за поделба на МЈП „ Проаква“ – Струга со раздвојување со основање и раздвојување со превземање (комбинирана поделба) ,за давање согласност  на одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП „ Проаква“- Струга и склучување на спогодба за присоединување кон ЈП „ Колекторски систем“ – Скопје преку комбинирана поделба-  раздвојување со основање и раздвојување со превземање и за поделба на МЈП „ Проаква“- Струга преку комбинирана поделба- со раздвојување со основање и раздвојување со превземање.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања