„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

15_ti_Korpus_11172020002

Георгиески пред премиерот ги образложи инфраструктурните проекти во Општина Охрид

„Драго ми е, што како локална и централна власт целосно ја препознаваме важноста на инфраструктурата како основа за подобрување на условите за живот на граѓаните и тоа што континуирано реализираме инвестиции кои придонесуваат за развој и напредок. Охрид како туристички центар заслужува висококвалитена сообраќајна мрежа, па токму затоа во текот на изминатиот период бевме особено посветени на ова поле и успеавме да реализираме низа проекти со кои значително ја подобривме урбаната слика на градот“, истана градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на средбата со Премиерот Зоран Заев.Градоначалникот ги образложи инфраструктурните проекти кои во моментов се изведуваат во Општина Охрид.„Еден од тие проект е и улицата „15-ти Корпус“, која е комплетно реконструирана по сите најсовремени стандарди и на мое големо задоволство, заедно со премиерот Зоран Заев денеска официјално ја отвараме за користење.Охриѓани но и нашите редовни гости кои пристигнуваат во Охрид од овој приод кон градот, многу добро се сеќаваат во каква руинирана состојба беше оваа улица. Ценејќи ги вистинските и приоритетните потребни на граѓаните но и на фирмите кои гравитираат во овој дел на градот одлучивме да го реализираме овој голем проект.Како што знаете, се работи за улица во должина од 1900 метри на потегот од крстосницата со улица „Железничка“ до влезот во село Лескоец, која денес има модерен и уреден изглед и овозможува поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Поставен е нов асфалт на коловозната лента, комплетно се уредени пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата. Извршена е замена на атмосферската канализација, поставена е нова водоводна линија на еден потег на улицата и изградени се три потпорни ѕидови. Поставено е ново осветлување соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.Вкупната вредност на овој проект е 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари беа обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари беа обезбедени од ЈП „Државни патишта“ и оваа можност ја користам да им искажам голема благодарност за целокупната соработка.Паралелно со реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница работевме на уште еден голем и сложен инфраструктурен проект, а тоа е реконструкција на улицата „Абас Емин“ која наскоро ќе биде финиширана и пуштена во употреба. Исто така, во моментот работиме на реконструкција на улицата „Јане Сандански“, а во текот на изминатите две години извршивме комплетна реконструкција на улиците „АСНОМ“, „Егејска“, „Прва Македонска ударна бригада“, „Охридска бригада“, „Марко Цепенков“ и беше изградена нова улица на потегот во поранешната касарна. Во текот на наредниот период планирано е да започнеме со комплетна реконструкција на улиците „Македонски Просветители“ и „Гоце Делчев“, истакна Георгиески и додаде:Покрај инвестициите во сообраќајната инфраструктура, како локална самоуправа особено сме посветени на подобрување на условите во образованието. Реализиравме и тековно работиме на голем број зафати во сите основни и средни училишта.Денеска со премиерот, Заев го посетивме Општинскиот електромашински училиштен центар „Свети Наум Охридски“, каде беше изградена нова спортска сала, реконструиран е покривот на училишната зграда, поставена е нова енергетски ефикасна фасада, поставени се нови пвц прозорци, нови подови во сите училишни простории, реконстуирани се таваните и внатрешните ѕидови и поставено е ново осветлување.Во моментот се изведуваат работни активности за реконструкција на спортските терени, а наскоро треба да започне обнова на подовите во ходничните простории и уредување на просторот пред влезот на училиштето. Благодарение на овие инвестиции значително се подобрени условите за настава, а училиштето стана еден од најдобрите примери за спроведување на дуално образование во нашата држава.Продолжуваме да инвестираме плански и одговорно, за секој граѓанин да добие подобри услови во своето место на живеење и да креираме проекти кои овозможуваат подобра иднина за сите“, истакна градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

zabrana

Водата од Пештани, Велестово, Елешец и плажа “Оревче” забранета за пиење

Врз основа на добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Северна Македонија, Инспекторатот при Општина Охрид упатува известување до јавноста дека водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Пештани и плажа „Оревче“, МЗ с. Елшани и МЗ с. Велестово, водата се забранува за пиење.Оваа забрана, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство ја издава врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид. Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

centar-mladi

Георгиески: Младите охриѓани ќе можат да креираат програми и проекти и да бидат носители на позитивни промени во нашиот град

Охрид добива Младински центар каде што младите охриѓани ќе можат да креираат програми и проекти и да бидат носители на позитивни промени во нашиот град.За таа цел Локалната самоуправа обезбеди простор лоциран во објектите на поранешната касарна, кој преку јавен повик и транспарентна постапка ќе биде отстапен на користење на младинска организација.Нашата цел е да ги мотивираме младите да се вклучат во заедничката мисија да го направиме Охрид посакувано место за живеење и да создадеме услови за подобра иднина.Градењето на партнерство помеѓу општината и младите е единствениот начин на кој ќе бидеме сигурни дека нашите политики се исправни и се однесуваат на вистинските потреби на заедницата, пишува градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава

Македонија | пред 4 години

kosta-eko

(ФОТО) Чистење на обраснато зеленило во околината на Саат кулата и на неколку локации во Стар град

Чистење на обраснато зеленило во околината на Саат кулата и на неколку локации во Стар град;✅Чистење на наноси од земја и камења на патниот правец од Велгошти до црквата "Свети Илија";✅Активности за чистење и уредување во кругот на поранешната касарна;✅Активности за подигање на кабаст и зелен отпад во населба "Билјанини извори";✅Чистење на плажата во населба Воска и чистење и одржување на останатите плажи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Георгиески до Оријан: Упатувам јавна благодарност за целокупната поддршка и досегашна соработка

Чест ми е што денес мој гостин беше Амбасадорот на Израел, Дан Оријан. Разговараме за повеќе актуелни теми, како и за можностите за меѓусебна соработка особено во делот на образованието и туризмот.Поради завршување на мандатот, ова беше последна протоколарна посета на Охрид од страна на амбасадорот Оријан и затоа упатувам јавна благодарност за целокупната поддршка и досегашна соработка, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

kosta22

Георгиески: Донесовме одлука со која ќе го финишираме процесот раздолжување на општината

Со особено задоволство и гордост можам да ве информирам дека на денешната седница на Советот, успеавме да направивме голем исчекор кон исполнување на една од најзачајните цели, на кои како локална власт бевме исклучително посветени, а тоа е враќањето на финансиската стабилност на Општина Охрид.Денес донесовме важна одлука со која ќе го финишираме процесот раздолжување на Општината, во согласнот со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.Со посветена и напорна работа за само две години успеавме да го намалиме деценискиот долг на општината, за повеќе од една милијарда денари.По денешната одлука за задолжување, започнуваме постапка преку која општината ќе го исплати преостанатиот дел од сумата што е евидентирана како неисплатен долг и од која, врз основа на извршни решенија секојдневно се генерираат нови обврски за подмирување, со астронoмски камати. Со оваа постапка ќе овозможиме одблокирање на сметката на општината, која е блокирана околу 16 години. За сите чекори кои ќе следат во понатамошниот процес, јавноста, како и до сега, ќе биде целосно и навремено информирана.Изненаден сум, а воедно и разочаран што советниците на опозициската ВМРО ДПМНЕ повторно не покажаа политичка волја, капацитет и желба да бидат дел oд овој историски момент, кој значително ќе придонесе за подобро финансиско менаџирање на општината, ќе овозможи поголем развој на градот и подобри услови за нашите сограѓани.Советниците кои не гласаа за Предлог одлуката за долгорочно задолжување на општина Охрид во насока на враќање на финансиската стабилност, финиширање на процесот на раздолжување и одблокирање на сметката, покажаа дека се засегнати само за своите лични и политички интереси и дека не им е грижа ниту за градот, ниту за охриѓани!Покажаа дека не сакаат нови инвестиции во градот, кои локалната самоуправа ќе може да ги финансира самостојно и врз основа на здрав буџет. Покажаа дека не сакаат нови училишта, нови градинки, ниту нови инфраструктурни и капитални проекти кои се од непроценливо значење за развојот на Охрид, како културен и туристички центар.Со оваа нивна незрела политичка одлука, уште еднаш докажаа дека не свесни за функциите кои им се доверени и дека немаат капацитет да работат во интерес на сите граѓани.На јавноста и е добро познато дека како градоначалник на Општина Охрид, преку нивните смешни партиски прес конференции, неосновани соопштенија и фејсбук кампањи, преку лаги, лични навреди и говор на омраза, секојдневно ме повикуваат со цел да го нарушат мојот углед и да го уништат имиџот на општината. Во тој контекст, оваа можност ја користам да го кажам следново:Жал ми е, што ВМРО ДПМНЕ не успеа да излезе од старата матрица за креирање на штетни политики, дека продолжи да тоне во сопствените лаги и остана партија која единствено знае да работи против интересите на граѓаните.Голема штета е што не сме на исто ниво во мислењата и визиите за идниот развој на Охрид и тоа што не можеме да имаме демократска и достоинствена дебата. Со денешната одлука да не гласаат, тие покажаа дека немаат елементарни познавања за состојбите, немаат капацитет да ги разберат важните предизвици и немаат храброст да изнаоѓаат трајни решенија.За разлика од нив, јас како градоначалник и советниците на мнозинството во Советот на општината, како и до сега сериозно и посветено продолжуваме да работиме за остварување на зацртаните проекти и да овозможиме подобра иднина за новите генерации во Охрид. Тоа е наше задоволство, обврска и чест! Охрид се сака со дела, а не со празни зборови, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Fizibiliti_zadolzuvanje_07202021003

Одржана јавна расправа за оправданоста од долгорочно задолжување на општина Охрид

Денеска во Општина Охрид беше одржана Јавна расправа во врска со Физибилити анализата на оправданоста за долгорочно задолжување на општината, во насока на намалување на долгот и враќање на финансиската стабилност.На расправата се дискутираше за придобивките и ризиците од ваквиот начин на раздолжување, кои беа дадени во физибилити анализата и за сите детали од досегашниот процес на раздолжување, врз основа на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа. -Раздолжувањето на општината, беше еден од најважните приоритети на кои бевме исклучително посветени во текот на изминатите две години и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија, долгот на општината е намален за повеќе од една милијарда денари. Во 2017 година, долгот на Општина Охрид изнесуваше 1.573.036.905 денари, а во моментот вкупниот долг на изнесува околу 470.000.000 денари. Продолжуваме со процесот на раздолжување во согласност со сите финансиски препораки и релевантни експертски анализи и се надевам дека ќе успееме да оствариме евидентен успех. Тоа ќе биде една добра основа за развој и напредок на општината, на сите полиња, потенцираше меѓудругото градоначалникот Константин Георгиески, во своето излагање пред присутните.Претходно, согласно законската регулатива, Физибилити анализата на оправданоста за долгорочно задолжување на општината беше јавно објавена, со цел граѓаните да бидат консултирани и да може да се вклучат со искажување на свои ставови, мислења и предлози за издржливоста на одлуката за раздолжување, по пат на кредитно задолжување од деловна банка.

Актуелно | пред 4 години

studencisko-blato

Нуредини: Студенчишко Блато под привремена заштита

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција.Согласно Решението за привремена заштита на Студенчишко Блато, за времетраењето на привремената заштита на подрачјето нема да се спроведуваат активности од постоечкиот ГУП на градот Охрид во делот на Урбана Заедница – УЗ 17, Урбан блок – У.Б 17.1, како и изработка и донесување на урбанистички планови и урбанистички проекти, урбанистички проекти за партерно уредување на просторот, спровдување на постапкa за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, спроведување на постапка за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, одлагање на шут и комунален отпад, употреба на хемиски заштитни средства и минерални ѓубрива за земјоделски активности, доделување на нови или продолжување на постоечките концесии согласно прописите за концесии и јавно приватно партнерство, прописите за градежно земјиште, како и прописите од областа на лов и риболов и проширување или изградба на нови патишта, соопштија од министерството.извор/фото: агенции

Македонија | пред 4 години

plaza-19

Општина Охрид: Приватните сместувачки и угостителски објекти имаат право да стопанисуваат со плажите пред објектите, само во согласност со склучените договори со локалната, на слободните плажи има ред...

Приватните сместувачки и угостителски објекти, кои се лоцирани во првата крајбрежна зона на Охридското Езеро имаат право да стопанисуваат со плажите пред објектите, само во согласност со склучените договори со Општина Охрид, во кои е утврдена површината за поставување на урбана опрема.Вакви договори се склучени со сместувачките капацитети: вила „Свис“, хотел „Холидеј-М“, хотел „Орце Николов“, хотел „Аквалина“, хотел „Силекс“, хотел „Лагадин“, хотел „Мизо“, хотел „Десарет“, хотел „Инекс Горица“, хотел „Гранит“, хотели „Метропол“, угостителските објекти „Бонанаца“, „Егоист“, „Голден бич“ и автокамп „Љубаништа“. Правните лица кои се сопственици на овие сместувачки и угостителски објекти, плаќаат надомест на Општина Охрид, врз основа на површината за поставување на урбана опрема, која е наведена во склучените договори. Договорите се активни од 03.07.2021 до 30.09.2021 година.Со цел да се спречи узурпирање на поголем простор и поставување на лежалки, маси, столици и реквизити надвор од договорената површина за поставување на урбана опрема, инспекторите од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведуваат редовни контроли на плажите.Ја информираме јавноста дека ваквите контроли ќе бидат континиурани во текот на целата летна сезона и ќе бидат во координација со Државниот пазарен инспекторат. Редовни контроли ќе се спроведуваат и на слободните плажи кои не се издадени под концесија и за кои нема договори за поставување на урбана опрема, со цел да се превенира диво поставување и издавање на реквизити.Ваквите активности се спроведуваат заради воведување на ред во стопанисувањето со брегот на езерото и да се обезбеди повеќе слободен простор за жителите и туристите, кои одмараат на крајбрежјето.

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

Градоначалникот го објави 24 часовното ЕКО ИНФО за Охрид

Чистење на ноноси од земја и камења во село Велгошти;✅Тековно одржување на јавни површини во Стар град;✅Активности за подигање на кабаст и зелен отпад од неколку локации;✅Уредување на зеленило во градски парк;✅Уредување на цветните аранжмани на кружните текови на булевар "Туристичка";✅Тековно чистење и одржување на плажите.

Актуелно | пред 4 години

filmski-festival

Од 21-ви до 25-ти јули во Охрид Четвртото издание на фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival

Четвртото издание на Фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival ќе се одржи во Охрид од 21-ви до 25-ти јули годинава.🎞️Проекциите во рамки на фестивалот ќе бидат на плажата "Горица 3", на бродот "Армада"и во Музејско-културниот центар "Лапидариум". Влезот на фестивалот е бесплатен.🎬Оваа културна манифестација се реализира со поддршка на Општина Охрид, Агенцијата за филм и Музејско Културен Центар "Лапидариум", напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Актуелно | пред 4 години

turisti3

Градоначалникот Георгиески им посака топло добредојде на холандските туристи

Денеска го дочекавме првиот авион од холандски туристи , со 171 туристи на кој што сакам да им посакам добредоје во нашиот прекрасен туристички Охрид. Во оваа туристичка сезона ќе следат чартер групи секој понеделник и петок се до 26 септември по од прилика ист број на туристи, рече во својата изјава градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Притоа тој додаде , со ова ние правиме значаен чекор во зависност и споредба со претходната година кога немавме ниту еден чартер лет со холандски туристи. Со тоа покажавме дека борбта против пандемијата, заложбите, спроведувањето на мерките а и процесот на вакцинација беше на одлично ниво, а итоа го покажува дисциплинскиот број на новозаболени, што донесе таков предуслов да имаме странски туристи ова лето, Охрид е подготвен од било кога досега. Им посакувам среќно добредојде, убав одмор, да уживаат во природните и универзални вредности на Охрид како едно светско , природно културно богатство, истакна градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

prskanje-komarci

Денеска ќе се прска против комарци во Охрид

Теристичкото запрашување ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од село Подмоље до хотел „Парк“ и подножјето на планината Галичица (населба Билјанини извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св. Наум.Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Актуелно | пред 4 години

parking-mesta

(ФОТО) Се отстрануваат нелегално поставените препреки на јавни површини во Охрид

Се отстрануваат нелегално поставените препреки на јавни површини. Улиците се јавни површини, па неможе своја рака граѓаните да си зацртуваат паркинзи, пред објектите или пред живеалиштата.Општина Охрид на 2 јули објави апел до граѓаните кои узурпирале јавни површини сопственост на РСМ со поставување тврди сообраќајни препреки како што се рампи, синџири, „триаголници“ за забрането паркирање или други ознаки во најскоро време да ги отстранат истите.По апелот за кој охриѓани имаа доволно време да ги отстранат истите денеска екипи на надлежните служби на Општина Охрид, започнаа акција со која општината ги ослободува јавните површини.Од општината уште апелираат нелегалното поставување на сообраќајни препреки на јавни површини граѓаните да го пријават на адреса: inspektorat@ohrid.gov.mk

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

Отстрането соборено дрво во паркот "Билјанини извори", после вчерашното невреме

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот ФБ профил објави ЕКО ИНФО. Во објавата градоначалникот пишува:Отстрането соборено дрво во паркот "Билјанини извори", после вчерашното невреме;✅Чистење на несоодветно депониран зелен отпад кај "Сараиште";✅Чистење на дива и обрасната вегетација во кругот на поранешната Касарна;✅Двосменско чистење и одржување на плажите;✅Редовно подигање на отпад и метење на јавни површини.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања