„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

kuba

Општина Охрид: Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО - сите нелегални градби ќе бидат отстранети без селективност

Општина Охрид е цврсто одлучена да воведе ред и да стави крај на долгогодишното самоволие и хаотично стопанисување со плажите на охридското крајбрежје. Повеќе нема да биде толерирано нелегално работење и остварување на бизнис интереси на поединечни фирми, кои без договори за концесија и надвор од сите законски процедури граделе објекти и узурпирале државно земјиште, со што нанеле значителни штети во строго заштитената зона на езерото, се вели во соопштението од општина Охрид.Во продолжение на истото од локалната додаваат:Денеска градежната механизација и работните екипи ангажирани од Општина Охрид започнаа со активности за отстранување на платформите на плажите „Куба Либре“, „Кадмо“ и „Бела Виста“ кои се опфатени во Генералниот урбанистички план.Исто така, во текот на наредните денови ќе се пристапи и кон отстранување на платформите и објектите на крајбрежјето на потегот кон населбата „Канео“.Угостителските објекти кои работат на овие плажи треба да престанат да извршуваат угостителска дејност надвор од законските процедури и да пристапат кон затворање на локалите.Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети и нема да има никаква селективност во постапките.НИКОЈ НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ НАД ЗАКОНИТЕ И ИНТЕРЕСИТЕ НА ОХРИД, се вели во соопштението од Општина Охрид.

Македонија | пред 4 години

kuba

(ФОТО) Под засилено полициско обезбедување се отстрануваат платформите од Куба Либре, Кадмо, Бела Виста

Под засилено полициско обезбедување, рано утрово започна отстранувањето на платформата на една од најатрактивните плажи на брегот на Охридското Езеро, плажата „Куба Либре“. Според првичните информации, поранешните концесионери на плажата сами ја отстрануваат платформата и опремата.Охридските плажи Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш од пред два дена се без напојување со електрична енергија. Овие плажи се опфатени со ГУП-от, но немаат договори за концесија.Вчера продолжи акцијата за уривање на бесправно изградените објекти на потегот кај плажата „Корали“. Уривањето кое на овој потег започна пред два дена, а се одвива со тешка механизација која ги отстранува објектите и ги расчистува остатоците и инфраструктурата на плажата.Со последните акции продолжува расчистувањето на објектите на плажите, кое до неодамна беше најактивно пред Авто кампот „Елешец“ и плажата Atlantic Beach, односно претходно на плажите после хотелот „Метропол“. фото: ohridpress.com.mk повеќе фотографии од акцијата на овој линк

Македонија | пред 4 години

Korali

(ФОТО) Плажите се уриваат без селективност, денеска се руши плажата на истакнат активист на СДСМ

Во моментов се руши плажата „Корали“ сопственост на истакнат активист на СДСМ, Илче Џепароски. Со оваа акција пропаѓаат обвинувањата упатени до локалната самоуправа дека има селективност во спроведувањето на акцијата.Џепароски за Охрид 1 вели дека ја поддржува одлуката за рушење, но додава дека бараат модул за работа по препораките на УНЕСКО и додава „Од сега во врат ќе им дишам на еснафот“.„Корали е прва плажа кој има сертификат за работа од ЕУ. Ние плажата ја градевме по сите протоколи. Објектот е поврзан со колекторкиот ситем, донесовме струја и се што е потребно за непречено функционирање на истата. Ги добивме сите одобренија од министертвата за работа. Поминаа многу инспекции кои не регистрираа прекршок“, вели Џепароски.Тој додава дека единствена грешка која ја направиле било тоа што по примерот на други плажи и тие направиле платформа во Езерото.„Наша грешка е што направивме платформа во Езерото и за ѕидчињата не донесовме автентичен камен. Но, повторувам „Корали “, е единствена плажа која има сертификат за работа од ЕУ“ вели Џепароски.Општина Охрид по укажувањата на УНЕСКО, а со поддршка на Владата ја спроведувава акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти и урбана опрема на плажите на Охридското Езеро. Истата започна минатата година, а без селективност продолжи оваа.Со уривање се опфатени сите физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид.Инаку од рано утрово на плажите во Охрид Куба, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш им е исклучено напојувањето со електрична енергија.Плажите на кои им е исклучена струјата се опфатени го ГУП от, но немаат договори за концесија. Оние што не се опфатени со ГУП от веќе се срушени.

Македонија | пред 4 години

sredba1-1

Градоначалникот Георгиески оствари средба со амбасадорот на Јапонија во нашата земја

Денеска мој гостин беше Хиронори Савада, амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија.Со Савада кој е за прв пат во Охрид разговаравме за целокупната досегашна поддршка на Амбасадата на Јапонија за зачувување на Охридското Езеро, особено во делот на проектите за ревитализација на колекторскиот систем.На средбата ја потенциравме и можноста за унапредување на соработката во делот на заштитата на животната средина, напиша градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.

Македонија | пред 4 години

kosta-1

(ФОТО) Пуштен во употреба новоизградениот асфлатен пат од селото Велгошти до црквата "Свети Никола"

На големо задоволство на жителите денес го пуштивме во употреба новоизградениот асфлатен пат од селото Велгошти до црквата "Свети Никола", напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во Објавата додава:Иако се работи за стрмен планински предел, градежните активности за изградба се одвиваа непречено и беа навремено завршени. За реализација на овој инфраструктурен проект беа издвоени 10.300.000 денари од буџетот на Општина Охрид.Искрено се радувам што со изградбата на овој патен правец исполнуваме едно долгогодишно барање на месното население, но истовремено чувствувам и тага што помеѓу нас не беше и Трајче Кочески кој беше најголем иницијатор за изградба на овој асфалтен пат. Упатувам посхумна благодарност за неговите заложби како претседател на Црковниот одбор од Велгошти.

Македонија | пред 4 години

Plazi-ohrid

Советничките групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ од Охрид, го одбија барањето на угостителскиот еснаф

Советот на Општина Охрид го одби Барањето на Здружението на угостители и туристички работници „Охридски Еснаф“. Соопштението го пренесуваме во целост:Двете советничките групи во Советот на Општина Охрид (СДСМ и ВМРО ДПМНЕ) и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески денеска одржаа координативен состанок во врска со барањето на Здружението на угостители и туристички работници „Охридски Еснаф“ од Охрид за свикување и одржување на итна седница на советот.На состанокот детално беше разгледано барањето на здружението и сите предложени точки за расправа, по што од страна на двете советнички групи беше донесен заеднички заклучок дека Советот на Општина Охрид нема ингеренции да расправа по ниту една од предложените точки во барањето. Двете советнички групи го застапуваат ставот дека не постои правна и законска претпоставка за свикување и одржување на итна седница врз основа на вакво барање, ниту пак советот може да донесе одлука во врска со предложените точки.Двете советнички групи изразија поддршка на градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид да постапуваат во рамки на своите ингеренции во согласност со сите законски прописи почитувајќи го принципот на неселективност. Двете советнички групи сметаат дека е од исклучителна важност Охридскиот регион да го задржи статусот на Светско природно и културно наследство на УНЕСКО и ги повикуваат сите надлежни институциии да постапуваат во согласност со своите надлежности во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО.Совет на Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

star-del

Се врши рехабилитација и санација на дел од улиците и пешачките патеки во стариот дел на Охрид

Се врши рехабилитација и санација на дел од улиците и пешачките патеки во стариот дел на градот.Деновиве се работи на улицата „Самоилова“ каде што се врши прередување на старите гранитни плочки и поставување на нова тампон основа. На деловите каде што има поголеми оштетувања се поставуваат нови гранитни плочки, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Во наредниот период планирано е да биде извршена и рехабилитација на други улици каде што се евидентирани оштетувања. Се очекува да бидат рехабилитирани и прередени 2500 метри квадратни.За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се предвидени 1,2 милиони денари.

Македонија | пред 4 години

kosta

Георгиевски меѓу „булдожерите и автобусите со странски туристи“

Константин Георгиевски е првиот градоначалник кој се соочи со сето она што со години сите негови претходници го оставале на страна и одбегнувале да се соочат со проблеми, со непријатни ситуации или се некој поединци, а градот полека но сигурно се лизгал кон работ на бездната каде е стигнат денес.По речиси 30 години живеење во тотален урбанистички хаос, градење легално и нелегално и буквално уништување на ликот на градот Охрид и негово претворање во „бетонска џунгла“ во кој станува нехуман простор за живеење, како и 15 години од како државата по Закон и целосно легално ги издаде под концесија плажите, дојде ден, на прагот на туристичката сезона токму овој градоначалник кој по игра на судбината е на тоа место, да треба да го пресече „Гордиевиот јазол“ и да урива објекти среде лето. Тоа од што некои пред него вешто и итро, од не заинтересираност, од лични интереси или страв не го правеа и со децении бегаа, сега треба да се реши и да се бира кое зло помалку ќе наштети. Едно е јасно, дека компромис со статусот на Охрид во УНЕСКО нема да има и државата тоа ќе го спроведе.Ако се следат медиумските прилики и фокусот на интересирање, јасно е дека одредени центри на моќ (поголеми од нашата држава) вниманието од денес веќе го префрлаат на Струга, што пак значи дека Охрид го сметаат за завршена работа. Тоа значи дека ќе се продолжи со уривање на објектите кај Лагадин до т.н. плажа „Атлантис“ , а кај Студенчишта ќе се отстранат платформите и објектите ќе престанат со работа. Од друга страна евидентен е крајот на Ковид 19 пандемијата и враќањето на странските туристи во Охрид, што е пресудно за финансискиот опстанок на градското стопанство, пред се на секторот туризам кој е колабиран, оштетен и доведен до ситуација да му требаат години за да финансиски се санира, а најмалку што треба да се случува е групите странци да гледаат механизација која урива, или додека се возат со пловиlа да гледаат урнатини од објекти како после војна.„ Судбината на тие објекти зависи од Планот за просторно урпавување. Доколку тие се најдат во тој план, тогаш ќе останат, ако не се најдат ќе мора да се урнат. Но и да останат ќе мора да има нов процес за избор на концесионери“ – изјави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.КАКО ВЛАСТА ДА СПРОВЕДЕ АКЦИЈА СРЕДЕ ЛЕТНА СЕЗОНА?Да се уриваат објекти среде летна туристичка сезона, и тоа во моменти кога туристичкиот сектор конечно почна нешто да работи со странски туристи е речиси невозможно и надвор од секоја логика. Од тука градоначалникот Константин Георгиевски е доведен во ситуација „угоре високо удолу длабоко“ и според информациите кои доаѓаат уривање на објекти и активирање на механизација во лето нема да има, но неизвесно е дали објектите со истечени договори ќе може да продолжат да работат.СОВЕСНИ И ОДГОВОРНИ ПОЕДИНЦИ СЕПАК ИМА!Иако општата перцепција во јавноста креирана низ медиумите е дека угостителите чии објекти имаат платформи во езерото одбиваат секаква иницијатива говори фактот што некои од нив сами ги отстранија платформите. Деновиве јавноста тоа го виде кај таверната „Момир“ чиј сопственик сам ја демонтира платформата, но многу пред него сами платформата ја демонтираа и во кафе барот „Кадмо“ кои беа први кои го направија тоа.Роберт Билбилоски , косопственик на „Кадмо“ вели дека тој ќе ја демонтира и платформата на плажата „Кадмо“, ако е таква одлуката, но нагласува дека е спремен да потпише изјава на нотар и да даде секакви правни гаранции дека тоа ќе го стори на 20 август доколку се овозможи да ја довршат и оваа сезона со работа.„Јас ќе потпишам изјава на нотар ќе дадам секакви гаранции кои ќе ги побараат само да може да ги довршиме закажаните активности. Потпишано имаме сезонски договори со вработени лица, кои ако не работи ќе останат без сезонска работа, имаме закажани свадби. Добавувачите кои исто така имаа опадната работа чекаат да продаваат роба кај нас. Па и искрено да кажам, на крајот на краиштата и ние го чекаме летово после скоро година и половина не работење и чекање државна помош. На сите ни треба работа во градов, за да успееме малку да се вратиме после штетата која настана на цело стопанство. Затоа мислам дека власта, поконкретно Советот на општина Охрид може да изгласа одлука со која ќе се овозможи да останеме до 20 август, а потоа сами ќе ги отстрануваме објектите.“ – изјави за „Охрид 1“ Роберт Билбилоски.МОЛК ОД СДСМ И ВМРО ДПМНЕ ОхридОсвен изјавите на официјалните претставници на властите од Скопје, како и силната јавно дадена поддршка од западните дипломати во Скопје ( пред се на САД, Обединетото Кралство и ЕУ ) , активностите на градоначалникот Константин Георгиевски не ги коментираат партиите ВМРО ДПМНЕ и СДСМ на локално ниво и по ова прашање скоро да нема дебата. Па од тука во моментов не може ни да се претпостави како би реагирале локалните ограноци на овие две партии ако пред Советот на градот стигне една ваква иницијатива.ДАЛИ ОБЈЕКТИТЕ НА ПЛАЖИТЕ „ПАДНАА ОД НЕБО“ ИЛИ ТУКА СЕ ИЗГРАДИЈА НИЗ ЛЕГАЛНА ПОСТАПКА ОВОЗМОЖЕНА ОД ВЛАДАТА?И покрај сите критики никој до сега не ја потсети јавноста ( или не ги информира помладите генерации ) како всушност плажите во Охрид се создадоа на местата каде се ?Доколку некој ги праша луѓето тие во најголем дел ќе одговорат дека плажите се изградиле на диво, некој го запоседнал просторот, и правел таму што сака. Но , вистината е поинаква. Сите тие објекти (со исклучок на тие во Стар Град) се изградија од како државата во сега далечната 2007 година, распиша повик и постави услови плажите да се токму вака уредени како што се денес, а некои дури и не изгледаат како што барала државата бидејќи кај некои од нив не е испочитуван условот да изградат дури и базени.Медиумските архиви за тоа како се изградија плажите и какви услови постави државата ќе ги објавиме овој викенд.

Македонија | пред 4 години

planinari-960x717

Георгиески: Никој не е против Планинската спасителна служба, но треба да се најде модус како да се поддржи

Никој не е против Планинската спасителна служба (ПСС), туку мора да се најде вистинскиот модел за функционирање на службата, истакна градоначалникот на Охрид, Константин георгиески по жестоката реакција на ПСС на одлуката на градскиот совет кој вчера не ја прифати Предлог одлуката за финансиска поддршка на службата.-Ние со Црвениот крст генерално и Спасителната служба имаме одлична соработка, сме соработувале на повеќе проекти, од мобилните екипи во текот на пандемијата, преку проектот „Крос фор ол“ вреден речиси 50 илјади евра, до отстапувањето на Планинарскиот дом во Велестово за нивни потреби. Нема причина проблемите да ги решаваме преку социјалните мрежи. Советот не се убеди дека тоа е вистинскиот начин да се помага Службата. Треба да се најде модус како да се поддржи Службата која е потребна на градот, но правниот основ е спорен. Не можеме ние да префрламе средства на организација што се декларира како волонтерска, а во извештајот со кој се одобруваат средства да стои дека на тој начин се обезбедуваат плати за лицата што работат како волонтери-изјави Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Stopanska_komora_delegacija_06012021004

Потенцијална соработка помеѓу Општина Охрид и економски факултет, Универзитет –Љубљана

Потенцијална соработка помеѓу општина Охрид и Економски Факултет, Универзитет –Љубљана, беше една од темите на средбата која денеска ја остварија градоначалникот Константин Георгиески и деканот професор д-р Метка Текавчич.Средбата се одржа на иницијатива на претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој воедно е и член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана, а присутна беше и Мелита Секуловска, регионален координатор за меѓународна едукација на Економски Факултет, Универзитет – Љубљана.За почеток на соработката беше договорено да се превземат активности за реализација на заеднички проект помеѓу општината, Стопанската комора на Северна Македонија, Економски Факултет, Универзитет –Љубљана со можност за вклучување и на Стопанската комора од Словенија. Проектот е на тема, вклучувањето на Северна Македонија во Европската унија и потребата од продолжување на исполнување на обврските што стојат пред државата и покрај блокадите со кои се пролонгира почетокот на преговорите за влез во унијата.Паралелно ќе се работи и на организација на меѓународна конференција за Европскиот пат на Република Северна Македонија која би се одржала во Охрид, од аспект на образованието, економијата, наука и туризмот, како пандан на конференцијата што се одржува во Порторож, со учество на врвни експерти од наведените области кои биле дел од преговорите за влез на Република Словенија во Европската унија. Се очекува нивните експертизи да дадат голем придонес во остварувањето на Европските цели на Република Северна Македонија, но и за искористување на потенцијалните можности  за развој на Охридскиот регион кои ги нуди Европската унија.  

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Цветни балкони - цветен Охрид

Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни-Светскиот ден на животната средина ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:„Момчило Јорданоски“,„Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата,„Вангел Николоски“,„Дебарца“,„Александар Гушо“,„Трајче Дојчиноски“,„1-ви Мај“,Населба РачаНаселба Горно и Долно Коњскос. ПештаниАкцијата ќе се реализира на 03 јуни(четврток) и 04 јуни (петок) 2021г.Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП  „Охридски Комуналец“Охрид на  03 јуни(четврток) и 04 јуни (петок) 2021г. од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи(лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење. Исто така се упатува апел за задолжително почитување на марките за  заштита од КОВИД 19 односно носење заштитни  маски и држење  растојание од 2 метри.

Македонија | пред 4 години

kosta-3-1

Георгиески категоричен: Ќе отстрануваме без селекција, иако концесионерите негодуваат

Сериозната посветеност на Општина Охрид во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето е веќе видлива на терен. Покажавме вистинска волја, капацитет и подготвеност да се соочиме со проблемите и да започнеме со средување на наследените катастрофални состојби. Како резултат на неколку-неделната активност за отстранување на бесправните градби на плажите, ставаме крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Според градоначалникот речиси целосно се расчистени плажите, од село Пештани до хотел Метропол, каде што со помош на механизација, отстранети се нелегални градби, платформи, постаменти од бехатон плочки и ѕидови од најразлични градежни материјали. Откриени и отстранети се голем број нелегални одводни цевки и јами од кои се влевале отпадни води директно во Охридското Езеро.„Со цел да се обезбеди навремена подготовка на плажите во пресрет на овогодинешната туристичка сезона, на потегот каде што е извршено чистење на габаритниот градежен шут, по налог на Општина Охрид веќе се ангажирани екипите на јавните претпријатија, кои вршат чистење на ситните остатоци од бетон и градежни материјали, а се врши уредување на постоечкото зеленило. Исто така, на одредени локации од крајбрежјето, во текот на наредниот период ќе бидат засадени нови украсни растенија, нови садници на дрвја и ќе биде посипан афтохтон песок“ истакна Градоначалникот и додаде:„Во рамки на своите можности, Општина Охрид максимално ќе се потруди да ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, за разлика од годините наназад кога нелегално се наплаќаше за влез, лежалки и паркинг. Во текот на наредниот период активностите за отстранување ќе бидат засилени со помош на механизацијата која со одлука на Владата на Република Северна Македонија ќе и биде отстапена на Општина Охрид од страна на ЈП „Македонија Пат“. Откако ќе финализираат активностите за уредување на плажите во потегот на „Лагадин“, населбата „Свети Стефан“ и „Горица 3“ ќе се пристапи кон отстранување на нелегалните објекти и платфомите во делот на месноста „Елешец“.Исто така во текот на наредниот период ќе се пристапи и кон отстранување на платформите и објектите на плажите во градската зона од каналот „Студенчишта“ кон „Горица 1“ и плажите во делот на населбата „Канео“, кои се опфатени во Генералниот урбанистички план“, истакна Градоначалникот.Првиот човек на Охрид и денеска потенцираше дека нелегалните градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети согласно законските процедури и нема да има никаква селективност во постапките.„Јасно, очекувано и разбирливо е дека дел од поранешните концесионери на плажите негодуваат и ќе негодуваат со решенијата и постапките за отстранување. Сето тоа се должи на фактот што години наназад остварувале противправна корист и огромни приходи, граделе и узурпирале надвор од договорите за концесија на земјиштето. Дел од нив иако имале договори за плажи работеле како ресторани и ноќни клубови и нелегално ги издавале под закуп. Истото тоа продолжиле да го прават и кога договорите за концесија веќе им биле истечени и не плаќале никакви надоместоци за наем и користење на земјиштето“, истакна градоначалникот.Георгиески вели дека во финансиските анализи кои ги направи општината и информациите кои ги добиле од останатите надлежни институции дошле до фрапантни цифри на остварен приход во период кога поранешните концесионери немале активни договори за концесија.„На пример фирма концесионер на плажа за период од четири години кога немала активен договор за концесија остварила приход од 190 милиони денари. Друга фирма која стопанисувала со плажа исто така без договор за концесија, за истиот период остварила приход од 59 милиони денари, а трета фирма за стопанисување на плажа без договор остварила 14 милиони денари, а прикажала расход само за двајца пријавени работници на месечно ниво. Оваа пракса за градење на бизниси на штета на општината, државата и светското природно и културно наследство мора да биде минато. Како што имам кажано и претходно, треба на сите да ни стане јасно дека ваков тип на урбанизација и користење на крајбрежјето во строго заштитените зони повеќе нема да има“, истакна Градоначалникот.Георгиески додава:„Сеуште цврсто стојам на ставот дека посветеноста моја како градоначалник и на Општина Охрид на патот на регулирање на овие состојби е непоколеблива и целосна. Освен препораките на УНЕСКО, зад нашите заложби стои законот, правото и прописите кои задолжително мора да се почитуваат. Оваа можност ја користам да се обратам до еколошките здруженија „Охрид СОС“, „Фронт 21/42“, останатите еколошки здруженија и еко активисти кои тековно го следат и редовно го коментираат целокупниот процес на исполнување на препораките и јавно да ги поканам да се ангажираат на терен и да помогнат во процесот на уредување и оплеменување на плажите. Независно од тоа каква ќе биде одлуката на Комитетот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО и исходот од следната сесија во однос на статусот на заштитено подрачје кој го поседува Охридскиот регион, продолжуваме неуморно да работиме за интересите на Охрид како културен и туристички центар и да го зачуваме непроценливото богатство за идните генерации“, истакна првиот човек на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески..

Македонија | пред 4 години

Ekonomski_sovetnici_06012021001

Градоначалникот Георгиески оствари средба со економските советници од МНР

Градоначалникот Константин Георгиески вчера оствари официјална средба со економските советници на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија организирана во соработка со Агенцијата за промоција и подддршка на туризмот.Средбата во Охрид е дел од информативната тура низ повеќе градови во нашата држава, со цел да се запознаат можностите и капацитетите за инвестиции, извоз и туристичка понуда.Градоначалникот и економските советници разговараа за важноста од продлабочување на соработката помеѓу МНР и Општина Охрид. Беше разговарано за можностите и потенцијалите кои ги поседува охридскиот регион за инвестирање во сферата на туризмот како и за погодните услови за странските инвеститори во различни бизнис области.На состанокот присуствуваше Директорот за економска и јавна дипломатија, амбасадор Игор Попов и економските советници задолжени за Република Турција; за Обединетите Арапски Емирати и земјите од заливот; за Полска и земјите од вишеградската група и за СР Германија и Австрија. На состанокот беа присутни и претставници на Агенцијата за промоција на туризмот, претставници на туристичкиот сектор, странските компании и локални стопанственици кои работат на подрачјето на општината.Сите информации, предлози и идеи произлезени од оваа средба ќе бидат дел од работната агенда на економските советници во нивната дипломатска мисија за привлекување на странски инвестиции и промоција на Република Северна Македонија како бизнис дестинација. 

Македонија | пред 4 години

kosta-9

Предлогот на Георгиевски ќе ја спречи т.н. „Урбана мафија“ да ги изигрува и градот и купувачите на станови

Со денешната одлука на Советот на Општина Охрид, донесена по предлог на градоначалникот Константин Георгиевски, а поддржана од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ конечно по деценија свесно или несвесно оставена можност да се манипулира со паркинзите на зградите, се става крај на ова изигрување на законот кое го правеа грдежните компании кои во Охрид со децении се познати под црниот бренд „Урбана мафија“.За граѓаните поедноставно да сфатат што е тоа што денес се изгласа ќе појасниме со еден прост пример.Доколку една зграда за треба да има 40 места за паркирање автомобили, инвеститорите во документацијата за добивање на дозвола ќе поднеселе проект со кој обезбедуваат 20 места за паркинг, и уште 20 места ќе ги обезбедат со дигалки за автомобили, т.е. опрема која од едно паркинг место прави две места со тоа што едниот автомобил ќе стои подигнат на дигалката. Со ова инвеститорите и градежниците избегнуваа да градат (а некогаш да копаат под земја) двојно поголема површина за паркинг, но дигалки во зградите кои ги изградија и продадоа никогаш не поставија со што изигрувајќи го законот заштедуваат пари за копање на паркинг на две нивоа , а заштедуваат пари бидејќи не поставуваат дигалки ( ни една зграда во Охрид нема дигалка ), а со тоа ги изигруваат и тие кои купиле станови во овие згради , поточно станарите кои не се ни свесни дека се измамени. Новата одлука донесена денес става крај на ова и ги спречува градоначалниците на Охрид во иднина да даваат дозвола доколку во проектот не се предвидени паркинг места и забранува воопшто да се планираат дигалките кои никој никогаш не ги инсталира во ни една зграда, а станарите купуваат станови во згради за кои се предвидени дигалки.ОВА ИЗИГРУВАЊЕ СЕ ПРАВЕЛО ВО ВЛАСТИТЕ НА СДСМ И ВМРО ДПМНЕ ВО МИНАТОТОКако кокетирале досегашните градоначалници од двете партии со години наназад и зошто никој до денес кога по предлог на Константин Георгиевски од втор обид се изгласа оваа одлука јавноста може да шпекулира, но институциите треба да проверат дали постоеле коруптивни елементи помеѓу градежниците ( познати под црниот бренд „Урбана мафија“ ) и градоначалниците кои се менуваа низ годините наназад. Станарите пак се оштетени бидејќи купувале станови во згради кои добиле одобрение за да имаат инсталирани дигалки, но во Охрид не постои зграда со дигалка, што пак го отвора прашањето дали станарите можат да тужат и да добијат или оштета или дигалка.

Македонија | пред 4 години

lagadin1

Се чисти и уредува крајбрежјето во Лагадин

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со чистење и уредување на дел од крајбрежјето во потегот на месноста „Лагадин“, каде што претходно се работеше на отстранување на бесправните објекти.Денеска се изведуваат активности за отстранување на поситни остатоци од бетон и други градежни материјали, а се врши и уредување на дивата вегетација и кастрење на дрвјата.На овој потег во текот на наредниот период, планирано е да бидат засадени и нови садници на дрвја.Минатата седмица екипите на ова јавно претпријатие беа ангажирани и за хортикултурно уредување на потегот на плажата „Горица 3“, каде што се засадуваше трева и се вршеа подготвителни активности за засадување на украсно зеленило.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања